Полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Битола на 02.04..2019 извршиле контрола за брзина, управување без возачка дозвола, нерегистрирани возила, непочитување првенство, исправност на возилата, сигурносен појас…
Притоа, контролирани се вкупно 410 возила и возачи и било констатирано дека осум возачи ја пречекориле дозволената брзина, четири возачи управувале возило без возачка дозвола, нерегистрирано било едно возило, еден возач не користел сигурносен појас, а 15 возачи зборувале на мобилен телефон при управување на возилото.
Откако СДСМ е на власт имаме се потешко секојдневие, неправди на секој чекор и огромна неспособност на власта да донесе подобар стандард за граѓаните на Република Македонија.Над 12.000 пензионери од Прилеп се под голем удар од политиките на актуелната локална и централна власт предводени од СДСМ. Зголемувањето на сметките за вода за околу 60% и намалениот раст на пензиите се дел од новиот живот кој СДСМ го донесе за овие луѓе – истакна Д-р Стеван Самарџиоски на денешната прес конференција од ОК ВМРО-ДПМНЕ Прилеп.
Прес конференцијата во продолжение ја пренесуваме во целост:
“Голем број од прилепските пензионери мака мачат да го истуркаат месецот и да ги покријат трошоците неопходни за нормален живот, а сега дополнително се влошува нивната живеачка.
Преку најновите измени на Законот за пензии, власта директно удири по една од најголемите категории граѓани во државата. Ако досега усогласувањето на пензиите се вршеше кога постои раст на трошоците за живот и раст на платите во државата, сега пензиите ќе растат само кога ќе има раст на трошоците за живот.
Имајќи го во предвид движењето на платите во минатото полугодие, пензионерите со ова законско решение ќе бидат скратени за околу 500 денари месечно.
Вака формулираното законско решение кое од неодамна се применува, значи и губење на принципот на еднаквост и правичност кон оваа категорија на граѓани.
Гледано во бројки, од вкупно 320 илјади пензионери во целата држава, дури 170 илјади кои земаат пензии под просечната, а која изнесува 14.421 денар, и во услови на најмало зголемување, ќе добиваат помалку од пензионерите со поголемии месечни примања.
Тоа е спротивно на Законот кој важеше во минатото кога ВМРО-ДПМНЕ беше на власт и кога пензиите подеднакво се зголемуваа за сите категории на пензионери.
Почитувани,
Оваа власт има пари за црни тендери, има пари за луксузирање, за нови лимузини, за скапи патувања, за двојазични табли, а нема пари за оние кои им е најпотребно.
Претседателските избори на 21-ви април се вистинска шанса за прв удар на оваа расипничката и обезнародена власт на СДСМ.
Велат, некогаш Стара чаршија била рамна со венециската по „убајна“, по бројот и раскошот на занаетите. Истопорени дуќани на разни занаети и еснафи. Врвулица луѓе кои чекорат по “градската” калдрма сред центар. Кој ита да купи волница, баба да сплете фермеле или калчуни, кој да купи бардиња. Кој пак, ене го, кај Марулецот да купи жилени ластици и стрела. Кој да се заблажи со слатко-благо од слаткарницата до некогашен хотел Јадран, па таму да наврати на по некое чоканче ракија во бифето. Или да прошета околу триаголното паркче накитено со трендафили, или да потседне на клупите, душа да “собери”, збор-два да “скрши”.
И од било која страна да се слика Прилеп, неизбежен е градскиот часовник. Отсекогаш гордо сведочел за маките и радостите и секогаш “се виорел” до небото.
Актерката Анџелина Џоли со години беше најубавата холивудска ѕвезда.
Имено, како што пренесуваат американските медиуми, Анџелина Џоли се довела во таа состојба поради стрес, но и лошите настани во приватниот живот. Таа неодамна се разведи од Бред Пит, па додека славниот заводник заплови во романса со колешката Шарлиз Терон, на неговата поранешна љубов очигледно не и оди добро.
Потпаролот на Владата Миле Бошњаковски денеска одговарајќи на новинарско прашање кои споменици ќе бидат преименувани и означени како споменици од античка Грција тој рече дека ќе биде формирана комисија која ќе има шест месеци за да утврди кои споменици од античка Македонија ќе се преименуваат и ќе бидат дел од хеленската историја.
„Комисија ќе изврши контpoла на спомениците во рок од шест месеци, а дел од оние кои се наоѓаат во центарот на Скопје ќе добијат нов назив, како што на пример е „Вoинoт на коњ“ ќе биде поставена табла на која ќе пишува „Александар Македонски“ и ќе пишува дека припаѓа на хеленската (грчката античка) историја“ рече Бошњаковски.
Еден патник и 187 празни места во авионот, е неверојатна сцена која е забележана на летот од Вилнус до Бергамо. Кој не би посакал да биде сам на 10.000 висина, стјуардесите да бидат тука само за него, а пилотот преку разглас да му се обраќа со “почитуван патнику”?
Скирмантас Стримаитис ја имал таа среќа, па од литванската престолнина Вилнус сам летал до италијанскиот ски центар во Бергамо.
Агенцијата Новатурас соопшти дека ангажирале чартер лет кој требало да врати група патници од Италија, но за авионот да не лета празен во еден правец, продавале карти само до Бергамо. Продадена била само една карта.
Синтетичките мириси кои се во 75 отсто од парфемите, потоа миризливите свеќи, шампони, водите за после бричење и слични производи содржат канцерогени материи кои после користењето со часови остануваат во воздухот.
-Повеќето производи во продавниците и парфимериите се од синтетички хемиски состав. Лично пред неколку години во автомобилот има освежувач кој ја истопи пластиката. Секоја хемиска материја е пред се штетна за белите дробови, особено кај астматичарите. Отровната материја влегува во крвта и предизвикува бројни заболувања – објаснува онкологот Владимир Ковчин.
-Никако не е препорачливо трудниците да ги користат или да бидат во близина на оние кои користат синтетички парфеми. Тињ влегуваат во крвта, поминуваат низ плацентата, го оштетуваат ембрионот, па детето може да се роди болно или со дефект. Најопасни се мирисите кои содржат бензен – вели Ковчин.
За најстариот американски ансамбл „Tamburitzans“, македонската публика слушна откако дел од неговите членови ја испеаја „Ој, Јано Јано“. Но, таа песна не е единствената македонска песна кои тие ја знаат. На вечера во ресторан во Санкт Петербург, Флорида, во чест на неговиот сопсвеник ја испеаја и „Земјо македонска“.
Најновата песна на добро познатиот Диџеј Сајо од Прилеп го носи насловот “Voices of Bactria” и е издадена за издавачката куќа “Future Global Records” од Холандија.
Песната во моментов е достапна на Spotify, ITunes, Deezer, Soundcloud, Youtube и е издадена во два примероци како (Original и Extended Mix).
Овој најнов хит на Диџеј Сајо ќе ја има својата премиера на повеќе радио станици за електронска музика.
Во продолжение уживајте во ова најново музичко остварување на нашиот диџеј: