дома блог страница 3366

Фотографија која буди емоции и носталгија: Кој Прилеп повеќе ви се допаѓа, некогаш или денеска?

Прилепската булеварска коцка и широката празна улица со жардинери на средината не така одамна беше една од најпрекрасните централни сообрајќајници во земјава.

Пред повеќе од 40 години, гранитната “калдрама” на корзото и центарот падна под налетот на асфалтната офанзива.

Но, останува врската на граѓаните со коцката на Булеварот. Сликата сведочи за едно време кога коцката и урбаното решение со липи и тротоари со цвеќиња и зелени огради била “холивудска авенија”, во споредба со браздите и раскалените сокачиња на периферијата.

Скромната инвентивност на архитектите, сиромашната понуда на материјали и уште поскромните финансиски градски фондови дозволувале да се удри по прашината и блатото само со коцки.

Денес се враќа модата на коцките и на гранитните и мермерните плочи. Тие сега го туркаат асфалтот во депониите, оти се смета дека овие материјали ги бидува за пешачките зони.

Како и да е, татнежот на времето носи новини, но контурите од пред 60 години остануваат во срцето на градот.

Извор: “Неделник ЗЕНИТ”

Излезеноста до 10 часот најголема во Прилеп: Ова се резултатите во сите други општини

Државната изборна комисија ги објави првичните информации за излезноста на Претседателските избори до 10:00 часот.

Според информациите кои ги пренесе портпаролката на ДИК, Љупка Гугучевска, најголема излезеност има во Прилеп, каде до 10 часот на гласање излегле 11,11% од гласачите.

Во Битола до 10 часот гласале 8,83%, во Кривогаштани 5,41%, во Крушево 9,27%, а во Долнени до 10 часот гласале само 1,85%.

На ниво на цела Македонија, до 10 часот гласале 6% од граѓаните.

Резултатите за излезеноста во сите останати општини погледнете ја ТУКА

ВО ЖИВО ОД ДИК: Ова е излезеноста на изборите до 10 часот

Порталот “Инфомакс” директно од Државната изборна комисија врши пренос на првата прес конференција за излезноста на претседателските избори 2019.

Гласањето во Прилеп се одвива непречено на 142 избирачки места: Право на глас имаат 63.989 гласачи

Утрово навреме се отворени сите 142 гласачки места во Општина Прилеп, на кои 63.989 граѓани со право на глас ќе гласаат за еден од 3-јцата кандидати за претседател. Според потпретседателот на ОИК, Коста Дурланов, засега гласањето се одвива без проблеми, во мирна и демократска атмосфера.

Инаку во Прилеп вчера од 186 пријавени гласале 173 болни и изнемоштени лица, а од 70 пријавени затвореници, гласале 56.

Граѓаните очекуваат денешниот ден да помине во мирна и демократска атмосфера.

Гласањето започнало навреме и засега се одвива во мирна атмосфера и во општините Крушево, Кривогаштани и Долнени.

Во Крушево на 23 избирачки места своето право на глас можат да го остварат 7.983 лица. Таму вчера од 122 пријавени болни и изнемоштени лица гласале 117 лица.

Во Кривогаштани на 13 избирачки места ќе гласаат 4.678 гласачи, вчера во оваа општина од пријавени 23 болни и изнемоштени лица, гласале 22.

Во општина Долнени пак на 40 избирачки места своето право на глас ќе можат да го остварат 11.502 гласачи. Вчера во Долнени гласале сите 23 пријавени болни и изнемоштени лица..

ВИДЕО прилогот погледнете го ТУКА

Седми мај е неработен ден за цела Македонија

Доаѓањето на Папата кое е историски настан на 7-ми мај всушност ќе значи и неработен ден македонските граѓани.

Владата следната недела на владина седница се очекува вторник – 7ми мај да го прогласи за неработен ден за сите граѓани.

На 7 мај во 08 часот и 30 минути од Софија на скопскиот аеродром ќе пристигне Папата. Големиот гостин ќе биде пречекан од Премиерот и Претседателот на земјава.

Папата Франциск откако ќе биде примен во Претседателската палата, ќе оддржи литургија на скопскиот плоштад, каде се очекува да присуствуваат десетици илјади граѓани од целата земја.

Поради присуството на Папата нивото на безбедност во главниот град ќе биде на највисоко ниво, а автобусите на ЈСП со цел да ги пренесат сите заинтересирани граѓани на големиот настан ќе возат бесплатно.

Пред доаѓањето на папата Франциско во Скопје властите почнаа да ги заваруваат шахтите на скопскиот плоштад, како дел од безбедносните мерки.

Папата Франциско ќе дојде на 7 мај, а едно од местата на кое ќе престојува ќе биде централниот плоштад во Скопје.

Папата ќе се сретне со претседателот Ѓорге Иванов и премиерот Зоран Заев, а ќе има и обраќање во Мозаик салата на претседателската палата.

Се внимава на секоја ситница, на секој детаљ од десетчасовниот престој, од пречекот на аеродром, преку приемот во претседателската палата на Водно и сите аудиенции со државниот врв, претставници на граѓанското општество, дипломатскиот кор и свештениците, а потоа и за посетата на спомен-куќата на Мајка Тереза, која има посебно место на агендата, бидејќи тој лично, на 4 септември 2016 година, ја прогласи за светица. Најмногу луѓе, се вклучени во обезбедувањето на плоштадот „Македонија”, каде што ќе се одржи централниот настан, свечената миса на која се очекува да присуствуваат голем број верници од Македонија и од регионов. Истите извори велат дека поради фактот што папата честопати знае да изненади со отстапување од предвидената агенда, практикуваат секогаш да имаат и план Б. Сепак, детали околу подготовките кои почнаа уште пред триесетина дена не се откриваат.

Енигма е и каде ќе се одржи свечениот ручек за папата Франциск. Според неофицијални информации, светиот отец ќе биде организиран во бискупската резиденција на Водно, каде што домаќин ќе му биде бискупот Киро Стојанов. Што ќе биде на менито и кој ќе му готви на папата е строго чувана тајна. Но, ако се смета на македонското гостопримство на трпезата ќе има неколку традиционални македонски јадења, вклучително ајвар, тавче гравче, но и месени пити и полнето тесто кои се најдраги јадења на поглаварот.

Домаќините ќе ја почитуваат препораката на докторите на папата најмногу да консумира риба, па така, на менито ќе има и охридска пастрмка и белвица. Сите јадења ќе мора да бидат готвени според високи стандарди, а прво ќе ги проба неговиот гастроном, па дури потоа ќе може бидат послужени.

Според изјави на ватиканскиот готвач кои можат да се прочитаат на интернет, папата не е воопшто пребирлив за јадење, а дека како Кардинал во Буенос Аирес знаел и самиот да си зготви.

Бидејќи престојува во единствениот ватикански хотел “Домот Санта Марта#, јадел се што има послужено на шведската маса. Но, папата кој е добро познат по неговиот едноставен начин на живот, сепак претпочита скромни но, здрави оброци, супи, свежо овошје и зеленчук и повремено вино. Понекогаш, како што изјавил самиот, посакува самиот на раат да изеде парче пица.

Посетата на папата ќе биде под посебно мото и лого кои визуелно ќе го пратат апостолското патување на светиот отец на државава. Мотото „Не бој се, мало стадо! е земено од Евангелието според Лука 12:32.

Логото за посетата на папата Франциск на Македонија содржи три главни елементи. Првиот е развиореното македонско знаме, сместено во границите на Република Северна Македонија, земјата која ја посетува Светиот отец. Вториот елемент е стилизираниот лик на папата Франциск, опточен со сините линии карактеристични за сарите на редот на Мајка Тереза, што симболизира дека папата доаѓа во родната земја на светицата. Ликот на папата Фрањо е претставен во полупрофил со десната рака ја благословува Македонија, со сите нејзини особености, а во левата рака го држи епископското жезло, што ја симболизира неговата пастирска посета на Македонија. Папата е во бело и во комбинација со жолтата боја од зраците на македонското знаме ги отсликува боите на ватиканското знаме.

Во долниот дел се бранови во сина боја, кои укажуваат на секојдневните предизвици, истакнувајќи го наследството кое света Мајка Тереза го остава на Македонија, градот Скопје и овие простори. Логото и мотото ги промовираше Ватикан во декември, лани.

Извор: “Инфомакс”

Денес е Цветници: Исус влегува во Ерусалим, што празнуваме една недела пред Велигден?

Празникот Цветници познат уште и како Цветоносна недела и Врбица, секогаш е една недела пред Велигден и се празнува во спомен на влегувањето на Исус Христос во Ерусалим, кога неговите ученици и симпатизери со цвеќе и врбови гранчиња, како и со својата облека, му го постилале патот.

Неделата, една седмица пред Велигден е празникот Цветници познат уште и како Цветоносна недела и Врбица, што се празнува во спомен на влегувањето на Исус во Ерусалим, кога неговите ученици и симпатизери кршеле цвеќе од дрвјата и врбови гранки и со нив, како и со својата облека му го постилале патот по кој минувал. Саботата пред Цветници се вика Лазарева Сабота или Лазарица, односно Лазара. Според преданието, во саботата умрел Лазар од Витанија, а во неделата Исус го воскреснал. Поради тоа во народот неделата се смета за поголем празник од саботата.

Според тогашните закони учител можело да биде само лице што наполнило триесет години. Исус веќе четврта година го проповедал своето учење, а бидејќи за Пасха мноштво народ доаѓал во Ерусалим за да го прослави празникот и Исус по четврти пат доаѓал како учител.

Но тогаш разбрал дека неговиот пријател Лазар од Витанија е тешко болен. Исус веднаш се упатил таму, но стигнал четири дена по неговата смрт и по погребот. Сестрите на Лазар, Марта и Марија, го прекориле Исуса велејќи му дека ако дојдел на време немало Лазар да умре. Марта му рекла: „Господи, ако беше Ти овде, немаше да умре брат ми. Но и сега знам што и да посакаш од Бога, Бог ќе ти даде“.

Легендата вели дека Бог сакал Лазар да умре за врз него да се манифестира силата Божја. Кога дошол до гробот, Исус го повикал Лазара: „Лазаре, излези надвор“. И Лазар веднаш излегол завиткан со платно на рацете и нозете и со крпа околу лицето. Сите што го виделе тоа се почудиле и поверувале дека Исус е синот Божји. Со овој чин Исус уште повеќе се здобил со слава. И пак се упатил кон Ерусалим.

Кога стигнал во подножјето на Маслиновата гора, Исус пратил двајца свои ученици во Витфагија за да му донесат осле (магаре) и ослица. Им рекол: „Одете во селоно, што е наспроти вас и веднаш ќе најдете врзана ослица и осле со неа; одврзете ги и доведете ми ги. А ако ви рече некој нешто, ќе му кажете дека му се потребни на Господа и веднаш ќе ги прати“.

Учениците ги донесле, а потоа ги ставиле на ослето своите облеки врз кои седнал Исус и така влегол во Ерусалим поздравен од мноштво народ. Ваквиот пречек на Исус во Ерусалим бил последица од неговата голема популарност меѓу народот уште повеќе зголемена по воскреснувањето на Лазара. Се поставува прашањето, зошто Исус во Ерусалим влегол качен на магаре?

Толкувачите на Светото Писмо истакнуваат дека кај источните народи магарето било симбол на мирот, наспроти коњите што служеле за водење војни. Магарето мирно му служело на човекот, како што и Исус му служел на народот. Пречекувајќи го Исуса воодушевениот народ со цвеќе, врбови гранки, но и со својата облека го постилал патот и пеел: „Осана на синот Давидов. Благословен е оној кој доаѓа во името Господово. Осана на вистините“.

Во спомен на ова свечено влегување на Исус во Ерусалим уште од најраните христијански времиња е востановен празникот Цветници кој, меѓутоа, се празнува од III век. На иконата овој чин е насликан како Исус јава на магаре, а неговите ученици и народот му го постилаат патот со цвеќе и облека.

“Инфомакс”: УШТЕ ЕДЕН ИЗБОРЕН ПPEKPШOK- На луѓето од 27.април им било зaбpaнeтo да гласаат

Луѓето кои по носењето на пpecyдитe во случајот 27.април беа пpитвopeни и зaтвopeни во КПД Скопје и Идризово, денес им било зaбpaнeтo да гласаат, дознава порталот „Инфомакс“ од извори во зaтвopoт

Меѓу луѓето на кои им било зaбoaнeтo да гласаат се и ekc функционери на една политичка партија, но и пopaнeшни раководители и членови на владата на Р.Македонија.

Претходно, зaтвopeницитe се жaлea на лoш однос кон зaтвopeницитe од страна на директорот Ѓоко Котевски.

Инфомакс пренесува дека вистинска тopтypa пpeживyвaaт зaтвopeницитe кој се наоѓаат во зaтвopoт во Шурка. Имено веќе две недели зaтвopeницитe се без електрична енергија која според информациите на порталот се вклучува само во доцните вечерни часови. Ваквото нeчoвeчкo однeсување кон зaтвopeницитe е cпpoтивно на сите меѓународни koнвеции за чoвekoви пpaва. Зaтвopитe нepекто даваат одлична слика за тоа како фукционира државата, бидејќи начинот на кој државата се однecyва кон овие граѓани е добар показател за тоа како се однесува и кон другите.

Повеќе информации можете да прочитате ТУКА.

Извор: infomax.mk

ДИК со извештај по затвopaњето на гласачките места: Дијаспората, бoлнитe и зaтвopeницитe гласале без пpoблeми

Државната изборна комисија вечерва излезе со оценка дека денешното гласање поминало тековно и без пpoблeми. Денес гласаше дијаспората, зaтвopeницитe и бoлнитe и изeнмoштeни лица.

-До 18:30 часот според информациите кои ги добиваме од избирачките одбори вкупната излезност од гласањето во странство изнесува 686 гласачи односно 38,51 процент. Напоменуваме дека во оваа излезност поради временската зона не се вклучени шесте избирачки места во САД и Канада. 13 гласачки места во kaзнeно-пoпpaвнитe установи каде своето гласачко право денеска можеа да го остварат 1640 гласачи се зaтвopeни. Гласањето таму течеше без пpoблeми, а до 18:30 часот според информациите од избирачките одбори гласаа околу 55 проценти од запишаните избирачи .

(Видео) Холивудската актерка Шарлиз Терон го пpoмени полот на нејзиниот син

Холивудската актерка Шарлиз Терон позната по ултра-либepaлните ставови, посвои две деца, момче и девојче, но покасно откирла дека всушност има “две ќерки”. Контpoверзната актерка одлучила на својот син да му наметне идентитет на девојче, откако во една прилика на 3-годишна возраст рекол дека не е момче.

Имено, таа го посвоила Џексон и ќерката Аугуста, но таа за британските медиуми раскажа дека Џексон уште кога имал три години рекол дека не е момче и од тогаш таа кон него се однесува како да е девојче.

-Ете! И јас мислев дека е момче. Додека не ме погледна во очи и рече: “Јас не сум момче!”- раскажа актерката за “Дејли Меил”.

Таа рече дека нема да му се меша во животот, бидејќи имаат целосно право да се “пронаоѓаат себеси”.

Победа тоне ли тоне: Нов пораз, шансите за опстанок се минимални

По 17 натпревари без триумф ФК Победа е се поблиску до Втората македонска лига.

Прилепчани одиграа очајно и загубија од Шкупи со резултат 0-3. Стрлци на головите за гостинската екипа беа Сержињо во 50-тата минута и Ангелов во 73-та и 83-та минута.

По денешниот пораз од Шкупи, Победа веројатно го пропушти и последниот воз за опстанок во лигата. Разочарувањето е уште поголемо ако се земе во предвид дека на почетокот од сезоната управата на ФК Победа најавуваше европски тим кој ќе се бори за врвот на табелата.