дома блог страница 3344

Ристески: “Во Прилеп криминалот, митото, непотизмот и злосторничкото здружение ќе бидат изметени на 5-ти мај. Гласајте за број 2” (Видео)

Македонија е разбудена!!! Видовме на 21-ви април, а ќе го докажеме и во недела на 5ти мај со победата на професорката Гордана Силјановска-Давкова! Во недела ќе гласаме за горда, достоинствена, просперитетна Република Македонија! Во недела ќе ставиме крај на политиките од транзицијата,политиките на лаги и предавства – истакна на денешната прес конференција Петар Ристески, претседател на ОК ВМРО-ДПМНЕ Прилеп.

Прес конференцијата во продолжение ја пренесуваме во целост:

“Големите веѕувања на сдс се претворија во огромни лаги. Излажени се сите: ученици, наставници, студенти, професори, земјоделци, работници, пензионери, лекари. Ништо од 600км автопати, нема 500евра најниска плата, нема повисоки пензии, нема 100.000ден. плата за лекарите, нема повисока капитација за стоматолозите, сметките за вода наместо ветените 20% пониски, се повисоки за 60%.

Во Прилеп нема ниту една нова инвестиција, ниту една нова фабрика, ниту едно ново работно место, поради што младите се иселуваат од градот како никогаш претходно.

Наместо живот за сите, за 2години донесоа пекол.
Во Прилеп владее криминалот, злосторничко здружение на сдс како што сами ни кажаа. Во Прилеп царува непотизмот, митото и корупцијата.

Ги истргуваа уставното име, идентитетот, историјата со ветување за европска иднина. Но, еве видовме дека и тоа било лага. Во ЕУ не се влегува со променето име, обезимена и обезличена држава. Во ЕУ не не’ сакаат без реформирано судство, образование, здравство во кое секој ден умираат луѓе од обичен грип.

Во ЕУ не се влегува со метла и партиско ѓубре, за таму треба многу работа!

Почитувани прилепчани,

Затоа ве повикувам во недела на 5-ти мај заедно сите сплотени, како никогаш до сега без страв, храбро да гласаме за број 2, за проф.д-р Гордана Силјаноска Давкова.

Да гласаме за во Република Македонија конечно да завладеат правото и правдата! Да гласаме за горда, достоинствена, европска Република Македонија бидејќи тоа му го должиме на нашите предци, но и на идните генерации.
Победивме на 21-ви, ќе победиме и сега!!!
Македонија ќе победи!!!
За број 2!!!”

Мицкоски до бојкотирачите: Не му помагајте на Заев, покрај сите наши разлики Македонија е наша цел

Ќе се обратам и до оние кои се заговорници за бојкот. Знаете дека Македонија е во прашање, ова не е само мое или битка на ВМРО-ДПМНЕ, ова е битка на секој еден човек за неговото достоинство и чест. И можеби со нас имате многу причини да имаме различни погледи и ставови, но нас не обединува борбата за Македонија, рече во своето обраќање, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Доаѓа циклонот „Ален“- подгответе се за пад на температурите, дожд и снег

Од петок и за викендот Балканот ќе биде зафатен од циклонот „Ален“, кој прво ќе предизвика дожд, а од недела кон понеделник ќе се спушти постуден воздух, ќе има пад на температурите и на повисоките места и планините поинтензивни врнежи од снег.

Кај нас овој викенд очекуваме поинтензивни врнежи од дожд со појава на невреме, заладувањето ќе стигне понеделник кон вторник каде се очекува врнежите од дожд да преминат во снег.

Во текот на следната недела ќе има променливо време. Од среда се очекува затоплување на времето. Според подолгорочните анализи, од јуни очекуваме потопло време и се очекува летово да има повеќе топлотни бранови со што ќе има температури над 40 Целзиусови степени.

Последен ден од кампањата за петтиот претседател, од полноќ изборен молк

Кандидатите за петти претседател на државата, Стево Пендаровски и Гордана Силјаноска-Давкова, ги користат последните часови да ги убедат граѓаните на 5 мај да го дадат гласот за нивните програми. И двајцата очекуваат дека ќе победат в недела, на вториот круг од претседателските избори.

Според Пендаровски, поддршката за него ќе значи подобра перспектива за сите, сигурно одење во Европа, продолжување на реформите и заедничкиот пат кон напредокот, развојот и интеграцијата во НАТО.

Неговата противкандидатка Силјаноска-Давкова пак, чиј главен адут е владеењето на правото очекува нашата држава да се реформира во секој поглед и оти реформите треба да почнат од оние најгоре.

Кандидатот кој со нив учествуваше во првиот круг, Блерим Река, преку Фејсбук им се заблагодаpи на речиси 80.000 гласачи што го поддржаа и напиша дека нивно е правото да одлучат за кого ќе го дадат својот глас на вториот круг.

-Тие се само ваши гласови. Тоа е ваше свето право и на вас е да одлучите за кого ќе гласате на вториот круг. Ќе го повторам истото што го реков на почетокот на мојата претседателска кампања: јас не сум трговец со вашите гласови и нема да ве убедувам за кого ќе гласате оваа недела. Трговијата со вашите гласови е спротивно со мојот концепт за Републиката, особено со нејзиниот главен столб – владеење на правото, порача Река.

Алијанса за Албанците на Централно претседателство вчера заклучи дека вториот круг од претседателските избори се одвива без конкретна понуда за граѓаните и апелираше тие в недела да го изразат својот суверенитет.

– Партијата го повторува ставот искажан за време на изборната кампања дека нејзините приврзаници не ги сметаат за сопственост и плен во функција на тесните интереси на одделни поединци. Секој глас за нас го зајакнува нашето партнерство со вас за градење, заживување и зајакнување на политичката платформа на Алијансата за Албанците во функција на уставната и социоекономската еднаквост на Албанците во Северна Македонија, заклучија од партијата на Зијадин Села.

Демократската партија за интеграција-ДУИ, пак, на митинг во Скопје ги повика своите членови и симпатизери поддршката да му ја дадат на консензуалниот кандидат Пендаровски. „Да излеземе на 5 мај и да го поддржиме кандидатот што е ориентиран кон ЕУ и НАТО“, порача раководството на ДУИ – коалицискиот партнер на СДСМ во Владата.

Изборниот молк ќе почне на полноќ. За време на 24-часовниот молк ќе гласаат затврениците, болните и немоќни лица, внатрешно раселените и во дијаспората. В недела право на глас ќе имаат 1.808.131 граѓанин запишани во Избирачкиот список.

Најстарата населба во Прилеп “Варош” го слави Голем или Источен петок: ЗА МНОГУ ГОДИНИ!

Денес православните христијани го празнуваат големиот верски празник Голем или Источен петок, односно Балаклија.

Со верски обреди, обичаи и вековна традиција празнувањето продолжува и во манастирот „Свети Архангел Михаил“ под Марковите кули во Прилеп, а жителите на најстарата населба во градот “Варош”, денес широко ги отвораат портите на своите куќи и чекаат гости.

Оваа вековна традиција и оваа година започнува со литуригија во утринските часови во манастирската црква, каде огромен број верници ќе дојдат, ќе се помолат и ќе нацрпат од изворските води на манастирот, за кои се верува дека се лековити.

Варошани своите куќи на овој ден ги украсуваат со зелени гранчиња.

Со овој празник, посветен на Пресвета Богородица, и се оддава признание на мајката Божја, поради тоа што непосредно по Велигден нема друг празник поврзан со нејзиното име. Во некои места празникот е познат под името Богородица Балаклија. Поради тоа што Богородица му ги миела раните на Исус, на овој ден луѓето ги посетуваат изворите ги мијат лицето и очите, или три пати преку себе префрлаат вода од изворите. Поради тоа најчесто овој празник се празнува во црквите што се покрај извори.

ЗА МНОГУ ГОДИНИ!

Мицкоски до разочараните: Гласот против оваа власт е решението кое ќе донесе промени

Сакам да се обратам на paзочараните, потиштените и обесхрабрените, то е чуство кое е оправдано по изневерените очекувања. Жицата која ја скина, името, идентитетот, уништениот стандард, измамата дека ќе ја донесат Европа, како и дека ние сме блескале во светот, 500 евра плата, 500 километри автопатишта, чистиот воздух, вашиот глас е решението за сите овие проблеми, излезете и гласајте, рече во своето обраќање, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Пред заминување во кревет испијте го овој напиток- топи масти за 10 часа

За да изгубите вишок на килограми и за да го исчистите својот организам, треба да јадете здрава храна. Освен тоа, потребно е и да имате физичка активност.

Но и покрај тоа можете да конзумирате напиток со кој ќе го исчистите и ќе го опоравите вашиот организам. Овој напиток се пие еден час пред спиење.

Состојки: 1. лимон ( ќе го исцедите); малку магдонос; 1 мала лажичка цимет; 1 мала лажичка ѓумбир.

Подготовка: Измешајте ги овие состојки во вода и испијте го веднаш. Ѓумбирот и циметот можете да го користите како додаток во храната, на пример циметот можете да го додадете и во слатки работи.

Ѓумбирот можете да го додадете во салатата. Исто така, можете да направите и час од ѓумбир кој ќе го пиете два пати во денот. Ѓумбирот треба да стои во готвена вода 5 минути, а потоа да го извадите.

Бил Гејтс открива кои професии ќе бидат најбарани: Ако знаете да го работите ова, за вас “нема зима”

Основачот на “Мајкрософт” Бил Гејтс на основа на бројни податоци тврди дека во иднина луѓето кои се занимаваат со наука, инженерство и економија многу лесно ќе пронајдат добра работа.

Луѓето кои имаат знаење во овие области ќе бидат “носители на промените на сите институции”, изјави Гејтс.

“Притоа не мислам на основно познавање на науката, математиката и економијата.

Не мора да бидете експерт во кодирање, но способноста да размислувате на сличен начин како експертите кои тоа го можат многу ќе ви помогне.

Не е нужно да пишувате кодови, но мора да разбирате што работат инженерите и што се можат и не можат”, објаснува тој”.

(Видео) CTPAШHO! Џиновски облак голта се пред себе

Најмалку пет лица го загyбиja живoтoт во огромна песочна бypa на југот од Ирак.

Дурловски за „Национална опера и балет“: Како само г(о)рдо звучи, недостига пocмртен марш…

Оперскиот пејач Игор Дурловски за преименувањето на Македонска опера и балет во „Национална опера и балет“ со свој коментар на Фејсбук.

„Како само г(о)рдо звучи, недостига пocмртен марш…“, напиша еден од водачите на граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“, кој не побара амнестија и на крајот од судскиот процес за настаните од 27 април 2017 година во Собрание доби ослободителна пресуда по обвинението за тepopизам.

Извор: republika.mk