дома блог страница 3355

(Фото+Видео) “ПАТОТ НА COЛЗИTE” ВО ЕРУСАЛИМ: По него за последен пат одел Исус! Секое од 14-те застанувања одбележува по еден настан од Христовото стpaдaњe

“Патот на coлзиTe” (Via Dolorosa) е улица во стариот Ерусалим. Тоа е последната улица по која поминал Исус Христос – кон ридот ГолгoTa. На патот има обележано 14 станици, а секоја одбележува библиски настан од Христовото cТpaдање.

Најпрва е Вила Антонија, римската тврдина во која Исус бил осуде на cmpт. Второ е Литостротос- месотот на кое Исус ја добил круната од трн и го земал својот крст.

Во близина се наоѓа римската католичка црква “Ecce Homo”, во знак на сеќавање на зборовите кои ги изговорил Понтиј Пилат кога го изложил Исус пред евреите (Еве го човекот).

„Инстаграм“ има нова опција за „стори“

Андроид и iOS корисниците на апликацијата „Инстаграм“ отсега имаат можност да користат нова опција „Quiz“ во склоп на „Инстаграм стори“ опцијата.

„Quiz“ е можност за поставувае прашања и однапред дефинирање одговор, од кој гласачот бира еден. На крајот е можно да се видат резултатите на квизот, а најдолго до 24 часа, колку што траае Инстаграм стори објавата.

Како „Инстаграм квиз“ опцијата се користи и како изгледа погледнете во официјалната објава на „Инстаграм“ на мрежата „Твитер“.

Претходно, минатата недела се појави шпекулацијата дека „Инстаграм“ тестира промени кои ја вклучуваат и можноста самата централа да ги скрие „лајковите“ од вашата публика.

Ученик од Прилеп напиша песна која допира директно во срце и душа: “Ех Македонијо, секаде те заменија секаде те избришаа, па дури име ти сменија”

Филип Јошески е 18-годишен ученик во СОУ “Ристе Ристески – Ричко” од Прилеп. На својот Фејсбук профил Филип напиша искрени зборови кои ја отсликуваат денешната состојба во државата.

Австрија бара работници: Ова е листата на најбараните професии, а процедурите за луѓето од Балканот сега се намалени

Австрија ја објави овогодинешната проширена листа на дефицитарни професии.

Во однос на минатата година, листата е проширена за 45 дефицитарни професии, што е за дури 20 професии повеќе од минатата година, се наведува во соопштението.

На сајтот на Здружението “Privileg” може да се види листата на сите 45 дефицитарни професии за 2019 година, критериумите за квалификуваниот кадар, како и системот на бодување.

Како најбарани работници се машинските техничари, изолатери, електротехничари- инженери, стругари, заварувачи, машинобравари, готвачи, техничари од различни профили…

Австриските власти најавија дека граѓаните на западна Европа ќе имаат можност не само за населување на Австрија, туку ќе имаат и олеснување во поглед на укинувањето на апсурдните одредби кои непотребно создаваа различни компликации.

Исто така потенцирано е дека минималната плата која ја земаа работниците од други држави веројатно ќе биде намалена.

Мицкоски: “100 причини зошто да го казните 3ЛOCTOPHИЧKOTO 3ДPУЖУBAЊE во градот херој”

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денеска е во посета на Прилеп. Мицкоски ја посети црквата Свето Благовештение, а потоа се упати на средба со бизнис секторот од градот.

До крајот на својата посета, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, ќе оствари средба и со членството на партијата и граѓаните на Прилеп.

Тој посочи дека постојат голем број причини зошто прилепчани треба да го казнат СДСМ, Зоран Заев и Пендаровски на вториот круг од претседателските избори на 5-ти мај.

Како причини за поразот на власта во Прилеп тој ги посочи хаосот во Старата чаршија и мега објектите на функционерите на СДСМ, пониските пензии за 12.000 пензионери од Прилеп, измамените работници од прилепскиот загубар Еурокомпозит, повисоките сметки за вода за околу 60%, катастрофалното ниво на капитални инвестиции од локалната самоуправа и Владата во градот, но и заканите, уцените од функционерите на СДСМ, како и порастот на kpиминалот.

На сето ова граѓаните можат да додадат уште цела низ други причини поради кои СДСМ, Зоран Заев и Пендаровски високо ќе бидат поразени во Прилеп, рече Мицкоски.

Мицкоски за Велики Петок во црквата Свето Благовештение во Прилеп (ФОТО ГАЛЕРИЈА)

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска во посета на Прилеп.

“Денес е Велики Петок, тежок ден и голем празник за православните верници. Го посетив црковниот храм Св. Благовештение во Прилеп. Во овие тешки времиња за нашата Македонија и сите нејзини граѓани посакувам што побрзо да се избави земјата од овие црнила, делби и назадување. И голем број на граѓани се незадоволни, гневни, чувствуваат апатија, и тоа чувство е со причина, затоа ние ќе донесеме надеж и вистински напредок, решенија за проблемите, одговорот на апатијата е единствено со масовност на изборите и глас за правдата, честитоста и развојот. За Македонија”, напиша Мицкоски на Фејсбук.

Јане Ченто до “бојкотирачите”: Вашиот бојкот ќе го донесе Стево за претседател а со тоа и ќе се легитимира проектот “ Северна “

Почитувани граѓани кои го бојкотиравте првиот круг на изборите, сметам дека треба да Ви се обратам Вас бидејќи Вие имате допринос што беше излезноста само 41 отсто и убеден сум дека од Вас зависи дали Силјановска ќе биде новиот претседател и дали ќе има предвремени парламентарни избори на есен кога конечно ќе ја испратиме оваа криминална банда во историјата или ќе одлучите да го бојкотирате и вториот круг за да можат Заев и неговата криминална банда да владеат уште најмалку 2 години каде што ќе се обидат да ја зацврстат власта со сите можни средства.

Знам дека бројката за бојкот е голема но доколку гласате за Силјановска таа ќе биде новиот претседател и оваа криминална власт ќе биде на колена и ќе мора да си оди.
Вашиот бојкот ќе го донесе Стево за претседател а со тоа и ќе се легитимира проектот “ Северна “.

Реалноста е дека во овај момент де јуре, формално правно нашата држава е Република Северна Македонија, колку и јас и вие а и 75% од граѓаните на државата не се согласуваме со тоа име, но тоа е реалноста во овој момент, а Вие што планирате да бојкотирате и втор круг, ако мислите дека со бојкот на овие избори ќе го промените името, се лажете.

Нас противници ни се Заев и неговата влада кои го сменија името на сила и со трговија на пратеници, а Вие ако бојкотирате и не го дадете гласот за Силјановска ќе имате уште еден противник пред Вас а тоа ќе биде Стево Пендаровски.

Од Вас зависи дали ќе го имаме за противник Заев и неговата влада и нивната погубна политика или ќе се бориме против Заев како премиер и Стево како претседател, кој патем овој двоец ќе добие апсолутна моќ од државните институции, по која тешко ќе биде да се срушат од власт.

Побрзо ќе го поразиме Заев доколку е сам, а Вие доколку бојкотирате бидете убедени дека Стево Пендаровски ќе биде новиот претседател, а Заев ќе добие многу време за да ги консолидира своите редови во наредните 2 години.

СДС сега се во слободен пад после катастрофалниот резултат што го имаа на 21 април и поддршката за опозицијата (тука мислам на сите опозициони партии) ќе расте и тоа треба да се искористи во овие клучни моменти за пресврт на политичката ситуација во државата.

Нека не ве лажат дека Албанците ќе му ги дадат 100 отсто гласовите на Стево во втор круг бидејќи тоа е лага, и Албанците се свесни и сакаат да го срушат Заев и неговите партнери во власта, бидејќи и Албанците сакаат промени, промени на подобро од овие две минати години во ужас и лаги кои им ги сервира Заев, бидејќи ни СДС, ни останатите коалициони партнери во владата не ги исполнија ветувањата кои им ги даваа на нашите сограѓани Албанци.

Ако ги бојкотирате претседателските избори на 5 мај поради името Северна тоа значи дека сите наредни избори ќе ги бојкотирате, бидејќи Заев и Стево ќе бидат на власт, а тие нема да се заложат да го послушаат гласот на народот за името, тоа бидете убедени.

Кога требаше бојкот за референдумот и јас повикав на бојкот и тогаш народот успеа во својата зацртана цел, но сега Ве повикувам да размислите дека со бојкот на овие избори само ќе ги зацврстите Заев и Стево на власт, а доколку гласате за Силјановска тоа е крајот за нив и нивните политички кариери и ќе биде почеток на нова епопеја на борба за подобра иднина, за чест, достоинство, правда за Македонија и за сите нејзини граѓани.

За крај да резимираме:

– Гласот за Силјановска е глас за борба, за чест, достоинство и правда за Македонија и нејзините граѓани.

– Бојкот и глас за Стево е глас за легитимирање на Северна и останување на Заев на власт, и нивно продолжување на газење на честа, достоинството и правдата на Македонија и нејзините граѓани.

Изборот е Ваш, се надевам дека ќе ја видете оваа историска шанса да ги испратиме транзициските политичари во историјата и дека ќе гласате за бројот 2 односно за проф. Силјановска Давкова за да можеме да ја испратиме оваа криминална влада во историјата и на есен да дојде нова, чесна, достоинствена и праведна влада.

Влада составена и од десни и од леви партии кои и мислат добро на државата и на граѓаните, влада од чесни Македонци, Албанци, Турци, Срби, Бошњаци, Роми и останати етнички заедници.

Републиката треба да ја издигнеме од калта во која ја закопа оваа криминална банда и ќе успееме во издигањето сите сплотени.

Промената започна на 21 април а на 5 мај треба да удриме печат на победата за подобра Република Македонија.

Да живее Република Македонија!

Летечкиот Русин им се заблагодари на Македонците и Македонија

Тимур Дибиров, или летечкиот Русин како што го нарекуваат, синоќа го одигра последниот меч на домашен терен за Вардар.

Црвено-црните забележаа висока победа над Пик Сегет и се пред пласман на фајнал фор турнирот во Лигата на шампионите.

Дибиров на Фејсбук се заблагодари на Македонија и Македонците за целата поддршка во изминатите години.

Фото од граничниот премин “Богородица”: Рој Македонци на продолжен викенд во Грција

Фотографија од утрово на граничниот премин “Богородица”.

Македонците традиционално во огромен број патуваат на продолжен викенд во Грција за Велигденските празници.

“Oбвинителkaтa што гони невладини, молчи за 3ЛOCTOPHИЧKATA ГPУПA што го уништувала Прилеп? Еве ја снимката за да се потсети”

Вистински xaoc се случи на трибината на СДСМ во Прилеп, откако член на партијата нeзaдoвoлeн од изборните резултати реши да им пренесе на лидеpитe на партијата во што е пpoблeмoт.

“Во Прилеп ни се случи дeбaкл. Teжoк дeбaкл. Освоивме 17.000 гласа пoмaлкy од изборите кога Хари Локвенец беше кандидат за градоначалник. Знаете зошто? Јас тие ги нарекувам злocтopничko здpyжeниe, една група луѓе кои направија `pшyм во партијата!“ – рече членот на партијата.

Ваквата реторика на прилепчанецот видно го изнepвиpa претседателскиот кандидат Стево Пендаровски, кој се обиде да го зaмoлkнe, па му yпaднa во збор кажувајќи му дека „нeмa потреба сега да ги cпoдeлyвa пpoблeмитe“ и дека сите имале такви пpoблeми.