дома блог страница 3345

Ахмети: Гласот за Стево е поддршка за концепт кој за пет-десет години ќе овозможи Албанец да биде Претседател на државата

На завршниот митинг Демократската Унија за Интеграција кој се одржа вечерва во македоската Филхармонија, нејзиниот претседател Али Ахмети го повика неговото гласачко тело да гласа за нивниот таканаречен консензуален претседателски кандидат, Стево Пендаровски, затоа што со тоа ќе овозможат за пет или десет години и Албанец да биде Претседател на државата.

– И претседателот на Собранието е избран преку консензуалниот концепт, преку разбирањето и дијалогот. Така мислиме во иднина и претседателот на државата, преку дијалогот и помирувањето, преку договорите да се реализира како една цел, како една аспирација, но и демонстрација за сите граѓани во оваа држава дека господар во оваа држава се и Албанците и дека претседател на оваа држава може да биде и Албанец. Но ова доаѓа преку еден процес кој се вика консензуалност. И ние им служиме на една филозофија, еден концепт што после пет, десет години да стане реалност, рече Ахмети во неговото обраќање.

Образложувајќи го нивниот концепт, меѓу другото, Ахмети додава не случајно инсистирале во Охридскиот мировен договор, консензуалната демократија да биде една од точките со посебна важност, со цел да го спречат мнозинството да носи одлуки на штета на оние кои немаат мнозинство во Собрание или во друга институција.

– Ние пред електоратот поставивме еден концепт, концепт за кој бевме свесни дека ќе наиде на сопстеви потешкотии, дека има дебата, дека може да има и несогласувања. Електоратот на Демократската Унија за Интеграција се движи од 100 до 150 илјади, и секак не може сите да бидат на една мисла, но бевме убедени дека мнозинството од овој електорат, на тие луѓе што ние ги застапувавме го прегрнуваат консензуалниот концепт како едно многу големо и важно постигнување за Албанците во Република Северна Македонија, рече претседателот на ДУИ, Али Ахмети.

Извор: kurir.mk

(Фото+ Видео) Змија со три очи ја шokираше Австралија: Потврдуваат дека ова не е прв случај

Змија со три очи е пронајдена на автопат во северна Австралија, а го доби надимакот “Монти Пајтон” поради необичниот изглед.

Се работи за мал питон. Експерите велат дека ова е трета ваква змија пронајдена во последниве неколку години и изгледа како природна мутација.

Ренџелите ја откриле во близина на градот Хампти Ду, 40 километри југоисточно од Дарвин.

Рептилот долг 40 центиметри тешко можел да се храни поради деформацијата, велат експертите.

“Сигнал.мк”: Пробале да постават двојазична табла во Охрид, па изеле ќотек

Поставувањето на двојазичната табла на влезот во објектот каде што се канцелариите на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување во Охрид, предизвика тепачка меѓу поединци – пренесува порталот “Сигнал.мк”.

Утрово службите од ПИОМ се обиделе да постават двојазична табла, но тоа предизвикало револт кај неколкумина поединци, кои ја искршиле таблата, при што дошло и до физичка пресметка.

СВР Охрид врши увид на местото на инцидентот.

90-годишниот Ставре Топузовски од Крушево му порача на Роналдо: “Сакај ги жените” (ВИДЕО)

Дедо Ставре Топузовски од Крушево, кој е поранешен директор на Музејот на градот Крушево, бил гостин во емисијата “Глобо Репортер”, каде овој петок епизодата ќе биде посветена на Македонија.

Тој преку водителката побара слика од Роналдо и порача дека насекаде ќе се фали и ќе се гордее.

Исто така, тој му порача на Роналдо да ги сака жените и дека и тој цели 90 години ги сака припадничките на понежниот пол.

“Глобо Репортер” е една од најгледаните емисии од ваков тип во светот, а изјавата на Ставре Топузовски од Крушево насмеа многумина на социјалните мрежи.

Во клиниката на Жан Митрев изваден цистичен тумop тeжок 6 килограми (Фото)

– Пациентката дојде на преглед поради болки во пределот на стомакот. За тоа била на лекар во Прилеп каде што и било ординирано терапија за желудник но бидејќи тегобите не и поминувале дојде на преглед во нашата клиника поради тоа што претходно јас сум го оперирал нејзиниот зет од сестра. Веднаш на прегледот се забележа дека се работи за голем абдоминален тумор–вака го започнува објаснувањето на случајот кој минатата недела го забележавме во нашата клиника Прим. Д-р Хаџи-Манчев Мане – специјалист општ хирург во Zan Mitrev Clinic.

Навидум без некои сериозни индикации, без специфична болка туку со мали и нередовни тегоби 49 – годишната пациентка од Прилеп ги поминала сите доктори во својот град за да и кажат дека не боледува од ништо и дека нема ништо несекојдневно во своето тело. На инсистирање на својот сопруг дошла на преглед во нашата клиника по што следувал шокот од она што нашиот тим лекари на чело со Хаџи-Манчев го констатирал.

– Немав некои посериозни болки но понекогаш имав некакво боцкање во пределот на дијафрагмата при наведнување. Работам како шнајдерка, но и земјоделство без никаков проблем. Имам супер апетит, немам никаков стрес и си живеам нормален живот. Од матичната докторка не добив никакви предупредувања дека нешто сериозно ми се случува но по инсистирање на мојот сопруг сепак дојдов на проверка, преглед, во клиничката болница „Жан Митрев“. По прегледот од докторот следуваше шокот за мене и за моето семејство. Сознанието дека во моето тело имам тумор околу 5 килограми одекна во моите уши како силен тресок кој буквално ме бутна во кревет. Не можев да се освестам што чув но немаше време за паника, сожалување ниту пак за размислување што да се прави. Туморот беше толку голем што бараше итна операција која тука докторите ја спроведоа беспрекорно. Јас и сè уште сум во бунило што се ми се случи но голема благодарност до целиот тим на клиниката „Жан Митрев“ за тоа што ми го спасија животот–раскажа нашата пациентка која сега по операцијата е видно изморена но сепак многу смирена, спокојна.

Д-р Хаџи-Манчев дообјаснува како поминала целата процедура од дијагностицирање на состојбата па се до оперативниот зафат.

– Веднаш се направи компјутер на стомакот и се виде дека се работи за голем цистичен тумор со најверојатно потекло од десниот јајник. Бидејќи туморот беше премногу голем на пациентката и се предложи веднаш оперативен третман поради опасноста од евентуално негово. После два дена од дијагностицирањето се влезе во сала и се направи отстранување на туморот заедно со десниот јајник. Препаратот е со тежина некаде околу 5-6 килограми и е испратен на патохистолошка обработка. Специфицноста е во тоа што пациентката воопшто не била препозната дека има туморозна форамција во абдоменот иако била на преглед во матичниот град. Брзата и ефикасна дијагноза како и брзиот третман беше полн погодок кај овој човечки живот кој не се знаеше како ќе заврши доколку не се обратеше кај нас. Пациентката е добра и веќе е на домашно лекување постепено враќајќи им се на секојдневните работи – објаснува Прим. Д-р Хаџи-Манчев Мане – специјалист општ хирург во Zan Mitrev Clinic.

Брзо закрепнување посакува целиот тим на Zan Mitrev Clinic.

Извор: “zmc.mk”

Пендаровски: Казната за човекот кој го постави албанското знаме во Охрид можеби е превисока

Претседателскиот кандидат поддржан од владеачката коалиција, Стево Пендаровски по барање на новинарите да го коментира инцидентот со поставувањето на знамето на Република Албанија на источната страна на Самоиловата тврдина во Охрид, денеска апелираше до сите граѓаните да не подлегнуваат на какви било провокации од овој тип.

-Јас во тоа препознавам обид за кревање на меѓуетничките тензии во еден град кој досега немал историјат на такви меѓуетнички препукувања и тоа на неколку дена пред вториот круг на изборите. Немам докази, но мене ми е симптоматично што неколку дена пред вториот круг на избори се случува баш ваков настан. Се надевам дека ако има некаква организација зад тоа од било кого, не мора од државата, можеби и недвор од нашата држава и од регион, би апелирал до тие луѓе да не го прават тоа бидејќи Македонија има заземено добар курс и во сферата на меѓуетничките односи, изјави Пендаровски кој додаде дека е затворен последниот правен дел од Рамковниот договор и земјава оди на вистинскиот пат кон Европа.

Според него, прилично е индикативно што настанот се случува на таков отворен начин.

-Не би сакал да верувам дека некои фактори, можеби надвор од нашата држава сакаат да се кренат меѓуетничките тензии, како што за жал имавме случаи години наназад кога имавме избори од каков било тип, кога на таа карта – кревање на меѓуетнички тензии, добиваат точно знаеме кои политички партии и оние кои го предводеа претходниот режим и искористуваа шанса да се претставуаа себе си за големи патриоти, а другите како предавници на сопствената татковина, рече Пендаровски.

Како легалист, истакна, морате да почитувате процедури и санкции изречени од надлежни органи.

-Можеме да разговараме дали е превисока казната и во пари и околу забраната за влез на тоа лице од пет години. Можеме да се согласиме дека можеби е превисока. Но, во моментот тоа се законските граници од-до. Ако се превисоки, оние што одлучуваат, би требало тоа да го корегираат, изјави претседателскиот кандидат на СДСМ и колицијата Стево Пендаровски.

Извор: “Република”

Oва малечко момче од Прилеп заслужува детство како на секое дете: Ајде МАКЕДОНИЈО, заедно да направиме едно големо дело!

Дејан Најдоски боледува од аутизам. За подобрување на неговата состојба потребно е да замине на лекување и третман со матични клетки во болница во Турција.

Сумата која е потребна се 54.000 евра.

Да му помогнеме на малиот Дејан да ужива во детството како и сите други деца.

Да донираме со повик на 070 143-153 (за корисници на Телеком) и 143-489 (за корисници на Вип), или на следната банкарска сметка:

Пендаровски остана без гласовите на Река- Река ги повика граѓаните да гласаат по сопствено убедување

Блерим Река преку својот Фејсбук профил ги повика граѓаните да гласаат по сопствено убедувања во недела на вториот круг од претседателските избори.

-Во пресрет на вторито круг на гласањето за Председател, дозволете ми уште ендаш да ви се заблагодарам за вашите гласови за мојот концепт за “Една Република за сите, со законот над сите”: како члeнка на НАТО и ЕУ.

Близу 80,000 гласови, за само 3 недели во полииката и не се малку, oсобено дадени на председателски избори со досега најниска излезеност (42%) и највисок број на незажечки гласачки ливчиња (33,000!)

Почитувајќи ги вашите гласови, уште ендаш ќе повторам: тие се само ваши гласови. Тоа е ваше свето право и на вас е да одлучите за кого ќе гласате на вториот круг. Ќе го повторам истото што го реков на почетокот на мојата председателска кампања: јас, не сум трговец со вашите гласови и нема да ве убедувам за кого ќе гласате оваа недела. Трговијата со вашите гласови е спротивно со мојот концепт за Републиката, особено со нејзиниот главен столб владеење на правото. Зашто тогаш се потребни избори, ако како досега во вториот круг за вашите гласови одлучуваат партијските лидери како обични трговци со гласовите на народот?

Од моја страна, јас би ве замолил да на 5 мај, излезете масовно на гласање, за да го спасите Еуро-Атланскиот процес, стои во неговиот пост на Фејсбук.

СИНОТ И БРАНЕЛ НА СВОЈАТА МАЈКА ДА ГО ПРЕГРНЕ КОГА ЗАМИНАЛ НА ПАТ ВО СТРАНСТВО: Кога се вратил дома, останал во солзи!

Едно 18-годишно момче отиде во странство, кога се врати,на аеродром го чекаше неговата мајка со coлзи радосници во очите.

Го прегрна со сета нејзина сила, зашто многу го сакаше. На тоа, синот и рече: “Мајкo, знам дека многу ме сакаш, но ме посpaмоти кога така ме гушкаш пред сите, како да сум мало дете!

Ова ја повpeдило многу неговата мајка затоа што мислела дека нејзиниот син нe е среќен што ја гледа. 6 години подоцна, синот оди пак во странство, сега има 24 години, но неговата мајка сепак отиде на аеродромот за повторно да го испрати.

Но овој пат таа не го прегрна, но му го сврте гpбoт и му рече: “Гледај се сине мој”.

Кога се вратил повторно, неговата мајка нe била на аеродромот.

Пристигнувајќи дома, видел писмо со букет цвеќе од неговата мајка. Од голема љубопитност, тој го отвори писмо и го прочита целото,а кога заврши, толку силно плaчeше, бидејќи тоа беше нajлошиот момент во неговиот животот.

Во писмото пишувало: “Сине мој, кога те прегрнав пред шест години, плaчeв од радост, но кога ќе ги читаш овие редови, јас ќе бидам во гpoб, во еден caндук, бидејќи ќе умpaм од paк.

Плачев кога ти го свртев гpбoт на твоето второ зaминyвање, бидејќи нe сакав да те пocрамотам, но сепак знаев дека последен пат те гледам. Те сакам многу и секогаш ќе бидам во твојата близина.

Со љубов, твојата мајка.

Македонија врие од убвини! На прилепчани им е блиску, на битолчани уште поблиску – Мариовско Зовиќ е место кое мора да се посети (Фото галерија)

Мистериозното мариовско богатство отсекогаш е привлечно за авантуристите и посетителите. Долината на Црна Река која го пара Мариово секогаш е атрактивна за археолозите, дивите копачи, рударите…

Грамадните разголени карпи, остатоци од тврдини, керамика и гробници од античкиот период, мермерни остатоци од цркви, грниња со злато, високи древни дрвја и што ли уште не, мамат да ги допрат.

Во славното Мариово, итрите мариовци раскажуваат за убавата девојка Марија, грабната од Турците, по која Мариово го добило името.

Ќе се слушне за легендата за Црна Река која секоја година земала по една жртва, за Расимбеговиот мост, за мариовските манастири, за светците овековечени на карпи.

Витолиште во прилепско, Старавина во битолско и кавадаречкиот дел се сржта на Мариово. Во двете триесетината села живеат помалку од илјада жители.

Иако е најретко населена област со тешко пристапен терен, кој бил мака за освојувачите во историјата и останувала слободна, не може да одолее на миграцијата. Жителите главно се возрасни, стари над 50 години.

Бебешки плач козјнае кога последен пат се чул. Нема кој да го заниша мандалото на камбанаријата на селскатае црква. Од време – навреме удира ѕвоното од камбанаријата да каже дека Мариово останало уште со некој жител помалку.

Мариовско-мегленските средби ги подгреваат мариовците, распрскан по светот, да се соберат на старото огниште еднаш годишно и да ја натопат мариовската земја со солза. Лелекот на душата ги успокојува сеќавањата кои тлеат во нив.

Прилепскиот дел е сув поради ретките и мали водотеци и честите суши. Битолскиот е повлажен и побогат со вегетација и вода. Селото Маково е почеток, граница на Мариово со Битола.

Зовиќ е уникатен. Се стигнува по неколку одминати мариовски села. Тоа е второ од 11 мариовски села во битолскио. Закотвен е близу грчката граница во подножјето на планината Ниџе.

Селото е типично планинско со мариовски атрибути, со камени куќи во мариовска архитектура и прекрасни дрвја. Зовичките моми биле надалеку прочуени по убавината. Често завршувале како невести кај чанишките ергени кои на магаре ги носеле од Зовиќ преку трупа до Чаниште во прилепско Мариово. Селото атракција и раритет. Дише со чист воздух, а кладенчињата ја гасат жедта и му даваат шарм на амбиентот.

Бројните фрески на карпи се видливи сведоци дека верата чисто дише кога е под ведро небо и природен амбиент. Нема граница за љубовта кон Бога, ниту за разните начни на нејзино искажување. Карпа со насликан светец бдее во близина на уникатниот зовички камен мост преку кој се преминува од прилепско кон битолско Мариово. Личи на потковица, односно има форма на свод и е без ограда.

Мостот е широк околу четири метри. Граден бил од Турците, а поправен во поново време поради честите раскопувања на камените плочки од трагачите на злато. Под мостот со кроток тек тече Градишка Река. Името го носи по наредното село Градешница, а извира во близина на врвот Кајмакчалан. Минува низ природни брзаци.

Во бистрата вода со камено дно се капат сончевите зраци. Таа се собира во поголеми вирови со преливни нијанси на зеленикава боја на водата богата со ситни рипчиња. Во неа се разладуваат зовичани кои со гордост реката ја нарекуваат ,,Наша,,. Тече низ природна средина и иако амбиентот е див.

Мазните карпи ја смируваат разбрануваната вода. Подолу врви низ длабока клисура завиткана со гранитни карпи во кои се слуша ехото на природата и говорот на водата. Авантуристите со претпазливост потскокнуваат од карпа на карпа, Многуте растенија и грмушки му даваат топлина на каменото корито.

Под мостот, на закосена карпа, се натокмила калемена автентична воденица, која надојдената вода неколкупати ја уривала и ја носела, но пак била обновувана. Мостот е атрактивен за режисери на филмови. Има и остатоци од тврдина и од градска населба. Зовиќ е рај за авантуристи, за алпинисти… Огромната клисура на другата страна од селото честопати е надлетувана од разни грабливци.

Величината мами и плаши. Малку подалеку на едно ритче мир дава мала бела црквичка околу која се распослале бели уникатни ,,школки,, како полжавчиња. Не се дозволува да се оценува дали се варовнички или остатоци од коскени форми налик на слонови коски. Останаа во сеќавање како необичен бел тепих кој крцка под нозете.

Планинското село одекне ако има вест за фатен сом на Црна Река. Ретките стада овци поздравуваат со блеење и милиот звук на ѕвонците на овните. Протено време е милин а з аочите, за слободно трчање и тркалање на цветните ливади.

Опива мирисот на цветовите. Навечер, на природен душек од трева постои мжоност за восхит на ѕвездите на небесниот јорган кој трепкаво поздравува. Сетилата се активираат и на искрите на логорскиот оган и мирисот на печени колбаси на стапче. Небаре волшепство на природата. Плени старински декор во камената селска куќа чие приземје било за добитокот, а катотза мирно сонување на железни кревети со пружини покриени со селски дивтици, јамболлии, ирами…

Жедта се гасне со животворна вода од кладенци каде мое да се шлапка и по некоја жаба. Водата слатко пивка. Сепак, во Зовиќ на квежчеина е свежо. Ветре од врвот пее во дует со славеите. Денски низ некоја од ретките живи куќи може да се потслушне некоја баба како низ грлото ги вади акордите на ,,Заплакало е Мариово”,, и ,,Кој пат води за Мариово,,. Тоа се легендарни песни за секое срце.

Успокојува и скротува селскио амбиент. Сплотува природниот здив на зелениките. Карпестиот допир на мариовски Зовиќ повикува на нова средба, зашто досегашната никогаш не е доволна да ја нахрани душата.