дома блог страница 3396

ПО ПОБЕДАТА СИЛЈАНОВСКА, OCТАНУВАМЕ НА УЛИЦА: Ocтануваме на улица додека не се распишат предвремени избори

Ви благодарам што се одваживте, во ова време и невреме, слично на 1949-та, кое изобилува со притиcoци, зakaни и yцeни, наоѓате храброст да бидете со нас, да му пркocите на Заевизмот и на семејниот градоначалник овде во Демир Хисар, порача лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на вчерашниот митинг во оваа општина.

Почнавме пред 5 дена од Охрид. Огромна енергија е распослана ширум Македонија. Огромна енергија во насока на поддршка на професорката Гордана Силјановска Давкова. Истото го чувствувам и овде во Демир Хисар. Народот препозна што е вистинска коалиција. Народот ја препозна, ја одобри, ја верификуваше и се придружи на најголемата политичка коалиција во современа Македонија, а тоа е коалицијата околу името на професорката Гордана Силјановска Давкова. А не онаа коалиција во мафиjaшки стил која во еден скап скопски хотел на дecпотски начин, akламативно, по желба на дecпотот Заев, го избра Стево Пендаровски за кандидат, истакна Мицкоски.

Тој посочи дека изборот на овие претседателски избори е јасен.

Ако сме, а сме, пpoтив Заевизмот, тогаш јасно е кој е нашиот избор на 21-ви април, а потоа и на 5-ти мај, тоа е професорката Гордана Силјановска Давкова. А тие, од семејството, кои управуваат тука со општината и тие од другото семејство кои му се лути на ова, а управуваат од државните институции, тие се знае кого поддржуваат-завидлизмот. Да им порачаме едно „уаа“, посочи Мицкоски.

Испливаа податоци на повеќе од 540 милиони корисници на Фејсбук: Секој кој ја посетил оваа страница, бил на мета

Детални информации за повеќе од 540 милиони корисници на Фејсбук со месеци биле јавно видливи, покажала истрагата на компанијата задолжена за безбедност на интернет.

Компанијата Апгард за време на рутинската контрола открила големо складиште на податоци на необезбеден сервер на Амазон кој го користиела една мексиканска фирма за социјални мрежи.

Најголемиот дел од информациите кои содржеле имиња, коментари, реакции и идентификациони броеви, биле за посетителите на страницата „Култура колектива“ (Cultura Colectiva).

Таа страница соопштила дека податоците се собрани од интеракција со корисниците.

ПШриватните податоци како што се меил адреси и лосинки не биле на споменатиот серве, бидејќи Култура колектива нема пристап до таквите информации за корисниците.

Фејсбук соопшти дека неговите правила не дозволуваат податоците од социјалната мрежа да се чуваат во јавно достапните бази.

(Фото) Глетка која ги потресе белграѓани: Девојче клекнува пред баба која пpocи, а потоа силно ја прегрнува

Девојче клекнува покрај баба, која пpocи на Кнез Михајлова во Белград, тие зборуваат извесно време, а потоа следи топла прегратка. Настанот е евидентиран со фотографии од страна на Владимир Чех, кој случајно поминал во моментот.

Авторот на фотографиите Владимир Чех, се шетал по главната градска улица и ја видел потресната глетка.

Во нивата пронашол 600 милиони долари: Од Владата му ги заплениле и му соопштиле дека ќе ги вложат во образованието

Колумбиски фармер во својата нива пронашол буре преполно со долари.

600 милиони долари “ископал” од својата нива. Хосе Маријана Картолос, 65-годишен фармер добил дозвола од колумбиската држава да копа во таа нива.

Картолос од таа причина не можел да ги задржи парите, односно тие биле запленети од колумбиската влада, од која му било соопштено дека ќе бидат вложени во патишта и образование.

Од Владата ги предупредуваат сите земјоделци внимателно да ги копаат своите ниви, бидејќи постојат информации дека нapko kapтелите имаат закопано уште многу пари.

“Еуфорија во Бутел! Правдата победува” (Фото галерија)

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Јохан Тарчуловски и Генералниот секретар, Игор Јанушев, беа во посета на Бутел, каде ги дочека победничка атмосфера.

Бутелчани во голем број присуствуваа на средбата и истакнаа решителност за победа на престојните Претседателски избори.

“Правдата победува”, порачаа бутелчани.

Џамбазов оригинален: “За нив дозвола е ако покажат само лична карта, тие знаат дека тато и мама светот можат да го платат” (Видео)

Игор Џамбазов со оригинален рецитал одново ги освои социјалните мрежи.

“Тие овде можат се’ да прават, на се’ да стават крај. Тие живеат од два три слатки збора, ајде стари дај, дај, дај. Тие мислам дека Господ за брада лесно ќе го фатат. Тие знаат дека тато и мама можат светот да го платат. Тие немаат главоболки тешки, тие смеат да прават грешки, тие се …. ај да не збориме. За нив кризата е туѓа мака и многу им е чудна, за нив парите се само излез, ако љубовта е малку трудна, за нив не важи ниеден конкурс, се’ е прав и партал. За нив дозвола е ако покажат само лична карта, за нив има и она што нема, за нив други имаат трема. За нив сме… ај да не збориме, а мене од тие страв ми е”.

Погледнете го целиот рецитал во продолжение:

“Градоначалникот Јованоски гордо изговара СЕВЕРНА Македонија?”

По повод одбележување на Денот на НАТО, а во рамки на активностите од НАТО неделата, Министерството за одбрана и Армијата во соработка со Општина Прилеп, денеска пред Центарот за култура „Марко Цепенков“ организираа Отворен ден за граѓаните на општина Прилеп.

Пред присутните претставници од општествениот и јавниот живот на градот, меѓу кои и градоначалникот Илија Јованоски и претседателот на Совет на општина Прилеп, Миле Талевски и други граѓани на Прилеп, свое обраќање имаше Бригадниот генерал Орце Јордев.

После настанот Јованоски се јави и на Фејсбук.

“Република Северна Македонија на патот кон НАТО”, напиша Јованоски на Фејсбук.

Само капитенот може да изведе ваква мајсторија: Еден е Столе Стоилов (Видео)

Вардар стигна до третата последователна титула во СЕХА лигата, а вкупно петта откако ова натпреварување постои.

Во финалето вардарци беа подобри од Загреб, а голот на натпреварот го имаше капитенот Стојанче Стоилов.

Ваква мајсторија може да изведе само СТОЛЕ!

Досега невиден цар на фудбалските терени: Во 90 минути постигна погодок, асистенција, автогол и доби црвен картон (Видео)

Фудбалерот Берналдо Манѕано на клубот Депортиво Лара од Венецуела, на мечот од Копа Либертадорес против арегнетинскиот Хуракан, успеа да постигне гол, асистенција, автогол и да добие црвен картон.

Вакво нешто досега не е забележано на натпреварите од Јужноамериканската “Лига на шампиони”, па Манѕано е првиот играч на кого тоа му пошло од рака.

Погледнете:

СДСМ Прилеп: “Просечна плата 25.000 денари, 625 милиони евра инвестиции, но ништо за непотизмот, двојазичноста, сметките за вода??”

Патот до членството во најмоќната светска алијанса –НАТО, го чекориме заедно. Заедно ги надминавме сите пречки и предизвици на тој пат. Јасно и гласно порачуваме дека Република Северна Македонија, станува 30-та земја членка на овој најмоќен светски сојуз. Ратификацијата на Протоколот за членство на нашата држава во НАТО, е во полн ек во парламентите на земјите членки – истакна на денешната прес конференција Кети Смилеска, пратеник на СДСМ во Собранието.

“Членството во НАТО, не само што значи стабилност, цврсти граници и безбедна иднина за нашите деца, ами значи и нови инвестиции кои носат нови работни места, развој на економијата и бизнисот.

Бројни економски параметри покажуваат дека за само една година од напредокот во интеграциите, ратификацијата на Протоколот и успешните политики на Владата предводена од СДСМ, нашата економија е сериозно придвижена, а економските придобивки се реални и видливи.

За само една година, просечната плата порасна за 7,5 отсто, односно од 23.850 денари колку што изнесуваше во декември 2017, е зголемена на 25.784 во декември 2018 година
2018 година ќе остане запаметена по историски највисокиот износ на странски директни инвестиции кои достигнаа скоро 625 милиони евра.

Државничките и одговорни политики на СДСМ, ја намалија и стапката на невработеност во државата на 19.4 во последниот квартал од 2018 што е значително намалување во однос на истиот период од 2017 кога изнесуваше 21,9 отсто.

Влезот во НАТО и напредокот во интеграцијата во ЕУ уште повеќе ќе го забрзаат економскиот раст, економијата ќе стане поконкурентна и поатрактивна за инвеститорите, ќе расте бројот на новоотворени работни места, ќе растат платите, а се повеќе пари ќе завршуваат кај граѓаните”, додаде Смилеска.