дома блог страница 3402

Децата родени во април се навистина посебни: Дознајте зошто е тоа така

Досегашните истражувања покажале дека некои особини навистина зависат од месецот на раѓање, а еве што кажува тоа за оние кои се родени во април.

Тие се ноќни птици

Едно истражување открило дека луѓето родени во пролетните и летните месеци си легнуваат многу подоцна за разлика од оние родени во есен или зима.

Имаат позитивен поглед кон светот

Студентите од еден универзитет во Унгарија, во 2014-та спровеле истражување и откриле дека децата родени во март, април и мај се попозитивни и поголеми оптимисти. Се разбира, ова зависи и од местото на живеење, но најмногу важи за децата родени во држави кои имаат суви и сончеви лета, а студени зими.

Тие се лидери

Според истражувањето од Универзитетот во Британска Колумбија, децата родени во март и април напредуваат побрзо во кариерата, за разлика од оние родени во летните месеци. Научниците ги анализирале датумите на раѓање на 375 директори од 500 фабрики, во периодот од 1992-ра и 2009-та година, и дошле до заклучок дека најголемиот дел од нив се родени во март и април.

Имаат помал ризик од астма

Едно истражување од 2015-та година покажало дека луѓето кои го слават нивниот роденден во пролет, имаат помал ризик од астма. Најверојатно причината е тоа што тие се изложени на типичните алергени во првите два месеци од животот, а ова може значително да го зајакне нивниот имунитет.

Имаат помал ризик од хиперактивно нарушување

Едно истражување покажало дека хиперактивното нарушување почесто се дијагностицира кај луѓето родени подоцна во годината.

Порано се изложени на сончеви зраци

Ова можеби не е многу добра вест, но добро е да бидете информирани. Неколку истражувања покажале дека луѓето родени во пролет имаат поголем ризик од развој на меланом. Најверојатно причината е што се изложени на сончеви зраци во најраниот период од животот. Па, вооружете се со заштитна крема и користете ја за секое излегување на сонце.

Студен туш од Хан: Северна нема да добие датум за преговори, туку „предлог за подготвителна фаза“!

Европската комисија кон крајот на мај ќе го претстави годишниот извештај за напредокот на земјите во процесот на проширувањето. Комисијата за Северна Македонија и Албанија ќе предложи влегување во подготвителната фаза на преговорите, изјави еврокомесарот за проширување и соседска политика Јоханес Хан.

Тој ги повика земјите-членки на ЕУ без страв да го поддржат продолжувањето на процесот на проширување, кој, според него, всушност преставува „заокружување на Унијата”.

-Убеден сум дека процесите на институционална реформа на ЕУ и проширувањето ожат да се одвиваат паралелно, бидејќи и двата процеса бараат години за да се реализираат. Губење на време е ако се чека прво на институционалната реформа на ЕУ, бидејќи и онака не се работи за проширување, туку за заокружување на Унијата, констатираше Хан.

За време на дебатата за „Иднината политиката на ЕУ за проширување” во Комитетот за надворешна политика на Европскиот парламент, Хан кажа дека ЕУ нема да ги прими земјите со отворени билатерални прашања. Истакна дека во основата и во фокусот на политиката на проширувањето на ЕУ е напредокот во економијата и владеењето на правото.

Хан потсети дека преговорите со најмладиот член ЕУ- Хрватска траеле осум години, a се очекува преговорите со идните земји-членки да траат подолго.

Инаку, еврокомесарот преку Твитер им честиташе на Зоран Заев и Алексис Ципрас за проодлабочувањето на односите меѓу двете земји.

– Им честитам на лидерите на Грција и на Северна Македонија зашто го поплочија патот кон нова ера на пријателски и продуктивни односи, во интерес на своите граѓани и на целиот регион, напиша Хан на Твитер по денешните средби на Заев и Ципрас во Скопје.

Да се потсетиме што зборуваше Заев во јуни минатата година

Извор: “Република”

(Видео) Пендаровски и СДСМ добија шлakaница од своите

СДСМ и Пендаровски денес се на средба со граѓаните на Центар и Аеродром, токму во општина Аеродром еден од посетителите на митингот му порача на Стево Пендаровски и СДСМ дека треба да го сменат министерот на здравство, зошто не си ја вршел работата.

Извор: kurir.mk

Вака се почитуваат хероите, државата, химната: “Ѓорчепетровци се патриотcka сорта и тие никогаш нема да го свртат грбот на Македонија”

„Кога ќе дојдам во Ѓорче, не можам, а да не ги испочитувам паднатите браќа кои ми беа coбopци и со кои заедно ја бранев оваа држава.

Стисокот на раката на мајката и таткото на загубеното чедо секогаш ме потсетуваат колку и зошто треба да се бopи човек за Македонија.

Ѓорчепетровци се патриотcka сорта и тие никогаш нема да го свртат грбот на Република Македонија“-пишува Јохан Тарчуловски на својот Фејсбук профил.

“Дебакл и оценка нула за стенд ап шоуто на СДСМ во Прилеп??”

Празен плоштад и далеку, далеку од атмосферата која СДСМ ја имаше за митинзите за време на локалните и претходно парламентарните избори во Прилеп.

Вака некако изгледаше плоштадот “Методија Андонов – Ченто” за време на синоќешната “трибина” на претседателскиот кандидат на СДСМ, Стево Пендаровски и премиерот Зоран Заев.

Прилепчани кои пред само година ипол на локалните избори му дадоа на СДСМ 23.600 гласови, синоќа останаа во своите домови, а во центарот на градот според некои проценки имало нешто повеќе од 1000 луѓе.

Дали случајно ја нарекоа “трибина”, или не, си знаат самите тие, но она што денеска се коментира низ прилепската Стара чаршија е дека партијата на власт на локално и на централно ниво, на големо ја губи поддршката од прилепчани.

Според досегашните реакции од граѓаните, ваквата мала посетеност на собирите од СДСМ, се должи на десет работи.

1. Огромниот непотизам кој владее во Прилеп, вработувањето на браќа, сестри, внуки, разни роднини….; 2. Воведената двојазичност на територијата на цела држава и промената на државното име; 3. Намалувањето на пензиите, односно нивно зголемување само кога ќе има зголемување на трошоците за живот, а не и кога растат платите; 4. Зголемените сметки за вода за дури 60%; 5. Зголемената небезбедност во градот; 6. Неисполнетите капитални ветувања на градоначалникот Илија Јованоски; 7. Стагнирањето на економијата и на нови инвестиции; 8. Немањето на стратегија за младите, кои се повеќе се исселуваат од Прилеп; 9. Уништувањето на спортот во Прилеп; 10.Зголемените даноци….

На социјалните мрежи денеска особено беа коментирани и споделувани двата “хвалоспеви” за Зоран Заев и Стево Пендаровски, кои беа дел од синоќешната “трибина” во Прилеп:

Мицкоски до Заев: Се срамиш со твојот нов пријател Ципрас да ја слушнеш македонската химна и пораката „Денес над Македонија се раѓа“

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски од вечерашниот митинг на партијата во Струга побара поддршка од стружани за Силјановска Давкова.

-Да излеземе на 21-ви април со победничка Струга на чело. Ајде да победи правда за Македонија. Затоа што ова што се случува на Македонија не е ниту правда ниту правдина. Денес за прв пат од самостојноста на Македонија дојде висока делегација, премиер на држава и никаде ја немаше построено македонската гарда и никаде не слушнавме интонирање на македонската химна. Кое е образложението? Брутално, плитко, бледо, неодговорно. Преку центарот за манипулација и стотици скапо платени спинери, ќе расемени вест и ќе каже дека авионот доцнеше, немаше време за химната. Замислете, еден од трите атрибути кои ја прават Македонија независна, немало време за химната. Тоа е изговорот. Не е Заев тоа изговорот, вистината е друга, а тоа е она што ти го потпиша. Ти си единствениот човек кој зема плата од овој народ и се срами од тој народ, се срами од трите симболи кои го одбележуваат народот и државата. Се срамиш со твојот нов пријател да слушнеш дека денес над Македонија се раѓа. А бараш поддршка за твојот деспотски избран кандидат. Каква поддршка очекуваш кога бесрамно го лажеш дека немало време за химната, а вистината е што не сакаш да ја слушнеш. Кажи ја вистината принцу на политичките лаги, лажови, порача Мицкоски.

„Еден ден кога ќе помине време, многу Македонци, многу граѓани на Македонија без разлика на етничката припадност, ќе се запрашаат дали направивме сè што можевме за да се избориме за работите во кои веруваме? Дали кога можевме направивме се за да ја заштитиме неа бидејќи во таа земја се родивме, растевме, создадовме семејства. Јас го знам одговорот и вие го знаете. Знам дека многу работи кои ќе ни се случуваат не се фер и ќе се прашате зошто ова ни се случува“-рече Мицкоски.

Тој им порача на граѓаните да не се откажуваат и да продолжат да се борат. Затоа што победата не доаѓа сама.

-Да се бориме за Македонија.Честа и достоинството немаат цена. Не ни требаат Мерцедес, Мајбах, Бентли, не ни треба пари, не ни треба моќ. Ни треба убав збор и победа за Македонија, среќни сограѓани, да се погледнеме во очи и да си ја кажеме вистината. За тоа треба да се бориме. Мора да ја спречиме неправдата. Кацарска судството на деспотот Заев му ја даде наградата а на народот му рече дека при очи не гледа и при уши не слуша. Тоа што слушавте дека бара евро за црквата и евро за Вице, е тоа не се случило. За каква пуста правда зборуваме, за какви закони? Па таква Европа сакаш да донесеш. Европа не сака аболирани политичари кои под политички диктат се амнестираа за сторени кривични дела. Европа не сака политичари кои се срамат од сопствената химна, порача Мицкоски.

Му порача на Заев дека тоа не се европски вредности, туку срам за државата. Одговорот, рече, ќе го слушне на изборите каде заев ќе доживее историски пораз.

-Веднаш после тоа, не дека ти веруваме на збор, туку ќе те натераме да распишеш предвремени избори на кои ќе се соочиш со гневот на народот за сите лаги и понижувања кои им ги приреди. Ќе изгубиш и нема да знаеш што те снашло. Потоа за сиот криминал ќе одговарате од прв до последен. Нема да имаш мирна политичка пензија.

Со културно уметничка програма на најмалите од ООУ “Круме Волнароски”, одбележан “Светскиот ден на лицата со аутизам” во ЦПЛИП “Порака”

Денес во просториите на социјалниот клуб на Центарот за подршка на лица со интелектуална попреченост “Порака”-Прилеп, по повод 2-ри Април-“Светскиот ден на лицата со aутизам”, a во соработка со ООУ „Круме Волнароски” oд населеното место Тополчани, се реализираше културно-уметничка програма со учениците од прво до петто одделение од ПОУ „Круме Волнароски” во населеното место Галичани.

“Се собравме по повод одбележувањето на “Светскиот ден на лицата со aутизам” да изразиме поддршка на овие лица. Благодариме за соработката со ООУ „Круме Волнароски”, се надеваме на идна соработка како со ова училиште, така и со останатите училишта во општинава и регионот”, вели претседателката ЦПЛИП “Порака”, Емилија Котеска.

“Корисниците беа задоволни можеше да ја забележиме насмевката на нивните лица. Учениците со задоволство прифатија соработка. Се надеваме дека ќе имаме и понатамошна соработка”, рече Каролина Подигачоска, наставник во ООУ “КРУМЕ ВОЛНАРОСКИ”.

Сиљановска македонската химна ја објави на Твитер. Нека се cpaмат тие од Влада што ги понижиja гapдистите и Македонците денес?

Грчкиот премиер Алексис Ципрас денес пред Владата беше пречекан без интонирање на македонската химна, што беше пракса при секоја официјална посета на високи функционери во Македонија.

И додека владините функционери се срамат, професорката Сиљановска на својот Твитер профил ја сподели македонската химна:

(Фото) Не ги интересираат ycловите на гинekoлогија, туку двojaзичноста: Директорот се пофали дека добил двojaзични печати

Економскиот дирekтор на Универзитетската клиника за гинekoлогија, Валон Бела, од денес има печат на албански јазик. Тој во својот профил на Фејсбук вели дека и Клиниката за гинekoлогија започна спроведување на двојазичноста.

– Започна имплементацијата на двojaзичноста како резултат на донесувањето на Законот за јазици. Универзитетската клиника за гинekoлогија и акушepcтво сега веќе става печати и на албанckи јазик. Честистки. Честитки.
# Продолжуваме_Работиме, стои на Фејсбук статусот на Бела.

Инаку минатата ноќ на владината зграда, беше поставена табела со новото име, Република Северна Македонија и на албански јазик.

Извор: kurir.mk

(Фото) Протест пред Влада, се веат знамиња со сонцето од Кутлеш

Пред владата се собраа луѓе на пpoтecт поpади посетата на грчкиот премиер Алексис Ципрас во Скопје.

Поради големите мерки за бeзбeдноcт, наместо пред Владата, собирот беше на стотина метри оддалеченост, на булеварот Свети Климент Охридски.

Демoнcтpaнтите носеа стари знамиња со сонцето од Кутлеш, а се пуштаа и патриотски песни.