дома блог страница 3352

Кирацовски Ви го честита Велигден

Генералниот секретар на СДСМ, Александар Кирацовски, упати честитка до поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, г.г. Стефан, до претставниците на МПЦ – ОА и до сите граѓани кои денеска празнуваат.

„Упатувам искрени и срдечни честитки до сите граѓани кои денеска го чествуваат големиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден.

Денешниот празник нека донесе спокој, радост, љубов и топлина во секој дом, во секое семејство и нека го зацврсти духот на заедништво кај сите граѓани.

Во духот на христијанските вредности, овие празнични денови нека донесат лична и колективна благосостојба и нека бидат поттик за сплотување околу солидарноста и меѓусебната почит и разбирање.

Ви посакувам убави празнични денови.

Христос воскресна! Навистина воскресна!“

(Видео) ЧУДО СЕ СЛУЧИЛО ЗА ВЕЛИГДЕН ВО ЛЕСНОВСКИОТ МАНАСТИР: Лора повторно пpoоде!

Гoлгoтaта на Лора со среќен крај ја раскажува нејзината мајка Олга Минова.
Лора била нopмално девојче се додека во еден миг не дoбилa пpeголеми бoлkи и и’ се згpчилe нозете.
Кога лекapите се oткaжалe од неа, родителите ја однеле во манастирот СВ.ГАВРИЛ ЛЕСНОВСКИ и Лора после мoлитвaта оздpaвела. Со игуменот чекорела во круг во манастирот а родителите со coлзи во очите го гледaле нивното чедо како повторно оди…13. годишната Лора повтopно била она девојче од пред една година…

Погледнете ја целата приказна раскажана од нејзината мајка Олга:

Уште еден голем меѓународен успех за џудо клубот “Бушидо” од Прилеп

Џудо клубот “Бушидо” од Прилеп во вчера учествуваше на Меѓународниот џудо турнир во Ниш, Србија. Боите на клубот ги бранеа 15 такмичари и истите се закитија со 15 медали, а девојките во категорија постари пионерки се закитија и со пехар.

Ова се освојувачите на медали:
– Илчо Малиновски- 3 место; Михаил Ацески- 3 место; Давид Мицески- 3 место; Стефан Талески- 3 место; Кристијан Магероски- 3 место; Милена Божиноска- 3 место; Сара Јанеска- 3 место; Теона Горгиоска- 2 место; Елена Малиноска- 1 место; Михаела Димоска- 3 место; Стефани Илиеска- 3 место; Матеа Илиеска- 3 место; Елеонора Илиоска- 2 место; Тео Петрески- 3 место; Христијан Здравески- 3 место.

Божјо чудо пред Велигден во црквата Свети Ѓорѓија Победоносец

Мироточивата икона во црквата “Свети Ѓорѓија Победоносец” почна да прави чуда!

Ова го потврдуваат членовите на црковниот одбор и старешината на храмот, отец Бобан Богдановски кои раскажуваат дека благодатот од молитвите пред иконата ја почувствувала една повозрасна скопјанка, на која, по цели десет години и исчезнале болките во нозете.

Целата статија можете да ја прочитате ТУКА.

Прекрасно! Голем број православни верници ја дочекаа среќната вест за Христовото Воскресение во Корча (Видео)

Голем број православни верници синоќа ја дочекаа среќната вест за Христовото Воскресение пред црквата Воскресение Христово во албанскиот град Корча.

Сиљановска: “Денес, повеќе од секогаш, водени од нашата духовна верба, треба да се сплотиме заедно”

“Ви го честитам најголемиот христијански празник Велигден, празник кој е основа на нашиот христијански живот и надеж. Денот кога вистината ја победи лагата.

Денес се потсетуваме на вековната порака на Исус Христос, за мир и пријателство, за човекољубие и меѓусебно почитување, за свое спознавање и достоинствен позитивен живот. Денес, повеќе од секогаш, водени од нашата духовна верба, треба да се сплотиме заедно, да бидеме едно на страната на правдата и правдината за нашата татковина Македонија.

Со верба во Бога, со мир во душата и љубов во срцето, да се радуваме, да си простуваме, да се сакаме и да се почитуваме. ХРИСТОС ВОСКРЕСНА!”, напиша Сиљановска Давкова на Фејсбук.

Внимавајте на празничната трпеза: Овие 10 велигденски симболи треба да се на неа

На Велигден семејството оди во црква на света литургија, а после службата се поздравува со: Христос воскресе! Навистина воскресе! Овој поздрав е вообичаено да се практикува до Спасовден.

Кога ќе се вратат од црква, семејството меѓу себе си честита Велигден и седнуваат на свечената трпеза на која мора да има:

1. Мед -симболизира апостоли. Сите тие како пчели на Исус го разнесувале Евангелието на разни страни.

2. Јагнешко месо -го симболизира Господ, роден во шталата меѓу јагнињата, гонет од луѓето со волчја нарав. Тој е жртвено јагне кое трпеливо ги поднесло маките и смртта.

3. Говедско месо -го симболизира човекот (мудрост, лав (храброст), волот (правдата) и тоа се четирите животни кои во визиите ги видел пророкот Језекил и светиот апостол Јован Богослов.

4. Вапцани јајца – тие се симбол на Велигден иако се предхристијански обичај. Овој симбол на пролетното будење на животот постои и во еврејската религија.

5. Леб -на масата мора да има леб, сол и риба. Сите намирници кои служат за подготовка на празничните специјалитети имаат длабока симболика. Лебот го симболизира Господ.

6.Квасец – тој е симбол на небесното царство „бидејќи од мал гумен квасец сето тесто се закиснува“. Затоа велигденскиот колач задолжително се прави со квасец.

7. Сол – укажува на вистински христијанин кој и останаите ги усмерува кон добро. Душата насолена со науката на Исус не подлегнува и не се расипува, а притоа им помага на блиските да ја одржат и да не се расипат.

8. Вино – претворањето на водата во вино го симболизира чудесното претворање на земниот човек во небесен. Виното е симбол на Исус, а лозата е симбол на следбениците Хистови.

9. Грозје, смокви, чичак и трња- тие се симболи на добрите и злите луѓе.

10. Риба – е симбол на сите луѓе. Ловот на риба означува ловење на човечки души за Божјото царство. Конзумирање на риба е дозволено во текот на постот.

Неверојатно: Во Англија судија исклучи фудбалер, а тој им ги угасна рефлекторите на стадионот

Фудбалер во Англија предизвика необичен инцидент за време на натпревар од аматерските лиги во Англија.

Како што објави „Метро“ ​​инцидентот се случил за време на натпреварот помеѓу Кидлингтон и Челтенхам Саразенс. Во 73. минута играчот на Кидлингтон, Јулиус Мурага доби црвен картон и го напуштил теренот. Набргу потоа снема светлина на стадионот. Подоцна се покажа дека Мурага ги исклучил рефлекторите.

Тој објасни дека не сакал да го стори тоа и дека мислел дека тоа е прекинувач за тушот, каде што отишол по исклучувањето.

Фудбалерот увери дека не се обидел да го наруши текот на натпреварот.

Пет минути подоцна, играта продолжи, а Челтенем победи со резултат од 3:1.

(Фото галерија) Илјадници прилепчани ги исполнија четирите црковни храмови во градот: Христос Воскресна!

Илјадници прилепчани вечерва ги исполнија до последно место четирите црковни храмови во градот.

Со среќниот поздрав “Христос Воскресна, навистина Воскресна”, си посакаа здравје, среќа и мир во сечиј дом.

XPИCTOC BOCKPECHA, НАBИCTИHA BOCKPECHA”: Нека радосната вест за Христовото Воскресение донесе мир, почит и разбирање во сечиј дом!

Денеска е најголемиот ден за православните Христијани. Христос Воскресна од мртвите и од земјата премина во вечниот небесен живот.

На овој ден подајте си рака, заборавете на се што било меѓу вас и ближните, чествувајте го името Божјо и поминете го денот во мир и благодет.

Бог нека ја благослови вашата празнична трпеза и нека го стопли вашиот дом со неговото присуство.

Подарете љубов, како што Господ Исус Христос ширел љубов и својата саможрва го спасил човештвото од гревови.

Божјата рака нека биде над сите, нека донесе мир на овие наши простори и нека ни го покаже вистинскиот пат.

“ХРИСТОС ВОСКРЕСНА – НАВИСТИНА ВОСКРЕСНА”