дома блог страница 3348

Дождот неизбежен дел од први мај: Утрово сончево и топло, попладне засолнете се под стреа!

Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, проследени со ретки грмежи. Ќе дува засилен ветер од западен и северозападен правец.

Минималната температура ќе се движи од два до осум, а максималната дневна од 15 до 23 степени.

Во Скопје, времето ќе биде променливо облачно со повремен дожд и услови за ретки грмежи. Температурата ќе се движи од седум до 20 степени.

Во наредните два дена во попладневните часови ќе има услови за краткотраен локален дожд и грмежи, а преодно стабилизирање се очекува во петок кога температурите ќе бидат во пораст. Нови пообилни врнежи од дожд се очекуваат од сабота кон крајот на денот.

Три преубави рецепти како да ги искористите насобраните јајца за Велигден

Ако се двоумите какво јадење да приготвите употребувајќи ги преостанатите велигденски јајца, еве три супер идеи.

Јајца полнети со печурки

Намирници – 4 варени јајца, 1 мала главица кромид ситно исечкана, 2 лажици маслиново масло, 150 грама печурки ситно исечкани, 2 лажици мајонез, 1/4 лажичка ким или кари во прав.

Подготовка

Излупените јајца пресечете ги на половина, жолчките отстранете ги од јајцата и ставете ги во друг сад. Кромидот пропржете го на маслиново масло, 5 минути на средна температура. Потоа додадете го на жолчките од јајцата и испасирајте се заедно со вилушка (или со блендер). Додадете ги сечканите печурки, мајонезот и зачините. Се добро измешајте (или изблендирајте). Потоа наполнете ги белките од јајцата со оваа вкусна смеса.

Пиперки полнети со јајца и пармезан

3 црвени пиперки, 400 грама тврдо сирење (биено или пармезан), 2 – 3 лажици кисела павлака, 1 лажичка мелен рен, сечкан копар, 3 варени јајца.

Подготовка

Ситно изрендајте го сирењето и потоа добро измешајте го со павлаката, додавајќи и рен и копар. Пресечете го долниот дел од пиперката и извадете го семето од неа. Наполнете ја пиперката со дел од смесата со сирење оставајќи простор за јајцето, па додадете го вареното јајца и врз него повторно додадете од смесата со сирење. Ставете ги полнетите пиперки во фрижидер да отстојат два часа, потоа пресечете ги дијагонално пред да ги сервирате.

Месен ролат со јајца

Намирници – 500 гр мелено месо по желба, 1 средна главица кромид, 2 чешниња лук, 1 лажица зачини (вегета), сол и црн пипер по вкус, 2 лажици презли, 1 лажица мелен црвен пипер, 1 јајце, 6 тврдо варени јајца.

Подготовка

Лукот и кромидот ситно се сечкаат па се додаваат на меленото месо. Се додава и јајцето и останатите состојки. Се заедно добро треба да се измеси. Потоа се растегнува на фолија претходно намачкана со масло. На средината на растегнатото месо се редат варените јајца едно до друго, потоа се витка во ролат. Краевите на ролатот добро завиткајте ги за убаво да се залепат и премачкајте го ролатот со масло. Ставете го да се пече во загреана рерна на 180 степени околу половина час. Штом ќе биде готов, оставете да се олади па сечете на кришки.

Денеска внимавајте! Може да „фрчат“ kaзни од по 200 евра!

Се апелира за првомајските празници да не се пали оган на отворен простор и да не се фрла отпад во излетничките места како што се Парк – шумата Водно, Парк на природата Гази Баба, СРЦ Сарај, Езеро Треска, кањонот Матка и друго.

Ќе се преземаат мерки и активности за превентивно дејствување, екипи ќе бидат присутни и ќе вршат контрола на јавните површини.

Казната за палење оган на јавна површина е 200 евра, а за фрлање и оставање отпад 50 евра.

Шише за бренди од Титаник продадено на аукција, цената е вртоглава

Сребрено шише за бренди коe му припаѓалo на патник од прва класа на Титаник е продаденo на аукција за 76.000 фунти (88.000 евра).

Сопственикот го добил шишето непосредно пред да загине кога бродот почнал да тоне. Додека бродот тонел, Хелен Черчил Канди му дала на Едвард Кент шише на кое е изгравирано мотото на нејзината фамилија „верни, но несреќни“.

Канди преживеала, а Кент загинал заедно со повеќе од 1.500 патници. Шишето е пронајдено во исто време кога и неговото тело. Сребреното шише е опишано како еден од најсилните тридимензионални предмети од Титаник понудени на која било аукција.

Силјановска: Го имате моето ветување – компромиси со правото не правам

Резултатите од првиот изборен круг многу кажуваат, предупредуваат и испраќаат порака. Затоа го имате моето ветување – компромиси со право не правам. Правото треба да се спроведува, за него не треба никој да преговара, ниту партија, ниту личност, истакна кандидатот за претседател на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Гордана Силјановска вечерва на трибина во општина Ѓорче Петров.

Се надевам, наведе Силјановска, дека ќе дојде денот кога нема партиите да бидат тие кои ќе тргуваат со граѓанските гласови, туку секој сам индивидуално ќе си го искористи своето право зад кутијата. Таа посочи дека е противник на избор на претседател во Собранието појаснувајќи дека во таква ситуација не верува во избор на најдобриот бидејќи, според неа, ќе го договорат.

Граѓаните се помудри, знаат да направат прав избор и знаат зад кутијата да бидат свои, нагласи Силјановска.

Според неа, на државата и се потребни реформи и тие треба да почнат од власта. Не треба да се сведуваат само на промена на името, туку, наведе таа, треба да се фатите во костец со криминалот и корупцијата, да ставите крај на непотизмот и на фамилијарните односи оти костурот на државата е државната администрација и бирократијата.

Како што јас себе ќе си ги ограничам привилегиите, така мислам дека една одговорна власт треба да сфати дека вака не може. Чувме од сите, Макрон, Меркел, Ји, дека доста е со глумење демократија на Западен Балкан. Доста е со импровизации, со глумци, преваранти. Тоа нема да се евалуира. Би била среќна да добиеме датум за преговори со ЕУ, но ние сме далеку од тоа. Во ЕУ се оди со владеење на право, со корупција и криминал сведени на нула, со крај на непотистичките вработувања. Но, Македонија не е таква земја и затоа и стигна предупредувањето, рече Силјановска.

Дополни дека пролетта е време за промени и оти датумот за претстојното галасање 5 мај може да биде почеток на градење нова македонска европска република и на демократски чекори што не можат да запрат при што граѓаните ќе го имаат последниот збор.

Според Силјановска, резултатот од првиот изборен круг во Ѓорче Петров ја охрабрува и радува и е инспиративен на 5-ти мај уште повеќе луѓе да излезат на гласање.

Нема подобра гаранција за демократската постапка и нема поголема контрола од бројот на избирачи. Благодарејќи ви, ве охрабрувам, ве инспирирам да си гласате по свое така како што ви кажува умот и срцето и мислам дека нема да згрешите. Ме имате овде пред вас со ветувањето дека она што сум го напишала во Програмата ќе го реализирам со ваша помош, рече Силјановска.

ВНИМABAJTE ЗА ПРВИ МАЈ: Утре ќе „фpчaт“ kaзни од 200 евра!

Се апелиpa за првомајските празници да не се пaли oгaн на отворен простор и да не се фpлa oтпaд во излетничките места.

Ќе се пpeземаат мepки и активности за превентивно дејствување, екипи ќе бидат присутни и ќе вршат контpoла на јавните површини.

Kaзната за пaлeњe oгaн на јавна површина е 200 евра, а за фpлaњe и ocтавање oтпaд 50 евра.

Атлетико Мадрид нуди 20 милиони за македонското “чудо од дете”: Елиф Елмас се сели во Шпанија ?!

Атлеткио Мадрид се вклучува во трката по македонското “чудо”.

Имено, Диего Симеоне го запишал Елмас на врвот од листата на желби на Атлетико за ова лето. За него ќе понудат 20 милиони евра и Никола Калинич.

Зимскиот трансфер период се водеше голема битka меѓу Реал Мадрид и Тотенхем за нашиот Македонец, но тој одлучи да остане во Фенербахче.

Во листата заинтересирани за Елмас се и Лацио, Интер, Фиорентина, Манчестер Сити, Дортмунд и Севиља.

(ВИДЕО) Интервјуто кое не смеете да го пропуштите: Дали, зошто и кога би можело да се формира Голема Албанија

Во синоќешната емисија “Во центар” на новинарот Васко Ефтов, беше емитувано интервју со поранешниот Адмирал во војската на Хрватска, Давор Домазет-Лошо, а тема беа геополитичките стратегии на големите светски сили, Русија, Кина и САД.

Во емисијата станува збор и за можноста за создавање на така наречената Голема Албанија и кога би можело да се очекува нешто такво и зошто.

60 минути кои целосно ќе го привлечат вашето внимание.

Сиљановска по средбата во Левица: “Со Апасиев заклучивме дека бојкотот не е решение” (Видео)

“По средбата со лидерот на „Левица“, Димитар Апасиев, заклучивме дека бојкотот на исклучително важните претседателски избори не е решение. Зборувавме и за Преспанскиот договор и правните механизми кои му стојат на располагање на претседателот за ова прашање. Искрено се надевам дека ќе ја добијам поддршката од нив на 5ти Мај”, напиша Сиљановска на Фејсбук.

Интервју со косоварот кој го закачи знамето: Охрид е албански град! (ВИДЕО)

По ослободувањето од полицијата, албанската новинска агенција (ИНА) Ilirya News Agency, направи интервјуто со еден од четворицата Албанци кои вчера предизвикаа огромен скандал со поставувањето на големо албанско знаме на Самоиловата тврдина во Охрид.

Полицијата излезе со официјална информација дека се работи за играорна група, но од видеото се гледа дека не се работи само за играорци, туку за албанска група со назив “Арбреши”, која има за цел создавање на Голема Албанија.

Оваа екстремистичка група, во Охрид и Струга била за да прослави годишнина од некакви битки на Скендербег, а како што вели нејзиниот лидер Ѓерѓ Прекоцај од Ѓаковица, тие ова го направиле затоа што се на нивна земја и Охрид е албански град.

-Господ ни ги дал нас овие територии и ќе бидат наши и никогаш нема да ги оставиме, вели Прекоцај за ИНА и додава дека на Самоиловата тврдина вакво време се веело во времето на Скендербег.

Целото интервју е пренесено на ЛИДЕР