дома блог страница 3375

(Фото) ЧУДО: Крстот во Богородичната катедрала остана недопрен!

Пожapот во катедралата Нотр Дам е ставен под контpoла во 3 часот утрово, по осумчасовната oгнeнa стихија, соопшти пpoтивпожарна служба на Париз.

На социјалните мрежи протекоа првите фотографии од внатрешноста на катедралата, откако пожapот беше ставен под контрола.

Огнот, кој се случи во раните вечерни часови, брзо се рacпламти, изгоре главната кула, која потоа се ypна, а набрзо и целиот покрив.

Пожapникарите успеаа да спречат yништyвaњe на главната камбанарија и се обидоа да спасат религиозни реликвии и непроценливи уметнички дела.

Фото: “Збирајте покемони низ Прилеп?”

Прилепските улици во 21 век, дилема за возачите, душмани за автомобилите….

Кратери пристигнуваат од сите населби во градот, а прилепчани решија на оригинален начин да ги украсат дупките по улиците.

ВИДЕО: “СДСМ ќе го врати фудбалот на заслужениот пиедестал! Ама денеска Победа е веќе второлигаш??”

“Оваа рушевина зад нас е најголемото наследство од децениското владеење на Марјан Ристески. Наместо современ спортски објект, стадионот Гоце Делчев е целосно уништен и оставен да потсетува на неспособноста на ВМРО-ДПМНЕ”, посочи преку прес конференција Валентин Божиноски од ОО СДСМ Прилеп, во пресрет на локалните избори во 2017 година.

“Токму затоа, веќе наесен граѓаните на Прилеп ќе се изборат за промени на локално ниво. Новата локална власт предводена од СДСМ, заедно со новата реформска Влада на Република Македонија ќе работи исклучиво во интерес на граѓаните и ќе го врати фудбалот на заслужениот пиедестал во Прилеп”, велеше Божиноски тогаш.

Но, состојбата со фудбалот во Прилеп е далеку поразлична денеска, и тоа само година ипол после доаѓањето на СДСМ и градоначалникот Илија Јованоски на чело на општината.

Фудбалската гордост на прилепчани, ФК Победа, на неколку кола пред крајот од прволигашката сезона се наоѓа закована на дното од табелата, а изгледите за опстанок во најелитното фудбалско друштво се речиси невозможна мисија.

ФК Победа пред две години се врати во Првата фудбалска лига, а денеска клубот одново е во крајно лоша ситуација.

Приватните спонзори пред извесно време ги предадоа акциите на општината, а резултатите никако да дојдат.

Дури и изминатиот викенд на гостувањето кај Беласица каде мораше да се добијат 3 бода за какви такви шанси за опстанок, Победа успеа да стигне само до бод.

Целосната прес конференција на Божиноски погледнете ја во продолжение:

Во изминатото деноноќие на регионот од скторот на СВР Битола контролирани 433 возила, од кои 28 биле санкционирани

Полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Битола на 15.04.2019 година извршиле контрола за брзина, управување без возачка дозвола, нерегистрирани возила, непочитување првенство, исправност на возилата, сигурносен појас.

Притоа, контролирани се 433 возачи, од кои 13 возачи ја надминале дозволената брзина, шест возачи управувале возило без возачка дозвола, нерегистрирани биле четири возила, четири возачи зборувале на мобилен телефон при управување на возилото и еден возач не користел сигурносен појас.

Македонија ги губи своите синови: Припадник на МВР од прилепско поднесол отказ од работа и заминал во Германија поради новото име

Сашо Житошански, припадник на Министерството за внатрешни работи на 25 минатиот месец си поднесол отказ поради како што вика му смета новото име на нашата држава. Еве што напиша Сашо на својот Фејсбук профил:

“Во 2015 година се заколнав дека ќе го штитам Суверенитетот и територијалниот интегритет на РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА, мојата Татковина и наследството од нашите предци и ќе ги штитам нејзините граѓани, доколку е потребно и со мојот живот.

Но, НЕ и некаква си вештачка СЕВЕРНА творевина, креирана од предавници и среброљубци, а одобрена од народот. Затоа на 25.03.2019 поднесов до Министерството за внатрешни работи на РСМ. , НЕОТПОВИКЛИВ ОТКАЗ и за тоа ќе платам 3800евра казна за годините кои несебично ги вложив во Министерството. Како првенец на генерација во Основно училиште, првенец на генерација во Средно училиште, помеѓу првите 3 студенти на Факултетот за Безбедност со просек 9.57, првенец на Класа 2015 (машки) во Центарот за обука на МВР, одликуван лично од тогашниот Министер за внатрешни работи и за скоро и Магистар по Криминалистика на Факултетот за безбедност, целокупниот мој живот и образование го насочував кон одржување и унапредување на безбедноста на ова свето парче земја и на овој народ. Но за жал денес јас не го препознавам овој народ, зошто кога најмногу и требавме на Македонија никој од дома не излезе, а сега се полнат автобуси за партиски митинзи…

Партиите и личните интереси ви се побитни од Македонија. Жално… Не сакам ниту да споменувам за -0 Економија, за корумпираното и исполитизирано до максимум судство и полиција, за катастрофалното здравство итн.

Од мал бев патриотски воспитуван да си ја сакам татковината и да ги почитувам сите кои го дале животот за неа, се наежував од самото интонирање на химната од која денес некои се срамат, од текстовите по историја за храбрите подвизи на нашите предци, но да го дадам животот за политички корумпирани игри и нивни лични интереси, не ни намислувам.

Еднаш изјавив дека ќе извадам ако треба пасош од “Тунгузија”, но не и од Северна и стојам на тоа, но каде и да сум јас во мене знам дека сум МАКЕДОНЕЦ и тоа никој не може да ми го одземе. На крај сакам да се заблагодарам на некои од моите досегашни колеги, чест ми е што некои ги познавам, сум учел од нив, сме делеле леб и на – 20степени надвор сме им служеле на граѓаните и на Македонија, за другите сеедно…

Поздрав од Каизерслаутерн и се надевам дека ќе остани некој што ќе го изгасне светлото, но со ваков тек на настани, со ваков народ и со вакви политичари, жална судбина ја чека Македонија т.е. Македонија веќе не постои, Северна е.. Жалосно…”

Седи кец! Според премиерот горивата поскапеле само три денари по литар, вистината е далеку поскапа (ВИДЕО)

„Од полноќ нови цени на горивата, дизелот поскапува“, „Нафтата поскапува – колку е цената?“, „Горивата поскапуваат: Регулаторна со повисоки цени“. Ова се насловите во медиумите кои ги одбележаа последните две години. Но, сепак според премиерот Зоран Заев горивата се поскапени само по 3 денари во времето на владеење на неговата Влада.

Од 1 јануари 2018-та година се зголеми акцизата за нафта за 3 денари, а како што најавија тогаш од Владата со таа мерка се очекува да се соберат дополнителни приходи од 1,6 милијарди денари кај акцизата и 350 милиони денари кај ДДВ-то во Буџетот, односно тоа се околу 32 милиони евра дополнителни трошоци за граѓаните. При тоа малопродажната цена на дизелот се зголеми за 3,54 денари.

Малопродажната цена на дизелот пред две години изнесуваше 46 денари по литар, а на еуросуперот беше 59,50 денари.

Со последната одлука на Регулаторната Комисија за енергетика се изврши зголемување на рафинериските и на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 4,93%, односно за 3,21% во однос на рафинериските и на малопродажните цени на нафтените деривати утврдени согласно Одлуката на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на РепубликаМакедонија од 01.04.2019 година.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 3,00 ден/лит, односно за 2,50 ден/лит, во однос на цените утврдени со Одлуката од 01.04.2019 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 71,50 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 73,00 ден/лит.

Малопродажните цени на дизелот ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се зголемуваат за 1,50 ден/лит, во однос на цените утврдени со Одлуката од 01.04.2019 година и со тоа малопродажната цена на дизелот ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 62,50 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 51,00 ден/лит.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува за 1,080 ден/кг во однос на цената утврдена со Одлуката од 01.04.2019 година и со тоа цената на мазутот М-1 НС изнесува 34,455 ден/кг.

Извор: “Курир”

(Видео) Човек се движи на вториот спрат од Богородичната црква додека истата гори

Светот денеска жали за изгорената катедрала “Нотр Дам” (Богородичната црква) во Париз која вчера беше зафатена од голем пожар.

На социјалните мрежи се појави видео на кое се гледа како човек се движи на вториот спрат од црквата додека истата гори.

“Кој е овој човек од страничната страна на “Нотр Дам Катедралата”, кој за време на пожарот поминува на вториот спрат?”, пишуваат дел од Твитерџиите.

Kaмион полн со пченка се преврти на Плетвар (ФОТО)

Камион шлепер полн со пченка се превртил на планинскиот превој Плетвар.

Засега нема информации дали има повpeдени, а полицијата врши увид на лице место.

ВМРО-ДПМНЕ: “СДСМ ги разочара сите прилепчани, освен оние непотистички вработени? Пензионери, земјоделци, студенти, доктори…сите ги помножија со нула?” (Видео)

Нивото на неспособност на ненародната власт расте од ден во ден. Во изминатите две години на централно ниво и година ипол на локално, СДСМ донесе пустош во сите свери на општественото живеење.Од студенти до пензионери, од земјоделци до наставници, лекари, професори, како и семејства корисници на социјална помош, сите се разочарани и со изневерени очекувања – исткнаа на денешната прес конференција од ОК ВМРО-ДПМНЕ Прилеп.

Прес конференцијата ја пренесуваме целосно во продолжение:

“Повеќе од 330.000 пензионери во државата наместо покачување добија намалени пензии. Ако досега пензиите растеа според зголемувањето на платите и според зголемувањето на трошоците за живот, со измените на Законот за пензии, истите ќе растат само кога постои зголемување на трошоците за живот. Поради ваквото законско решение, пензионерите останаа скратени за околу 500 денари во нивните месечни примања.

Уште пожално е тоа што граѓаните се потешко доаѓаат до лекови на рецепти. Лекови има само до 5ти-6ти во месецот, а потоа се плаќа на приватно, што е огромно оптоварување за домашниот буџет, а за некои семејства тоа значи и неможност да се лекуваат.

Особено погодени тука се лицата со хронични заболувања, кои месечно треба да одделуваат од 3-4000 денари на приватно за потребните лекови.

Со оваа власт мака мачат и над 12.000 пензионери во Прилеп, кои покрај скратените пензии, немањето на лекови, кај и да е ќе останат и без градски превоз.

Проектот за јавен градски превоз кој го реализираше локалната самоуправа предводена од ВМРО-ДПМНЕ во 2014 година е пред целосен колапс.

Наместо поранешните 5 автобуси кои сообраќаа на 3 линии на секој половина час, сега на истите линии сообраќаат само 3 автобуси на секој час. Нема ништо од ветувањето на градоначалникот Јованоски за набавка на нови автобуси, а постојаните имаат потрошувачка и до 40% (на сто).

Покрај тоа автобусите доцнат, а условите во нив особено во зимскиот период се никакви.
Неспособноста на локалните власти се манифестира и во однос на кадровската политика, па така во просек менуваат директор на секои 6 месеци во Јавното претпријатие за просторно и урбанистичко планирање, во чиј склоп е и јавниот градски превоз.

Иако ветуваа целосно бесплатен градски превоз за пензионерите, воведоа само 4 часа во денот, и тоа од понеделник до петок, а се знае дека на пензионерите јавниот превоз им е најпотребен во викендите.
Исто така, нема ништо од воведувањето на 4-та и 5-та линија во градскиот превоз, иако овие релации беа изгласани во поранешните седници на Советот на општина Прилеп.

Почитувани,

За среќа доаѓа крајот на оваа аздисаност, на ова лицемерие и неработење. За среќа граѓаните ја препознаа вистинската страна и застануваат зад политиката на ВМРО-ДПМНЕ. Граѓаните во недела на 21 април, а потоа и на 5-ти мај доаѓаат по своето и ќе си ја земат државата во свои раце. Тоа ќе биде почетокот на крајот на оваа власт и враќање на државата во правилна насока”.

Ќе одмараме 5 дена – Најубавата вест по изгубените неработни денови

губиме неколку неработни денови кои се паѓаат во викенд, а еден од нив беше Бадник, како и Водици.

За Велигден добиваме 4 дена со викендот, кратко се враќаме на обврските, и потоа Први Мај е неработен.