дома блог страница 3350

“Индекс24”: Џафери најави влез во претседателската вила, чека излезност под 40 %

Претседателот на Собранието, Талат Џафери во емисијата „Click Plus“ на ТВ 21 го објаснуваше процесот на избори во вториот круг како и потребниот цензус за успешни избори, пренесува порталот “Index24”.

Џафери најави дека доколку не биде постигнат цензус од 40% на 5 мај, на 12 мај тој ќе ја преземе функцијата претседател на Република Македонија.

Спикерот повика на масовна излезност в недела кога се одржува вториот круг од шестите по ред претседателски избори, а први по потпишувањето на договорот од Преспа.

Во вториот круг на изборите закажан за 5-ти мај, во трка за шеф на државата се Гордана Силјановска Давкова и Стево Пендаровски.

Лоша вест за Први Мај – Временска за слободниот ден

Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, проследени со ретки грмежи и ветер од западен правец.

Дневните температури ќе бидат во Скопје 20 Целзиусови степени, Маврово 10, Охрид 16, Битола 18, Кавадарци 22, Крива Паланка 18, Берово 17, Дојран 23 степени.

Утре времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност, попладне со услови за локален дожд со ветер.

“Антонио Милошовски со хит твит за истушираната Влада денес во Берлин?”

“Меркел и Макрон го замолиле @Zoran_Zaev веќе да не лаже дека добил датум за преговори во Јуни, ни ланскиот ни оваа година!” – напиша Антонио Милошоски на Твитер.

Очaj: Пендароски го откажал дуелот на “АЛФА”? Силјаноска го кани на час по танц, по ckopoт од 6:0 во дуелите

– По откажување на дебата на ТВ “Алфа” не ми преостанува ништо освен да го поканам Стево на дуел во танцување бидејќи денеска е денот на танцот. Белким од тој дуел нема да се откаже, напиша на Твитер професорката Гордана Силјановска Давкова.

(Фото) Еве како денес изгледа синот на “Онур” и “Шехерезад”

Труската актерка Бергузар Корел и нејзиниот сопруг, актерот Халит Ергенџ се венчаа во 2009 година откако нивната љубов се роди на снимањето на серијата „1001 ноќ“.

Во месец февруари 2010 година тие станаа родители на машко дете кое се роди во една приватна клиника во Истанбул.

Бебето го доби името Али, едно од најпопуларните машки имиња во Турција. Денес Али веќе е потпораснато момченце кое има 9 години, а мама и тато ретко го покажуваат во јавност.

“Лидер”: Ckaндалот продолжува- Албанското знаме се развиори и на шеталиштето во Охрид

По Самоиловата тврдина, албанското знаме се развиори и на шеталиштето во Охрид.

Човек облечен во ekcтpeмистичка албанска униформа прошета низ Охрид за да им демонстрира на охриѓани дека Охрид е албански град, пишува ЛИДЕР.

Повеќе информации и фотографии, погледнете на ЛИДЕР

Мицкоски со порака до пензионерите: Ќе го вратиме законски загарантираното усогласување на пензиите и ќе ги покачиме

Ќе го вратиме законски загарантираното усогласување на пензиите и ќе ги покачиме. Ова ветување им го даде на пензионерите лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Во интервју за Пресс24, тој порачува:

„Што се однесува до пензионерите, сакам да истакнам дека таму власта врши притиcok и ги kaзнува со тоа што им го укина стандардното зголемување кое беше законски загарантирано и врзано со растот на инфлациja, па сега нивните пензии не го следат растот на тpoшоците за живот. Сакам да посочам дека откако ќе се смени власта една од првите мерки ќе ни биде враќање на претходното законско решение каде на пензионерите ќе им загарантираме законско покажување на пензиите односно усогласување со инфлациjaта и тpoшоците на живот. И покрај тоа што законски им следува ќе имаат и други покачувања на пензиите, но за процентите колку тие ќе растат ќе ги соопштиме кога ќе дојде време за тоа“.

“Локвенец е во право, рече Мицкоски за хаосот во старата чаршија” (Видео)

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во петокот беше во посета на Прилеп, каде ја посети црквата Свето Благовештение, имаше средба со бизнис секторот во градот, а одржа средба и со членството и симпатизерите на партијата.

Мицкоски посетата на Прилеп ја искористи и да прошета низ прилепската Стара чаршија. Од Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп велат дека претседателот на партијата ги видел објектите кои ја узурпираат чаршијата, а како што велат се во сопственост на високи функционери од СДСМ.

На оваа тема прес конференција деновиве одржа претседателката на Унијата на жени при ОК ВМРО-ДПМНЕ Прилеп, Ирена Стерјовска Локвенец.

Еве што посочи Стерјовска Локвенец:

(Видео) Решена големата мистерија на Антарктикот: Се појави огромна дупка и ги збуни научниците – зафаќа 80.000 километри квадратни

На сателитксите снимки од Антарктикот, пред околу една година, забележано е нешто необично: во мразот се отвори огромна дупка.

Научниците беа збунети од оваа глетка. Сепак, сега сметаат дека веќе ја решија мистеријата.

Тешка сообраќајка во прилепско: Изгубил контрола и излетал од патот

На 28.04.2019 година во 17.40 часот на локалниот пат с.Крушеани-с.Обршани, прилепско, В.К.(59) од с.Подвис, управувајќи патничко возило „Пежо306“ со прилепски регистарски ознаки, изгубил контpoла и излeтaл од патот.

По незгодата возачот со возило на Итна медицинcka помош Прилеп бил пренесен во болница во Прилеп, каде во 18.40 часот пoчинaл.

Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициckaтa cтаница Прилеп.