дома блог страница 3385

Викинзите од Исланд после 13 години загубија, а за тоа заслужни беа македонските лавови (Видео)

Тринаесет години се чекаше некој на официјален натпревар да го освои Рејкјавик. Последниот пораз кој Ислаѓаните го загубија на свој терен беше од Шведска во 2006 година, на баражот за Светското првенство 2007 година.

Тогаш Исланд загуби со 26:27, а сега тоа од рака им појде на македонските ракометари.

Иако тоа не се очекуваше, ако се има во предвид тоа дека нашата селекција имаше само два дена тренинзи со новиот селектор Данило Брестовац, нашите момци после големата голеада, сепак успеаа да го совладаат Исланд.

Крајниот резултат беше поставен буквално во последната секунда, кога Дејан Манасков најпрво биеше седмерец, а по одбраната на голманот топката одново се одби до него.

Деки беше прецизен и ја донесе Македонија на првото место од табелата.

Златески: “Прилеп е град на xaocoт, нacилcтвoтo, гpaбeжoт, а МВР не превзема ништо?” (Видео)

Колку и да манипулираат од СДСМ дека во Прилеп цвета животот и дека се’ е така розово, состојбата во градот е многу поразлична. Откако тие ја презедоа власта и на централно и на локално ниво, Прилеп се претвори во најнебезбеден град во државата. Секојдневно сме сведоци на филмски грабежи, демолирани возила, тепачки и разни други инциденти и криминални појави, изјави на прес конференција Никола Златески од ВМРО-ДПМНЕ ОК Прилеп кој додаде:

„Не е ВМРО-ДПМНЕ партија која внесува несигурност и страв кај граѓаните, туку самите прилепчани се сведоци за тоа дека нивниот град наликува на средина од вестерн филмовите. Граѓаните се плашат за својата безбедност и чувствуваат страв да се движат низ градот. Грабежи се случуваат и среде бел ден, а пример за тоа беа вооружениот грабеж на златара во Старата прилепска чаршија и филмскиот грабеж на дуќан во новата катна гаража. Статистиките кои вчера на прес конференција ги пласираа од СДСМ се само бројки кои немаат допирна точка со реалноста.“

-Она што загрижува е нервозата на власта во пресрет на претседателските избори, па зачестуваат и предизборните инциденти насочени кон поранешни и сегашни функционери од редовите на ВМРО-ДПМНЕ. Минатиот месец во центарот на градот, демолиран беше автомобилот на поранешниот градоначалник на општина Прилеп, Марјан Ристески, а пред два дена и автомобилот на советникот Гоце Стефаноски. Вакво сеење на страв и омраза кон политички неистомисленици е карактеристично за најголемите диктаторски режими во историјата. Овие методи на практикување на власта се црно минато на светскиот поредок, а во Прилеп за жал се сегашност и секојдневие, подвлече Златески и заклучи:

„На ваков начин не се гради едно општество за сите и не се следат модерните европски и демократски вредности, кон кои се стремиме како држава. Од власта се свесни дека ја загубија поддршката од граѓаните и дека доаѓа казната за сите предавства на сопствениот народ и држава, како и за невидениот досега непотизам и лажни ветувања. Првиот силен удар за оваа одродена и аздисана власт следува на претседателските избори закажани за 21 април, а веднаш потоа и на 5 мај. Правдата и правото мора да дојдат во Македонија, а хунтата на власт да се смести на црната страна од политичката историја.“

Владиката Агатангел го „подбра“ поглаварот на ИВЗ

„Ве молам да ми простите, бидејќи, како Митрополит на Светата Македонска православна црква, не можам да премолчам за оваа неправда!“, пишува владиката Агатангел во текстот насловен „Омразата на поглаварот“, објавен на Фејсбук страната на Повардарската епархија.

Во текстот, кој е реакција на говорот на омраза на поглаварот на ИВЗ – Сулејман Реџепи, кој деновиве беше обелоденет во јавноста, Агатангел порачува дека со своето однесување Реисот не личи ниту на верник, а уште помалку на верски лидер. За Агатангел, тој е гласноговорник и хушкач на национална и верска нетрпеливост и истовремено е „предан заштитник на погубниот тероризам и насилство“. Нарекувајќи го „црниот ангел на поделбите“, Агатангел порачува дека
луѓето како Реџепи треба да бидат третирани како заразно ткиво кое се заканува да го оболи целото тело (т.е. општество).

„Ве молам да ми простите, бидејќи, како Митрополит на Светата Македонска православна црква, не можам да премолчам за ова неправда!

Господинот Сулејман Реџепи воопшто не наликува на верник кој преку своите верски принципи и морални норми и правила најпрво ги победува своите слабости и страсти, а потоа и со многу љубов и разбирање го прегрнува целото создание и сè што дише на овој свет. Тој многу повеќе личи на плиток и недоделкан човек, исполнет со огромни предрасуди за поразличниот од себе, па затоа, речиси во сите негови изјави и јавни настапи, го засрамува секој чесен и искрен
муслиман во нашата татковина Македонија. Господин Реџепи е гласноговорник и хушкач на национална и верска нетрпеливост и во исто време е предан заштитник на погубниот тероризам и насилие.

Тој е типичен претставник на неморалноста, летаргијата, контрадикторноста и лудилото, кои со години однатре го нагризуваат и разнебитуваат нашево општество и ја шират одвратната реа на пеколната запустеност. Сулејман Реџепи е црниот ангел на поделбите, па со своите изјави ги нахранува екстремистите на кои единствена светиња им се крвопролевањата насекаде во белиот свет. Затоа, ставовите на овој залутан човек во верата се семе на раздорите, кое едвај чека да биде полеано од „дивите“ по душа, од кое пак подоцна, неминовно и неконтролирано ќе никне разгранетото дрво на омразата, која бездруго е опасна по живот.

(Видео) Уaпceн Џулијан Асанж: Неговиот изглед е целосно променет, а во рацете ја држеше оваа книга

Основачот на Викиликс, Џулијан Асанж, кој денес беше yaпcen во амбасадата на Еквадор во Лондон, за време од шест години целосно го променил својот изглед.

Интересно е тоа што Асанж додека го пpивeдyвaa во рацете ја носеше книгата на пokojниот американски писател Гор Видал, за историјата на националната безбедност.

Видал се смета за еден од најконтроверзните личности на јавниот живот во Америка во 20-ти век.

Асанж речиси 7 годни ги помина во просторија од 20 метри квадратни, канцеларија која била преобликувана во мини гарсониера.

Уште во 2016 година неговата мајка изјави дека Асанж има проблеми со срцето, хронично воспаление на белите дробови и тешки болки во рамената.

Долго време единствено друштво му беше неговата мачка, но неа ја подари во ноември минатата година, бидејќи му било жал и таа да биде изолирана како него.

Утре голем народен митинг на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата “За подобра Македонија” во Прилеп

Општинскиот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп ги повикува сите членови, симпатизери и граѓани на општина Прилеп на голем народен митинг во петок (12.04.2019), со почеток од 20:30 часот, на градскиот плоштад “Методија Андонов – Ченто”.

“Да застанеме сите зад правото и правдата во Република Македонија и да ја поддржиме Професорката Гордана Силјановска Давкова за иден Претседател на државата. Доаѓа крајот на владеењето на оваа одродена власт, а првиот чекор до победата се токму претседателските избори. Македонија ќе добие жена за Претседател!”, велат од ОК ВМРО-ДПМНЕ Прилеп.

На митингот свое обраќање ќе имаат кандидатката за претседател на државата Проф. Д-р Гордана Силјановкса Давкова и лидерот на партијата, Проф. Д-р Христијан Мицкоски.

Концерт на “Трио колегиум” утре во Прилеп

Во петок 12.4.2019 во 19.00 часот во фоајето на ЦК„Марко Цепенков“ концерт ќе одржи ТРИ КОЛЕГИУМ, настан што е дел од годишната програма поддржана од Министерството за култура.

Настапуваат:

АЛЕКСАНДРА КОЦЕВСКА-мецосопран
МЕНКА БОГОЕВСКА-виолина
ГЛИГОР ГЕЛЕБЕШЕВ-пијано

ТРИО КОЛЕГИУМ се формира како спонтана соработка помеѓу тројцата колеги и долгогодишни пријатели во 2017 година. Инаку ова е еден нетипичен состав за класичната музика. Изведува дела од светската музичка литература прилагодени за овој состав, бидејќи во музичката литература постојат многу малку дела напишани за оваков состав.Триото има остварено повеќе концерти во Скопје, Куманово, Неготино, Куклица-Камени кукли…

П Р О Г Р А М А

ГЛИГОР ГЕЛЕБЕШЕВ – пијано

После оформеното основно и средно музичко образование во Скопје започнува и студии на Академијата на уметности во Нови Сад во класата по пијано на проф. Јокут Михаиловиќ. По магистрирањето на ФМУ-Скопје 1997 година, ја започнува својата кариера како солист и камерен музичар. Како солист има настапувано на голем број на концерти во земјата и странство, концерти со Македонската Филхармонија и Камерниот оркестар при Македонската Филхармонија. Од 2001 година со својата сопруга Катерина Гелебешева-Костадиновска го форрмираат пијано-дуото Гелебешеви кое со голем успех настапува на најзначајните фестивали во земјава….Охридско лето, ДММ, Златна лира, Интерфест Битола…но и на бројни концерти во странство…Франција, Полска, Романоја, Србија, Бугарија, САД, Холандија, Словенија, Турција, Италија и т.н. За високите уметнички дострели дуото ја добива наградата „Златна лира 2012“.

МЕНКА БОГОЕВСКА – виолина

Родена е во Велес. Виолина почнува да изучува на 9 годишна возраст во Музичкото училиште во Велес кај наставникот Марија Богданоска. Средното образование го продолжува во Д.М.Б.У.Ц „Илија Николовски – Луј“ во Скопје во класата на проф. Тони Терзиев, а дипломира на ФМУ во класата на проф. Зоран Димитров. Добитник е на втори и трети награди на натпревари од државно ниво. Од 1995 година работи како професор по виолина во ООМУ „Владимир Арсовски“ во Неготино,каде што со своите ученици има освоено голем број на награди на државни и меѓународни натпревари. Има остварено низа концерти низ Македонија. Како член на трио„Триола“ и „Грациозо“ има остварено бројни настапи како во земјата така и во Бугарија,Словенија, Мароко.. Добитник е на 8 Ноемвриска награда на град Неготино за достигнувања во областа на класичната музика. Во исто време соработува и Габриела Бачманова– пијано и функционираат како дуо и реализираат бројни настапи.

АЛЕКСАНДРА КОЦЕВСКА – мецосопран

Музичкото образование почнува да го изучува до ДМБУЦ „Илија Николовски-Луј“-Скопје во класата по соло-пеење на проф. Билјана Јовановска-Јакимовска, а дипломира на ФМУ-Скопје во класата на проф. Благојче Николовски. За време на своите студии учествува на бројни натпревари по музика во Македонија и странство, каде е наградувана со високи награди. По дипломирањето се вработува во ДМУЦ „Сергеј Михајлов“-Штип, каде може да се каже дека е основоположник на класата по соло-пеење. Од 2006 година се вработува како наставник во ДМБУЦ „Илија Николовски-Луј“-копје. За време на својата педагошка кариера бележи големи успеси со своите ученици на бројни меѓународни натпревари. Како истакнат педагог е често поканувана како член во жири-комисии на меѓународни натпревари. Од 2015 година се враќа на концертните подиуми. Следуваат концерти во соработка со пијанистот Глигор Гелебешев…Тетово, Гевгелија, Кочани, Скопје…Но често настапува и во камерни состави по различни поводи (Денот на хармониката, Фестивал Златна лира и.т.н.). Бележи настапи и во организација на Амбасадите на Р.Србија и Р.Полска.

Оригиналноста на навивачката група “Рибари” од Охрид: Погледнете како се шегуваат со стружани (Фото)

Охрид и Струга имаат свои тимови во најдобрата ракометна лига во државата.

Ривалите од брегот на Охридското езеро изминатиот викенд одиграа меѓусебен дуел, а охриѓани беа подобри со 22:20.

Она по што ќе се памети овој дуел е оригиналноста на навивачката група “Рибари” од Охрид.

“Зш стружани идет Охрид со кола? За да видет колку им трошит градска”.

Следaт продолжени викенди, април и мај полни со неработни денови

Оваа година губиме неработни денови, но иста така и за возврат на тоа добиваме неколку споени викенди.

Еден од изгубените празници беше Бадник.

Неработни денови во 2019 година се:

За сите граѓани на РМ

29 април (понеделник), Велигден, вториот ден на Велигден според православниот календар, 1 мај (среда), Ден на трудот, 24 мај (петок) „Св. Кирил и Методиј“ – Ден на сесловенските просветители, 4 јуни (вторник), Рамазан Бајрам, првиот ден на Рамазан Бајрам, 2 август (петок), Ден на Републиката, 8 септември (недела), Ден на независноста, односно 9 септември (понеделник) е неработен ден, 11 октомври (петок), Ден на народното востание, 23 октомври (среда), Ден на Македонската револуционерна борба, 8 декември (недела), „Св. Климент Охридски”, односно 9 декември (понеделник) е неработен ден.

За граѓаните од православна вероисповед

6 јануари (недела), Бадник, ден пред Божик, 19 јануари (сабота), Богојавление (Водици), 26 април (петок), Велики Петок, петок пред Велигден, 14 јуни (петок), Духовден, петок пред Духовден, 28 август (среда), Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица).

За граѓаните од католичка вероисповед

22 Април (понеделник), Велигден, вториот ден на Велигден, 1 ноември (петок), Празникот на сите светци, 25 декември (среда), првиот ден на Божик.

За граѓаните од муслиманска вероисповед

11 август (недела), Курбан Бајрам, првиот ден на Курбан Бајрам,

За граѓаните припадници на албанската заедница во РМ

22 ноември (петок), Ден на албанската азбука,

За граѓаните припадници на српската заедница во РМ

27 јануари (недела), Свети Сава,

За граѓаните припадници на ромската заедница во РМ

8 април (понеделник), Меѓународен ден на Ромите,

За граѓаните припадници на влашката заедница во РМ

23 мај (четврток), Национален ден на Власите,

За граѓаните припадници на еврејската заедница во РМ

9 октомври (среда), Јом Кипур, првиот ден на Јом Кипур,

За граѓаните припадници на бошњачката заедница во РМ

28 септември (сабота), Меѓународен ден на Бошњаците,

За граѓаните припадници на турската заедница во РМ

21 декември (сабота), Ден на настава на турски јазик.

(Видео) ЗА ОГЛАСОТ „НАЈДОБРА РАБОТА ВО СВЕТОТ“ СЕ ПРИЈАВИЛЕ 40 000 ЛУЃЕ: Милионерот освен приjaви за работа,добил и брачни пoнyди!

Младиот бизнисмен Метју Лепре (26) кој бара асистент да патува со него низ светот и да му помага во работата, објави дека добил 40.000 пријави за работа.

Потенцијалниот работник би добивал 32.000 евра плата, а ќе престојува и во лyкcyзни хотели ширум светот.

На огласот пишува “Најдобра работа во светот”, а како што вели Метју, освен пиjaви за работа добил и брачни понуди.

“Добив повеќе од 40.000 пријави од сите делови во светот, а од сите кандидати дури 75 проценти се жени. Добив и неколку понуди за брак”, вели тој.

Мицкоски со порака до Заев: Научи си ја „Wind of change” зошто народот ќе ти ја испее на 21

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, се огласи на Фејсбук со порака до Заев, откако тој вчера на митинг запеа песна.

“И додека премиерот Заев вели дека блескаме во Светот, Светска банка го вели спротивното. Наспроти разубавената реалност која Владата ја продава преку владината машинерија, вистинската вистина говори дека Македонија се наоѓа на последното место во Европа по иднексот за глобален развој на Светска банка каде се разработува индексот за човечкиот капитал (HCI). Македонија е на 88-то место, позади Косово кое е на 80-та позиција, Црна Гора на 59, Босна и Херцеговина на 58, Албанија на 56, Бугарија на 44, Хрватска на 36-то место, а Србија е на 27-мо место. Веднаш до Македонија е Никарагва, Кенија, Панама и Таџикистан. А подобри од нашата земја се Шри Ланка, Еквадор и Оман. Со оваа анализа се мери колку земјите губат од економската продуктивност поради недоволното вложување во своите луѓе. Индексот на човечкиот капитал, покажува дека дете родено во Македонија денес ќе достигне 53 проценти од својот потенцијален човечки капитал кога ќе порасне, во споредба со она што би можело да го достигне доколку има квалитетно образование и биде потполно здраво.

Македонија бележи пад од 21 место споредено со претпоследниот индекс за човечки капитал, што значи дека состојбата од година во година се влошува.

Она што Заев го вели блескање, е всушност назадување.

Македонија станува земја каде владата не вложува во иднината на своите граѓани, токму затоа има и иселување. А иселувањето создава и економски проблеми.

Поразителни податоци и поразителна слика за Република Македонија.

Ова за жал е вистинската реалност.

Затоа наместо премиерот да си ја потпевнува на митинзи Strangers in the night, време е да ја научи Wind of change, а поради ова и се друго лошо што и приредија на Македонија оваа песна ќе му ја испее народот на 21 април и на 5 мај оваа година”