дома блог страница 3394

ХОРОСКОП: Што би направиле знаците кога би можеле да го вратат времето?

Што би направиле хороскопските знаци кога би можеле да го вратат времето?

Овен

Импулсивниот Овен кога би можел да го врати времето не би сакал така лесно да ја пропушти големата љубов од младоста, а во своето семејство, би се поставил поавторитативно и повеќе време би минувал со децата. На работа би го правел само тоа што сака и никому не би сакал да му приложува сметки. Највеќе би сакал да се радува на сопствените успеси на спортските терени или снимањето на некој акционен филм.

Бик

Кога сентименталниот Бик би можел да го врати времето назад, тој би се вратил во времето кога највеќе заработувал. Тој би сакал да биде помалку посесивен и помалку прилагодлив кон потребите на луѓето кои му значат. Уште во младоста би започнал приватен бизнис, најверојатно со трговија со накит. Кога би можел да избира, никогаш не би сакал да зависи од својот шеф кој и онака не го почитува.

Близнаци

Кога родените во овој знак би можеле да се вратат назад, во својот животен компјутер би внеле повеќе програми. За почеток, на време би го сфатиле значењето на квалитетна емотивна врска, а своето љубовно гнездо би го изградиле со некој кој го сакаат и со кој на време би влегле во брак. Би се обиделе да бидат стрпливи и не би дозволиле другите премногу да ги изнервираат.

Рак

Кога размазениот Рак би можел да се врати во минатото, тој веројатно би се потрудил денес да не постои глобалното затоплување и би се грижел за многу нешта кои ќе му паднат на памет. Кога би можел да избира, тој би одбрал помалку да пати и да биде помалку амбициозен.

Лав

Кога би можел да се врати во минатото и да ги уништи корењата на своите стравови од хронични тегоби или слабости, тој посериозно би се посветил на остварување на своите младешки соништа, па од своето хоби би се потрудил да направи работа и да ги материјализира своите желби.

Девица

Враќањето на времето би билои неповторливо искуство за Девицата, која обрнува многу внимание на деталите. Токму враќањето во времето би и овозможило да поработи на нив и да исполни некои желби. Доколку би можеле, родените во овој знак би си купиле брод и би запловиле некаде каде не би морале да се нервираат.

Вага

Кога би можеле да го вратат времето назад, емотивните и воздрани Ваги би го организирале својот живот така што помалку би пателе поради љубовта, а повеќе би се посветувале на кариерата. Би се потрудиле да бидат поодлучни, би заборавиле на својата дипломатично и би ги построиле сите луѓе на своите место. Вагите не би глумеле само да не ја навредат другата страна.

Шкорпија

Доколку би можела да се врати во времето во кое била лудо заљубена, Шкорпијата би сфатила дека љубомората е бескорисно трошење енергија. Помалку би трошела нерви за другите, помалку би била егоист во љубовта и би наоѓала повеќе време за другите. Би ги развила своите таленти и повеќе би се грижела за уметноста и уживањето, наместо да размислува за парите и заработувачката.

Стрелец

Секогаш расположениот Стрелец би можел да промени многу нешта доколку би му се укажала можност за тоа. Уште како млад би почнал да се занимава со приватен бизнис, на кој би му пристапил мошне сериозно. На време би собирал пари за црни денови, а во љубовта не би седел на две столици и би ги почитувал оние кои го заслужуваат тоа.

Јарец

Многу работи би биле поинакви кога строгиот Јарец би можел да го врати времето, па за почеток би се ослободил од својот комплекс на ниска вредност кој го влече уште од детството. Тој би се ослободил од влијанието на родителите, а во љубовта би бил поотворен.

Водолија

Доколку ексцентричната Водолија би можела да се врати во минатото, таа би сфатила колку е подобро да биде реална на работа, па своите таленти не би ги трошела туку така. Во љубовта би била прилагодлива и подготвена да се жртвува за оние кои ги сака и би минувала повеќе време со семејството.

Риби

Кога би го вратиле времето наназад, Рибите би сакале да бидат повеликодушни, посмирени и да влијаат на луѓето кои ќе им бидат важни во животот. Во потрага по љубовта, не би барале премногу и не би внимавале толку и на најситните детали за луѓето и нештата во нивниот живот.

(ФОТО) Постарите прилепчани ќе заплачат по ова време, а младите ќе видат дека Прилеп и некогаш бил убав

Децата трчаа по запрежни коли и да се фатат на задната дрвена ограда, канатата, кога минуваа бавно влечени од коњ, магаре, маска, но и од ѕевгар волови. Сега е реткост да се виде вакво “привидение”, зашто напредната технологија “гази” сé пред себе.

На фотографијата е овековечен “грбот” на егејските згради на Булевар и сé уште не изградената Стоковната куќа. Камената коцка зборува дека Прилеп е древен град со богата историја.

Сликата сведочи на времињата кога во маалата се носеа кошеви со тутун од нивите не само со магариња, туку и со популарните триколки.

На улицата покрај старата автобуска, нема веќе ниту дрвени, а ја нема ни пластфицираната зелена и тенекиена трафика за весници, цигари, с’кзи.

Сé е урнато. Никна катна гаража. И порано имало убавина, да размениш збор – два, во друштво по тротоарот, покрај жива ограда и млади дрвца, полни со живот.

Се менува градската физиономија. Останува само по некоја фотка за враќање во минатото.

Извор: “Неделник ЗЕНИТ”

Силјановска: Власта ги злоупотpeби ЕУ и НАТО во најбеcpaмното прашање за промена на името на државата

Кандидатот за претседател од ВМРО-ДПМНЕ, професорката Гордана Силјановска Давкова на митингот во Ѓорче Петров, истакна дека власта ги злоупотреби Европската Унија и НАТО во најбесрамното референдумско прашање за промена на името на државата, пренесува Курир.

Таа посочи дека причината поради која анкетите покажуваат намалена приврзаност кон ЕУ и НАТО, не е зошто граѓаните не се идентификуваат со овие две организации, туку затоа што власта ги злоупотреби, во едно вакво важно прашање и не им даде можност да бираат.

– Нашиот Устав за членството во Европската Унија кога ќе дојде време при крајот на преговорите предвидува задолжителен референдум, додека за НАТО не предвидува референдум,ама тие ги ставија наместо да не прашаат дали сте за промена на името, го закамуфлираа прашањето зошто мислеа дека под плаштот на ЕУ и НАТО ние ќе го заборавиме или ќе го жртвуваме името. Но, погрешија, истакна Силјановска.

Таа посочи дека власта немаше храброст цврсто да застане и да ги праша граѓаните дали се за промена на уставното име на државата и токму поради тој страв го искористи членството во ЕУ и НАТО, а со тоа го жртвуваа името на Република Македонија.

(Видео) Застрашвачки: Русите покажаа како изгледа новиот камп

Спијат под Арктикот, имаат храна и вода за една година, а слободното време меѓу тренинзите, вojниците го искористуваат на оригинален начин.

На 500 километри од копното, откриен е новиот руски вoeн камп наречен “Северна детелина”.

Русите сакаа да му покажат на светот дека се вoeна суперсила.

(Видео) Исчезна сликата на Исус од 450 милиони долари која ја купи принцот Мухамед: Еве што се крие зад тоа

Познатото дело „Салватор мунди“ (Спасител на светот) на Леондардо Да Винчи, инаку најскапата слика некогаш продадена, исчезна!

Сликата во 2017 година беше продадена за вртоглави 450,3 милиони долари, а требало да биде изложена во арапската верзија на музејот Лувр во Абу Даби.

Иако од тамошниот секретаријат за култура соопштија дека сликата ќе биде изложена во септември 2018-та година, тоа сепак не се случи.

Се претпоставува дека скапото уметничко дело го купил близок соработник на контроверзниот саудиски принц Мухамед Бин Салман.

Наводно, откако принцот Мухамед ја купил сликата, бил жестоко критикуван во арапскиот свет поради христијанскиот мотив – спасителот Исус. Сето ова ги надминало границите на толеранцијата во овие конзервативни земји. Поради тоа, Мухамед наводно и им ја отстапил сликата на семејството Бин Зајед, чиј што прв човек Халифа Бин Зајед Ал Нахјан е претседател на Обединетите Арапски Емирати.

За возврат тој ја добил луксузната јахта „Топаз“ која има должина од 147 метри и нејзината вредност се проценува на околу 450 милиони долари.

Сепак, многумина сметаат дека саудискиот престолонаследник едноставно одлучил да ја задржи сликата на Леонардо Да Винчи за себе.

(Видео) Откритие кое менува се што знаеме за еволуцијата: Пронајден кит со четири нозе, еве што значи тоа

Фосил на кит со четири нозе, стар 43 милиони години, е пронајден во Перу.

Палеонтолозите веруваат дека овие морски цицачи, долги 4 метри, биле прилагодени за живот и во вода и на копно.

Со четири екстемитети имал способност да ја носи својата тежина и големата опашка.

Истражувачите веруваат дека ова откритие би можело да ја расветли еволуцијата за китовите и како тие се ширеле.

“Ова е цел примерок на четвороножен кит”, вели Оливије Ламбер, научник од Белгија.

Древниот кит е пронајден во морските седименти во близина на брегот на Пацификот, во местото Плаја Меди Луна.

Нов спот на ВМРО-ДПМНЕ: Не дозволувај да те излажат и заплашат, одбери ја вистинската страна!

ВМРО-ДПМНЕ денеска објави нов видео спот за претседателската кампања која е во тек.

„Не дозволувај да те излажат и заплашат, одбери ја вистинската страна!“, велат од партијата.

Пендаровски: Кога ќе ме запре пoлициja не ме kaзнувa, ме знаат од телевизија

Претседателскиот канидат на СДСМ и ДУИ Стево Пендаровски веќе ужива статус на ѕвезда пред која и законите замижуваат.

На трибина со граѓаните на Делчево Пендаровски се изнасмеа на помислата дека него може да го запре полиција за брзо возење, па и да го казни, затоа што полицајците го знаеле од телевизија. Откако се изначуди, се коригира, па рече дека полицаецот ќе го казнел само ако бил од ВМРО-ДПМНЕ.

Свесно или несвесно Пендаровски, кој сака да стане татко на нацијата, призна дека полицијата е партизирана и дека членовите на власта се поеднкави од останатите.

Извор: “Инфомакс”

Жална слика од Преспа: Јаболката завршија покрај патот (ФОТО)

На Фејсбук страната “Земјоделци – Македонија / Zemjodelci Makedonija” каде редовно се објавуваат вести поврзани со земјоделството и земјоделските политики во државата, објавени се фотографии од купишта јаболка во Преспанскиот регион, кои како што пишува се исфрлени покрај патот.

“Земјоделците од преспанскиот регион ги фрлаат своите јаболка. Навистина тешка година за овие земјоделци.Ќе ја преземе ли некој одговорноста??”, пишува над објавата.

(Фото) СДСМ ги бележи вработените во администрација: Раководителите задолжени да бележат партиска припадност

Владејачката СДСМ од директорите на јавните претпријатија и раководителите во јавната администрација бара да подготват листа за тоа од која партија се вработените – брифираат за порталот Лидер извори од администрацијата.

Фотографија што до нас ја достави лице од непосредно опкружување на раководител од Струмица, покажува како владејачката партија бара сите вработени да се бележат преку разговор со секој поединечно.

–Задолжување: Раководител на институцијата да ја пополни табелата – (Прилог 1) и во електронска форма да ја достави на маил: [email protected] Објаснување: Табелата треба да ги содржи податоците за сите вработени кои се однесуваат на нивната партиска припадност (1-СДСМ/гласач, 0-Неопределен/не гласа, 2-ВМРО/гласач) Внимание – Податоците да не се пополнуваат по свое видување, туку со секој поединечно да се разговара со што ќе се добијат веродостојни податоци. Рок: 03.04.2019 (Среда) Најдоцна до 20 часот Со почит, ОИШ при СДСМ Струмица.

Извор: kurir.mk