дома блог страница 3340

(Колумна) По “ДЕВЕТКАТА” во Тетово: Aлооо Победа, ти си срам за фудбалски Прилеп

ПО „ДЕВЕТКАТА“ ВО ТЕТОВО: АЛООО ПОБЕДА, ТИ СИ СРАМ ЗА ФУДБАЛСКИ ПРИЛЕП!!!

За sportmedia.mk пишува: Зоран Ѓоршоски

Победа и официјално е второлигаш. И редно беше. Доста е веќе. МАРШ во Втора лига и немој да се враќаш се додека не научиш што е фудбал, додека не научиш што е фер-плеј, кога тоа што го имаш во твојот „ген“ а потекнува од 2004 година, се потрудиш да исчезне. АЛООО ПОБЕДА, ДА, ТИ СИ СРАМ ЗА ФУДБАЛСКИ ПРИЛЕП. На што личеше она вчера под Шара. Таа „деветка“ долго, долго ќе биде твојот срам, можеби никогаш нема да исчезне, избледи. Засекогаш ќе биде запишано: На тој датум, а вчера беше 04.05.2019, Ренова со 9:1 ја совлада Победа. Тој пораз е еден од највисоките во историјата на ПМФЛ, веројатно и во историјата на клубот. За ова се виновни сите играчи, сите тренери и сите челници кои вчера беа вака или онака врзани или поврзани со клубот. Виновни се и претходните раководни лица од сезонава. Покажаа таков аматеризам што навистина е фрапантно. Од еден бренд, од една гордост на Прилеп, да направиш сра.е. Сите да ти се смеаат, твоите натпревари во обложувалниците да ти ги блокираат.

За ова некој мора да одговара, тука мислиме за онаа вчерашна „деветка“, да одговара и за оние мечеви со А. Пандев, но и за некои други. Видете, Победа не е толку слаба, тоа го докажа со победата над Работнички во Скопје кога нејзините играчи играа како да им зависи животот. А вчера, вчера недостигаше уште малку сами да си ја тресат мрежата, а целта како да беше една, како да се сакаше на Ренова да и се помогне да победи што поубедливо. Има многу што да се пишува, но авторот на овој текст едноставно нема зборови со кои може да го опише очајот на Победа, вистина е кога некогаш ќе се каже – ОСТАНАВ БЕЗ ТЕКСТ…

На крај порака до играчите, тренерите, раководните лица, спонзорите на клубот, но и до сите оние кои на некој начин се во Победа и се со Победа во овој момент, но и во изминативе 2-3 години. Сега откако го донесовте срамот гледајте само да не ви се повтори периодот по оние неславни мигови по таа 2004 година кога се продаваше „муда за бубрези“, кога уште виновни знаевте да „продавате“ фудбал, кога дури така „обележани“ го водевте и мак – фудбалот, а сега сакате да се вратите на голема врата, како ние да сме заборавиле што правевте, со какви глупости се занимававте. Порака до вас да престанете да ја „сакате“ Победа, доста е веќе. На ваше место да дојдат силни спонзори, а Прилеп има такви, да дојдат чисти луѓе кои ќе знаат што треба да се направи за да таа Победа игра со срце, кои ќе знаат што треба да сторат за да со таа Победа сите се гордееме, пред се прилепчани.

ФОТО: “Дали Ромите се носат организирано на гласање? Ништо од скандинавски избори?”

Дали се појавија првите неправилности во избирачкиот процес во Прилеп?

Наши читатели ни испратија фотографии на кои се гледа комбе наменето за превоз на ученици, а според нив истото се користи за превоз на лица од ромска националност за носење на гласање…

Денеска е Томина Недела: Неделата после Велигден се нарекува уште и Мал Велигден

Томина Недела или Нова Недела, Антипасха, во западното христијанство како Бела Недела или Мал Велигден е значаен христијански празник кој се прославува во првата недела по Велигден и е посветен на светиот апостол Тома.

Кога Исус Христос се јавил на апостолите, Тома не бил со нив, а кога тие му кажале дека го виделе учителот тој не поверувал и им одговорил: „Дури не ги видам клинците на рацете Негови, и не го ставам прстот свој во раните од клинците, и не ја ставам раката своја во ребрата Негови, нема да поверувам“.

Поради тоа, апостолот Тома е наречен Неверен Тома. По осум дена кога и Тома бил со другите апостоли Христос пак им се јавил при што посебно му се обратил на Тома: „Дај го прстот свој овде и види ги рацете Мои; дај ја раката своја и стави ја во ребрата Мои; и не биди неверлив но верлив!“

На тоа Тома одговорил и рекол: „Господ мој и Бог мој!“ Исус му рече: „Тома, ти поверува, оти ме виде; блажени се оние, кои не виделе, а поверувале“.

Oва е излезеноста во Прилеп до 10 часот

Во Прилеп денеска право на глас имаат 63.941 гласач.

Според заменикот претседател на Општинската изборна комисија, Коста Дурланов, сите 142 избирачки места во општина Прилеп се отворени навремено во 07:00 часот и гласањето тече без никакви проблеми досега.

Вчера во Прилеп право на глас имаа 299 болни и изнемоштени лица и 70 затвореници.

Според податоците до 10:00 часот, во Прилеп на гласање излегле 7.182 гласачи, или 11,24% од вкупниот број со право на глас.

Прва прес конференција на Државната изборна комисија: Ова е излезеноста до 10 часот

На гласачките места веќе 3 ипол часа гласањето тече мирно и без неправилности, соопштија од ДИК.

Според 88,10% обработени податоци од, а вкупно досега гласале нешто над 90.000 гласачи, или нешто над 6% од гласачите.

Најголема излезеност досега има во Крива Паланка, Берово и Кратово, а најмала во Дебар, Врапчиште, Боговиње – соопштија на првата прес конференција од Државната изборна комисија.

Наредната прес конференција е закажана за 13:30 часот.

Денеска и во наредните денови облачно и врнежливо време – поубава прогноза дури од среда

Времето ќе биде претежно облачно и нестабилно со врнежи од дожд, кои локално ќе бидат пообилни, над 25 литри на метар квадратен и проследени со грмежи и силен ветер. Ќе дува умерен, а вдолж Повардарието и особено во југоисточните делови засилен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде помеѓу осум и 13, а дневната ќе достигне од 15 до 21 степен.

Како што информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), во Скопје слично време, претежно облачно со повремени врнежи од дожд, а ќе има и појава на грмежи. Ќе дува умерен, а повремено и засилен јужен ветер. Температурата ќе се движи од 10 до 19 степени.

И во понеделник ќе биде променливо облачно и нестабилно со локални врнежи од дожд, кои на места ќе бидат поројни, проследени со грмежи, силен ветер, а ќе има и услови за појава на град. Во понеделник кон крајот на денот и во вторник поради спуштање на студена воздушна маса ќе дува засилен северозападен ветер што ќе предизвика позначително опаѓање на температурите, па во вторник наутро ќе има услови за провејување на слаб снег на повисоките планини. Во среда утрото ќе биде студено, но преку денот ќе преовладува посончево и потопло време.

Во понеделник е Ѓурѓовден: Кои се обичаите и што треба да направите на овој ден?

Православните верници во понеделник го прославаат Ѓурѓовден, празникот кој е врзан со најголем број обичаи што постојат во народното верување.

Овој светец се смета за граница меѓу зимата и летото, празник врзан за здравјето на домашните, женачката, плодност на стоката и добри посеви.

Главен обичај е плетење венец од билки, миење со цвеќиња, капење во река.

Венецот сплетен од цвеќиња треба да се стави на влезната врата во куќата и тоа значи дека домот и годината ќе бидат богати.

Наутро со билките и со цвеќињата што домаќинката претходно ги потопила во вода, прво се мијат децата за да бидат здрави како дрен преку цела година, девојките и момчињата се грабаат околу нив, старите да бидат витални, а домашните куќата да им биде чувана.

Се верува дека на Ѓурѓовден не треба да се спие, бидејќи главата може да ве боли цела година.

Во селата се палеле големи огнови за да се избркаат сите зли и лоши сили.

Се верувало дека ако е ведро, годината ќе биде плодна, а ако врне, дека ќе биде сушна година.

Таа ќе биде нашата прилепска гордост: Талентираната Александра Трајческа пее разлева и без микрофон (ВИДЕО)

Aлександра Трајческа ја познаваме по одличните настапи на музичкото талент шоу “Пинкови ѕвездички”. Младата пејачка од Прилеп полека но сигурно израснува во врвен изведувач, а тоа го докажува со секој нејзин нареден настап.

Александра минатиот месец на 20.04, настапи на Регионалниот натпревар на училишни хорови и солисти кој се одржа во просториите на гимназијата “Мирче Ацев” во Прилеп и обезбеди пласман на државниот натпревар, што ќе се одржи на 10.05.2019 во Скопје.

Инаку, Александра е ученичка во деветто одделение во ООУ “Koчо Рацин” во Прилеп, а на овој натпревар беше под менторство на наставничката Белинда Ристеска.

“Ракометна брука: Наместо во Европа, одиме во втора лига?”

РК Прилеп загуби катастофално од РК Охрид со резултат 20:36.

По денешниот катасторфален пораз од Охрид се поизвесно е дека прилепскиот клуб ќе ја напушти Првата македонска ракометна лига.

Прилепската гордост РК Прилеп, кој пред две години играше во Европските натпреварувања, сега е на дното од табелата. Навивачите кои со нетрпение го очекуваа секој следен натпревар, ќе треба да почекаат на некои подобри времиња.

Очигледно е дека спортот не е на листата на приоритети во Прилеп. Останува да се запрашаме, кој ќе сноси одговорност за оваа состојба ?!

(Видео) Цела арена на нозе: Спектакуларна завршница на Манасков!

Веспрем и денес славеше против Флензбург со резултат 29-25 и се пласираше во завршниот турнир во Лигата на шампионите.

Сепак, мечот ќе биде запамтен по спектакуларниот гол на нашиот Дејан Манасков во првото полувреме.

Македонецот ја крена цела арена на нозе, а еве каква беше и реакцијата на коментаторот: