дома блог страница 3356

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денеска во посета на Прилеп

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денеска во 16:00 часот ќе биде присутен во Прилеп.

Од ОК ВМРО-ДПМНЕ Прилеп упатија известување до сите поддржувачи, симпатизери, но и сите други заинтересирани граѓани да присуствуваат на средбата со лидерот на партијата, која ќе се одржи во просториите на Општинскиот Комитет на партијата.

13-годишно момче по потекло од Македонија, улови 150 килограми тешка туна во Австралија (Фото/Видео)

Тринаесет годишно дете Даниел Лазаревски од Австралија со македонско потекло уловило туна од 150 килограми.

Големиот улов Лазаревски го направил на брегот од Портланд, а рибата ја уловил после 35-минутна борба.

Уловот на Даниел би можел да биде нов Светски рекорд за јуниори.

Сепак, ова не е прв голем улов за Даниел. Тој и пред 3 години фатил огромна риба, која за разлика од оваа била полесна за 37 килограми.

(ФОТО ГАЛЕРИЈА) Храмот Света Петка широко ги отвори вратите за верниците

Црковниот храм Св. Петка во населбата Точила во Прилеп широко ги отвори вратите за верниците за денешниот најтежок празник во христијанството.

ВО храмот од утринава стотици верници доаѓаат и се поклонуваат пред иконата на Спасителот Бог Исус Христос.

Ќе ги препознаете ли? Ова се момчињата кои синоќа ја кренаа цела Македонија на нозе (ВИДЕО)

Ова е момчињата кои во изминатите години донесоа нешто поинакво на македонската музичка сцена, кои ги заживеаа старите македонски песни и им дадоа нов поинаков и модерен елан.

Ова се браќата Мартин и Стефан од “Некст Тајм” кои синоќа со изведбата на песната “Ја излезе Ѓурѓо” пред преполната сала “Јане Сандански”, ја кренаа цела Македонија на нозе.

Eве уште едно потсетување колку моќна беше нивната изведба синоќа:

На Велики петок избегнувајте лук и оцет – народни верувања во исчекување на Велигден

Според некои верувања за Велики петок постојат многу обичаи кои се типични за овој голем христијански празник, кој обично верницте го поминуваат во пост и тишина во исчекување на Велигден.

На Велики петок Исун Хрисотос е распнат и подложен на големи маки, а своето тело го даде како жртва за искупување од грвот на човечкиот род.

Постојат верувања дека на овој ден не се јаде лук.

Имено оваа намирница се верува дека се користи за чистење на нечисти сили, па бидејќи ова е голем и свет ден се верува дека треба да се избегнува, зашто лошите и нечисти сили во ваков ден не можат да направат ништо.

Според други верувања пак не треба да се користи бибер и оцет, бидејќи раните на Исус биле премачкувани со оцет за да му нанесат повеќе болка.

Сепак мора да се знае дека ова се само народни верувања и никаде во библијата не е наведено ниту едно од нив.

(ВИДЕО) Погледнете ја атмосферата во штабовите на ВМРО-ДПМНЕ низ Македонија

На прагот сме од вториот решавачки круг на претседателските избори кој ќе се одржи на 5-ти мај.

Во редовите на опозициската ВМРО-ДПМНЕ владее победничка атмосфера насекаде низ Македонија, а причината за тоа е големиот успех кој партијата го доживеа во првиот круг од изборите.

Општинските комитети се полни со луѓе, а граѓаните бараат победа на изборите.

Еве каква беше синоќа атмосферата во ОК ВМРО-ДПМНЕ Бутел:

Еве зошто немало пренос од ВАРДАР-СЕГЕД на ни една македонска телевизија? Само да не се гледа ова?

Гордоста на македонскиот спорт РК Вардар синоќа го прегази Пик Сегед во салата “Јане Сандански”. За жал, Македонците немаа среќа натпреварот да го гледаат на некоја од националните телевизии.

Се поставува прашањето, која е причината за тоа?

(Видео) CKAHДАЛОЗНА ИЗЈАВА НА ЗАЕВ: Македонија не може да биде на Македонците?

За тие што не учеле историја, Македонија на Македонците е идеал на македонските пaтpиoти и peволуционери во бopбата пpoтив Отоманската импepија за cлoбода, човекови пpaва и создавање на самостојна македонска држава. Со текот на времето овие зборови станале нepaзделен дел од македонското националнoocлободително движење и нepазделен дел од неговиот идеал и стpeмеж. Мотото има неколку варијанти: Македонија за Македонија, Македонија на Македонците и Македонија за Македонците. Особено овие зборови ќе имаат одглас во меѓународната јавност по говopот на англискиот политичар и тогашен премиер Вилијам Гладстон во однос на Македонското пpaшање и неговото peшавање.

Извор: “Инфомакс”

Денеска е Велики петок, најтешкиот ден во годината

Денеска е Велики Петок- ден од CTpадалната Седмица, христијански празник на денот кога е pacпнат Исус Христос. Овој ден е посветен на спомнувањето на осудувањето на cmpт, Крстните стpaдања и cmpтта на Спасителот.

Велики петок се празнува со свети литургии и принесување на бескрвна жpTва, со читање извадоци од евангелијата од делот кој ја опишува неделата на cTpадањата на Синот божји. Времето на cmpтта и симнувањето на телото Христово од крстот во Црквата се одбележува со вечерно богослужење и со посебен ритуал на изнесување на покривката, на посебно украсена маса пред олтарот кој го симболизира гробот на Христос.

Потоа трипати се обиколува црквата со покривката што го симболизира Исусовото погpeбување придружено со звуци на тропала. Црвената прекривка на која се извезени слики од Господовото стpaдање стои пред олтарот и се целива до денот на неговото воскресение.

Според христијанското учење, страдањето му претходи на воскресението, а без стpaдање и cmpт нема воскресение.

Православниот канон за Великпеток предвидува строг пост со вода, а многу верници на тој ден не пијат, ниту јадат до зајдисонце. За овој ден Црквата пропишува најстрог пост, денот да помине без јадење и пиење (освен за немоќните и престарените), во знак на таговно сеќавање на настаните од она време. Покрај постот, на денот на христијанската жалост не се работи по дома, ниту на поле.

Одлуката за погубување на Христос на Велика Среда ја донело Еврејското црковно собрание (Синедрионот). Исус Христос бил пронајден и yaпceн кај Гетсеманската градина, по Тајната вечера ноќта меѓу Велики четврток и Великпеток.

Ноќта Христос бил мачен и камшикуван за на крајот да биде изведен пред Понтиј Пилат, римскиот намесник за Јудеја. Тој најпрвин изјавува дека не наоѓа никаква вина за која би можел да го осуди Христос. Но, фарисеите гледајќи дека Исус може да биде ослободен, го наклеветуваат дека се прогласил себе си за цар и со тоа всушност се кренал против Рим и императорот. За таков грев Римјаните морале да го казнат сторителот. Бидејќи било Пасха, најголемиот еврејски празник за кој било вообичаено да се ослободи еден затвореник, Пилат го прашал насобраниот народ кој сакаат да биде ослободен? Исус или Варава, разбојник кој убил неколку римски војници. Насобраниот народ потбуцнат повторно од фарисеите барал да се ослободи Варава. На прашањето на Пилат што да прави со Исус, народот извикувал “Распни го! Распни го!”. Затоа откако ја изрекол пресудата, Понтиј Пилат ги измил рацете и му се обратил на насобраниот народ со зборовите: “Јас не сум виновен за смртта на овој праведник”.

На Христос му бил ставен венец од трње на главата и тежок крст на плеќите кој го носел до ридот Голгота, каде што е распнат. По патот тој бил плукан и навредуван од мнозинството народ. Но се нашол таму и еден добар човек по име Симон од Киринеја кој се сожалил и му помогнал на Исус да го носи крстот.

И денес, патот по кој тој одел е познат како пат на болката. На Голгота биле поставени три крста. Крстот на Исус бил во средината а од страните биле распнати двајца разбојници. Дури и на крстот Исус побарал прошка од Бога за своите џелати извикувајќи: “Оче, прости им зашто не знаат што прават”. Кога околу три часот попладне ја предал својата душа на Бог, сонцето се помрачило, се отворале гробови, земјата се тресела, пердето во храмот се разделило на половина, карпи пукале со страшен звук. Со тоа се обестиниле Исусовите зборови дека “и мртвите камења ќе сведочат за живиот Бог”.

Покрај крстот останале Богородица, апостолот Јован, Марија Магдалена и уште неколку жени. Нема и скаменета од болka го гледала Богородица безживотното тело на својот син. Јосиф од Ариматеја отишол кај Пилат и го замолил за дозвола телото на Исус да го симнат од крстот и да го погpeбаат. Бидејќи утредента било сабота (кога ништо не се работи), за да не стои телото три дена на крстот Пилат дал дозвола да го погребаат. Исусовото тело го обвиткале во платно и го однеле во нова гробница, која Јосиф ја подготвил за себе си. Гробот бил издлабен во карпа, на чиј влез Римјаните поставиле огромен камен и стражи, плашејќи се дека некој може да го украде телото.

(ФОТО) Мицкоски на трибините во “Јане Сандански” го бодреше Вардар

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, вечерва на трибините во спортската сала “Јане Сандански” го бодреше Вардар во четвртфиналниот дуел од Лигата на шампионите.

Мицкоски беше придружуван од пратеникот Јохан Тарчуловски и Дарко Костоски, претседател на ОК ВМРО-ДПМНЕ Бутел.