дома блог страница 3347

Балканскиот Ерусалим преполн за 1-ви Мај: И без сонце немаше каде игла да се фрли (ФОТО ГАЛЕРИЈА)

Туристичката сезона во Охрид е пред самиот почеток, а денеска за 1-ви Мај, во пресрет на топлите летни денови, и без сонце владееше вистински вриеж покрај Охридското Езеро.

Туристи од разни страни од светот уживаа во секогаш преубавиот македонски бисер.

(Видео) НОВА ,,ЛЕКЦИЈА” ПО ИСТОРИЈА ОД ЗАЕВ: Илиденците ја ocвoилe Крушевската Република

Премиерот Зоран Заев на една од предизборните трибини:

Заев призна: По моја вина се спpeчиja пocтaпките за kpиминaл пpoтив двајца функционери од СДСМ

Новинарот во отвореното студио на телевизија 24 вечерва го потсети премиерот Зоран Заев на негова изјава од пред една година кога тој не се изјаснил конкретно што се случило со двајца министри или директори на СДСМ по кого е поведена постапка преку финансиската полиција и преку другите истражни органи, што се случи со нив кој се тие?

-Разрешени се, не постојат веќе на функциите, затоа што веројатно со мојата транспарентност и коментар блокирав одредени дејствија каде што земаа заштитни позиции и до крај не можеа да се комплетираат истрагите. Намерата беше да одат во затвор доколку се комплетираат постапките, но во најмала рака се разрешени, вели Заев.

Тој додава дека поради транспарентноста и негова вина се спречени постапки за криминал.

Извор: “Курир”

Николоски: Победата на Силјановска е пад за Заев

Во измининатава година имаше многу лажни вести. Една од нив е и за меѓународна изолација на ВМРО-ДПМНЕ, но таа приказна пукна како балон, како еден од спотовите во кои е прикажана политиката на СДСМ. Кандидатот за претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Силјановска на пример има поддршка од Европската народна партија, од германската ЦДУ. Нешто што не гледаме кај Стево Пендаровски. Него го поддржа во првиот круг и тоа пензионирани политичари, но не ја гледам поддршката сега.

-Силјановска успеа да го победи Пендаровски кој имаше поддршка од низа на партии, а имаше и четири албански субјекти, вклучувајќи ги и ДУИ. И во таков конгломерат на околности Пендаровски не успеа да направи ништо. Силјановска покажа дека таа е консензуален кандидат на македонксиот народ, но и мнозинство на етничките заедници гласаа за неа, и не случајно победи во 47 општини, а Пендаровски во само 23. Соодносот на првиот круг беше 4 према 1 во корист на Силјановска, рече Николоски.

Оттука на 5 мај, рече Николоски, очекувам Горадана Силјановска да е убедлив победник и да победи со разлика 30 до 40 илјади гласа.

Според него во првиот круг многу од луѓето не излегоа на гласање поради разочараност од власта.

-Но сега мислам дека ќе гласаат за Силјановска зошто гледаат надеж за правда. И потоа ќе следат предвремени парламентари избори. Победата на Силјановска е пад за Заев. Ако Силјановска победи нема комбинација Заев да продолжи и да остане на власт. Доколку не закаже предвремени парламентарни ќе повикаме на протести. Ако Заев даде отпор ќе се излезе на улица и колку повеќе ќе се обидува да остане на власт поразот ќе му биде поголем, рече Николоски.

Според потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, овие избори ја покажаа зрелоста на сите граѓани, на гласачите, покажаа дека зрелоста им е на повисоко ниво.

-Граѓаните покажаа дека сами ги носат одлуките. Во албанскиот блок дадоа гласови за Блерим Река, и тие се на граѓаните не на партиите, најмалку на ДУИ. На 21 април ДУИ велеше дека од гласовите за Пендаровски дека 130 илјади гласа се на албанскиот народ и тоа значи дека остануваат само 200 илјади македонски гласа за Пендаровски. Главно е што гласовите никој не ги носи во џеб. Оттука ние сме отворени за сите. Правда им треба а сите, па кој сака правда може гласот да го даде за Силјановска, заклучи Николоски.

“Кирацовски Ви го честита 1ви мај”

„Почитувани граѓани,

Денешниот ден е симбол на храброста и одлучноста, признание за решителноста во борбата за унапредување на правата на работниците.

Напредокот, развојот е возможен само со соодветно вреднувани, мотивирани и почитувани работници кои се сигурни и заштитени на своите работни места и токму кон тоа се стремиме.

Како одговорна, социјалдемократска партија целосно сме посветени на обезбедување услови за развој, напредок и еднакви можности за сите, цврсто сме определени за заштита и унапредување на правата на работниците.

Само со мотивирани, заштитени и задоволни работници, претпријатијата ќе ја движат економијата напред и затоа како владејачка партија остануваме целосно посветени на тој процес.

Продолжуваме, рамо до рамо со вас и вашата поддршка да ги решаваме проблемите, да ги надминуваме предизвиците во обезбедување на квалитетни услови за живот и работа за сите граѓани.

Нека е честит 1 мај – Меѓународниот ден на трудот!“

“Фактор”: “Прво обнова на ЕУ, па проширување, никогаш не ви ветивме друго”

Европската перспектива на Западен Балкан за којашто Претседателот на Франција Емануел Макрон зборуваше уште во својот говор на Сорбона во септември 2017 година, не е променета. Насоката е јасна, Унијата треба да биде обновена за да овозможи приклучување на нови членки. Се работи за двојна активност долгорочно гледано, која бара одредено време и напор, изјави за Фактор францускиот амбасадор Кристијан Тимоние, за ставот на францускиот претседател Емануел Макрон дека земјите од Западен Балкан имаат мала перспектива за брз влез во Европската Унија.

Целата статија прочитајте ја ТУКА.

МНР молчи… и ужива во Северна, во меѓувреме: Албански ученици со перформанс прават мапа на „голема Албанија“

На социјалните мрежи се појави снимка на која се гледа како ученици на албанско училиште изведуваат перформанс на создавање на голема Албанија.

На почетокот на снимката се гледа момче кое ги држи на картон исечени границите на Албанија, а потоа му се придружуваат деца кои ги додаваат, исто така од картон исечени, делови од Грција, западниот дел од Македонија, Косово, истокот на Црна Гора, југот на Србија и Косово.

На тој начин прават мапа на таканаречена голема Албанија, за која Албанците мечтаат повеќе од еден век.

Извор: republika.mk

Teшка кражба во црква во крушевско

На 30.04.2019 година во 12,45 часот во Полициската станица Крушево Б.Б.(58) пријавил дека истиот ден во утринските часови во манастирот “Св.Ѓоргија“ во с.Бучин била извршена тешка кражба од страна на непознати лица, кои одзеле околу 8.000 денари – информираат од МВР.

Извршен бил увид и се работи на расчистување на случајот.

Жозеф Дол со поддршка за Силјановска: Каква убава порака ќе испратите ако изберете за првпат жена на чело на вашата земја

Почетна Вести
ВестиМакедонијаТоп Вести
Жозеф Дол со поддршка за Силјановска: Каква убава порака ќе испратите ако изберете за првпат жена на чело на вашата земја
01.05.2019

Претседателот на Европската Народна Партија, Жозеф Дол, даде јавна поддршка за кандидатот за претседател Гордана Силјановска Давкова.

Правда – тоа е она што му треба на вашиот народ. Правда значи независна судска власт, воспоставување на владеење на правото и безмилосна борба против корупцијата. Правда значи почитување на меѓународното право и на добрососедските односи во регионот. Правда значи мирен соживот и еднакви права за сите етнички заедници и сите групи во општеството. Само така вашата земја ќе може да оди напред на нејзиниот евроатлантски пат. Само така ќе може да привлече инвестиции, да создаде работни места и да се развива. Само така ќе може да им гарантира иднина на нејзините граѓани, особено на најмладите, за да не мора повеќе да ја напуштаат својата земја. Правда значи исто така фер, слободни и транспарентни избори. Избори кои ќе им овозможат на сите учесници да се борат подеднакво. Изборите ќе треба целосно да ги почитуваат сите меѓународни критериуми. Од тоа зависи имиџот на вашата земја. Правда, тоа е она што го ветува Гордана ако ја изберете. И каква убава порака ќе испратите ако изберете, за првпат, жена на чело на вашата земја!

Пријатели, ЕНП и Европа се секогаш со вас! Вашето место е во Европа. Но, патот до Европската унија поминува преку 3 задолжителни крстосници: владеење на правото, независно судство и борба против корупцијата. За таа цел, треба да се спроведат реформите кои вашата земја ги чека толку долго. Затоа, апелирам до вас: на 5ти мај, излезете да гласате. Не се лишувајте од тоа фундаментално право кое историјата долго време ви го ускратуваше. Тоа е ваша демократска должност. Земете ја иднината во свои раце, дозволете ѝ на вашата земја да напредува. Како претседател на ЕНП, најголемата европска партија, ви посакувам многу успех вам и на Гордана!, порача претседателот на Европската Народна Партија, Жозеф Дол.

Мицкоски: Заев не може да вика дека ги разбира земјоделците, а Заеви возат Бентли и Мајбах

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во интервју за порталот „Република“ вели дека Зоран Заев го поврзуваат две работи за земјоделците. Првата работа се поврзува со тоа што тој потекнува од рурален крајкој се занимава со земјоделство, ја знае маката на земјоделците и се сочуствува со нив и дека ќе понуди решенија.

– Денес реалноста во Република Македонија е следна – појдете во Ресен, ќе видите како ги сечат јаболкниците затоа што луѓето килограм јаболка го продаваат за еден денар и за еден денар нема кој да им ги откупи. Појдете во Пијанец и Малешевијата и ќе ви раскажат како сливите ги истураат во коритата на реките затоа што нема кој да им ги откупи. Појдете во кочанско ќе ги видите амбарите полни со ориз, зошто нема кој да им ги откупи. Во Росоман е исто со праските. Појдете во југоисточна Македонија ќе ви споделат приказни како завршил бостанот, како завршиле раноградинарските производи, истакна претседателот Мицкоски.

Мицкоски во своето интервју додаде дека Заев ниту знае, ниту може да го реши проблемот со земјоделците.

-Заеви сега водат една бентли-мајбах политика која никако не се споредува во она светло во кое тој сака да се прикаже. Ако вие навистина знаете кои се проблемите на земјоделците, тогаш повремено, додека се возите во скапите бентли и мајбах автомобили кои се дел од возниот парк на вашето семејство ќе можете да видите дека тие луѓе едвај врзуваат крај со крај, едвај поминуваат од први до први. Сликата на политичар којшто води бентли-мајбах политика и политичар којшто сака да се претстави дека е дел од земјоделците, дека сочувствува со нивните проблеми, не идат една со друга. Напротив, тие една со друга се контрадикторни, додаде Мицкоски.