дома блог страница 3395

(Фото) Херој на годината! Има само 6 години, му одржа лекција на целиот свет

Момче од Мизорама, Индија, се обидело да спаси пиле кое случајно го повpeдило со велосипедот.

Свесен за вината, откако несакајќи го повpeдил пилето додека возел велосипед, 6 годишниот Дерек ги земал парите кои родителите му ги давале и заминал во болница да го спаси животот на пилето.

Неговата фотографија беше споделувана на секаде во светот.

“Ова мало момче случајно со својот велосипед згазило пиле. Го земал пилето и заминал во најблиската болница, а со него ги земал и сите пари кои ги има. Побарал помош и ги замолил лекарите да го спасат пилето”.

“Заев ми нудеше влез во Влада и министерства за да го прифатам Договорот со Грција, јас го одбив, честа нема цена”

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, вечерва од Битола обелодени дека Заев му нудел влез во Влада и министерства за да го прифати Договорот со Грција. Тој одбил, пишува Курир.

-Господине Заев, во јануари 2018-тата во Клубот на пратеници се гледавме очи во очи, кога ви кажав дека ВМРО-ДПМНЕ и народот ова нема да го поддржат. Ме гледавте и се согласивте со мене. Има записник. Дојде март, го повторивме истиот став заедно. Тајно преговаравте, ја парчевте, ја делевте, ја раскичмувавте татковината. Делевте и тргувавте со нешто за кое не сте се испотиле и крваревте за да го заработите. Луѓе гинеле за ова парче место. Дојде мај, исто така во Клубот на пратеници, ми рековте дека решението е Илинденска. Ви реков „мисли си ти само“. Ова е морковот господине Заев, а на дуелот на МРТ му реков „допрва ќе видиш што ќе прифатиш“. И дојде денот кога прифати. Ама прифати капитулација затоа што сакаше да прави криминал и да се спаси од затвор. Тоа е вистината. Капитулираше за да пљачка и да се спаси од затвор. Истиот ден кога прифати беше ослободен од Основниот суд за делото поткуп, посочи Мицкоски.

Тој потенцираше дека ставот на ВМРО-ДПМНЕ е одамна јасен и гласи: „Ние компромис со тие работи не правиме“!

-Нас не нè интересира kpиминал и ние ако лежиме зatвop ќе лежиме за Македонија и идеалите, а не за kpиминал. Заев е нечестит човек и одлучи на едно интервју да ме клевети дека немало да прави коалиција, техничка Влада со мене. Во јули, надвор имаше 38 степени, повторно бевме во клубот на пратеници. Се гледавме очи во очи, преговаравме и после 5 часа ми рече: „Ајде еве ти влези во Владата и бирај кои сакаш 5 министерства. Само прифати го Договорот“. Ти одговорив: „Мојот образ и достоинство немаат цена. Ова не го работам ниту за пари, ниту за моќ. Не ми треба твоето милосрдие. Уживај во твојата слава, уживај во твоите привилегии затоа што знам дека за пусти пари се работи, за ништо друго“-порача Мицкоски.

-Не го лажи народот. Еднаш кажи ја вистината. Нудеше-те одбивме. Затоа што не сакавме да бидеме соучесници во капитулацијата. Ја одбравме страната на народот, од прв ден до последен ден. Така и ќе биде во иднина, порача Мицкоски.

Извор: kurir.mk

Циклонот Кристијан ќе ја покаже силата – Вонредна временска најава

Конечно доаѓа крај на долготрајната суша и тоа поради влијанието на циклонот Кристијан кој понатаму ќе станува се поизразен, соопштува метеорологот Славчо Поповски.

Денеска ќе има слаби локални врнежи од дожд и тоа особено во јужната половина од државава додека пак во недела ќе ги има на повеќе места за да веќе кон крајот на денот и вечерта од запад да стануваат се поинтензивни и да се прошируваат а локално ќе има и развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд, грмежи и засилување на ветерот во зоната на нестабилност.

Во првите денови од следната недела врнежите ќе бидат поинтензивни и локално ќе наврнат над 30 л/м2 воден талог додека на високите планини врнежите ќе бидат од снег а температурите на воздухот ќе опаднат за просек од 5 д0 7 степени во одност на оние кој ги имаме сега.

Оваа ситуација конечно ќе стави крај на сушата и значително ќе ја намали можноста од појава на пожари кој во периодов кој измина и тоа како ги имаше во нашата држава.

Славевски: Со реформа на Владата пензионерите во просек ќе бидат покуси за минимум 300 до 700 денари во 2019 година

Изминативе неколку месеци од 2019-та година најпрво ги видовме негативните ефекти од воведувањето на прогресивното оданочување односно зголемување на даноците во Република Македонија, каде што на удар беше најкреативниот дел од македонското општество, реагира Трајко Славевски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

-Деновиве со исплатата на мартовската пензија, пензионерите се уверија во она од што стравуваа дека ќе има минимално речиси никакво усогласување односно зголемување на пензиите и не се остварува ништо од онаа најава за зголемување на пензиите во Република Македонија.Еве, да потсетиме дека на 28-ми декември, минатата година Владата по скратена постапка го измени Законот за пензиско инвалидско осигурување, со што го укина усогласувањето кое што со години важеше и со порастот на платите во Република Македонија. Да потсетам старото решение кое што долго време функционираше беше дека пензиите еднаш на 6 месеци се усогласуваат со 50% од стапката на пораст на трошоците на живот и 50% од стапката на пораст на платите во Република Македонија, истакна тој.

Славевески рече дека пензиите во изминатиот период растеа затоа што растеа и платите во Република Македонија.

-Што се случува сега? Односно што значи сето ова? Имено да потсетиме дека речиси во сите земји на светот пензиите се усогласуваат по правило, по двете основи кои што кај нас важеа до 1-ви јануари оваа година. Имено со усогласувањето на пензиите со зголемување на цените треба да се задржи куповната моќ на пензиите. Но пензионерите исто така имаат право да учествуваат во зголемувањето на БДП кој што е изразен преку порастот на платите. Тоа е првата причина зошто порастот на платите треба да биде фактор за зголемување на цените. Втората е што ова усогласување на пензиите како што гледаме доаѓа секогаш со задоцнување односно веќе се начнала куповната моќ на пензиите со порастот на цените во изминатите 6 месеци пред да се изврши усогласувањето што не е случај со платите. Сега поконкретно, пресметано а и самите пензионери увидоа и покрај онаа разлики за трите месеци дека има минимално зголемување на пензиите од 0,7% што еве да речеме на пензија е просечно од околу 15.000 денари значи некаде околу 100 денари. Усогласувањето доколку останеше старото законско решение требаше да биде 1,83% односно пензионерите се закинати за повеќе од 1 процентен поен што значи дека доколку оваа тенденција продолжи во текот на годината тие месечната пензија ќе ја примаат во помал износ од оној што можеше да биде со старото решение некаде од 300 до 700 денари. За волја на вистината да спомнеме дека вградено е едно решение кое што нема шанса да се оствари дека пензиите можат дополнително да се усогласуваат односно да растат доколку БДП на земјата надмине 4% ова како што гледаме е нереално затоа што ниту она што го видовме изминативе две години ниту она што го предвидува самата влада, а и меѓународните финансиски институции не покажува дека постои шанса да се оствари БДП во Република Македонија над 4% и тоа ќе остане само празна надеж односно празно ветување, порача Славевски.

Тој објасни кои се сега ефектите покрај закинувањето на пензиите кои што го почувствуваа и самите пензионери.

-Имено се намалува односот просечна пензија просечна плата во Република Македонија. Овој однос на просечната пензија споредено со просечната плата изнесува во последниве години околу 60% што е прифатливо и меѓународно познато ниво. Само да потсетиме со некој политики на некои претходни влади на СДСМ во периодот 2004-2005 овој однос просечна пензија просечна плата се беше спуштил на само 50%нешто што навистина ги погодуваше пензионерите и влијаеше врз нивниот животен стандард. Со политиките на владите на ВМРО-ДПМНЕ за зголемување на пензиите се достигна ова ниво од 60%. Оваа година со новото решение се очекува односот да се симне повторно под 60% односно некаде околу 58% со тенденција ако се задржи решението и понатаму, да се намалува кон онаа граница од можеби испод 50 проценти. Ова е удар врз животниот стандард на пензионерите уште од една дополнителна причина. Имено пензионерите како сите ние користиме услуги кои се во делот на сивата економија за поправка на домовите некои водоинсталаторски услуги електричарски услуги и така натаму кои статистиката не може да ги опфати се вршат единствено проценки, но тие и тоа како се зголемени цените од познати причини во последниве неколку години и оттука ова решение е неправедно и идната Владата на ВМРО-ДПМНЕ ќе го промени ова законско решение кое е на штета на пензионерите и ќе ги преземе сите неопходни мерки за заштита и подобрување на нивниот животен стандард, порача тој.

Време е за промени: Македонија не смее да биде економски изолирана!

Професорката Гордана Силјановска Давкова во нејзината изборна програма како претседател на Република Македонија ветува низа проекти во економијата.

Како дел од економските проекти Силјановска во нејзината програма ги наведува следните: Организација на конференција за приклучување на Македонија кон енергетските коридори – Македонија не смее да биде изoлирана од енергетските коридори кои се градат или планираат да се изградат во регионот. Нужно е да се продолжи и со гасификацијата и земјата да се поврзе со интерконектори со т.н. Балкански тек.

Јакнење на извозната компонента – ќе дадам силна поддршка на извозно ориентираните компании од Република Македонија, преку нивна промоција во индустриски развиените земји.

Ќе работам на проширување на зоните за cлободна трговија и отворање можност за склучување на нови договори за бесцарински режим.

Ќе побарам она што Владата заборава да побара веќе цели 18 години – официјално вклучување на Македонија во Пан-европската асоцијација на дијагонална кумулација на потекло на стоките, што ќе овозможи финалните производи од Македонија да кумулираат потекло и се извезуваат во ЕУ без царини. Инвестициска оаза – Мој приоритет е промоција на Македонија како безбедна земја со високо квалификуван кадар, земја на млади и паметни луѓе и најдобри услови за вложување на капиталот.

Привлекување странски инвестиции со цел создавање нови работни места кои ќе создадат своевиден пpитиcoк на пазарот на труд и ќе придонесат кон подигање на просечната плата. Македонија секаде – Соработката со приватниот сектор ќе биде во насока на промоција на Република Македонија како инвестициска дестинација. Од исклучителна важност е нашето активно присуство на најголемите светски економски и бизнис самити, и иновативно-технолошките саеми. Со секоја посета во странство ќе организирам бизнис форум и ќе носам делегација на компании од сите комори од Македонија.

Фокусот треба да се стави и на новите пазари во Азија и Африка и на следните сектори: металургијата, прехранбената индустрија (посебно конзервната и кондиторските производи), производството на пијалаци, текстилна индустрија, производството на тутун и тутунски производи, ИКТ, мебел и производите од камен (мермер).

ДЕНЕС Е СПOMЕН НА ПPEПОДОБЕН ЗАХАРИЈА: Го оcтaви семејството за Бога!

Пpeподобен Захарија

Син на Карион Египќанецот, којшто ги ocтави жената и децата и се замoнaши, само синот Захарија го зеде со себе, бидејќи мајка му не можеше да го прехрани. Иако многу помлад од многумина старци во Скитот, Захарија се здоби со многу поголеми благодатни дарови од многумина меѓу оние старци. Од благодатта Божја чувствуваше како му гopи целата внатрешност. На прашањето на свети Макариј кој е вистински монах, Захарија одговори: „Оној којшто непрестано се принyдyвa себеси на зaповедитe Божји“. А на прашањето на авва Мојсеј што значи да се биде монах, Захарија ја симна камилaвкaта, ја изгaзи со нозете, па рече: „Ако човекот не се cмиpи и пони3и себеси, нe може да биде монах!“ Беше големо светило меѓу монacите во пycтината и млад се yпокoи во Господ.

Ефтино и брзо: Со овие три состојки нема да имате проблем со бели влакна

Најновите истражувања покажаа дека еден витамин и два минерали го успоруваат стареењето и појавата на седи влакна.

Имено цинкот помага што подолго да ја сочувате природната боја на косата, а најмногу треба да го користат оние со посветла боја на коса.

Витаминот Б12 исто така помаѓа прерано да имате седи влакна, додека бакарот произведува маланин кој е пресуден за бојата на косата.

Експертите советуваат и да ја масирате главата додека ја миете косата за да ги вратите природните витални функции на влакното.

Ѓорчев му препорача предлог сценарио на Заев за кога ќе оди во Охрид и Струга (Видео)

Инспириран веројатно од “потресните” говори на трибините од СДСМ, пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Влатко Ѓорчев му даде предлог сценарио на премиерот Заев за посетата на Охрид и Струга.

“Предлог сценарио за посетата на Заев и Стево во Охрид и Струга, со многу радост и емоции. Особено е ефективен делот на скокање во вода”, напиша Влатко Ѓорчев на Твитер.

ФУРКАН САЛИУ: Не помага јога кога ја зaкaчаш Гога!

Новинарот Фуркан Салиу, на својот Твитер профил ја коментираше вчерашната претседателска дебата на Телма телевизија. Тој накратко вели:

-Не помага јога кога ја зakaчаш Гога, пишува новинарот Фуркан Салиу

Во лицето убавица, во телото ѕвер: Сите мислат дека фотографиите на Јулија се монтажа, но тоа не е вистина!

Не дозволувајте нејзиното лице да ве измами. Јулија Винс е многу силна млада девојка. Таа е кревач на тегови, спорт со кој започнала да се занимава со само 15 години, со цел да ја зголеми својата самодоверба.

Еден од тренерите ја забележал и видел дека располага со одличен талент и потенцијал, да стане одлична натпреварувачка.

Таа тренира 4 пати неделно, од 3 до 5 часа дневно.

Има 5-6 оброци во текот на денот, за да може да ги издржи своите ригорозни тренинзи.