дома блог страница 3398

Пендаровски без став и мислење: Како ученик слушаше лекции од професорката Силјановска на прашањата што ги поставуваше

Прва дебата на претседателските кандидати Гордана Силјановска Давкова, Стево Пендаровски и Блерим Река вечера на телевизија Телма. Темите актуелни, меѓу нив и Преспанскиот договор.

Силјановска со аргументи објаснуваше како може да се дојде оспорување на делови на Преспанскиот договор, а Пендаровски правото го елиминарше. Во еден момент кога Силјановска зборуваше за Преспанскиот договор и рече дека тој завршува со тн. вечна клаузува која вели дека е непроменлив, непроменливоста е политички чин, а не правен, Пендаросвки рече: „Ова е ново, не го имам слушнато“.

Дебатата помина во стилот професор – ученик или објаснувањата на Силјановска, Пендаровски ги слушаше како ученик.

Силјановска пак објасни многу нешта. Таа укажа дека „во меѓународното право името е неразделен дел од државно правниот субјективитет или правото на самоопределување го вклучува правото на име, знаме, химна, устав“.

-Основен постулат во меѓународното право е симетричноста на договарачите, а не асиметричноста како што е случај со Препанскиот договор. Живееме во ера во која зборуваме за Обединети нации како рамноправни членки и темелот е тука и се инсистира на јус когенс или меѓународното задолжително право, а тука се правото на самоопределување и немашање во внатрешни работи, иако има и други постулати, рече таа.

Силјановска Давкова укажа дека во Договорот стои „ако дојде до спор има постапка како се постапува“. Притоа таа се надоврза на актуелната ситуација кога не беше интонирана химната при посетата на грчкиот премиер Алексис Ципрас укажувајќи дека ако до се знае како се постапува“.

Таа и потсети дека и договори меѓу САД и Кина се повелуваат, потоа меѓу САД и ЕУ и како што рече сето тоа повикувајќи се на меѓународното задолжително право. Оттука поосочи таа „може да се оспорат делови од Преспанскиот договор“.

Пендаросвски пак во дебата акцент стави на политиката и меѓународното опкружување.

-Без помош од меѓународните фактори и не можевме да го постигнеме Договорот, рече Пендаровски велејќи дека ги почитува сите правни авторитети и објаснувањето на Силјановска.

(Видео) Неверојатно откритие на дното од езерото: Скапоцени предмети и злато од мистериозно исчезнатата цивилизација

Тим на археолози од европски и латиноамерикански држави во езерото Титикака, кое се наоѓа на границата меѓу Перу и Боливија, многу важен историски локалитет.

Подводното откритие на церемонијални артефакти припаѓа на цивилизацијата Тиванака, изјавија експертите, пренесува Њујорк Тајмс.

Експртите за подводна археологија во езерото пронајдоа ритуални подароци и остатоци од животни.

Скапоцените предмети укажуваат дека на тој локалитет се одржувани многу важни церемонии на кои елитата на цивилизацијата Тиванака испловувала до гребенот и принесувале жртBи како млади лами, артефакти од злато, минијатурни реплики на богови…

(Фото) Има 50 години, а изгледа неверојатно: Вака изгледа жена која се грижи за својот изглед

Познатиот дански модел Хелена Кристенсен (50) некогаш владееше со модните писти. Креатирите и понатаму ја викаат, со желба познатата кралица да им ја отвори ревијата, да го рекламира нивниот бренд.

Иако повеќе не се занимава со мода и не мора да ги следи “строгите правила”, Хелена и понатаму се грижи за својот изглед.

Дека старите навики не изyмиpaaт докажува нејиниот изглед. Таа и понатаму внимава што јаде и води грижа за нејзиниот животен стил.

Мицкоски до Заев: Ќе направиме и селфи, ама прво да ги вратиш оние 8 ипол милиони евра од Глобал што ги ykpaде заедно со Вице

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска оствари средба со жителите на општина Зрновци.

Мицкоски посочи дека граѓаните се соочуваат со големи неправди кои што им ги прави владата на СДСМ и Зоран Заев.

-Heпpaвда е кога наместо повисоки пензии, се даваат тендери и бизниси на Вицето. Heпpaвда е кога ќе ветите добра бизнис клима а ќе покачите даноци. Heпpaвда е кога ќе излажете дека ќе влезе нова германска инвестиција, а таа ќе инвестира во соседна држава. Heпpaвда е кога младите си одат од земјава, мајките плачat, а Мира Дизел си запослува половина фамилија. Heпpaвда е кога студент со 10 просек си не може ни да се прехрани, ама децата на власта одат на сkапи одмори. Heпpaвда е кога имаме kpиминални иновации наместо вистински иновации и напредок. Heпpaвда е кога ќе велат дека ќе им дадат повисоки субвенции на земјоделците, а тие не може ниту да ги продадат производите, вели Мицкоски.

Мицкоски пред присутните ја искоментира и вчерашната изјавата на Заев и побара прво Заев да ги врати 8.5 милиони евра од Глобал, а потоа и оние едно евро за Вицето едно евро за црквата што ги бараше на видео снимката, па дури тогаш ќе се слика со него, а се до тогаш ќе му остане само да се радува на сликата со Ципрас.

-Вчера го гледам Зоран Заев заедно со оној негов дecпотски избран кандидат Стево Пендаровски, во полупразната сала Борис Трајковски како вели еве да не сум се грижел и со мене ќе направел селфи. Еве ќе ја искористам оваа прилика овде во Зрновци пред вас, пред овие домаќини, пред овие дечиња, пред овие домаќинки, пред овие вредни луѓе, честити луѓе да му одговорам на неговата нечестита понуда. Нема проблем ќе направиме и селфи, ама прво да ги вратиш оние 8 ипол милиони евра од Глобал што ги ykpаде заедно со Вице, а потоа ќе му кажеш на Вице сите оние евро за евро што ги зема за него и за црквата да ги врати назад кај граѓаните, па дури потоа јас и ти господине Зоран Заев ќе правиме селфи, а дотогаш ќе ора на телефонот да му се радуваш на селфито со Алексис Ципрас, кажа Мицкоски.

Тој побара од граѓаните на 21-април да дадат поддршка на кандидатот за претседател на Република Македонија од ВМРО-ДПМНЕ Проф.д-р Гордана Силјановска Давкова, бидејќи само така ќе го исполнат сонот за Македонија, а тоа е конечно Македонија и граѓаните да се ослободат од неправдите и криминалите на актуелната влада.

Извор: kurir.mk

Панчо и Андреј од ДНК се пофалија со новиот превоз, велат “Дојде живот” (Урнебесно Фото)

Панчо и Андреј од ДНК се пофалија со “новиот превоз” и велат “Дојде живот”.

Двајцата покрај тоа што ги прават едни од најдобите забави низ Македонија, и редовно ги засмејуваат своите следбеници, па не случајно се популарни.

“Лидер”: “Коки портпаролот на СДСМ купил стан во Џевахир, ама не го пpиjaвил?”

Порпаролот на СДСМ и пратеник во Собранието, Костадин Костадинов, често милува да обвинува функционери затоа што одреден свој имот не пријавели во анкетен лист, но загрижени граѓани до Економски Лидер доставија фотографии и тврдат дека токму тој крие стан во луксузните висококатници на „Џевахир“ во Аеродром, пишува порталот.

Како што велат граѓаните, а кажаното го поткрепуваат со фотографии, Костадинов секојдневно влегува во една од зградите на „Џевахир“.

-Веќе неколку месеци по ред го гледаме како секојдневно влегува и излегува од една од зградите на Џевахир, поточна зградата насловена А. Соседите велат дека тука си купил стан. Па се прашуваме, како толку млад успеал да собере пари? – велат за Лидер загрижените граѓани.

Но, доколку го погледнеме неговиот анкетен лист приложено можеме да видиме дека тој нема пријавено никаков стан, дали и тој по примерот на неговите колеги од СДСМ решил да го затскрие имотот од ДКСК и од очите на граѓаните. Па ако толку се бори за правдата, и секојдневно од пред штабот на опозициска партија повикува на чесност и правда, тогаш нека каже на граѓаните Костадинов, на чие име е станот во кој што очигледно живее, а го нема пријавено. Како тој што вели граѓаните имаат право да знаат, да граѓаните имаат право да знаат и за имотната состојба на Костадин Костадинов, пишува Лидер.

“Инфомакс”: Кратенката МК заминува во историјата, на граница добивате налепници со НМК

-Заев, го задржавме МК кодот, бетониран е. На излез од граница добиваш ваквоо поклонче, сертификат за бетонираното. Плeмe пpeваpaнтcko, пишува Кристијан Јандриоски.

Извор: infomax.mk

Прилепчани донесоа светлина во познатиот манастир “Света Марина” во Мала Преспа (Фото галерија)

На познатиот манастир „Света Марина“ во селото Туминец во Мала Преспа, Република Албанија поставени се фотоволтаични панели. Манастирот датира од 18 век, а обновен е во 1926 година.

Идејата за оваа донација потекнува од верници од Прилеп, кои својата верба во Бог решија да ја покажат преку собирање на средства за поставување на овие панели кои донесоа светлина во овој прекрасен манастир.

Патрон на манастирот е Света Огнена Марина – Марена, што се слави на 30 јули, празник кој Македонците во Мала Преспа, традиционално го слават заедно и каде и да се исселени тие за овој празник се тука.

Вообичаено е на овој празник, кога заради жештините “гори небото и земјата, не се работи “ниедна работа”. Во народната традиција сочувани се примери на пожари или громови во во топлите празнични денови изгореле жито, сено и домовите на луѓето кои го прекршиле празникот и работеле на празникот на Свети Марина.

Селото Туминец е едно од десетте населени места во Мала Преспа. Се наоѓа на самиот брег на Преспанското Езеро во близина на граничниот премин Стење-Горица и е второ село по големина, со околу 800 жители.

Манастирот се наоѓа на прекрасна локација која плени со својата убавина во сите годишни времиња.

(Видео) Бopба меѓу стаорец и змија до последен здив: Што мислите, кој победи ?

Истражувачи од Калифорнија снимија двобoj меѓу змија и стаорец, но се изненадија од apceналот на одбpaмбени потези на “пленот”.

Женава е без граници! Најновото дело на Светлана е ликот на Лила Филиповска направен од коса (Фото галерија)

Светлана Зуламовска Гроздановска е долги години фризер и шминкер во Кривогаштани. Долги години успешно ја работи својата работа, ги исполнува желбите за убав изглед на своите муштерии и секогаш предизвикува насмевки и пријатно чувство.

Од поново време нејзино хоби е да изработува ликови од коса. И тоа не било какви ликови, туку ликови на познатите пејачи, спортисти, уметници…

Нејзините дела изгледаат толку реалистично и живо, што чиниш можат да прозборат. Нејзиниот салон во кој работи заедно со својата сестра доби дополнителна популарност, а познатите се воодушевени од тоа како изгледаат нивните ликови изработени со коса.

Најновото дело на Светлана е ликот на познатата ТВ водителка, Лила Филиповска.

Погледнете:

Неодамна за Маркукуле, Светлана раскажа повеќе за нејзиното хоби и професија.

Цели 27 години е успешна фризерка и шминкерка, а сега ги воодушевува сите со нејзините ремек дела од коса: Интервју со Светлана Зуламоска Гроздановска (ФОТО ГАЛЕРИЈА)