дома блог страница 3343

Силјановска кон Пендаровски: Вие сте човекот кој не се качи во авионот со Трајковски

Кандидатката за претседател Гордана Силјановска во вечерашниот дуел на ТВ 24 го обвини Пендаровски дека за лични интереси одработувал за сите.

-Вие за лични интереси сте играле со сите и сте одработувале за сите. Вие не сте напривиле ништо кога беше прекината истрагата за обидот за убиство на Глигоров. Вие сте човекот кој не се качи во авионот со Трајковски, рече Силјановска.

“Курир”: Гатачката на градоначалничката вработена во РЕК

Градоначалничката на Могила, Јасмина Гулевска, не само што си ги вработи роднините, туку си ја вработи и нејзината бајачка од село Прибилци, Демир Хисар, открива Душан Илиевски, најпознат како Душко Млекарот, пренесува порталот Курир.

Се работи за извесна Марина Ристевска, која е вработена во ФОД-РЕК Битола.

-Ако не ѝ даделе решение за работа, гатачката Марина ќе им направела црна магија. На кои други функционери од Битола им гата Марина?, прашува Душко Млекарот.

Тој објавува и видеоснимка на која, како што вели, соговорник зборува со Марина и си ги бара парите назад.

Извор: kurir.mk

Камион на турска компанија се превртил на стариот пат Прилеп-Велес: Возачот го измамила навигацијата (Фото)

На 01.05.2019 на стариот пат Прилеп-Велес се превртил камион на турска компанија.

Според информациите кои ги добивме, возачот бил “измамен” од навигацијата која го одвела по овој пат.

“Младите се за прво, правда и број 2, а прoтив злocтopничkoтo здружение од Прилеп?!” (ФОТО)

Денеска на последниот ден од кампањата за претседателските избори, Унијата на млади сили при ОК ВМРО-ДПМНЕ Прилеп, на плоштадот “Методија Андонов – Ченто” поставија штанд и поделија рекламен материјал, барајќи ја довербата на прилепчани за Професорката Гордана Сиљановска Давкова во недела и бројот 2 на гласачкото ливче.

Од УМС Прилеп велат дека во добиле голема поддршка за Сиљановска и дека тоа ќе се покаже во недела, кога голем број млади ќе го дадат гласот на право и правда.

Древниот македонски манастир Св. Богородица Елеуса во Вељуса е чувар на христијанството од десетти век и светилиште од каде потекнува македонскиот крст (ФОТО ГАЛЕРИЈА)

Манастирот „Св. Богородица Елеуса“ се наоѓа во селото Велјуса на околу 7 км. западно од Струмица и е подигнат на бигореста карпа. Манастирот е основан во 1080 година од сопствени средства на монахот Мануил, кој подоцна станал струмички епископ.

Изграден над живописното село, манастирот зрачи со посебна убавина, блескавост и непроценлива светост.

Според изворно богатата историска документација зачувана за овој манастир (присутни во Светогорскиот манастир Ивирон) оваа црква го зазема едно од најзначајните места во црковната и културната историја на Македонија.

Според сочуваните записи на двата архитрава кои биле однесени од бугарските власти за време на Првата Светска војна во Софискиот археолошки музеј, црквата ја подигнал на северните падини на планината Еленица на бигореста карпа монахот, а подоцна струмички епископ Мануил во 1080 година кој дошол од Халкедонскиот манастир Св. Авксентиј од малоазијската област Витинија во Вељуса. Од споменатите извори дознаваме дека манастирот Св. Богородица Милостива (Елеуса) бил изграден над некогашното село Палеокастро во Темата Струмица по кој и селото го добило денешното име.

Манастирот се споменува и во Грамотите на византискиот император Алексиј I Комнин 1085 година, во една од годините на 1091 или 1094 година оваа манастирка црква била лично посетена од византискиот император Алексиј I Комнин, кој за нејзините убавини изразил силен восхит во пишаните извори. Се споменува во Типикот за манастирот составен од основачот Мануил меѓу 1085-1100 година, неколку документи од византискиот император Мануил I Комнин со Практикот од 1152 година и две Грамоти од Српскиот цар Стефан Душан од 1346 година дадени на Иверонскиот манастир.

Живописувањето на црквата е изведено во три временски периоди и тоа: во олтарот, подкуполниот простор во наосот и ѕидовите, конхите, и капелата, 1085 год. во тремот од 1164 год. и во наосот од 19 век, со доста локални сликарски призвуци.

Фреско – ансамблот во црквата е со иконографски симболични содржини и претстави преземени од Стариот и Новиот завет: Литургиска служба на светите Архиереи со Хетимазијата (Христово жртвување) и Богородица со Исус Христос седната на трон во олтарниот простор. Во централниот куполен простор е насликан Исус Христос Вседржител, додека под него на ѕидовите од тамбурот се претставите: Пресвета Богородица Ширшаја, Св. Јован Крстител, двајца архангели, четворица пророци (езекиј, Авакум, Еремија и Давид). Во северната конха е Слегнувањето на Исус Христос во пеколот и Сретение Господне е во јужната конха. Во јужната капела Св. Спас во куполниот простор претставен е Исус Христос Емануил, на источниот ѕид Исус Христос во слава и портретот на Свети Пантелејмон на западниот ѕид.

На јужната фасада под тремот е композицијата Свети Онуфриј во пустина посетен од монахот Св. Панфнутиј и стилизиран вегитабилен мотив. Во стилско – ликовен поглед оваа сцена и мотивот се блиски на фреските во Нерези насликани во 1164 година.

Во наосот на црквата зачувана е и олтарната преграда, изведена во мермер со стилизирани растителни и геометриски мотиви изведени во плиток релјеф. Во подниот мозаик застапени се геометриски мотиви и ги пратат основите на конхите во централниот дел од наосот, натрексот и јужната капела. Изградбата на Вељушкиот храм е карактеристична и по многу претенциозните желби на основачот: не со димензиите, туку пред се со ликовните вредности и раскошната ризница од скапоцени уметнички творби да ги надмине сите постојни уметнички остварувања на црквите во струмичката средина.

На еден од ѕидовите на црквата има претстава од македонскиот крст или наречен Вељушки крст. Овој крст претставува варијација на христијанскиот крст, воглавно поврзан со Македонија и е симбол на Македонската православна црква. Овој симбол всушност е раскошна двочленска плетеница со претстава на орнаментиран украс во форма на крст. Бидејќи крстот е симбол на МПЦ-ОА, тој е претставен и на црковниот грб, односно на бордурата на плашт, која е исполнета исполнета со 33 претстави на овој крст. Овој крст е и главен симбол на Столната медаља на Светиот македонски крст.

Европскиот шампион ќе биде спасен: Вардар ќе живее и ќе биде и понатаму успешен!

Поранешниот прв човек на ракометниот клуб Вардар денеска со радосна вест до сите навивачи и фанови на Вардар објави дека Вардар и понатаму ќе живее и ќе биде успешен клуб.

-Добивав многу повици и молби за спаcyвање на РК Вардар. Имав и разговори на таа тема со бизнисмени кои сакаат да помогнат… Ги молам играчите за трпение до 10 мај и да се воздржат од предвремено pacкинување на договорите и давање на исписници, изјави Михајловски.

(Видео) Пилотот на Хилер ја откри најголемата тајна: Пред крајот фирерот му ја упатил оваа порака

Во неодамна објавениот дневник на нацистичкиот пилот, се открива што му рекол Адолф Хилер пред да изврши camoyбиство заедно со неговата сопруга Ева Браун во бункерот во Берлин. Пилотот Ханс Баур му сугерирал на фирерот да избега во Јапонија или Аргентина, но тој го одбил тоа.

Генерал-полковник Ганс Баур, кој бил личен пилот на Адолф Хитлер и неговите блиски пријатели, откри во својот дневник дека нацистичкиот лидер му рекол “завршувам денес”, на денот кога го извршил camoyбиството. Дневникот на Баур ги осветлува последните денови на лидерот на Pajхот, кога советските сили го освоиле Берлин во 1945 година.

За Лени Кравиц нема “Северна” туку само Македонија: Пред концертот во Скопје, познатиот музичар ги освои симпатиите (Видео)

Светската музичка ѕвезда Лени Кравиц пред денешниот концерт во ВИП Арена „Борис Трајковски“ во Скопје се прошета низ центарот на градот и низ Стара чаршија, а тоа го овековечи во видео постирано на неговите профили на социјалните мрежи, во кое земјата ја именува само како Македонија.

„Скопје, Македонија, Стара чаршија. Прекрасен ден со средби со прекрасни луѓе.#ТукаЗаЉубов“, напиша легендарниот пејач, текстописец и продуцент со продадени околу 38 милиони албуми.

Именувањето на државата како Македонија, а не со додавката „Северна“, предизвика лавина реакции кај грчките корисници на социјалните мрежи.

Македонска убавина насекаде во светот: Македонското е преубаво и тука и на илјадници километри оддалеченост (ВИДЕО)

Настап на Културно уметничкото друштво “Илинден” на Хуманитарната вечер во Сиднеј, во организација на хуманитарната организација “Св. Архангел Гаврил”.

Оваа организација досега има помогнато на повеќе од 100 луѓе во Македонија кои боледувале од различни болести, со повеќе од 350.000 долари во изминатите осум години.

Најстарото здружение на Македонците од Егејот застана зад Професорката Сиљановска Давкова

“Почитувана јавност, почитувани Македонци од Егејска Македонија

Ние како најстаро Здружение на Македонците од Егејскиот дел на Македонија чувствуваме обврска пред самиот крај на вториот круг на претседателските избори да се обратиме до вас со наш став каде во предност, како и секогаш, ќе ги ставиме интересите на Македонците од Егејот и заштитата на културата, јазикот и традицијата.

Во изминатиот период бевме сведоци на изјави од власта на СДСМ во кои Македонците во Егејска Македонија беа негирани и игнорирани. За нив не постои македонскиот јазик кој го говорат нашите роднини и пријатели во Грција. За нив македонското население кое сеуште живее во Егејска Македонија според Преспанскиот Договор е оставено без заштита од македонската држава.

Никој толку не ги повредил чувствата на децата бегалци од Егејска Македонија, не ги понижил и негирал како што тоа го направи Владата на СДСМ.

Денеска кога нивниот кандидат Стево Пендаровски ветува дека ќе ја поддржи иницијативата за изучување на македонскиот јазик во дијаспората, време е да повлечеме линија и да кажеме дека ни е доста од ветувања и лаги. Нивните предизборни ветувања и моторни лаги доведоа до степен каде што не понижија како народ,ни го негираа потеклото и јазикот во Егејска Македонија, не оставија сами како луѓе без корен и држава.

Стево Пендаровски е дел од матрицата на СДСМ и сигурни сме дека нема да биде ништо поразличен од оние кои ја нанесоа најголемата штета на Македонците од Егејот, Зоран Заев и Никола Димитров.

Поради тоа, за наше добро, за доброто на Македонците кои живеат во Грција и насекаде во светот, имаме обврска да ја донесеме правдата на свое место во Македонија. `ша страна, не заштитувал и ги бранел нашите права и обврски како во државата така и надвор од неа.

Здружението на Македонците од Егејскиот дел на Македонија од Битола ја дава својата безрезервна поддршка на Гордана Сиљановска Давкова за иден Претседател на Република Македонија.

Доста се манипулираше со гласовите од Македонците од Егејот и со нашиот дигнитет. Веруваме дека Гордана Сиљановска Давкова ќе не направи пред светот горди Македонци, горди на својата татковина, јазик и култура.
Во недела на 5 мај ве повикуваме сите да го заокружете бројот 2. Време е за правда и правдина за Македонците од Егејска Македонија”, напишаа од Здружението На Македонците “Здмоем” на Фејсбук.