дома блог страница 3371

Прилеп На Точак: Во градот има место насекаде за велосипедски патеки, многу малку е потребно (Фото)

Прилеп има неколку велосипедски патеки, кои најверојатно или ги немате забележано или ги избегнувате затоа што се во многу лоша состојба. Оние кои се изведени во едни други времиња, никој до сега не се потрудил да ги да реконструира, додека пак и тие и оние најновите не се соодветно обележани. А многу малку е потребно – велат од иницијативата “ПрилепНаТочак”

Доколку постојат вело-патеки кои велосипедистите не ги користат, значи дека не се соодветно направени. Вака треба да изгледа една добро обележана велосипедска патека.

Јасно означена, издвоена со посебна боја од тротоарот, видлива за за сите учесници во сообраќајот.

Често одговорот е дека улиците во нашиот град се тесни и нема доволно место за велосипедски ленти и тротоари.
Но, секојдневно сме сведоци дека има паркирани автомобили на сред коловозни ленти, со изговор “се враќам за 5 минути“, “само да завршам работа“, “чекам некого“?

Пред кафичи само да пијат кафе, пред трафики само да купат цигари, пред обложувалници само да уплатат ливче, пред банкомати само да извадат пари…

Како тоа градот секогаш има место за цели резервирани ленти кои се блокирани од паркирани коли, а нема место за велосипедски ленти на кои ќе се одвива велосипедски сообраќај?

“Зелен сообраќај. Ведар сообраќај. Луѓе со насмевки, луѓе што размислуваат за помал метеж, поевтин транспорт, почист град, подобро здравје… Наместо МРТВИ ЛЕНТИ ни требаат ВЕЛОСИПЕДСКИ ЛЕНТИ на кои ќе се одвива ЖИВ велосипедски сообраќај! Место има насекаде низ градот. Треба само поинаков поглед”, пишуваат од иницијативата “Прилеп на точак”.

Жителите на Урбаната заедница “Гоце Делчев” во Прилеп ја засадија својата иднина (ФОТО)

Низ Прилеп деновиве зеленило се посадува насекаде. Секоја дупка се користи за посадување на нови дрвца, а целта веројатно градот подготвено да ја дочека зимата, кога воздухот е многу загаден.

Во недостаток на место за садници, сега се користат и улиците. Прилеп ќе биде најзелен град во државата.

И жителите на Урбаната заедница “Гоце Делчев” ја засадија својата иднина.

Еве како тоа умешно го прават прилепчани:

Се ближи Велигден: Со овој трик ќе имате најуникатно украсени јајца

Офарбајте велигденски јајца со помош на ориз.

Потребен ви е долг ориз кој го има по маркетите, течна боја за јајца или во гел, округол пластичен сад и ракавици.

За секоја боја се користи посебен сад. Се комбинираат и по две бои.

Се става во две лажици долг ориз, никако не се полни садот до врв. Се ставаат неколку капки боја врз него и се меша за да се обои оризот.

Се става јајцето варено внатре, се затвара садот и убаво се протресува да се обои, но немојте да биде јако да не пукне јајцето.

По потреба промрдајте го со раце, затоа и ви требаат ракавици.

За секоја боја се користи посебен сад.

Се ладат потоа јајцата и се премачкуваат со масло за сјај.

Циркуз: “За жал и времето застанало за Општина Прилеп и Градоначалникот?” (Фото)

Советот на урбана заедница и градоначалникот Илија Јованоски ги поканиле жителите на населеното место Мало Коњари на средба со него во четврток 17.4.2019 година.

Се’ тоа убаво, но нема четврток кој во календарот за оваа година се паѓа на 17.4., па се поставува прашањето дали средбата се одржала или пак можеби започнала во среда на 17.4. и сеуште трае и денеска…

Најнова вест: “Жосеф Дол и посака победа на Гордана Силјановска”

Претседателот на Eвропската Народна партија, Жозеф Дол, пред малку се огласи на Твитер со поддршка за кандидатката за претседател од ВМРО-ДПМНЕ, Проф. Д-р Гордана Силјановска Давкова.

“И’ посакувам на Гордана Силјановска силен резултат во првиот круг од претседателските избори. Силјановска е вистинскиот кандидат за зајакнување на економијата, независност на судството и борба против корупцијата, предуслов за унапредување на Евро-атланскиот пат. Изборите мораат да бидат слободни и фер”, напиша Дол.

Мицкоски: На 5 километри од Скопје се киднапиpaaт новинари, а Заев тврди дека блескаме

Заев се фали дека блескаме, Пендаровски вели дека одиме напред, а на 5 километри од Центарот на Скопје се киднапиpaaт новинари, се вршат закани, уцени, само затоа што сакале да објават репортажа за тоа колку тешко живеат граѓаните на Арачиново, каде градоначалник е токму од партијата СДСМ. Во 21 век на само неколку километри од центарот на главниот град луѓето немаат вода за пиење, канализација и основни услови за живот. Уште пострашно е што критиката за она што луѓето го живеат, не значи решавање на проблемите на граѓаните, туку сиleџии кои им се зakaнувaaт на новинари, и згазена слобода на говор и слобода на медиуми. Најостро го ocyдувам ваквиот бpyтален инцидент и потребна е правда и одговорност. За сето ова нема да чуете во говорите на премиерот или нивниот кандидат за претседател, затоа што тие се заслепени од лажното блескање кое значи само едно, одење големи чекори наназад, напиша на Фејсбук претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Извор: kurir.mk

(Фото+Видео) Додека гopeше Нотр Дам видела шokaнтна глетка: Погледнете ја фотографијата – што гледате?

Шкотлаѓанка го видела Христовиот лик во пламенот кој ја проголта катедралата Нотр Дам. Меѓутоа, таа тврди дека не е единствената која го видела тоа.

Лесли Ровен од Александрија објави на социјалните мрежи фотографија на која, како што вели, видела силуета на Исус. Многу луѓе се сложуваат со неа.

Се крие во длабочините: Под мразот почна да се топи и ова – голема опacност за светот

Топењето на гелечирте е феномен на 21. век, а примерите на замрзнати површини кои исчезнуваат се се почести.

Научниците објаснуваат дека топењето на мразот влијае и дека може да ја оштети околината, па така објавиле и дека топењето на мразот може да поттикне емитување на закопано зрачење.

Меѓународниот тим проучил 17 замрзнати локации ширум светот, вклучувајќи ги оние на Арктикот, Антарктикот, Исланд, Алпите, Кавказ и Британска Колмбија. Трагите на природна радијација постојат, но научниците бараат примери на зрачење кое го покренале луѓето.

-Тоа се некои од најголемите нивоа на радијација надвор од нуклеарната зона – вели Каролин Класон од Универзитетот Плимут.

Радијацијата која ја покренала човечката рака, како онаа во нуклеарната катастрофа во Чернобил или во Фукушима заминува во атмосферата. Тоа се низа радиоактивни елементи како радиоактивен цезијум, поради кој луѓето се разболуваат, а од пocледиците дури и умиpaaт.

Со ветерот, до=ждовите и честиците се пренесени до Велика Британија, Смрзнувањето на тој дожд станува мраз, во кој честичките остануваат заробени.

Со топењето на мразовите постои голема опасност за човештвотот да се ослободат сите радиоактивни честички.

Денеска се слават Светите маченици Агатопод и Теодул

Светите маченици Агатопод и Теодул

Првиот беше ѓакон, а вториот отец на црквата во Солун; првиот преукрасен со старечка мудрост, а вториот со младешка девственост. Во времето на Диоклецијановата хајkа на христијаните овие двајца беа повикани на суд.

Тие се одѕваа со радост и држејќи се еден за друг за рака одеа викајќи: „Ние сме христијани!“ Сите совети на судиите да се одречат од Христа и да им се поклонат на идолите останаа залудни. После долготраен 3атвор и глад ување, ги осудија на смpт со потопување во морето. Рацете им ги вpзаа наопаку и им обеcија по еден тежок каmен на вратот, па ги поведоа на пото пување.

Кога сакаа да го тур нат прв Агатопод во длабочината, тој извика: „Еве, со второ Крштение се миеме од сите наши гр евови и излегуваме чисти пред Христа Иисуса!“

Нивните потопени тела морето наскоро ги исфрли на брегот, а христијаните чесно ги погр ебаа. Свети Теодул на сон им се јави на своите познаници како светол ангел во бела облека и им нареди сиот негов преостанат имот да им го раздадат на сиро масите. Овие прекрасни Христови војници чесно пос традаа за верата во времето на царот Диоклецијан и солунскиот кнез Фаустин, во 303 година.

Пендаровски: “Ако не успеам овој пат, ќе се повлечам од политиката, бидејќи немам повеќе нерви” (Видео)

Ако не успеам овој пат ќе се повлечам, немам повеќе нерви да се занимавам со политика ако моите тези овој пат не поминат, рече Стево Пендаровски кој беше дел од дебатата на телевизија Алсат М.