дома блог страница 3397

ВМРО-ДПМНЕ: “100 .000 плата да им дадете на докторите и на портпаролот што во работно време чита политички пресови? Платата им ја ветивте пред 2 години?”

Со вчерашната прес конференција на СДС, само што признаа дека прилепската болница била пред колапс. Виновникот за катастрофалната состојба во здравстото наместо да го бараат во редовите на опозицијата, треба да го побараат во нив самите. Изгледа уште не им е јасно дека се на власт повеќе од две години, па со своите несериозни прес конференции се однесуваат како да се опозиција, иако сите механизми се во нивни раце – истакнаа на денешната прес конференција од ОК ВМРО-ДПМНЕ Прилеп.

Прес конференцијата во продолжение ја пренесуваме во целост:

“Колку за мало потсетување, во време на ВМРО-ДПМНЕ и тогашниот директор Петар Ристески, беше извршено комплетно реновирање на сите болнички одделенија и операциони сали, беа набавени најсовремени ехо апарати во секое одделение, беше извршена набавка на пациент монитори, апарат за анестезија, обновени беа болничките легла, беше набавен мобилен РТГ апарат за операционата сала на ортопедија. За реконструкција на прилепската болница беа издвоени 70 милиони денари, и беше набавена медицинска опрема во висина од околу 30 милиони денари. Воедно истата беше предадена во одлична финансиска состојба со санирани долгови.

Исто така, во време на ВМРО-ДПМНЕ, се ценеше професионалноста на докторите, што говори фактот дека на многу началници и шефови на одделенија и покрај тоа што беа истакнати членови на СДС, како Грашеска, Јованоски, Пирганоски, им беше дадена довербата да ја извршуваат работата на високи позиции, што не е случај сега, каде против политички неистомисленици се преземаат ригорозни мерки.

Она што СДС успеа да направи во своето владеење, е да ја доведе болницата во ситуација да не може да функционира без специјалистички кадар. И наместо СДС да работи на подобрување на катастрофалната состојба во здравството, директорот се занимава со селективно поништување на веќе донесени одлуки за специјализација, делејќи ги лекарите на подобни и неподобни. Ваков срамен преседан не е запаметен во Република Македонија.

Ако во 2016 и 2017 за време на директорувањето на Петар Ристески биле испратени на специјализација 8 доктори, oд кои тројца во Србија, ве прашуваме господа од СДС, зошто за период од 2 години вие не испративте ниту еден?

Срамно е да ја замајувате јавноста со празни флоскули. Она што ги интересира граѓаните е, зошто нема 100.000 денари плата за лекарите која ја ветувавте, зошто нема бесплатно болничко лекување како што ветувавте, зошто го доведовте во колапс здравството за да слушаме изјави од типот „Секој ќе се лекува според својот џеб“.

Воедно ја повикуваме антикорупциска, да испита врз кои услови и на каков начин е вработен Филип Попоски, лицето кое ја одржа вчерашната прес конференција на СДС, ако се знае дека истиот е истакнат партиски активист и еден од најгласните со шарена револуција. Ако се земе предвид фактот дека Антикорупциска ќе следи дали некој од вработените за работно време учествува во изборна кампања, ја повикуваме да испита дали во текот на вчерашниот ден, истиот со партиска маичка, во работно време, наместо да ја извршува работата за која зема плата од граѓаните, одржа прес конференции пред прилепската болница?

Затоа, ваквото несериозно владеење ќе биде казнето, најпрвин на претседателски избори, а потоа и на парламентарни. Затоа што граѓаните ги препознаа вашите лажни ветувања и сета ваша неспособност. Единствен начин да продолжи Македонија да чекори напред е со професорката Гордана Силјановска Давкова”.

Bojниците на АРМ понижени: Оркестарот на АРМ без име на униформите на заедничкиот концерт со грчкиот вoeн оркестар

Boeнитe оркестри на Македонија, САД, Велика Британија, Словенија и Грција одржаа заеднички концерт во Македонската Филхармонија, каде претставниците на нашата apмиja се појавија без државното име на нивните yнифopми, објави Инфомакс.

Пapaдните yнифopми на вoeниoт оркестар на АРМ останаа без државното име на денешниот заеднички концерт во Македонската Филхармонија на кој присуствуваа оркестрите на САД, Велика Британија, Словенија и Грција.

Унифopмитe на македонската apмијa имаа само знаме, но не и име на нив.

Диригентот на грчкиот оркестар пак се обиде да ја учи публиката да брои на грчки.

Временска прогноза за викендов: Заборавете на сонцето и убавото време

Времето во Македонија ќе биде променливо облачно со повеќе облачност во западните делови каде што ќе има услови за краткотраен дожд. Ќе дува умерен до повремено засилен ветер од југоисточен правец.

Утринската температура ќе се движи од еден до осум, а дневната од осум до 18 степени.

Во Скопје слично време, променливо облачно со сончеви периоди и со умерен до повремено засилен ветер од југоисточен правец. Утринската температура ќе се спушти до осум, а дневната ќе се искачи до 17 степени.

И во сабота ќе дува умерен до повремено засилен југоисточен ветер и ќе преовладува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд, претежно во западните делови. Од недела кон крајот на денот до вторник следува период со поинтензивни врнежи од дожд и со услови за појава на ретки грмежи.

„Твитер“ одлучи кој е победник на првата претседателска дебата

Повеќе од 60 отсто од одговорите на прашањето „Кој е победник на првата дебата“, кое новинарот Боби Христов го постави на „Твитер“ синоќа, велат дека тоа е Гордана Силјановска Давкова.

Синоќа на „Телма“ телевизија на првата телевизиска дебата помеѓу кандидатите за претседател се соочија Гордана Силјановска Давкова, Стево Пендаровски и Блерим Река.

Анкетата на „Твитер“ е сè уште активна. Гласајте доколку синоќа ги следевте претседателските кандидати.

Извор: republika.mk

Јане Ченто со писмо до јавноста: Повика да се поддржи професорката Гордана Силјановска Давкова

Писмото на Ченто го пренесуваме во целост.

“Драги пријатели,

победата и сами знаете оти е блиску.
Таа ќе стане уште поблиска и поскоро ќе биде спечалена, ако секој чесен македонски граѓанин не си ги губи деновите држејќи се настрана од оваа борба против оваа криминална власт. Секој загубен ден е продолжување на животот на оваа криминална банда, продолжување на нивните ѕверства и малтретирање на секој оној кој мисли различно од нив.

Секој треба да биде свесен за оваа вистина и за одговорноста која ќе ја понесе секој пред сопствената совест и пред граѓаните на Република Македонија.

Затоа ве повикувам, мои роднини, мои пријатели, сите оние кои што ме познавате, сите оние кои сакаат да си оди оваа криминална власт, тоа да го докажете во битката која претстои, а тоа се претседателските избори на кои ќе застанеме зад проф. Гордана Силјановска Давкова и уверен сум дека ќе победиме на претстојните избори и ќе ја испратиме оваа банда во историјата.

На 21 април нема да гласате само за Гордана Силјановска Давкова туку ќе гласате и против ова зло предводено од Зоран Заев, запомнете го тоа. Овие избори треба да го означат почетокот на крајот на Зоран Заев и неговата криминална банда.

Почитувани пријатели, истомисленици, борци против овој режим, време е да се обединиме во интерес на Република Македонија во пресрет на изборите кои следат, да се обединиме против ова зло кое владее со Македонија и да ги поразиме на овие избори, а со тоа се отвора патот да му го зададеме последниот удар на предвремените парламентарни избори на есен.

Како сите народи, големи и мали, така и ние сме исправени пред дилемата да избереме еден од двата спротивставени фронта, два системи, две гледишта за нашата татковина.

Во овие моменти, ние како поробен народ и држава треба да застанеме категорично на фронтот на демократијата, слободата и правдата.

Тоа е долг на секој од нас кој што ја сака оваа татковина.

Можеби сите имаме грешки, но сега е моментот да се сплотиме под знамето на Република Македонија, сите кои се против овој режим, Македонија не вика.

Сите граѓани на Република Македонија ја видоа политиката на Зоран Заев која се состои од заткулисни зделки и одлуки кои се штетни за Република Македонија. Ова ли е правдата да ги пуштаат од притвор тие што му требаат за да обезбеди 2/3 мнозинство во Собранието, пазар кој сите го гледаме и ден денеска. Тие ли се европски вредности, со уцени за да се собира 2/3 мнозинство во Собрание? Не би рекол.

Јас сум уверен дека народот нема веќе доверба во оваа банда која е на власт, бидејќи се разголија и видовме колку вредат.

Видовме банда која краде, уништува, монтира судски процеси, мести тендери и носи штетни историски одлуки за Република Македонија.

Ситуацијата од ден на ден се влошува, има обид да се лишат Македонците од своите историски сеќавања и ги принудуваат во објекти на принудна асимилација.

Државните институции се узурпирани од банда на криминалци и мора да ги ослободиме за да имаме правна држава.

Доживеавме премиерот и министрите во Владата на СДСМ да ги преќутуваат нашите браќа и сестри во Егејска Македонија и да се плашат да кажат дека таму има луѓе што зборуваат македонски јазик и кои се изјаснуваат како Македонци. Па тоа ни во најцрните ропства не го правеле нашите поробувачи, а денес премиерот на Република Македонија го прави тоа и негира дека таму живеат Македонци кои зборуваат македонски јазик.

Затоа ве повикувам сите и десни и леви и оние од центарот, да се обединиме против ова зло, да го тргнеме овој јарем кој ни го ставија, а потоа да ја градиме Република Македонија.

Имам порака и до оние кои сакаат да бојкотираат а тоа е: драги пријатели, имате шанса за бојкот во вториот круг ако видите дека оваа криминална банда ги краде изборите, затоа ве повикувам и Вас, излезете во првиот круг на 21 април и не го бојкотирајте првиот круг, напротив излезете масовно и со пенкало во рака урнете ја оваа банда уште во првиот круг, нека видат дека народот не стои зад нив, и дека народот ја враќа државата во свои раце.

Да се избориме за перспективна и прогресивна Република Македонија , да се потпреме на сите оние кои и мислат добро на оваа држава и имаат морална вредност, бидејќи на Македонија и треба еволуција.

Никој не треба да се води од лични амбиции, туку од заемните вредности, да се обединат напорите за решавање на проблемите кои секојдневно ги демнат македонските граѓани.

Моменталната слика во Собранието што ја гледаме, не е Собрание на интелектуалци и луѓе кои што и мислат добро на својата татковина, туку е толпа лакома за пари и зависна од неколку луѓе.
Чест на исклучоци.

Во борба против оваа банда која е на власт треба да учествуваат вистинските синови и ќерки на Република Македонија, само тие може да имаат смелост, храброст и издржливост за да победиме против ова зло.

Оваа влада на чело со Зоран Заев нема праведна моќ која потекнува од македонските граѓани. Во овој момент Македонија не е Република, туку владее одвратен деспотизам и тоа мора да запре.

Овие што ја туркаат Македонија да се самоукине се паразити полни со лицемерие и подла суровост.
Македонските граѓани ја откријаа подлоста и лицемерието на овие паразити и ќе му се спротистави на 21 април кога ќе му даде жолт картон.

Сега е моментот сите партии, здруженија, поединци да ги исполнат нивните стремежи и да започне нова ера на соработка против оваа криминална власт.
Никој не треба да ги игнорира неправдите од минатото, лекциите од историјата, но сега е моментот да се сплотиме, бидејќи тоа го бара нашата таковина.

Ве повикувам сите добронамерни граѓани кои ја гледаат оваа неправда што се случува во Мaкедонија да излезете на 21 април и да ја поддржите проф. Гордана Силјановска Давкова за иден претседател на Република Македонија.

Со победата на проф. Силјановска ќе бидеме на еден чекор да го отфрилме ова ропство во кое не држи оваа банда.

По победата на Силјановска ќе има предвремени избори на есен, а тогаш сите партии ќе покажат колку вредат и врз тоа ќе имаме нова власт во Република Македонија која ќе биде чесна, достоинствена и праведна.

Од слободниот човек не може да се направи роб, затоа што слободниот човек е слободен и во затвор.

Да живее Република Македонија!

Јане Ченто”

АНКЕТА: Силјановска убедливо го доби првиот ТВ дуел со Пендаровски

Професорката Гордана Силјановска Давкова убедливо го доби дуелот со Пенадаровски судејќи според анкетата на порталот Press24.

Според 67% од читателите на порталот Силјановска била подобра во првото ТВ соочување, додека 33% сметаат дека Пендаровски бил подобриот во дебатата.
Од 4.900 читатели кои се решиле да гласаат на анкетата, 3.300 се определиле за Силјановска, а 1.600 за Пендаровски.
Анкетата е отворена до денеска попладне. Гласањето е тајно.

Ова се трите најлојални знаци во хороскопот

Ова се трите најлојални знаци во врските и пријателствата.

Јарец

Јарците немаат најдобра репутација кога станува збор за врските. Тие не ја приоритизираат љубовта, бидејќи повеќе ги интересира кариерата, па дури и пријателствата. Сепак, штом тие се решат да се посветат на нешто, Јарците се целосно внесени во тоа и лојални „до коска”. Не ги избираат така лесно ниту пријателите, ниту пак партнерите, но штом донесат одлука, тоа е тоа. Не го менуваат тоа така лесно, освен ако не ги изневерите или повредите. Не мораат да имаат многу пријатели или да се во врска, но за луѓето за кои ќе се одлучат, даваат се што имаат.

Рак

Не е тајна дека Раковите многу сакаат да се грижат за другите луѓе и дека така се чувствуваат најсреќно. Брзо се спријателуваат, а уште побрзо се вљубуваат. Сепак, тие се едни од најчувствителните знаци во хороскопот и пријателствата и врските ги сфаќаат многу сериозно. Некогаш дури и претеруваат, но тие се многу лојални и посветени личности.

Шкорпија

Шкорпиите се еден од најинтересните знаци во хороскопот бидејќи се како парадокс. Тие се личност кои не ги сакаат многу другите луѓе, но за своите блиски буквално би убиле некого. Тие се толку многу лојални, така што кога и да ги побарате да ви помогнат, тие ќе бидат таму. Шкорпиите се посветени пријатели и посветени партнери, често дури и премногу посесивни. Сепак, не постои друг знак кој толку многу се грижи за своите луѓе како мистериозните Шкорпии.

Пендаровски: Не гледам проблем што институциите се преименувани во национални, а не во македонски

На вчерашната претседателска дебата, меѓу професорката Гордана Силјановска, Стево Пендаровски и Блерим Река на Телма кандидатот на СДСМ, Пендаровски беше запрашан дали може да се промени Договорот од Преспа на што Пендаровски го даде следниот одговор:

-Не гледам проблем што институциите се преименувани во национални. Вие ќе морате со некоja утрешна грчка Влада да ги убедите дека треба повторно да го отворите тоа прашање и да препрeгoварате и дали со таков нов догoвот ќе направат да стои македонски јазик бидејќи и сега придавките македонски и кодовите МК и сега ги има не знам што би било подобро , а притоа тој Договор да го ратификуваат во грчкиот Парламент – кажа Пендаровски.

Тинејџер заработува многу пари, а само игра игра: Запознајте го малиот Спикоски и неговата „професија“ (ВИДЕО)

Грифин Спикоски е 14-годишно момче од Њујорк, кое од видео играта Фортнајт заработил 200.000 долари.

Грифин, познат под името Скептик ја игра популарната видео игра секој ден по околу 8 часа, а има денови кога поминува и по 18 часа пред компјутерот.

Освен што игра, Грифин се снима, а видеата ги објавува на својот Јутјуб канал, каде го следат над милион претплатници и на тој начин заработува илјадници долари.

Почнал да заработува кога пред девет месеци успеал да победи познат играч на Фортнајт. Тогаш почнале да го следат голем број корисници, така што детето ја искористило популарноста за да заработува на спонзори, реклами и донации од своите претплатници.

Неговите родители во целост го поддржуваат, па дури му изнајмиле и финансиски советник, кој правилно ги распоредува парите на детето, кој сака да ги потроши на студии и да купи нова куќа.

Нов извонреден настап на премиерот Зоран Заев (Видео)

“Јас сум Зоран Заев од село Муртино струмичко, некои ме викаат Зајче”, истакна премиерот Зоран Заев на синоќешната трибина во Велес.