дома блог страница 3372

Мицкоски на митинг со најстарата беровчанка, ќерка на малешевски комита

Со помош на количка на свои 93 години дојде на митингот на Силјановска и ВМРО-ДПМНЕ во Берово, Елена Гаштеоска.

Таа изрази поддршка за Мицкоски кој веднаш откако дојде се ракуваше со жената потомок на мелешевскиот комита Димитруш Прокуроре. Таа во својата рака ја дежеше сликата на својот татко облечен во комитска облека.

Иако во поодминати години со бистар речник испрати пораки и поддршка до Мицкоски со зборовите.

Чувај ја Македонија, таа ни е се.

Мицкоски во знак на почит застана до нејзе откако предходно се ракуваше. Таа предходно стана позната на социјалните мрежи по пораките да не се менува името Македонија.

Силјановска и Река снимија заеднички спот: Другата страна на политиката (Видео)

Дојдовме до идеја, да го бараме “човекот” во нашите претседателски кандидати, а не политичарот во нив. За таа цел испративме покана за интервју до изборните штабови на кандидатите. Тие кои прифатија можете да ги видите во ова ексклузивно видео, а за третиот се надеваме на креативна средба кога ќе ни ја отвори вратата на која тропавме. Пушува на Фејсбук страницата „Другата страна на политиката“.

Прилеп обедини се! Младата Ангела има потреба од сите нас! Да донираме и да помогнеме!

Превземено од ВИП и фб.

Ангела Петреска има 20 години и боледува од церебрална парализа. За подобрување на нејзината состојба потребно е да замине на операција во специјална хируршка клиника во Чуприја, Србија.
Таа живее со својата мајка, која поради ниските финасиски примања не е во можност да ја покрие сумата за операција и пост оперативното лекување и затоа апелира за помош.
Сите заедно да и помогнеме на Ангела!!! Еден повик и донација од 100 денари не е многу, но за Ангела живот значи.
Корисници на Телеком, јавете се на 070 143 -113

Корисници на ВИП, јавете се на 077 143-470

Сметка за донации:
300021000009022
Комерцијална Банка
Име: Ангела Петреска

Чудо македонско: Единствениот монах Македонец со потекло од Лерин се моли на македонски на Света Гора

Славата и парите не биле доволни за да го задржат во светот. Георгиос Теохарис од Лерин, по потекло Македонец, се искачил на највисоките скалила во шампионатот за борење, освоил 11 медали, но, кариерата, семејството, пријателите и домот, ги оставил зад себе и пред околу две децении побегнал на Света Гора, во Катунакија, каменлива област на југот од Атонскиот полуостров.

Таму Героргиос, го добил монашкото име отец Василиј и го започнал аскетскиот живот. Македонците од Егејска Македонија тврдат дека тој е единствениот монах Македонец, кој молитвите ги кажува на македонски јазик.

– Тој е од Лерин. Пред многу години замина на Света Гора и во пештерата чита молитви на македонски јазик. Тој е единствениот од цела Цариградска патријаршија, значи од Ерусалим па наваму, кој се моли на нашиот јазик, вели Василис Каритидис од Леринско на Фејсбук.

-Тој монах е пресвет човек, живее само на леб и печурки, прави супа или некоја чорбичка. Еден леб јаде 38 дена, тој е на строг пост и молитва. Има 75 години а од него зрачи светлина и милост. Тој не е во заедништво со ниту една патријаршија, затоа што се моли и изговара молитви на македонски јазик. Не разговара со луѓе и не прима посети. Јас сум доктор и одам насекаде низ Света Гора. Работам, помагам, давам лекови и неколку пати и на братот во Христа монахот Христодомис, со световно име Георгиос од Лерин сум се видел, раскажува Василис.

И покрај тоа што Василис напиша дека монахот се вика Христодомис, грчките медиуми пишуваат дека неговото монашко име е отец Василиј.

Во Северна Грција живеат Македонци и не треба да се срамиме од нив

Кандидатот за претседател на Република Македонија Проф. д-р Гордана Силјановска Давкова вечерва се обрати на граѓаните во Делчево.

-Како што имало низ векови Македонци во Северна Грција, во Егејска Македонија има и денеска и месечината ги води секаде каде што се тие и во Пиринска и во Вардарска и во Егејска, значи како што вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, кога го прашува премиерот на кој јазик говорат оние кои не се Грци во Северна Грција, а се Македонци, тој се срами или се плаши да го каже тоа, иако сите знаеме дека го зборуваме истиот јазик, рече Силјановска Давкова.

Таа потенцираше дека не е националист, но дека не може, а да не каже дека не се работи за дијаспора, како што е сега според уставот.

-Се работи за нивната татковина и кога е во прашање употребата на македонскиот јазик тогаш не е во прашање никакво мешање во внатрешните работи на Грција, затоа што постои рамковна конценција за заштита на правата на малцинствата и постои конценција за регионални и малцински јазици и таа важи за сите малцинства па и за македонското, рече од Делчево, Силјановска Давкова.

Таа од Делчево го осуди денешниот настан во Арачиново со новарите на тв 21 и додаде дека повеќе такви работи во Македонија не смее да се случуваат.

Извор: republika.mk

Кои храмови на Балканот се постари од Нотр Дам: И во Македонија има многу постари цркви (Фото)

Светот е потресен од уништувањето на катедралата Нотр Дам во Париз која е дел од светското културно наследство. Оваа позната црква датира од 11 век и е во готски стил. Сепак и на Балканот има храмови кои се постари и поубави од оваа црква но за кои малку се знае.

Еве неколку од нив.

Св. Софија во Охрид

Датира од 9 век и е посветена е на Христос како Божествена Премудрост т.е. Св. Софија. Оваа црква представува еден од најзначајните знаменитости во Македонија со нејзината средновековна архитектура и фрески.Таа е една од најголемите средновековни цркви на овие простори. Во еден долг временски период таа била соборна црква на Охридската архиепископија.

Црква Свети Петнаесет тивериополски маченици во Струмица

Потекнува од 9 век, посветена на Петнаесетте маченици. Основни податоци за делата на Светите Петнаесет маченици произлегуваат од Житието на охридскиот архиепископ Теофилакт Охридски.

Во дворот на црквата имало пораснато дрво над гробовите на мачениците. Локалното население го почитувало тоа дрво како свето. За време на Османлиското ропство кога сакале да го пресечат дрвото луѓето ги снашла голема несреќа.

Црква Св. Софија во Бугарија

Потекнува од 4 век. Оваа црква е една од најстарите во градот изградена во 4 век. Во 14 век, по самата црква било именувано и името на градот Софија. Во време на Османлиската империја била претворена во џамија.Црквата е изградена врз темелите на неколку стари цркви од времето на римскиот град Сердика.

Црква на Богородица Љевишка во Призрен-Косово

Овој храм на српската православна црква е посветен на Богородица Љевишка. Се наоѓа во Призрен и е седиште на призренската епископија. Изградена е во 10 век како базилика во стилот на византиската архитектура и е посветена на Успението на Пресвета Богородица.Овој храм сега е под големо обезбедување на војниците на КФОР по војната во Косово.

Извор: “Pressingtv.mk”

“Замислете овие пензионери биле задоволни ако ги наречат “стока”, со името Северна, со пониските пензии и двојазичноста?? Ги премолчија овие теми заради политички инструкции??”

Дел од прилепските пензионери денеска од центарот на Прилеп повикаа да се гласа во недела на претседателските избори.

После изјавата која ќе ја проследите во продолжение, коментарите на социјалните мрежи беа дека оваа група на пензионери поради политички инструкции ги пречутија главните теми кои ги тиштат сите останати пензионери во Прилеп.

Особено гласни се коментарите за намалените пензии кои поради промената на законот за пензии сега ќе растат само кога ќе има пораст на трошоците за живот, а не како претходно кога пензиите растеа и кога постоеше раст на платите.

Во Прилеп има над 12.000 пензионери, а изминатиов период овие луѓе се особено погодени од покачените сметки за вода кои скокнаа за околу 60%.

“Наместо за мизерните плати во образованието, заменик министерот и градоначалникот дискутираа за чешмите во прилепските училишта?? И непотизмот го заборавија за коментар?”

Заменик министерот за образование Петар Атанасов денеска беше во посета на Прилеп и ООУ “Кире Гаврилоски -Јане”.

ВИДЕО: www.prilep.gov.mk

Oтворeна истрага: Како тутунарите се офајдија со 27 милиони евра среде избори ?

Антикорупциската комисија денеска отвори истрага по сопствена иницијатива за вчерашната исплата на 26.786 тутунари со субвенции од над 27 милиони евра за ланската реколта, објави Плусинфо.

Оваа информација, како што беше речено на денешната седница на антикорупционерите била објавена вчера попладнето на сајтот на Министерството за земјоделство, што беше повод Државната комисија за спречување на корупцијата, да отвори предмет, затоа што исплатата е направена спротивно на членот 8 од Изборниот законик.

На исплатата државни пари среде кампања реагираше и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Целиот текст прочитајте го ТУКА

“Игор Југ со поддршка за идната Претседателка Силјановска”

Браќа и сестри, со желба за една единствена и вечна Република Македонија, мисла за светла иднина на идните генерации, ве повикувам во битката која претстои на 21 април на претседателските избори, да означиме почеток на крајот на злото Зоран Заев, порачува Игор Југ, еден од патриотите кои се во затвор поради 27 април.

“Ве повикувам да дадеме поддршка на борецот за право и правдина проф. Гордана Силјановска Давкова. Татковината не повикува! Време е да покажеме дека никогаш не застанавме, дека ниту едно зло не може да не исплаши, ниту едно зло не е поголемо од онаа што е нанесено на Република Македонија. Да продолжиме заедно со проф. Гордана Силјановска Давкова, да се бориме за сонот за Република Македонија заедно сите, до победа. Времето нека пишува биографија за секој од нас, сплотени до конечна победа. Ќе го дочекаме и тој ден достоинствено. Ќе светне сонцето, ќе огрее.Да живее Република Македонија!”, гласи пораката во писмото од Игор Југ, упатена преку Фејсбук.