дома блог страница 3349

ПОЧНА АКЦИЈАТА ЗА СПАС НА ВАРДАР: Еве ја жиро сметката за донации! (ФОТО)

Од денеска и официјално започнува акцијата за спас на ракометниот клуб Вардар. По најавата на Сергеј Самсоненко дека во иднина нема да го финансира „црвено-црниот“ клуб, навивачите се обединија и најавија повеќе акции за спас на клубот кој нема да биде оставен на цедило.

Веќе е направен првиот чекор и објавени се двете сметки, денарска и девизна, на кои ќе можат да се донираат средства за клубот, што и носеше многу радости во последните години на македонската јавност, да биде повторно на здрави нозе.

Вардар е многу блиску до пласман трета година по ред на завршниот турнир во Лигата на шампионите, откако на првиот меч од четвртфиналето славеше над унгарскиот првак ПИК Сегед и ќе брани осум голови предност на реваншот.

“Ќе ве вработиме одма по избори, пак гласајте за нас” – Дали прилепчани ќе паднат на оваа политичка “финта”?

Последниве денови засилена е политичката активност на двата најголеми политички блока во Македонија. Тотално спротивна кампања, различни ветувања, но и различни очекувања.

За власта ова е шанаса да продолжи, според нив со развојот на државата Северна Македонија, поддршка за тие 625 милиони евра инвестиции, новите работни места…

За опозицијата ова е шанса да се казни неспособноста на најнеспособната власт според нив, и можност за предвремени избори на есен.

Во првиот круг победи ВМРО-ДПМНЕ, а СДСМ за 18 месеци загуби повеќе од 6.300 гласови во Прилеп.

Опозицијата очекува убедлива победа во вториот круг во, базирана на незадоволството од непотизмот, двојазичноста, хаосот во Старата чаршија, незадоволството во “Еурокомпозит” и неспособноста на локалната власт?

Чии тези ќе победат ќе видеме за 5 дена.

Локвенец: “Криминалот со полнењето на вештачкото езеро, го плаќате вие изманипулирани сограѓани? Казната следува во недела” (Видео)

“Почитувани 23.000 домаќинства во Прилеп кои редовно ги подмирувате сметките за вода иако 60% повисоки благодарение на Градоначалникот и оваа неспособна локална власт! Да ве потсетиме, иако тоа денес не тема на овој прес: ВИЕ верувавте, а дел и гласавте за 20% пониски сметки за вода, напротив како и многу други лаги, добивте тоа што ни на крај памет не верувавте” – посочи на денешната прес конференција Ирена Стерјовска Локвенец, претседател на Унијата на жени при ОК ВМРО-ДПМНЕ Прилеп.

Прес конференцијата ја пренесуваме во целост:

“ВМРО-ДПМНЕ подолг период алармира, дека оваа власт го испусти и го пресуши прилепското вештачко езеро. Со тоа, ја исуши и иднината на 10.000 семејства кои се занимаваат со земјоделие во регионов. Се што допреа уништија, затоа да не ве чудат овие хорор слики од сегашната состојба на езерото. (слики)
Апелиравме со најдобра намера, во периодот кога се можеше, да се спречи ова и да се спаси и езерото и земјоделците.

Денес е касно, а покрај тоа штетите од незнаењето, а можеби и желбата за криминал ги плаќате вие 23.000 семејства директно од вашите џебови.

Имено, прашуваме: “Дали е точно дека деновиве вештачкото езеро се полни со пивка вода од Студенчица, онаа вода која е 60% поскапена и за која во светот се водат војни?

Дали некој направил пресметка колку пари за колку кубици вода ќе легнат на контото на Студенчица, и од вашите прилепски џебови за нови партиски вработувања?

Дали некој ќе одговара за овој скандал?

Почитувани прилепчани,

Ова е втор пат некој да се богати на ваш грб! Првиот пат, вие ги платитле долговите на Тетово,Куманово,Струга,Охрид…на кои оваа неспособна Влада им исплати 50% од долговите што Вие не сте ги направиле. Вие плајќајте за други да купуваат Пасати од 70.000 евра, фотељи од телешка кожа, лубриканти за 1,5 милиони евра, а Прилеп, Прилеп нека се распаѓа!!

Затоа до 5ти мај сетете се, што се уништија овие од ЗЛОСТОРНИЧКОТО ЗДРУЖУВАЊЕ во Прилеп и имате можност да ги казните зад Параванот.

А за скандалот со пивката вода во вештачкото езеро и за злосторничкото здржување, очекуваме конечно реакција и од обвинителството”.

Видео: “Сме добиле кристално чист датум за преговори според портпаролот Бошњаковски? Чудна работа…”

Твитерџиите потсетуваат на изјавата од портпаролот на Владата, Миле Бошњаковски во 2018 година.

Имено, тој изјави дека Македонија добила кристално јасен датум за отпочнување на преговори за членство во Европската Унија.

Полнете резервоари, од полноќ ново поскапување на горивата

Регулаторна Комисија за Енергетика одлучи повторно по празниците да ја зголеми цената на горивата во Македонија.

Малопродажните цени на нафтените деривати согласно Методологијата за формирање на цените, се зголемуваат во просек за 1,12%. Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се зголемува за 0,50 ден/лит, во однос на цената утврдена со Одлуката од 15.04.2019 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 72,00 ден/лит.

Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98, на дизелот ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се зголемуваат за 1,00 ден/лит, во однос на цените утврдени со Одлуката од 15.04.2019 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 74,00 ден/лит, малопродажната цена на дизелот ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 63,50 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 52,00 ден/лит.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намалува за 0,078 ден/кг во однос на цената утврдена со Одлуката од 15.04.2019 година и со тоа цената на мазутот М-1 НС изнесува 34,377 ден/кг.

Овие цени важат две недели од одлуката, од ноќеска на полноќ.

Сообраќајка на улицата “Егејска” во Прилеп: Се судрија две возила (Фото)

Предмалку на раскрсницата помеѓу улиците “Кузман Јосифоски – Питу” и “Егејска”, се случи сообраќајна незгода.

Се судрија возила марка “Фолксваген” со охридски регистарски таблици и автомобил марка “Опел корса” со прилепски таблици.

Од сударот причинета е само материјална штета на возилата.

Необично јајце во прилепско: Некои велат дека наликува на картата на некогашна Македонија, некои на птица, а некои на волк (Фото)

Кокошка снела необично јајце во село Обршани. Ишараното јајце на некои луѓе им наликува на поранешната карта од Македонија, а некои тврдат дека наликува на птица или волк.

Погледнете ги фотографиите во продолжение и проценете сами:

Апасиев ја прифати поканата за средба со Силјановска

Крилото на Левица, предводено од Димитар Апасиев, ја прифати поканата за средба со кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ за претседател, Гордана Силјановска. На фејсбук страната на Левица, формирана по раздорот на партијата во две фракции, Апасиев порачува дека поканата за средба ја прифаќа поради околностите во кои се најде државата.

-Заради комплексноста на политичката ситуација во која се наоѓа Република Македонија, евидентна е потребата за отвореност кон соработка помеѓу сите политички чинители кои јасно застанаа против неуставните и недемократски процеси, со кои беа погазени основните демократски постулати: волјата на мнозинството граѓани и правото на самоопределување. Поради тоа, ја прифаќаме поканата за средба со кандидатот за претседател, проф. д-р Гордана Силјановска Давкова, со цел разгледување на можните заеднички позиции кои се од интерес за народот и Републиката, стои во објавата.

Силјановска претходно го повика Апасиев на средба порачувајќи дека го почитува неговиот „принципиелен став да се учествува или не на претседателските избори“.

-Искрено верувам дека членовите на Левица го делат истиот или имаат сличен став. Впрочем, многумина од партијата и лично ги познавам. Сигурна сум дека низ годиниве сум успеала да ги убедам дека, не само што се повикувам туку и живеам со принципите на правото, правдата и етиката. Таква ќе бидам и како претседателка: своја и непослушна како нив, единствено верна на владеење на правото. Подготвена сум да се сретнам со раководството на Левица и отворено да разговараме за тоа како можеме да работиме на остварување на заеднички цели кои се од интерес за сите граѓани, напиша Силјановска.

Во меѓувреме Апасиев објави и одлука на судот со која, како што тврди, го добил судскиот спор кој го водеше против Здравко Савески, како предводник на другата фракција во партијата. Според Апасиев тој останува единствен правен застапник на Левица.

Тешка сообраќајка во Прилеп: Со автомобил удрил во дрво

На 30.04.2019 година околу 00.40 часот на улица „Кеј 9-ти Септември“ во Прилеп, Н.Б.(35) од Прилеп, управувајќи патничко возило „Сеат ибица“ со скопски регистарски ознаки, изгубил контрола над возилото и удрил во дрво. Притоа, со тешки телесни повреди се здобиле две деца- сопатници на возраст од две и четири години и биле пренесени во Општата болница Прилеп каде им била укажана лекарска помош. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа екипа од Полициската станица Прилеп.

Македонската икона денес слави роденден: Стојанче Стоилов денес ќе наполни 32 години!

Капитенот на Вардар, Стојанче Стоилов денеска прославува роденден. Ракометарот кој важи за најголемиот бopец во редовите на „црвено-црните“ денеска ќе наполни 32 години. За каков ракометар се работи и не треба посебно да се зборува и она што тој го постигна во последните години го имаат малкумина. Тој е и првиот ракометар од Македонија кој како капитен го има подигнато пехарот од Лигата на шампионите.