дома блог страница 3370

Мицкоски: Заев не знае што е смотра, со лажна медицинска белешка го избегнал воениот рок

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска на митинг се обрати пред граѓаните во Општина Кратово. Мицкоски пред присутните истакна дека дојде време овие, како што ги нарече, политички измамници од врхушката на СДСМ на чело со ЗЗ да заминат во политичка историја, политичка пензија, која нема да им биде мирна затоа што од прв до последен ќе треба да одговараат за сите криминали, злодела, понижувања, омаловажувања кои во овие две години ги нанесоа на Република Македонија и граѓаните – објави “Република”.

Ќе дојде денот кога од прв до последен ќе одговараат, се обидоа да го лажат народот, дека немале време за интонирање на македонската химна, да не му биде незгодно на новиот пријател на Зоран Заев во неговата земја, оној Зоран Заев кој не убедуваше дека го зајакнал идентитетот. Истиот кој се срамеше да одговори на кој јазик зборуваат жителите на северна Грција, се срамеше да каже дека тоа се Македонци кои зборуваат македонски јазик, пеат македонски песни и играат македонски ора, потенцираше Мицкоски.

Мицкоски во своето обраќање одговори на повиците за АРМ на портпаролот на СДСМ, со професорката Гордана Сиљановска Давкова, истакнувајќи дека тоа младо момче не знае што е утринска смотра, што е пожарство, дали знае што е стража на минус 20 степени во пола метар снег, а не знае ниту неговиот лидер Зоран Заев бидејќи со лажна медицинска белешка го избегнал воениот рок, но како што рече затоа не им пречеше да ја обесчестат армија, да ја постројат македонската гарда и да ја интонираат македонската химна.

Целата статија прочитајте ја ТУКА

“Пензионерите со помали пензии, поголеми трошоци, незадоволни, во преименувана држава пееа и играа во Прилеп??”

Здруженијата на пензионери од Прилеп, Битола, Крушево и Демир Хисар, денеска во Центарот за култура „Марко Цепенков“ ја одржаа 17-тата Регионална ревија на песни, музика и игри.

На манифестацијата покрај градоначалникот на Општина Прилеп, Илија Јованоски присуствуваа и претседателката на Сојузот на здруженија на пензионери на Македонија, Станка Трајкова, претставници од Здружението на борци од Прилеп, преседателот на Собранието на Сојузот на пензионери на Македонија, Илија Адамоски, претставници од Здружението на инвалидизирани пензионери и пензионери од четирите општини. Настапите на четирите здуженија со песни и ора од богатата ризница на нашата земја беа тематски различни.

За жал на средбата не стана ниту збор за сите негативни политики кои во изминатиот период ги погодија пензионерите.

Не стана збор за намалените пензии кои со новите законски измени ќе растат само доколку постои раст на трошоците за живот, а не како и порано кога пензиите растеа и кога имаше пораст на платите.

Пензионерите особено ги погодија новите сметки за вода, кои од неодамна во Прилеп се покачени за околу 60%.

ФОТО: www.prilep.gov.mk

Силјановска: Поддршката однадвор многу ни значи, Дол и Курц застануваат зад нас- тоа е европски силен ветар во нашите едра

Поддршката однадвор многу ни значи, истакна кандидатот за претседател на државата од ВМРО-ДПМНЕ, професорката Гордана Силјановска Давкова на митингот во Кратово.

-Како што знаете, претседателот на Европската Народна Партија, господинот Жозеф Дол застанува зад нас, тоа го вети во Брисел. Пред него тоа го стори господинот Себастијан Курц, навистина е тоа европски силен ветар во нашите едра, реформски, во нашите опозицски едра, во нашите изборни едра, она што доаѓа на 21 април и на 5 мај, истакна Силјановска пред кратовчани.

Инаку, Дол, денеска даде јавна поддршка за кандидатот за претседател Силјановска Давкова.

-Посакувам Силјановска да има силен резултат во првиот круг од претседателските избори. Силјановска е вистинскиот кандидат за зајакнување на економијата, независно судство и борба против корупцијата, предуслов за продолжување по евроатланската патека. Изборите треба да бидат слободни и фер, порача тој.

ГРЦИЈА ДОБИ ,,NEIN” ОД ГЕРМАНИЈА: Германија ги oтфpли барањата на Грција за отштета од Втората светска вojнa

Германската влада ги oтфpли барањата на Грција за репapација на штетата од Втората светска вojна. Портпаролот на владата, Стефен Зајберт рече дека германскиот став по ова прашање е непpoменет.

„Свесни сме за вината и големата непpaвда која Германија ја изврши за време на националcoцијализмот во Грција. И поради тоа се тpyдиме со Грција, членка на ЕУ и Еврозоната да имаме добри осноси и да останеме пријатели и партнери“, истакна Зајберт. Германија смета дека со исплатата од 115 милиони марки во 60-те години во рамки на договорот со Грција и останатите западни земји го решила прашањето за peпарација. Грција од Германија побара околу 289 милијарди евра.

Kpивична пријава за прилепчанka

Надворешната канцеларија за kpиминалистички работи Прилеп поднесе kpивична пријава против Л.Л.(31) од Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторено kpивично дело “неовластено изработување, држење, посредување и тргување со opyжје или pacпрскувачки материи“.

Имено на 29.12.2018 година во Прилеп на улицата „Мирче Ацев“, од страна на полициски службеници, при преглед над пријавената и штанд на кој продавала разни предмети, биле пронајдени и одземени пиpoтехнички средства.

Oтворена Школата за анти-авторитарни студии – Стив Наумов

На 17 април 2019, на Правниот факултет во Битола се одржа првото предавање на Школата за Анти-авторитарни Студии – Стив Наумов, на тема Вовед во политика и идеологија, во изведба на Проф. Д-р. Ненад Марковиќ, кој доаѓа од Правниот факултет во Скопје. Студентите на школата имаа шанса да се запознаат со концептот на политика, полис, современа држава и идеологија. Професорот го истакна значењето на полис како секое прашање кое се однесува на сите, и наведе шест основни разбирања за политиката: идеалистичко, христијанско, натуралистичко, рационално, анapхистичко и марксистичко. Исто така ги истакна антрополошките концепции за човекот, како лош, добар и зависно од контекстот, а наспроти овие концепции ја постави политиката како добра, лоша, нужна итн.

Во продолжение ја дефинира (политичката) идеологијата како помалку или повеќе единствен збир на идеи кој дава основа за организирана политичка акција, без оглед дали нејзината цел е зачувување, промена или рушење на постојниот систем на поделба на моќта. Издвои неколку основни улоги на идеологијата, спознајна, пролагодувачка, интегративна, превратничка, контролна, идентификациона и експресивна улога, кои се поврзуваат со одреден аспект на идеологијата. Во таа насока, ја направи најбитната разлика помеѓу идеологиите, и тоа на отворени и затворени идеологии. Во затворени идеологии ги вброи фаши змот, нац измот, комунизмот, за кои е карактеристична апсолутистичкиот пристап кон вистината, додека во отворени ги наведе либерализмот, либертаријанизмот, социјал-демократијата, кои ги повеќе или помалку ги поврзува вредноста на индивидуална слобода и слободен пазар.

За крај ги објасни трите основни идеи кои се основата на секоја модерна политичка идеологија, кои потекнуваат од Француската револуција, слобода, еднаквост и братство, и ги претстави основните модели на политички спектар, лев-десен, како и автopитapeн-слободен.

Целта на ова предавање беше запознавање на студентите со основните концепти на политиката и идеологијата, со што истите би стекнале основните предзнавања, за подоцна да го надоградат своето знаење во однос на авторитарните режими, како и нивната алтернатива – индивидуалната слобода.

Целта беше исполнета благодарение на темелното предавање кое предизвика особен интерес кај студентите на школата. Следното предавање ќе се одржи, исто така на Правен факултет, на ден 22 април – понеделник, на тема Тоталитаризам и илиберализам, во изведба на Деканот на Правниот факултет, Битола – Проф. Д-р. Горан Илиќ.

Повеќе информации можете да најдете на libertania.org

Внукот на ТИТО не сте го виделе до сега, а изгледа вака(фото)

Внуката на Јосип Броз Тито, Саша Броз , на Инстаграм го покажа својот помлад брат Андреј , кој ретко се покажува во јавноста. Фотографијата е по повод неговиот роденден.

Среќен роденден Андреј и запомни дека ја имаш најдобрата сестра на светот! Те сакам – му порача Саша.
За Андреј во јавноста се знае многу малку. Се знае дека дипломирал во Москва и работи како консултант. Саша често на социјалните мрежи закачува фотографии од нивното детство , каде може да се видат делови од Титовиот приватен живот .

Македонецот кој го дизајнираше најновиот Мерцедес: “Кога Северните и помагаат на Франција за Нотр Дам, ти е исто како Етиопија да го помага МекДоналдс во Америка”

Maкедонскиот дизајнер на автомобили, Славче Таневски, на саемот за автомобили во Женева, Швајцарија, неодамна го претстави своето врвно дело, Мерцедес Бенц CLA Shooting Brake.

Покрај тоа што е врвен дизајнер, Таневски неодамна реагираше до властите во Македонија кои го поврзаа него со новото име на државата.

Денеска тој одново распука за одлуката на Владата да помогне околу возобновувањето на катедралата Нотр Дам во Париз која изгоре во пожар.

“Северните кога и помагаат на Франција за Нотр Дам ти е исто како Етиопија да го помага МекДоналдс во Америка!”, напиша Таневски на Фејсбук.

Видео: “Еве како Пендаровски ги нарекуваше гласачите…видео што веројатно ќе ги одлучи изборите??”

(Tвит на денот)

“Уличарскиот речник на #СтевоСтока – мал дел од него.Вие, Стоката и Суратите шо прајте, како сте?”

“Во шатори ги чекаат Сугарески и Анѓушев, но тие го промовираат Стево и скандалозната апликација за следење членови за која МВР молчи??”

Штрајк со глад најавуваат работниците на „Еурокомпозит“ од пред Владата ако во најбрз рок не им го исполнат ветувањето за исплата на заостанатите плати и придонеси. По средбата со владините претставници добиле ветување дека за неколку дена ќе им легнат пари на сметка, но и покрај тоа работниците веќе и не веруваат во ништо – oбјави “Алфа ТВ”.

Во знак на револт тие поставија и шатори пред Владата каде ќе кампуваат се додека не им се подмири долгот.

– Ова е неиздржливо, ако треба и ќе гладуваме. Се согласуваме и очекуваме да се исполни најавата дека отпремнините за нас ќе се исплатат до петок или најдоцна в понеделник. Но, бараме конкретни рокови за исплатата на заостанатите плати и придонеси, ни изјави претставникот на Иницијативниот одбор на работниците прогласени за технолошки вишок Пеце Велканоски.

Вработените од прилепски „Еурокомпозит“ откако од Прилеп дојдоа во Скопје и ги поставија шаторите, по како што велат, неуспешниот состанок, биле замолени за решение да почекаат до понеделник. Тие бараат конкретни рокови за понатамошното решавање на проблемот со заостанатите плати и придонеси.

– Ни рекоа да почекаме до утре или до понеделник, но на лагите им нема крај, се жалат работниците.

Работниците од „Еурокомпозит“ со месеци си ги бараат 18-те заостанати плати, неисплатените придонеси за 7 години, како и ветената отпремнина 154 работници, зашто добар дел од нив доброволно прифатија да заминат како технолошки вишок. Инаку, прилепскиот загубар само на вработените им должи околу 5 милиони евра.

Борис Грујоски за “Алфа ТВ”