дома блог страница 3400

Majката одбила да му ја купи, па детето со нејзината картичка купило играчка вредна 8.500 евра од интернет

Едно седумгодишно дете од Сиднеј со кредитната картичка на неговата мајка, купило минијатурна играчка од сајтот „eBay” за 8.500 евра.

-Огромната количина на пари детето ги потрошило на ретката играчката „Golden Billy Banana” од колекцијата „Coles Stikeez”, пишува „Мирор“.

Детето, инаку кое има поблага форма на аутизам, голем обожавател е на оваа ретка колекција и претходно барало дозвола од мајката да го купи реткиот предмет.

Меѓутоа, кога таа го одбила, на интернет со помош на компјутерот пронашол еден колекционерски примерок и го купил со помош на веќе снимените податоци од кредитната картичка на неговата мајка.

Дона тврди дека од „eBay” во прв момент и порачале оти инцидентот се води како “пријателска измама“ и дека најверојатно нема да и ги вратат парите.

Во повеќе наврати ја контактирала својата банка, eBay и PayPal во очајнички обид да ги врати парите.

На крајот „eBay” сепак се согласил да и ги врати парите на несреќната мајка.

(Видео) Грчка телевизија: “Ја посвоивме Македонија? Ништо од бетонот на Заев?”

Фото/vlada.mk

Погледнете го титлуваниот извештај на македонски јазик, од репортерката на грчката телевизиска станица, од вчерашната посета на Скопје на премиерот Алексис Ципрас и грчката делегација.

“Се гледаат насмевки и позитивна енегрија, многу министри ни укажаа и чест па се облекоа во боите на грчкото знаме. На пример погледнете ја министерката за одбрана, Радмила Шекеринска, боите на нејзиниот комплет се во потполно исти бои. Но има и суштински работи, ние покажавме дека ја посвоивме Северна Македонија, покрај заштитата на нивниот воздушен простор, нивните воени лица ќе се обучуваат исклучиво во нашите школи, а ќе направиме и 42 програми за сите нивни региони”, објаснува Катја Макри.

(Видео) Аирлија почнаа преговорите за ЕУ?

Премиерот вели дека ќе добиеме датум за преговори во Јули, додека комесарот Хан вели дека ќе сме влезеле во некаква “подготвителна фаза”. Некој овдека лаже?

(Видео) За 15 минути настанал xaoc: Природна појава која го вознемири светот

Heвpeме, кое се појавило на море недалеку од крајбрежјето на малезискиот Џорџтаун, оштетило 50 куќи.

Втерот беснеел околу 15 минути пред да исчезне кога стигнал до копното на островот Пенанг.

Луѓето во паника бегале од плажите и улиците, а на друштвените мрежи се појавиле многу снимки кои прикажуваат како изгледала бурата.

Мицкоски: Неправдата ќе биде победена на избори, граѓаните ќе ви покажат што значи гневот на народот

Нема да има правда и нема да има мир додека оваа неправда не ја поправиме, а тој поход започнува со победа на 21-ви април. Потврда на таа победа доаѓа на 5-ти мај, а потоа организирање на предвремени парламентарни избори каде ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“ ќе им покаже каде е нивното вистинско место.

Ова го истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски вечерва од трибина во Неготино.

-Ве молам за поддршка затоа што како никогаш до сега на нас, на Македонија е неопходна поддршка од граѓаните. Да си ја вратиме назад киднапираната држава полна со неправди. Ветуваа за земјоделците загарантиран откуп, ветуваа дека плодот нема да остане необран од нивите. Вчера бев во Ресен, ми сведочеа луѓето како со пила ги сечат дрвата необрани со родот. Зошто? Затоа што еден килограм јаболка е еден денар. Истото е во Пелагонија, житото стои необрано сонце да го грее. Исто беше така и во Малешево кога се истураа сливите и во Росоман кога се истураа праските, и во струмичко кога се истураа раноградинарските производи. Никаде го нема загарантираниот откуп, никаде ги нема субвенциите. Тука доаѓаше оној министер кој ужива да шопингува во Дубаи и тоа не го крие. Да ветува дека ќе го реши проблемот на лозарите во Тиквешијата. Каде е сега да излезе и тоа ветување да го спроведе, истакна Мицкоски.

Тој посочи и дека лекарите ја напуштаат Македонија.

-Ветуваа овде во Неготино дека ќе ја реновираат болницата, дека ќе го реновираат гинеколошкото одделение. Па тие се подготвуваа да ја затворат. Видете оној тендер министер што кажува. Планирале да ги затвораат болниците, луѓе да умираат на улица. Зошто? За да им врви бизнисот. Но затоа, за да направат фирми еден ден пред да се случи тендерот и таа фирма да даде најдобра понуда, за тоа нема проблем, посочи Мицкоски.

Мицкоски рече дека неправдата ќе биде победена на избори.

-Овој народ на 21-ви ќе ви покаже што значи гневот на народот. Потоа истото тоа ќе го потврди на 5-ти мај. Ќе ја отвориме портата за оној крај за Заев и СДСМ на предвремените парламентарни избори. И тогаш за сиот криминал ќе одговараат пред законите. Од прв до последен. Но, за тоа што и го направија на Македонија, за сето понижување, омаловажување, за сите неправди кои ги донесоа, е за тоа посебно ќе се пресметаме, порача Мицкоски.

(Видео) Бopба за големото богатство: Тестаментот е отворен – од смемејството се изненадени од одлуката на богатата Германка

Сесилија Алберт, пokojната сопруга на исто така пokojНикот Тео Алберт, основачите на трговскиот ланец “Алди”, го исклучи семејството од нејзиниот тестамент со кој беше поделено семејното богатство.

Сесилија почиna на крајот од минатата година, а ги изненади петте синови и снаите со тоа што ги исклучи од тестаментот. Таа ги обвини за расипништво: неумерено трошење на парите од компанијата и “расфрлање” на милиони за луксузен животен стил.

Сесилија со Тео и неговиот брат Карл учествуваа во создавање на царството “скромни” трговци, односно трговија со продукти кои имаат ниски цени, уште од 1946 година.

“Замислете СДММ од двојазичен Прилеп, велат дека Северна напредувала јако?” (Видео)

Во овие моменти кога Македонија забрзано чекори напред, кога градиме пријателства и мостови со соседите и со европските земји, кога овозоможуваме нови бизнис можности и повеќе пари за граѓаните, Стево ќе биде ветар во грб на сите овие процеси – истакнаа на денешната прес конференција од СДММ Прилеп во центарот на градот.

Прес конференцијата во продолжение ја пренесуваме во целост:

“Младите сакаат просперитетна и прогресивна држава. Гордо исправена држава, во која ќе стоиме рамо до рамо со своите генерации од најразвиените европски земји и членки на НАТО.

Затоа застануваме зад Стево Пендаровски!

Застануваме зад Стево, затоа што ќе биде Претседател на сите граѓани подеднакво.
Затоа што во ликот на Стево, Македонија добива Претседател кој ќе ги предводи интеграциските процеси на државата, ќе придонесе за животот на сите млади, за економијата, за прогресот.

Во овие моменти кога Македонија забрзано чекори напред, кога градиме пријателства и мостови со соседите и со европските земји, кога овозоможуваме нови бизнис можности и повеќе пари за граѓаните, Стево ќе биде ветар во грб на сите овие процеси.

Еве ја шансата конечно да добиеме Претседател кој заедно со сите нас, ќе влече напред, кој ќе не’ обединува и сплотува во нaшите заеднички напори за влез во европското семејство.

Еве ја шансата да добиеме Претседател, кој ќе биде и вистински коректор во општеството, партнер на младите и на сите граѓани, а не партиска марионета.

Затоа ги повикуваме сите млади, ајде да се мобилизираме, да не дозволиме да бидеме заложници на политиките на поделби кои влечат назад, а ги промовира послушникот на Груевски, Христијан Мицкоски.
Заедно да чекориме напред, за сигурна и подобра иднина на сите млади”.

Во недела е Благовец: Според верувањата ова е првото нешто што треба да го направите тоа утро

Празникот Свето Благовештение се вбројува во постојаните празници и секогаш е на 7 април според новиот, (или на 25 март според стариот) календар. Меѓу народот повеќе е познат како Благовец, Благоец, Блошчојне и сл.

Се смета за тежок празник поради што тогаш не се работи. Некои дури го сметаат за голем празник како Велигден поради што се вели: „Благовец, прв ден Велигден“. Тогаш се оди на именден кај оние што имаат име Благоја, Блаже, Благојка, Благица итн.

Свето Благовештение е празник на Пресвета Богородица, а со тоа е и денот на мајките, затоа што Богородица е заштитничка на сите мајки кои зачнале и станале мајки.

Тоа е ден на мајката која дала нов живот. Тогаш децата и благодарат на мајката, ја гушкаат и и даваат дарови во знак на љубов, почит и внимание. Мајките, пак, ги благословуваат децата и тие да имаат свои рожби и радости.

Така што првото нешто што треба да го направите тоа утро – бакнете ја мајка ви!

На овој ден се покажува особена сострадалност и помош кон сирачињата, кон бедните и кон унесреќените.

Оние кои сакаат да имаат деца да одат во црквите и манастирите, кај иконите посветени на Благовештение и да се помолат.

Според народните верувања овој ден е благ, па и раната не боли, па затоа на малите деца им ги дупат ушите за обетки. Се верувало дека Благовештение жените не треба да се чешлаат.

Со Благовец е поврзано и доаѓањето на птиците преселници, штркот, ластовицата, кукавицата, пупунецот, славејот и др. Се верува дека тие ќе дојдат на овој ден дури и да врне снег.

Maкедонец на огромна висина над реката Вардар оди на јаже: Погледнете го овој неверојатен потфат (Видео)

Мартин Ѓорѓиевски од Скопје се движи по тенка лента од 25 милиметри меѓу карпите од Демиркаписка клисура, високо над реката Вардар.

Неговиот последен успех беше регистриран кога изоде 20 метри од една до друга карпа.

Погледнете го овој неверојатен потфат:

Понеделник, 8-ми април е неработен ден

Министерството за труд и социјална политика соопши дека согласно Законот за празниците, 8 април (понеделник), Меѓународниот ден на Ромите е неработен ден за граѓаните припадници на ромската заедница во Република Македонија.

Од Министерството за труд и социјална политика на граѓаните припадници на ромската заедница во Република Македонија им го честитаат Меѓународниот ден на Ромите.