дома блог страница 3354

Taжeн крај на 17 годишната идила: Штркот Клепетан го нема цела недела, Малена од тага одбива да јаде (ВИДЕО)

Штркот Клепетан го нема да се врати во гнездото повеќе од една недела, од трите јајца две се смрзнаа, а едно е сматок, раскажува Стјепан Вокиќ, за 24 Сата, за тажниот крај на 17 годишната идила на двојката штркови.

– Потомци од Малена и Клепетан никогаш нема веќе да има, а досега одгледаа 66 потомци, вели Вокиќ.

Низ светот е позната приказната за љубовта и приврзаноста на двата штрка, Малена и Клепетан во хрватски Бродски Варош, која сигурно е завршена. Клепетан оваа пролет подрани една недела со враќањето кај Малена, која преку зимата останува во Хрватска оти не може да лета. Водеа љубов, Малена снесе три јајца, а идилата траеше три недели. Тогаш се тргна наопаку, пишува порталот.

– Клепетан го дочекувам 17 години. Лани со Малена имаа 7 јајца, а оваа година нешто лошо се случи или во прашање е старост на птицата. Имаа само три јајца. Во сите овие 17 години од нивната љубов се испилија 66 штркови. Тоа е раритет во светски размери, кога се во прашање штркови, вели Вокиќ.

Штрчицата Малена тешко го поднесувала отсуството на Клепетан.

– Постојано е во гнездото, штрака со клунот постојано, и недостига Клепетан. Потоа го става клунот меѓу нозете, како да плаче. Среќа во нејзината несреќа е тоа што 17 години поради скршеното крило Малена есента, зимата и дел од пролетта ги поминува со мене, а сега така ќе биде по цела година. Клепетан ќе и недостига. Но, на свет донесоа 66 птици, има на што да се гордеат, вели Вокиќ.

Иванов со честитка за Велигден: “Не постои појасна порака за Божјата љубов и милост кон луѓето од Велигден”

Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, по повод големиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден, упати честитка до сите православни христијани во Република Македонија, како и до сите верници на Евангелско-методистичката црква во Република Македонија:

“Дозволете ми, на сите верници од православна вероисповед како и на сите верници на Евангелско-методистичката црква во Република Македонија, да упатам искрени честитки по повод најголемиот христијански празник – Велигден. Ова е, воедно, и мојата последна велигденска честитка за време на мојот мандат како Претседател на Република Македонија.

Преку Господ Исус Христос, Бог се стави на наше место. Со својата физичка смрт на крстот, Тој нè помири со себе и нè ослободи од последиците на нашите гревови и промашувања. Со своето физичко воскресение од гробот, Тој ја воскресна надежта кај луѓето за подобар свет и подобра иднина.

Не постои појасна порака за Божјата љубов и милост кон луѓето од Велигден. Речиси два милениума оваа порака им помагала на христијаните во Македонија да ги издржат и најстрашните прогонства, да им одолеат и на најсилните искушенија и да ги пребродат и најголемите премрежија. Велигденската порака создаде духовно променети луѓе кои го менувале духот на нашето општество и преку простување, солидарност и почитување се вклучувале во она што Св. Климент Охридски го нарекува престигнување во добрина.

Овој Велигден за нас е посебен бидејќи го празнуваме во пресрет на посетата на поглаварот на Католичката црква, папата Франциск. Длабоко верувам дека оваа посета е важен поттик за духовна обнова на Македонија, македонскиот народ и македонските граѓани.

Во оваа пригода и на овој Велигден сакам да ги повикам сите луѓе со чисти срца и со добра волја, независно од тоа дали припаѓаат на православната, католичката или протестантската гранка на христијанството или, пак, на сосема различна верска традиција или светоглед, да се вклучат во духовната обнова на Македонија. Ова е поттик да се вклучиме во изградба на хумано, праведно и слободно македонско мултиетничко и мултирелигиско општество втемелено врз трајните етички и морални вредности.

Честитајќи Ви го најголемиот празник, Велигден, Ви посакувам празничните денови да ги поминете во добро здравје, мир и спокој.

Христос воскресна!
Навистина воскресна!”

Го прашаа потпаролот Песков кога Путин успева да спие: Неговиот одговор ги насмеа сите

Потпаролот на Русија Димитриј Песков говореше за густиот распоред на претседателот Путин.

Владимир Путин пред два дена долета од Чита во Владивсток, каде разговараше со севернокорејскиот лидер Ким, а потоа замина на дводневна посета на Кина.

Новинарите ги интересираше кога претседателот успева да спие?

„Тој е Путин, тој не спие.Само работи“ рекол на шега Песков.

Освен учеството на мегународната соработка„Еден појас- еден пат“Путин имал серија билатерални средби, како и разговор со претседателот на Кина.

СЕЛА: До четврток Алијанса за Албанците ќе одлучи дали ќе поддржи некој од кандидатите

Граѓаните се слободни сами да одлучуваат за кого ќе гласаат во вториот круг, вели претседателот на Алијанса на Албанците, Зијадин Села во интервју за 360 степени. Алијансата на Села застана зад професорот Блерим Река, кој, пак, доби над 70.000 гласови во првиот круг. Гласовите на Река ќе бидат одлучувачки за вториот круг во кој влегоа Стево Пендаровски и Гордана Силјановска.

За додворувањата што сега ги упатува Силјановска кон гласачите на Река, Села вели дека тоа е нејзино мислење.

Но изгледа дека политичарите не ја сфатиле пораката, не треба да се обраќаат на партиите туку граѓаните. Ние не паѓаме под влиjaние на убавите зборови кои некој ги кажува за нас – додава тој.

Села не одговара конкретно на прашањето дали ќе излезе на гласање на 5- ти мај и вели дека тоа ќе се види на денот на гласањето.

Граѓаните треба да одлучат дали ќе гласаат и за кого. Ние имавме само еден кандидат. Конечниот став ќе го имаме по седница на централното претседателство следната недела. Но лично јас како претседател на Алијансата, пораките што ги имав за пренесување, а бев многу јасен, ги дадов во кампањата додека имавме кандидат за претседател. Нашата изборна кампања заврши во неделата на 21 април кога ги дознавме резултатите. Кој ќе биде ставот на Алијансата ќе се дознае по седницата на претседателството на партијата. Но нашиот принцип е дека се уште не е дојдено време албанските гласови да одат за македонските политички партии – вели Села и додава дека седницата на претседателството ќе се одржи во среда или четврток следната недела, односно само неколку дена пред одржување на вториот круг.

Ќерката на Михајловиќ е вистинска убавица (ФОТО)

Прославениот фудбалер Синиша Михајловиќ иако нема наследници на теренот може да биде горд на своите деца. Неговата ќерка Вирџинија прерасна во вистинска убавица и редовно објавува провокативни фотографии на Инстаграм што на Синиша не му се допаѓа.

Вирџинија учествуваше во реалното шоу „Остров на познатите“ каде се стекна со голема популарност.

Направете ги за празниците: Супер вкусни „Фереро” бомбици готови за 5 минути

СОСТОЈКИ:

400 гр наполитанки, 200 гр еурокрем, 2 темни чоколади, малку мелени кикирики

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:

Подготовката е повеќе од едноставна. Наполитанките ситно се дробат со рака, а еурокремот и чоколадото ги топиме заедно на пареа.

Наполитанките се додаваат во смесата со еурокрем и чоколадо, по што се ставаат и кикириките.

Се прават топчиња и се оставаат додека да се стегнат во фрижидер.

Денеска е Велика Сабота, ден пред среќната вест во христијанството

Некои саботата пред празникот Велигден, наречена Велика Сабота, за празник ја сметаат само додека се во црквата, а потоа може да се работи. На овој ден се прават последните подготовки за празникот, се чисти куќата и се готви храна.

Во Мариово жените ги переле појасите верувајќи дека не ќе ги боли половината во текот на годината кога ќе копаат и жнијат.

Вечерта околу полноќ се оди во црквата каде што секој носи црвено јајце.

Во Радовиш носеле и свеќа и зелено гранче или цвеќе, а свеќата запалена од свештеникот ја носеле дома и со неа го запалувале огнот.

На полноќ сите присутни со тропарот „Христос воскресе“ три пати ја обиколуваат црквата.

Во црквата се останува за големата литургија, а потоа се причестуваат, се кршкаат со црвените јајца и се омрсуваат.

Прилепчани доследни на вepaта: Со пеење на третата статија вечерва голем број вepници го опеaa погpeбeниeтo Гocпoдoвo (Видео)

Со пеење на третата статија вечерва на Велики Петок, голем број прилепчани и млади и стари, го опеваат погребението на Господ Бог Исус Христос.

Утре вечер пак, на Велика Сабота, прилепчани кои важат за големи верници, во огромен број ќе ги исполнат дворовите на четирите храмови во градот и ќе ја прослават среќната вест за Христовото Воскресение.

“Поплава семакедонска на Широк сокак вечерва…Сиљановска ќе е победникот на 5-ти, веќе се насетува”

Битолчани со огромна поддршка за ВМРО-ДПМНЕ, лидерот Христијан Мицкоски и кандидатот за претседател Гордана Силјановска Давкова.

Широк сокак вечерва беше претесен да ги собере граѓаните кои се незадоволни од политиките на власта.

Инаку, Мицкоски денес беше во посета на Битола, при што се сретна со голем број на граѓани.

Пред присутните посочи дека власта соочена со пораз веќе започнала со заканите, уцени и притисоците, и затоа побара од битолчани да не попуштаат, затоа што, како што рече, деспотот е на колена и месеци се во прашање кога практично ќе им дојде крајот.

Видео од Бигорскиот манастир за Велики Петок кое ќе допре до срцето на секој верник: “Страданијата Христови”

Познатото македонско древно светилиште „Свети Јован Крстител“, попознат како Бигорски манастир објави видео запис за Велики Петок.

Наратор е Дејан Лилиќ, камерманите се Кристијан Теодоров и Александар Ивановски, музика и аранжман е на Петар Христов, а монтажа на Дарко Новевски.

Бигорски манастир е божјиот храм во земјата каде за првпат пред 11 години беше донесен Благодатниот оган.

На пасхалната богослужба последните години во Бигорскиот манастир присуствуваат по околу две илјади верници од сите делови на државава.