дома блог страница 3373

KPИBИЧHA oд СВР Прилеп за 25-годишен прилепчанец

Надворешната канцеларија kpиминaлиcтички paботи Прилеп поднесе kpивичнa пpиjaва пpoтив Н.Е.(25) од Прилеп поради постоење основи на сомнение за cтоpeно kpивичнo дело „нeoвлacтено пpoизвoдcтвoи пуштaњe во пpoмeт на нapkoтични дpoги и пcиxoтpoпни cупcтaнци и пpekуpзopи“.

На 04.12.2018 година во Прилеп пoлициckи cлужбeници извршиле преглед над пpиjaвeниoт, при што пронашле и одзеле мapиxуaнa – стои во полицискиот билтен на МВР.

“Наместо Сугарески и Анѓушев, Еурокомпозитци во Влада ги пречекале синдикалци?? Решение понатаму…5-та лага за намачените работници?”

Претставници на кабинетот на претседателот на Владата, на заменикот на претседателот на Владата задолжен за економски прашања и претседателот на управниот одбор на компанијата „Еурокомпозит 11 октомври“ АД Прилеп, Тони Петрески, остварија средба со претставници на синдикатот на индустрија, енергетика и рударство и претставници на вработените на кои им е престанат работниот однос во компанијата.

Предмет на средбата беа прашања поврзани со исплата на заостанати и неисплатени обврски по основ на плати, придонеси од плати, отпремнини и испратнини на вработените.

Од страна на Владините претставници беше посочено дека проблемите со кои се соочува „Еурокомпозит 11 октомври“, се провлекуваат повеќе години, и дека истите се предмет на постојано разгледување во правец на изнаоѓање на конечно решение и надминување на состојбите во Комбинатот.

Како прв чекор во надминувањето на проблемите со кои се соочуваат вработените наведено е дека со измените на Законот за материјално обезбедување на невработените лица поради приватизацијата на претпријатијата со доминантна сопственост на државата, 153 лица од компанијата се згрижени и добиваат месечен надоместок согласно Законот. На овој начин Владата исполни дел од преземените обврски од нејзина страна.

Воедно претставниците на СИЕР и на вработените на кои им е престанат работниот однос во компанија беа информирани за сите чекори кои се преземаат за надминување на постојните проблеми во комбинатот, а пред се за можните решенија поврзани со обврските од работниот однос на вработените.

На состанокот беше истакнато дека во многу кус временски период се очекува да се пристапи кон исплата на дел од неисплатените отпремнини на лицата на кои им престанал работниот однос.

Во однос на идното функционирање и судбината на комбинатот, претставниците на СИЕР и на вработените на кои им е престанат работниот однос, беа информирани дека се бара решение со сериозни странски стратешки партнери кои се заинтересирани за инвестирање во „Еурокомпозит 11 октомври“, а на кој начин се очекува да се решат и други прашања поврзани со правата на вработените во комбинатот, односно исплата на дел од заостанати придонеси по основ на работен однос.

Споменикот на Александар Велики поставен во Атина: Големата скулптура беше поставена утрово во центарот на грчката метропола

Статуа од Александар Велики денес беше поставена во централниот дела на Атина.

Статуата официјално ќе биде откриена во петок, а е дело на Јанис Папас, грчки склуптор.

Статуата е висока 3,5 метри, а нејзиното поставување го плати семејството на склупторот.

Грција чекаше повеќе од 20 години за да ја постави статуата од, како што се вели во грчките медиуми, политички причини.

Африкански бран во Македонија – метеоролозите најавуваат нова промена на времето

Најновите анализи на метеоролозите укажуваат на тоа дека во текот на следната недела нашата територија ќе биде зафатена од поизразено јужно воздушно струење кое ќе услови од северните предели на Африка кон нашата држава да продре значително потопол воздух, информира метеорологот Славчо Попоски. Сепак што се однесува до временската состојба целосна стабилизација на атмосферата не треба да очекуваме и во текот на следната недела, соопштува метеорологот Славчо Поповски.

Температурите на воздухот пак ќе бележат тенденција на значителен пораст и насекаде се очекува да надминат 20. степеин додека пак во најтоплите предели од државава очекуваме температури дури и до близу 30 степени. Ќе започне да дува и јужен ветер кој ќе засилува на интензитет.

Нови и обновени информации очекувајте овие денови кога навремено ќе ве информираме околу секоја ново настаната временска систуација.

Неверојатни снимки од гасењето на пламенот во Нотр Дам: Еве како изгледаше тоа од очите на пожарникарите (Видео)

Париските пожарникари објавија до сега несподелени снимки од гасењето на пожаpoт во катедралата Нотр Дам.

Видеото трае околу една минута и во него се гледаат некои од најморничавите сцени од пожаpoт, кој проголта голем дел од катедралата во Париз.

Утре нестабилно и со локален пороен дожд, а еве какво време не очекува викендов

Утре времето ќе биде нестабилно, во попладневните часови со локален пороен дожд, засилен ветер, грмежи и услови за појава на град.

Додека пак во петок и за време на викендот ќе преовладува претежно сончево и потопло време.

Утринските температури на некои места ќе се спуштат и до минус еден степен.

“Eх, ти убавино која го красиш храмот во Прилеп, да беше во Франција нашата влада ќе одвоеше средства да те конзервира”

“На оваа 130-та седница, Владата го задолжи Министерството за надворешни работи на нашата земја да стапи во контакт со МНР на Република Франција за координација во врска со помошта на меѓународната заедница за помошта за реставрација на опожарената црква Нотр Дам, со цел да се определи најсоодветна поддршка од Република Северна Македонија во знак на солидарност за обновата на овој грандиозен споменик од цивилизациско значење”, стои во извештајот на 130-та седница на Владата.

Информацијата денеска ја пренесоа повеќето медиуми во државата.

На Фејсбук страната од црквата Свето Благовештение (Стара црква) која е најстариот црковен храм во Прилеп, беше објавена фотографија од иконостасот на храмот кој е од непроценлива важност и вредност за културата во Македонија.

“Ех убавино наша, која го красиш храмот, градот Прилеп и Македонија. Ах ти убавино, да беше во Франција нашата македонска влада ќе одвоеше средства за да те конзервира. Ако ти паднеш, многу парижани низ солзи ќе раскажуваат за тебе”, пишува на страната.

Поради ова се сака и постои фудбалот! Амстердам во целосен делириум после победата на Ајакс над Јувентус (Видео)

Младата екипа на Ајакс синоќа приреди уште едно изненадување во Лигата на шампиони. Победата на шампионот на Италија на гостински терен, му обезбеди на Ајакс полуфинале во најелитното фудбалско натпреварување.

После елиминацијата на Реал Мадрид, Ајакс одигра два исклучително квалитетни дуели против седумкратниот последователен шампион на Сериа А и успеа да се пласира помеѓу четирите најдобри во Европа.

Победата во Торино предизвика целосен делириум во Амстердам, а атмосферата била пеколна.

Погледнете:

Девојката со моќен глас ја “распука” Шар Планина на вистина од 2469 метри: Ваква изведба не сте виделе досега (Видео)

Македонските песни се пеат со многу емоции. Но, кога некој има ваков талент, неговата изведба ќе ги разбуди сите ваши сетила.

Зарина Првасевда ја испеа „Распукала Шар Планина“, а на ова видео никој нема да остане рамнодушен.

„По повод веста за најмалку 600 хектари запалена, исечена или оштетена шума на Шар Планина а дополнително колку многу штета нанесена на природата со пожарите што дивееја насекаде низ државава, со загадувања заради човечки фактори т.е расфрлани отпадоци ( хартија, пластика, отпушоци и сл.) ВИ СЕ ОБРАЌАМ СО АПЕЛ на јазикот кој налесно го говорам, песната, а пак со видеово како нагледно средство за да видите што уништувате, па можеби и ќе ви се нажали …
Другари, и требаме на Шара, Галичица и Баба ..и требаме на природата а и таа нам! Ајде да се обидиме сите, секој тргнувајќи од себе особено кога никој не не гледа свесно да ракуваме со неа, подадете ми рака и отворете срце заеднички и со многу љубов да го зачуваме и гаиме најубавото и најдрагоценото што бесплатно го добиваме во ова мало парченце земја! А во меѓувреме, појачајте тон, насмевнете се и размислувајте на која тура ќе ни се приклучите за заедничка радост, насмевки и песна“, напиша Зарина Првасевда, изведувачка на песната, која го сподели видеото.

Едноставен трик со кој ќе ги отстраните гребнатините од вашиот телефон

Ви откриваме ефикасен трик, кој многу бргу ќе ги отстрани непријатните гребаници на вашиот телефон.

Се што ви е потребно е прашак за пециво, малку вода и еден сад во кој ќе ги мешате состојките. Помешајте ја смесата додека не стане еднаква, а потоа нанесете ја на парче ткаенина и со кружни движења нанесувајте ја на оштетениот дел од телефонот.

Потоа со крпа полирајте го телефонот.

Пробајте го овој едноставен трик и ќе бидете задоволни од резултатот.