дома блог страница 3374

Македонските ТИГРИ со најдобар резултат на натпреварувањето за специјални единици во Јордан (Видео)

Македонските ,,Тигри” уште еднаш покажаа дека се меѓу најдобрите специјални единици во светот. Имено македонската специјална единица освои прво место на натпреварувањето во Аман, Јордан на 11-тото по ред натпреварување KASOTC. Браво момци!

“Деркоски го очекува гласачот со пишTол, на кој Пендаровски му велеше: “И да им појдеш”??”

Го чекаме револтираниот гласач од Гостивар да дојде со пиштол, напиша претседателот на Државната изборна комисија Оливер Дерковски на Фејсбук.

Статусот на Деркоски следува откако во медиумите беше објавено видео од трибината на претседателскиот кандидат на СДСМ, во кое гласач отворено вели бидејќи го немало во избирачкиот список, со пиштол ќе им појдел во ДИК.

Видеото погледнете го ТУКА

“Добро утро од ДИК (го чекаме овај со пиштолот на кој што му беше речено да дојди)што би рекле комшиите шта речи а не заплакати!!!!”, напиша Деркоски.

Сообраќајка во населбата Точила во Прилеп: Се судрија автомобил и моторцикл

На 16.04.2019 година во 18.55 часот на улица „Пере Тошев“ во Прилеп се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „Форд фокус“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од Д.С.(33) од Прилеп и мотоцикл „Херк“ со прилепски регистарски таблици, управуван од П.Б.(53) од Прилеп.

Мотоциклистот П.Б. се здобил со тешки тeлecни пoвpeди и бил пренесен во Градската бoлницa Прилеп, каде му била укажана помош – стои во соопштението од МВР.

Извршен бил увид од екипа од Полициската станица Прилеп.

Мозокот може да се подмлади – познат невролог открива начин

Човечкиот мозок е многу комплициран. Се состои од 100 милијарди неврони, а количината на врски меѓу нив е поголема од бројот на ѕвезди. Овој орган учествува во сè што правиме. Неговата избалансирана работа ни дава здравје, благосостојба и мудрост.

Сепак, секој ден губиме 85.000 мозочни клетки. Но, излегува дека одреден начин на живот може да го промени тоа. Ние се заинтеренсиравме за тоа што д-р Даниел Г. Амен, познат невролог, им препорачува на своите пациенти и би сакале да ги споделиме овие совети со вас.

Д-р Даниел Г. Амен се заинтересирал за тајните на мозокот кога го изучувал својот томограм. Во тоа време имал 37 години и сфатил дека неговиот мозок не изгледа премногу добро. Даниел не пиел алкохол, не пушел цигари или земал дрога, но имал неколку нездрави навики: спиел само 4-5 часа на ден, пиел газирани сокови, бил со прекумерна тежина и страдал од хроничен стрес.

„Ми стана жал за мојот мозок и решив да го подобрам.“, вели Даниел. Тогаш тој почнал да работи на себе и на усвојувањето на добрите навики.

Тој основал десетици клиники ширум светот кои ја проучувале функцијата на мозокот. За период од 20 години, д-р Амен направил 70.000 томограми на луѓе од 90 различни земји и докажал дека сите ние можеме да го успориме или дури и да го смениме процесот на стареење. Најдобра демонстрација дека неговата теорија е точна е подобрувањето на сопствениот томограм.

Ова е томограм на мозокот на Даниел Г. Амен.

Нашите секојдневни навики можат да ни нанесат штета или да им помогнат на нашите мозоци. Најопасните работи за здравјето на мозокот се повредите (нема ништо полошо од топчето што ве удира по глава), дрога и алкохол, дебелина (кога се зголемува телесната тежина, се намалува активноста на мозокот), пушењето цигари, висок крвен притисок, дијабетес, токсини во животната средина, недостаток на вежбање, зависност од компјутерски игри, прекумерн кофеин, недостаток на спиење, стрес, седентарен начин на живот и негативни мисли.

Најголемата карактеристика на мозокот е неговата флексибилност. Затоа секој може да го подобри своето здравје! Д-р Даниел Г. Амен го препорачува следново:

Направете позитивни социјални врски затоа што ги имитираме навиките на луѓето со кои комуницираме.

-Никогаш не престанувајте да учите нешто ново; Водете здрав начин на живот; Земете мултивитамини и додатоци во исхраната со рибино масло; Научете некоја активност поврзана со музиката; Физички вежби; Танцувајте; Спијте најмалку 7 часа на ден; Работете на вашето позитивно размислување; Чувствувајте се благодарни на вашиот живот со запишување на 3 работи за кои сте благодарни, секој ден – ова ќе функционира подобро од било кој антидепресив; Медитирајте.

Ова е мозокот на пациентот кој ги следел препораките на доктор Амен.

За да ги оствариме нашите соништа, нашиот мозок треба да работи правилно и ефикасно. Затоа мора да бидете внимателни кон вашето здравје. Треба да се откажете од сите ваши лоши навики кои се штетни за вашиот мозок и да усвоите поздрави. „Веднаш штом ќе научите како да го сакате мозокот и да се ослободите од лошите навики, ќе бидете способни да го користите овој орган со полн капацитет“, тврди д-р Даниел Г. Амен.

НЕ Е ШЕГА: Северна ќе ја реконструира катедралата на Нотр Дам

Владата на вчерашната седница го задолжи Министерството за надворешни работи да стапи во контакт со француското Министерство поради координација во врска со меѓународната пomoш за реставрација на опожapeната катедрала Нотр Дам во Париз. Како што информираат од владината прес-служба, ваквата координација треба да се воспостави со цел да се определи најсоодветната поддршка што државата може да ја додели за oбнoвaтa на овој, како што се вели, грандиозен споменик од цивилизациско значење.

Аплаурираа дека ќе влезел со пиштол во ДИК?

На вечерашната трибина на Стево Пендаровски во Гостивар, граѓанин на Гостивар се закани дека вооружен ќе влезе во Државната изборна комисија поради тоа што според него, од таму го избришале од избирачкиот список.

-Како може ДИК да избрише живи луѓе? Триесет години гласам, ме избришале мене, не можам поддршка да ви дадам. И не само јас има многу гостиварци се избришани. Ве молам да се преземе мерка, се обрати револтираниот граѓанин до кандидатот за Претседател од СДСМ, Пендаровски.

Целата статија и видеото можете да ги видите ТУКА.

Извор: kurir

(Видео) Пендаровски сака да прифати 400 бегалци во Македонија?

Се сеќавате ли на оваа изјава на Стево Пендаровски? Затоа што тој веројатно не се сеќава.

Твитерџиите не потсетија на интервјуто на “консензуалниот” на кое тој повикува на воведување на некакви квоти.

Се очекуваат нови врнежи од снег – циклонот “Кристијан” останува во Македонија

Деновиве на Попова Шапка наврнаа дури 30 сантиметри снег, а услови за провејување на снег може да се очекува и понатаму поради тоа што и понатаму иако со намален интензитет, сепак остануваме под влијание на циклонот Кристијан, информира метеорологот Славчо Попоски.

Нешто постабилен ден очекуваме во текот на утрешниот ден но во попладневните часови има услови за локален краткотраен дожд, повеќе услови за врнежи повторно ќе има во четврток кога ќе има услови и за локален развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд, грмежи и со засилување на ветерот. Релативно свежо ќе биде во четврток кога и температурите ќе бидат пониски и ќе се искачуваат во интервалот од 10 до 18 степени.

На планинските места повторно ќе има услови за нови врнежи од снег, од утре ќе започне да дува и умерен ветер од северен и од североисточен правец кој повремено ќе засилува на интензитет.

Поради разведрувањето утрешното утро ќе биде значително постудено со минимални температури кој ќе се спуштаат во интервалот од -2 до 6 степени па така на некои места (особено на повисоките) ќе има услови и за појава на мраз.

Кичево му кажа “НЕ” на СДСМ и Стево? Можеби дека народот го нарече “стока”?

Стево Пендаровски кандидатот за претседател од редовите на СДСМ денеска беше во посета на Кичево каде што одржа свој митинг пред присутните.

На социјалните мрежи кружат фотографии на кои се опишува атмосферата на митингот кој доживеал вистинско фијаско.

Со ова жителите на Кичево му испратија јасна порака на кандидатот на СДСМ, се само дел од коментарите на социјалните мрежи.

ПAHИKA! Принудно слета авионот на германската влада

Авионот на германската влада, без патници, ја блокираше пистата по принудното слетување на берлинскиот аеродром.

Германската авијација, која управува со државната флота, соопшти дека “Бomбapдер Глобал 5000” слетал денес на аеродромот Шенфелд, откако се вратил поради дефект, а двете крила ја допреле пистата, пренесува АП.

Како што е соопштено, екипажот е префрлен во болница, за да бидат извршени медицински прегледи.

Оператерот на аеродромот напиша на Твитер дека сите други летови се преусмерени поради “неисправен авион” на пистата.

Шенфелд е еден од двата аеродроми од времето на Студената вojна во германската престолнина. Новиот аеродром ќе биде отворен наредната година.