дома блог страница 3342

Статија на весникот “Њујорк Тајмс” од 26-ти мај 1903 година пишува кој го предал Гоце Делчев

Натпис во весникот “Њујорк Тајмс” од 26 мај 1903 година открива кој го предал Гоце Делчев, срцето на револуционерна Македонија.

СМРТТА НА МАКЕДОНСКИОТ ВОЈВОДА

Грчки шпион го предал Делчев на Турците

Лондон 26 мај, 1903 година – Детален извештај за смртта на Делчев познатиот македонски војвода, од дописникот на “Тајмс” од Софија. Извештаите покажуваат дека Делчев бил придружуван од четата и војводата Кирчовски, заедно со поетот Таворов кога влегле во селото Баница во близина на Серез, а за неговото присуство во селото Турците разбрале од грчки шпион.

Голема војска го опколила селото и сите припадници на револуционерната чета биле убиени по долг отпор. Жителите на селото, кое Турците го запалиле, исто така биле убиени.

Делчев имаше 32 години. Тој беше учител, и тој беше основач на Македонската организација којашто има разграноци низ целата држава.

Дописникот на “Тајмс” од Виена вели дека продолжуваат потрагата и апсењата во вилаетот Адријанопле. Приведени се голем број свештеници и даскали. Во шест села било најдено оружје. Машката популација е во бегство, а земјоделските работи се во прекин.

Наречен е СОВЕСТА НА ОРГАНИЗАЦИЈАТА и еден од најголемите великани на Прилеп: Вечна слава за Пере Тошев!

Денеска се одбележуваат 107 години од смртта на Пере Тошев, еден од најголемите македонски револуционери кој е роден во Прилеп.

Пере Тошев е еден од најголемите македонски национални херои, учесник во македонското револуционерно движење, член и раководител на Македонската револуционерна организација.

Роден е 1865 година во Прилеп во семејство на богати и видни иселеници од Дебарско. Основното образование го завршил во Прилеп, а потоа продолжил да се школува во Солунската машка гимназија, од каде што во 1884 година, поради бунт бил исклучен со група од 12 ученици, меѓу кои и Ѓорче Петров.

Во 1884 година завршил VI клас во Пловдивската гимназија. Истата година, во градот Станимака (Асеновград), Пере Тошев, заедно со Спиро Костов од Велес и Владимир Кусев од Прилеп, организирале револуционерен комитет за ослободување на Македонија и Одринско.

Исто така, тој бил учесник во обединувањето на Источна Румелија со Бугариja во 1885 година, каде што со неговата чета учествувал во заземањето на градската пошта во Пловдив. Истата година, тој зел учество во Српско-бугарската војна, како доброволец во бугарската армија во одред од 400 македонски доброволци, под команда на Коста Паница. Нападот на неговиот одред бил заслужен за конечниот исход на битката кај Сливница (во близина на Пирот), при што Србите се повлекле.

Во битката Пере Тошев бил ранет, а за покажаната храброст бил одликуван со „Орден за храброст“. Од 1892 до 1901 година учителствувал во гимназиите во Прилеп, Скопје, Битола и Солун, сè до Солунската афера во 1901 година, кога заедно со повеќе истакнати револуционери бил уапсен.

Притоа, тој бил осуден на 101 година затвор и бил затворен во Подрум Кале (Бодрум Кале) во Мала Азија, но во 1902 година бил амнестиран. Во 1903 година учествувал во Илинденското востание, каде што раководел со Мариовскиот револуционерен реон.

Во 1904 година, по заробувањето на Дамјан Груев од србоманскиот војвода Мицко Крстевски, лично отишол и преговарал со Глигор Соколов (Соколовиќ) Ламев за негово пуштање. По востанието, тој бил еден од главните претставници на Реформската струја и се залагал за широка децентрализација на Организацијата.

Исто така, бил делегат на Прилепскиот конгрес во 1904 година, а во 1905 година на Рилскиот конгрес на ВМОРО бил избран за член на Централниот комитет на Организацијата. Од 1910 до 1911 година бил училиштен инспектор на училиштата во Солунскиот округ.

Во 1911 година заминал да се лекува во Софија, во клиниката на Стефан Сарафов. На 29 февруари 1912 година ја примил веста за склучувањето сојузен договор меѓу Бугарија и Србија, каде што Македонија била поделена на спорна и беспорна зона. Пере Тошев побарал да биде примен во Народното собрание и ислушан, при што бил уапсен.

Скршен од поделбата на Македонија, тргнал за Прилеп кај своите најблиски, но на 4 мај, на патот за Прилеп, во Дреновската Клисура, бил убиен од турска заседа. Откако бил убиен, Турците го исекле на парчиња и го закопале во каналот покрај патот. По пет дена, роднините го нашле телото на Пере Тошев, но Турците им забраниле да го погребаат во Прилеп. Така, под засилен надзор на Турците, Пере Тошев бил погребан во дворот од црквата во село Фариш. Во 1996 година, неговите посмртни останки биле префрлени во дворот на црквата „Свето Благовештение“ во Прилеп.

“Јас не познавам друг народ кој повеќе страдал од предавствата на своите синови – изроди како македонскиот”: ВЕЧНА СЛАВА НА ВЕЛИКАНОТ!

Во Македонија денеска се одбележуваат 116 години од cмpTта на револуционерот Гоце Делчев, кој на денешен ден во 1903 бил убиeн од турска војска во селото Баница, на пат кон Сер.

Визионерот кој пред повеќе од еден век го разбра светот како поле за културен натпревар на народите е роден на 4 февруари 1872 година во Кукуш, во семејството на Султана и Никола. Се школувал во гимназијата во Солун и на Воената академија во Софија. Учителствувал во Штип, а како член на Централниот комитет на ТМОРО работел на создавање мрежа на бази, комитети и комитски чети на Организацијата.

Учествувал на Солунскиот конгрес на ВМРО (1896), а до 1901 година бил задграничен претставник на ВМРО во Софија.

По убиството, неговите посмртни останки првин се чувале во Баница, до 1917 година, кога биле пренесени во Ксанти, а потоа во Софија. До 1923 година, ковчежето со коските се чувало во домот на Михаил Чаков. Останките на Делчев на 11 октомври 1946 година биле пренесени во црквата „Свети Спас“ во Скопје.

(Фото) Чистел лигња и пронашол нешто неверојатно: “Знаев дека има нешто сокриено во неа, но ова не го очекував”

Адам Тод (28) од Белфаст купил лигњи од пазар, а веќе тогаш забележал дека една од нив е прилично голема.

Сепак, изненадувањето следело кога одлучил да ги чисти.

(Видео) Не ни помислија дека во морето има “чyдoвиштe”: Голема бела ајкула се насочи кон капачите, а потоа се крена пaниka

Дронот кој го снимаше морето кај плажата Боднај, недалеку од Сиднеј, сними ајкула во близина на сурфери кои беа во водата.

Ајкулата беше упатена во лов недалеку од самата плажа, а станува збор за нajoпасниот вид, голема бела ајкула.

Сурферите се евакуирани од водата веднаш откако ајкулата била забележана. За среќа се помина без пocледици.

Фејсбук воведува сопствени дигитални пари: Ангажирани десетици финансиски компании и онлајн трговци да го започнат системот

Фејсбук планира да воведи сопствен систем заснован на криптовалути кој би поттикнал милиони свои корисници да го користат.

Во системот би се користеле дигитални пари слични на биткоин, но сепак Фејбук би настојувал да ја одржи стабилноста на вредноста на својата валута за разлика од “биткоинот” и сличните криптовалути чија вредност е подложна на нагли промени.

Новиот систем ви можел наводно да ја “поткопа” употребата на кредитните картички.

Во извештајот на “Волстрит”, кој се повикува на анонимни извори кои се запознати со ова прашање, се вели дека од Фејсбук веќе се ангажирани десетина финансиски фирми и “онлајн трговци” да го започнат системот.

Мицкоски: Јас ќе бидам набљудувач на денот на изборите во општина Сарај

Во вонредното издание на Отворено на Алфа Телевизија гостуваше претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, кој рече дека во текот на утрешниот ден ќе одржи состанок со сите набљудувачи на изборите за во недела на избирачките места да нема неправилности.

-Ние мора да се избориме, ние сме чувари на демократијата. Утре лично имам состанок во 8 часот со сите набљудувачи што се распределени на избирачките места ширум Македонија. И јас сум еден од тие набљудувачи, и јас ќе бидам набљудувач на изборно место во Сарај. Граѓаните не смеат да дозволат да се украде нивниот глас бидејќи треба да знаат дека тие се суверен владетел на својот глас позади гласачката кутија, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Тој рече дека победник на овие избори и иден Претседател е Гордана Силјановска Давкова, а се што ќе е поразлично од тоа би бил изборен фалсификат. Мицкоски рече дека ќе сторат се за да ја заштитат демократијата и вистинската Европска иднина на Република Македонија, за разлика од иднината која властодршците, како што ги нарече СДСМ и Зоран Заев, ја претставуваат на плоштадите, а позади завесите бројат украдени пари од граѓаните.

Видео кое најдобро ја прикажува сплотеноста на народот за Македонија!

Видео од атмосферата за време на еден од многубројните митинзи на ВМРО-ДПМНЕ со граѓаните, беше поставено вечерва на страницата на „Фејсбук“ – „Професорот за подобра Македонија“. Во видеото се гледа позитивната енергија и сплотеноста на народот за татковината и правдата во Македонија.

“Разрешен е Претседателот на СДСМ во Прилеп Миле Талески??”

Неофицијално од високи кругови на СДСМ веќе неколку дена се шпекулира дека конечно е разрешен од функцијата Миле Талески претседателот на СДСМ Прилеп? Катастрофалниот резултат на 21 април, најавата за огромен пораз на 5ти мај, обелоденувањето на злоcTopничко здружение во Прилеп, xaocот во старата чаршија, наводно биле само мал дел од причините за овој потег?

Повеќе од 18 месеци Прилеп е град на пpoпаста, на нexигиената, град во кој изумpe спортот, фудбалот и ракометот. Кога беше опозиција Миле Талески не често со шал од овие клубови, ветуваше блескава иднина доколку победи СДСМ. Се случи тоа, но ништо од ветувањата?

Мицкоски гостин на телевизија Алфа вечерва во 22:15 часот

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски вечерва ќе биде гостин на Телевизија Алфа веднаш по вестите.

Обраќањето на Мицкоски се очекува да започне во 22:15 часот.