дома блог страница 3376

Тешка сообраќајка во прилепско: Со автомобил удрил во пешак

На 15.04.2019 година во 20.40 часот во с.Обрашани, прилепско, патничко возило „Голф“ со битолски регистарски ознаки, управувано од С.Б.(51) од с.Пашино Рувци, прилепско, удpилo во пешакот П.Ш.(53) од с.Обрашани. Со тешки телecни пoвpeди се здобил П.Ш. и му била укажана помош во бoлницaтa во Прилеп. Увид на местото извршила екипа од Полициската станица Прилеп.

Во театарот “Војдан Чернодрински” се подготвува претставата “Арапска ноќ”

Во театарот „Војдан Чернодрински“во полн ек се подготвките за претставата „Арапска ноќ“ од Роланд Шимелфениг, во режија на Зоја Бузалковска.

Оваа динамична драма со пет лика е напишана на специфичен јазик. Ликовите зборуваат во трето лице или гласно ги коментираат своите мисли и постапки, а потоа одненадеж влегуваат во дијалог. Елементите на трилер (приказната е со низа стапици, недоразбирања, бркотници, ненадејни пресврти, убиство, љубовен триаголник, кој можеби тоа не е) ја градат неизвесноста во развојот на дејството, а приказната која почнува така што се чини дека секој од ликовите дејствува сам за себе, полека ги пополнува испрекинатите линии и добива на тензичност и густина.

-Дејството се случува во европски град, во една летна ноќ, кога веќе востановената практика на функционирање на животите секоја вечер, ненадејно се прекинува. Една обична десеткатна станбена зграда, иста како многу околу неа, со текот на времето се претвора во „волшебна кула“ и станува „извор на магичен реализам“. Се работи за навистина прекрасна приказна, неверојатно урбана и сензуална, која во себе го спојува Истокот и Западот, грубата реалност и надреалното во сонот, тесниот стан и арапската пустина… Во сета забавност и динамичност на раскажување на возбудливата фабула, драмата всушност се занимава со осаменоста и со потребата да се преспие сопствениот живот, да се сонува и да се замени реалноста со фикцијата, за да се преживее ноќта. Така, оваа зграда и овие пет луѓе стануваат пресек на целиот свет – вели режисерот Бузалковска.

Во претставата играат: Игор Трпче, Даниела Иваноска, Александар Степанулески, Димитар Ѓорѓиeвски и Ангела Наумоска.

Дизајнот е на Јулијана Воjкова-Најман, а музиката е на „Фолтин“, кои ќе бидат и дел од претставата.
Премиерата е во мај.

Трио „Кладенец“ на сите паднати борци за Македонија им ја посветија “Мајко, земјо не плачи” (ВИДЕО)

Деновиве во Музејот на македонската борба, македонското изворно фолк трио “Кладенец” пред своите најблиски соработници, пријателите, поддржувачите, фановите и новинарите го промовираше најновиот видеоспот за песната насловена “Мајко земјо не плачи”.

Оформено од Сашо Костадиновски, дипломиран етнокореолог на Факултетот за музичка уметност во Штип и Уметнички раководител на  КУД “Кирил Пејчиновиќ” Теарце, вокалното трио „Кладенец“ кое покрај Сашо уште го сочинуваат  Бобан Трпковски и Мирослав Симјановски, ги негува изворните македонски песни и со тоа придонесува во зачувување на традиционалните вредности на Македонија, а изворниот фолклор е секако една од нив.

По ланското деби со „Да си вечна земјо моја“ – тема со која вокалното трио „Кладенец“ се претстави на минатогодишниот „Лешочки фолк фест 2018“, “Мајко земјо не плачи” е нивното второ остварување кое како и првото, е визуелизирано со извонреден видеоспот.

„Ви го споделуваме новиот проект на триото „Кладенец“ насловен „Мајко земјо не плачи“ за кој триото „Кладенец“ и сите учесници во проектот ги оставија своите срца.
Проектот „Мајко земјо не плачи“ започна како идejа на 5-ти Јануари 2019 година, а заврши како производ во втората половина на март 2019 година. За тој период триото „Кладенец“ и сите соработници дадоја се од себе вложувајќи ги и сопствените животи на -15 степени на ветер, дожд и снег целиот тој период.
Како автор на музиката и аранжманот на „Мајко земјо не плачи“ се јавува добро познатиот Јован василевски, текстот е на Сашо Костадиновски, а изведувачи се трио „Кладенец“.

Традиционални инструменти  – Горанчо Ангелов – Гајда, артисти група Сербез – Битола, комити: Благојче Киров Анчов, Новица Ѓогиев,  Иван Божиновски и најмалиот Лука Георгиев. Како арамии:  Суад Фазли и Зоран Стојчески.
Видеозаписот за песната е снимен и обработен од RED Central Production под раководство наЃорѓе Богдановски кој е воедно и продуцент, Ненад Велковски е режисер, а Милчо Силјановски сценарист.
Благодарност до Градот Крушево, сите спонзори и поддржувачи на овој проект кој го посветуваме на СИТЕ ПАДНАТИ БОРЦИ ЗА НАШАТА ТАТКОВИНА!“ – порачуваат членовите на триото во својот објавен пост на Фејсбук.

Во продолжение погледнете го она што пред само неколку дена беше промовирано пред македонската публика.

Бензинот отиде над 70 денари – Изгор цени на горивата од полноќ

Регулаторната Комисија за енергетика, две недели по последната одлука, врши зголемување на рафинериските и на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 4,93%, односно за 3,21% во однос на рафинериските и на малопродажните цени на нафтените деривати утврдени согласно Одлуката на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Македонија од 01.04.2019 година.

Рафинериските цени на нафтените деривати се зголемуваат во просек за 4,93%. Малопродажните цени на нафтените деривати согласно Методологијата за формирање на цените, се зголемуваат во просек за 3,21%.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 3,00 ден/лит, односно за 2,50 ден/лит, во однос на цените утврдени со Одлуката од 01.04.2019 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 71,50 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 73,00 ден/лит.

Малопродажните цени на дизелот ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се зголемуваат за 1,50 ден/лит, во однос на цените утврдени со Одлуката од 01.04.2019 година и со тоа малопродажната цена на дизелот ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 62,50 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 51,00 ден/лит.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува за 1,080 ден/кг во однос на цената утврдена со Одлуката од 01.04.2019 година и со тоа цената на мазутот М-1 НС изнесува 34,455 ден/кг.

Kpивична приjaва за прилепчанец поради продажба на пиpoтexнички средства

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Прилеп поднесе кривична пријава против М.О.(34) од Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материјали“.

На 28.12.2018 година во Прилеп, на плоштадот „Методија Андониов Ченто“, полициски службеници извршиле преглед над пријавениот, при што пронашле и одзеле пиротехнички средства.

Го изнасмеаа светот пред 3 месеци: Ноле и италијанскиот новинар во нова смешна епизода (Видео)

Новак Ѓоковиќ на прес-конференцијата во пресрет на стартот на Мастерс турнирот во Монте Карло имаше средба до италијанскиот новинар Убалдо Сканагата со кој имаа урнебесен перформанс по триумфот на српскиот тенисер на УС Опен.

Тогаш Убалдо на симпатичен и смешен нагласок почна да ги набројува успесите на тенисерот, а потоа Ѓоковиќ му одговори со сличен нагласок „Not too bad“.

И сега повторно Убалдо го праша Ѓоковиќ дали евентуална победа над Рафаел Надал на Ролан Гарос би му била најголема во кариерата.

Секако можам да кажам дека не би било така лошо, изјави Ѓоковиќ, по што почна да се смее.

ВНИМАВAJТЕ СО БОИТЕ ЗА ЈАЈЦА: Одредени видови на бои може да пpeдизвикаат алepгии и други пpoблеми!

Боите за јајца содржат состојки чии ефекти на здравјето нe се познaти. Во нив има дoдaтоци или aдитиви кои инаку се користат во прехранбените производи за да го променат изгледот и својствата на конечниот производ.

Така производите стануваат интересни, особено за децата. Предизвикуваат eмoции па производот станува попривлечен и посакуваме да го купиме.

Јајцата обично се фарбаат така што се ставаат во обоена вода на некое време, а постојат и поразлични начини како што е тpиење. Боењето трае пократко ако бојата е пoконцентриpaна. Со подолго држење во боја истата се врзува со лушпата, а може да се обои и белката.

Во некои бои прво треба да се додаде оцет бидејќи повеќето бои подобро се задржуват за јајцето во кисели течности.

По пpaвило овие бои се излачуваат од организмите или се paзградуваат, а тие paзградувања може да бидат делумни па може да настанат состави кои може да пpeдизвикаат paзлични попpeчувања, како што се алepгии, недocтиг на концентрациja, пpeчки во дишeњeто…Затоа со боите треба да бидеме внимaтeлни.

Пред бојадисувањето јајцето прво треба да се исчисти со оцет за да се отстpaни зaштитниoт слој на лушпата кој го штити јајцето од надвopешни влиjaнија, како што се бактepии. Вака бојата полесно ќе се врзе за лушпата.

Инаку, Европскиот парламент во 2010-та година одлучил дека на декларацијата за храна, која во себе ги има вештaчкитe бои E102, E104, E110, E122, E124, E129, моpa да го пишува пpeдупредyвањето: “Може да пpeдизвика поpeметување во активнocта и вниманието кај децата”.

Тоа е доволна пpичинa kpитично да се размислува за можните опacности поврзани со користењето на тие aдитиви. Меѓутоа, меѓу боите постојат и природни, како што е E101, која, всушност е витамин Б и дава жолта боја.

Природно бојадисување на јајца:

За кафена боја се користи лушпа од кромид која се вари со јајцата.

Жолта боја може да се добие со куркума, црвена од цвекло, сина од црвена зелка, а виолетова од боровница.

Сината боја од кесичка не се пpeпорачува за користење пречесто бидејќи содржи Е 132, кој е поврзан за можните алepгии.

Црвената боја од кесичка или Е 122 може да предизвика алepгии, уртикapија или pинитиc – надpaзнување на cлyзницата на носот.

Е 102 – Синтетичката жолта боја е на листата со бои за кои мора да пишува дека можат да пpeдизвикаат пopеметување на активнocта и вниманието кај децата.

Јованоски: Граѓаните од Шарената револуција нема да гласаат за Пендаровски и ќе го казнат СДСМ

Оние кои беа неопределени пред парламетарните избори, а потоа ја дадоа поддршката за СДСМ очекувајќи ги ветените промени, очекувам овој пат да бидат остри кон СДСМ, очекувам да го казнат СДСМ и да не гласаат за кандидатот Стево Пендаровски, рече Зоран Јованоски, аналитичар кој беше и дел од протестите на Шарената револуција гостувајќи на телевизија Алфа.

Според него не се спроведува ниту идеологијата, ниту основата од она што се ветуваше во протестите за примена на власта. А за сето тоа, укажува тој, требаше само политичка волја, ништо повеќе, ниту пари, ниту ништо посебно.

-Ништо не ни почна да се спроведува, немаа волја. Тие не направија ништо, покажаа и дека не знаат да прават. Она што го гледаме и што направија е дополнителна партизација, а не европско општество каде сите ќе имаат еднакви шанси, рече Јованоски.

Јованоски вели дека ниту непотизмот не е казнет, напротив според него само дополнително е истакнат. Сето ова, како што вели Јованоски, придонесе да нема сега волја за било каков активизам за промени, народот е многу исцрпен.

-Сега нема ниту една критика од нив, не гледаат што прават. Тие само продолжија со лоши политики, рече Јовановски.

Тој укажува дека граѓаните две години ги гледаат премиерот Зоран Заев и министерот за надворешни Никола Димитров како трчаат да го сменат името, и оти и сега во кампањата кандидатот Стево Пендаровски говори за реформи кои не се ни на повидок.

Дополнително владините претставници само го лажеа народот дека Договорот од Преспа е клучен.

-Но, не е така. Патот кон ЕУ е сложен и бара многу работа, и не треба само законодавство во согласнот со ЕУ, туку треба и почитување на истото, а тоа го нема во Македонија, вели Јованоски.

И добивањето на датум за почеток на преговори не е така едноставна работа како што кажуваат владините претставници, рече Јованоски, кој кажа дека флоскулите да се сени име и да влеземе во НАТО и ЕУ се различни работи.

-ЕУ и НАТО бараат работа и почитување на стандарди, категоричен е Јованоски.

Трчал маратон за Сиљановска: Почитувам луѓе што не ми ги јадат пациентите

Маратонецот, ветеринар и вегетаријанец Светомир Милошевиќ вчера го истрчал 32. Белградскиот маратон во чест на кандидатката за претседател Гордана Сиљановска Давкова.

“Слоганот на годинешниов маратон беше: Трчај, уживај и помогни некому. Трчањето и уживањето беа само мои а ако треба во моментов некому да помогнам тогаш овој маратон и го посветувам на почитуваната и идна претседателка на Р. Македонија Гордана Сиљановска Давкова од неколку причини…
Прв пат имаме кандидатка за претседател, вегетеријанец е а исклучиво ги почитувам луѓето што не ми ги јадат пациентите и го носи името на мајка ми а знаеме дека една е мајка ”, порача од Белград по маратонот Светомир Милошевиќ.

Силјановска убедливо го победи Пендаровски на анкетите- Трите убедливо добиени дуели се една од причините за тоа

Македонците имаат најголема доверба во кандидатот за претседател Гордана Силјановска Давкова.

Најголем дел од Македонците, на претстојните претседателски избори ќе гласаат за професорката, која е кандидат поддржна од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата.

Според најновата анкета на Маркет вижн, спроведена по барање на Пресинг ТВ дури 17.8% од испитаните Македонци ќе гласаат за Силјановска Давкова. За Пендаровски гласот би го дале 12%, а за Блерим Река 0,6%.

Кај Македонците предноста на Силјановска Давкова е приближно 6 проценти, што претставува предност за 50% од поддршката која ја има Пендаровски.