дома блог страница 3353

Mинистерот за одбрана ОРИГИНАЛЕН: Борко Ристовски им ја пушти на соиграчите во Бенфика “Земјо Македонска” (Видео)

Maкедонскиот репрезентативец, Борко Ристовски, по којзнае кој пат ја покажа својата оригиналност.

На своите клубски соиграчи во Бенфика им ја пушти “Земјо македонска”, а според реакцијата ним им годи една од најубавите македонски песни.

“Утакмица на гости, сите обединети за една, единствена Македонија”, напиша Борко.

Погледнете:

(Видео) Никој не знае што се крие на дното: Во океанот откриени миcтepиозни конструкции долги 120 километри

Според истражувањата кои се спроведени сателитски и со помош на “Google Earth” во потрага по мистериозни формации, пронајден е “мистериозен град” во Калифорнискиот залив, 60 километри од мексиканскиот брег.

Овој подводен град е огромно откритие, пред се поради својата големина и ленеарноста што укажува на тоа дека не станува збор за природна формација. Подводните структури кои се наоѓаат меѓи полустровот Долна Калифорнија и западниот брег на Мексико, се протегаат 120 километри.

ВМРО-ДПМНЕ Прилеп: “Мицкоски го виде овoј хаос во прилепската Стара чаршија” (Видео)

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, вчера беше во посета на Прилеп, каде ја посети црквата Свето Благовештение, имаше средба со бизнис секторот во градот, а одржа средба и со членството и симпатизерите на партијата.

Мицкоски посетата на Прилеп ја искористи и да прошета низ прилепската Стара чаршија. Од Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп велат дека претседателот на партијата ги видел објектите кои ја узурпираат чаршијата, а како што велат се во сопственост на високи функционери од СДСМ.

На оваа тема прес конференција деновиве одржа претседателката на Унијата на жени при ОК ВМРО-ДПМНЕ Прилеп, Ирена Стерјовска Локвенец.

Еве што посочи Стерјовска Локвенец:

Гордана Силјановска Давкова е фаворитот на младите, со 8% поддршка пред Пендаровски (ФОТО)

Кандидатот за претседател на Република Македонија, Гордана Силјановска Давкова, поддржана од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за подобра Македонија со убедливо водство помеѓу младите пред Стево Пендаровски, кандидат на СДСМ и ДУИ.

Силјановска е миленик на младите, имено според најновата анкета на агенција М-проспект спроведена за потребите на МТВ, Силјановска со 29.6% поддршка води пред Пендаровски со само 21.8% поддршка помеѓу младите од 18-29 години.

Разликата во поддршката помеѓу двајцата претседателски кандидати кај младата популација од 18-29 години е 8%, ова е популација која е најактивна и која е најзагрижена за иднината на државата и за тоа во кој правец истата ќе се развиваа. Ваквата поддршка помеѓу младите за Силјановска говори дека таа е кандидатот кој ветува промени и влева доверба кај луѓето што допрва треба да завршат образование и да се вработат и лицата кои завршиле и се вработени, но се на почеток на своите кариери.

Падот на поддршката кај младите за Пендаровски и за СДСМ е пред се поради лошите политики на власта во изминаативе две години, како и неостварените ветувања од типот на „ќе ги вратиме младите кои се иселени“ и ќе ја намалиме младинската невработеност, работи кои не само што не се случија, туку состојбата на тој план се влоши, имено младинската невработеност во државата е највисока во Европа со 50%, а во поглед на иселувањето релевантен е податокот на германската амбасада според која нивната амбасада издава и до 20.000 работни визи на годишно ниво, од кои најголем дел се за млади лица.

ВМРО-ДПМНЕ: “Непотистите го уништија фудбалот и ракометот, а и градот Прилеп е веќе втора лига? Шампиони сме само во kpиминалитет?” (Видео)

Почитувани спортисти, љубители на спортот, жители на некогаш најспортскиот град во некогашната Македонија, а сега насилно преименувана татковина. Покрај тоа што оваа локална власт ги направи ФК ” Победа” и РК” Прилеп” второлигаши, со непотизмот и хаосот го направи и Прилеп, градот херој, град од втора лига, но сега и двојазичен – посочи на денешната прес конференција Aлександар Танески од Комисијата за спорт при ОК ВМРО-ДПМНЕ Прилеп.

Прес конференцијата ја пренесуваме во целост во продолжение:

“Прилепчани се сеќаваат на прес конференциите на сегашниот градоначалник кој ги држеше заедно со спортските работници и ветуваше како тоа Прилеп ќе имал претставници во Лига на шампиони, како тоа ќе се изградел спортско-рекреативен центар во сала Македонија со затворен базен, нови спортски сали, трим патеки и што ли уште не

Прилепчани паметат – како им беше ветувано дека сала Македонија ќе биде храм на спортот.

Она што оваа локална власт досега го сработи е тоа што истите ликови од пресовите станаа нисители на функции, советници и т.н па така што, снемаа време за реализација на дадените ветувања.
Истите заедно со Заев одржаа прес на кој ветуваа дека ќе има спортски пензии.

Почитувани прилепчани,еднаш ве прелажаа,но знаеме дека оваа гарнитура која освен непотизам и неработење, која директно го уништи спортот нема да може да го повтори тоа.

Бараме на истите места,истите ликови да одржат нови прес конференции и да кажат зошто Прилеп го претворија во спортски, културен и економски ВТОРОЛИГАШ??

Локалните власти да застанат повторно со шалот од Победа пред стадион и да објаснат ,зошто негрижата за Победа ја закова истата на дното од табелата?

Ветуваа европска Победа, ветуваа премии и награди, за на крај да го уништат целосно клубот.

Колку за потсетување во време на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ, се изградија четири модерни спортски сали во училиштата, Ѓорче Петров, Кузман Јосифоски Питу, Ристе Ристески – Ричко и Добре Јованоски.

Се изградија и две тениски игралишта во ОУ Гоце Делчев и гимназијата Мирче Ацев, се изгради и мултинаменско игралиште.

Се изгради и мотокрос патека во населеното место Алинци, каде се одржуваа натпревари од светски карактер. Могилата на Непобедените доби фудбалски терен, а во нејзина близина се изгради и скејт парк.Градот доби нови фудбалски игралишта во населените места, доби и две балон сали кои за жал СДС ги уништи, како што успешно го уништува сето она што го наследи од минатата власт

Ова се само дел од многуте спортски проекти реализирани во нашиот град, кои најдобро говорат за тоа кој работи, а кој го преспива мандатот.

Она што СДС го направи за спортистите е смена на името на државата за која истите настапуваа, интонирање на химна без текст, понижување на нашите најголеми амбасадори, горчина во душите на спортистите кои срцето го оставаат на теренот за Македонија.

Затоа, падот на оваа ненародна, и неспособна власт започна на 21 Април а ќе заврши на 5 Мај со победата на професорката Гордана Сиљаноска Давкова.

Поразот на нивниот кандидат за претседател Стево Пендаровски, ќе значи почеток на крајот на погубните политики на СДС и нивната коалиција”.

(Видео) По 22 години повторно на мегдан со дива sвepka: Нурмагомедов во kлинч со мечка !

Суспендираниот УФЦ шампион Хабиб Нурмагомедов повторно на мегдан со мечка!

Хабиб на Инстаграм сподели слика со мечката и напиша: “Со стариот пријател”.

(Видео) Чудо божјо: Светна Благодатниот оган во Ерусалим- светлоста се рашири низ храмот

Благодатниот оган вечерва од Ерусалим преку Софија се очекува да пристигне на Меѓународниот аеродром Скопје, информираат од Македонската православна црква – Охридска архиепископија.

Благодатниот оган секогаш се чека на исто место и во исто време во црквата Воскресение на Исус Христос, односно гpoбот на Исус, во Ерусалимна Велика сабота.

За прв пат учествува и владика на МПЦ-АО, дел од бугарската црковна делегација. Епископот Јаков Стобиски ќе го донесе вечерва Благодатниот оган во Македонија.

(Видео) “Страшно невpeме пycтошеше во Прилеп и прилепско”

Cтpaшно нeвpeме ја зафати Македонија. Според информациите кои пристигнаа во нашата редакција, невремето предизвика големи штeTи во прилепско.

Од УХМР информираат дека во западниот дел на земјата и во северниот попладнево ќе има нестабилно време, со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

(Видео) МАКЕДОНЦИТЕ ОД АЛБАНИЈА ГО ПРОСЛАВИЈА ВЕЛИКИ ПЕТОК: Велики петок мacoвно одбележан во Албанија

Велики петок, нajтажниот ден пред големиот христијански празник Велигден, мacoвно беше одбележан во повеќе градови во Албанија.

Детална временска за Велигден: Каква ноќ не чека во сабота кога сите одиме во црква

По повод Христовото Воскресение следува метео прогноза за денешниот ден Велика Сабота како и за ноќта Велика сабота кон недела односно за време на Христовото воскресение:

Како што најавивме во текот на утрешниот ден се најголеми условите за локална појава на невреме проследено со интензивен пороен дожд, силен ветер, електрични празнења и појава на град, на повеќе места пак ќе биде нестабилно и тоа особено попладне со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, анализира Славчо Поповски.

Вечерта пак околу полноќ кон недела одоносно за време на Христовото воскресение, кога сите ќе бидеме во црквите и манастирите, атмосферата постепено ќе се стабилизира, иако само уште на исток вечерта има услови за локална нестабилност. Сепак, околу полноќ во најголем дел од државава атмосферата ќе биде стабилизирана.

Во случај на појава на електрични празнења во текот на денешниот ден, граѓаните да не претстојуваат на отворен простор и под осамени дрвја, додека пак овчарите своите овци да ги делат во помали групи со цел да ги заштитат.

Со оглед дека сеуште трае транспортот на прашина и на песок, и тоа особено денеска кога очекуваме на повеќе места врнежи истите ќе бидат помешани со прашина и со месок, односно дождот ќе биде нечист. Конечно оваа сахарска прашина и песок ќе замине од нашите краишта веќе од утре – додава Поповски во својата анализа.