дома блог страница 3334

СВР Прилеп поднесе KPИBИЧHA за двајца прилепчани

Надворешната канцеларија за kpиминалиcтичkи paботи Прилеп поднесе kpивичнa пpиjaва пpoтив С.Р.(22) и М.С.(20), двајцата од Прилеп, поради постоење ocнови на coмнeниe за cтopено kpивично дело ,,нacилcтво“.

На 24.04.2019 година во Прилеп на улица ,,Октомвриска“, по претходна cooбpaќајна незгода, пpиjaвените физички го нaпaднaлe С.Ш.(52) од Прилеп – информираат во полицискиот билтен на МВР.

(Видео) Денот се претвори во ноќ: Патнички авион се доближи до песочен облак, па немаше избор и мораше да го направи ова

Патнички авион морал да сврти од курсот на летање и практично да побегне од огромна песочна бура која го зафати австралискиот град Милдури.

Ерика Ветсон успеала да сними како авионот оди право кон песочниот ѕид, додека пилотот не го свртел авионот и се вратил кон Мелбурн.

Огромниот облак денот го претвори во ноќ.

„Можев да видам како небото менува боја, а дуваше и силен ветер. Тоа беше најсилната бypa во последните 40 години“ рекла една жителка.

Ваква појава обично се случува во многу cyшни делови од земјата, најчесто во лето. Ова беше сув почеток на годината, рекол друг жител на градот.

Папата Франциск: Македонија и Бугарија се две целосно различни нации

Папата Франциск изјави дека Македонија и Бугарија се две целосно различни нации, одговарајќи на новинарско прашање за впечатоците од посетата на двете земјите која тој ја оствари изминативе три дена.

“Тие се две целосно различни нации. Бугарија е нација со вековна традиција. Македонија, од друга страна, има вековна традиција, но не како држава… Како народ, што на крајот израсна да формира нација. Тоа е убава борба”, изјавил тој во авионот на пат за Ватикан.

Папата додал и дека Македонија отсекогаш имала идентитет и сега тој е консолидиран како народ со мали и со големи проблеми.

ВИДЕО: Ова не се купува со пари: Енфилд грмеше после лудиот пресврт на Ливерпул над Барселона

Ливерпул и култниот Енфилд синоќа доживеаја еден од своите историски моменти во своето постоење.

„Црвените“ ја елиминираа Барселона по негативата од 0-3 од првиот меч иако играа без Фирмино, Салах и Кеита, а на полувреме се повреди Робертсон.

Големиот успех знаеја да го прослават со своите навивачи, Енфилд уште ечи од звуците на фудбалерите и навивачите.

ВМРО-ДПМНЕ: “Јованоски и Миле Талески ги заборавија Ромите на Ѓурѓовден. Багерите од молкот ги нема во Тризла, сега ќе стасаат само 60% повисоки сметки за вода” (ВИДЕО)

“Не поминаа ниту 24 часа од вториот круг на претседателските избори, а веќе го видовме лицемерието на СДСМ.
Градоначалникот Илија Јованоски кој кога сака е секуларен, а кога сака е религиозен, покажа дека Ромите во Прилеп за него и СДСМ се само гласачка машинерија и ги почитуваат само пред избори”, истакнаа на денешната прес конференција од ОК ВМРО-ДПМНЕ Прилеп.

Прес конференцијата во продолжение ја пренесуваме во целост:

“Јованоски не најде време да ги посети своите сограѓани Роми во населбата Тризла и излетничките места на Ѓурѓовден, празник кој кај граѓаните од ромската популација се празнува како еден од најголемите денови во годината.

Сепак, за Јованоски и првите луѓе од СДСМ, Ромите и нивните обичаи и традиција се вреднуваат, само тогаш кога од нив се бара да гласаат.

Во 19 месеци откако Јованоски ја презеде локалната власт во Прилеп, Ромите немаа видено никаква механизација во средините каде живеат.

Но, затоа во периодот пред претседателските избори, па дури и за време на изборниот молк, на терен можеше да се забележи секаква механизација.

Се тампонираа улици, се ветуваа вработувања и социјални погодности, а на денот на гласањето голем број граѓани Роми организирано со комбиња беа носени до гласачките места.

Покрај тоа, постојат сериозни сомнежи дека е вршен масовен поткуп на гласачи, а на терен присутни беа и припадници на партизираната полиција контролирана од СДСМ.

Вакво деградирање на граѓаните и поигрување со нивните судбини досега во Прилеп не е видено. Наместо живот и едно општество за сите како што велеа, Јованоски и СДСМ донесоа поделби и понижување.

Почитувани сограѓани,

Ова владеење мора да запре, мора да се стави крај! Резултатот во неделата кога СДСМ загуби со 1.600 гласови разлика во Прилеп е доказ дека граѓаните бараат промени.

ВМРО-ДПМНЕ се заблагодарува на сите оние сограѓани од ромската популација кои се одважија и не подлегнаа на притисоците, додека пак на сите останати им порачуваме дека нема од што да се плашат. Ги повикуваме да ни се придружат во борбата против оваа ненародна власт се до конечна победа на правото и правдата во Македонија”.

Најслаткото нешто што ќе го видите денеска: Ова мало девојче пее песна од Елвис Пресли со огромна емоција (ВИДЕО)

Малата Клер Козби (6) ги освои срцата на сите што ја видоа и ја слушнаа на Јутјуб.

Таа одлучи да ја испее позната песна од Елвис “Can’t Help Falling In Love”, свирејќи на традиционален хавајски инструмент – укулеле.

Сите што ја виделе оваа изведба нe можеле да се начудат од нејзиниот неверојатен талент и емоции што таа успеала да ги пренесе.

Погледнете:

Правда за Македонија! Правда за секој човек!

Пишува: Македонец од Македонија

Што да се каже? Дали душата има збор или крик да испушти, та да ни ја слушнат болката? Живи избришани. Глас имаме, неми останавме. Како скаменети пред својот џелат, наведнавме глава, да ни ја сечат. Џелатот го спушти сечилото. Само крвта остана белег дека тука било извршено егзекутирање. Дури и во смртта главата и телото постоеја, а не постоеја, исто како и додека биле живи македонците.

Историјата, таа учителка на сегашноста и иднината, не познава вакви предавства како што на Македонија и се случија, од своите, меѓу своите. Како обземен, народот претворен во зомби ја гледаше својата небиднина и непостоење. Сето тоа во името за поголема цел, рекоа за Европска Унија и Нато. Но, кога човек ќе испушти душа, кога ќе го исклучиш од апарати на болнички кревет, чуму му е ЕУ и Нато.

Со кои сили ќе се бори за Нато и чиви деца ќе праќа да војуваат и гинат за туѓи интереси? Со кои сили ќе учи и живее според ЕУ стандарди, кога свесноста за своето постоење го изгубил?

Глумиме живи сме, а веќе умрени.

Се движиме преку ден игнорирајќи ја реалноста, глумејќи дека сме напредни и современи, во време кога мувлата ни навлегла по ќошињата на куќите и институциите. Едни се про-ЕУ бидејќи глумат современо „граџанство“, другите со грутка во душата знаејќи ја вистината за своето небитисување. А таму во Европа, таа прекрасна раскошна убавица, со богатството на различните држави, ја негува посебноста на секоја своја различност, од французи, до германци, до бугари, до италијанци, до шпанци и многу други. Само ние, ете ние безимените итаме да им се придружиме, така обезличени, како неидентификувани објекти во едно семејство на строго идентификувани различности.

Сите со своето Име и своето Достоинство, само ние без ништо освен празна душа и желба за ефтина реалност.

А ефтината определба не ни е непозната. Таа е насекаде околу нас катаден. Па можеби и затоа толку лесно од рака им беше да не обезличат. Само видете какви луѓе се пример во нашето општество: криминалци, неморални, полтрони, неуки, манипулатори, општото беззаконие и безличност ни е репер за успех во животот.

Но, не се тие криви. Не е крив овој премиер за својата подпросечност и глупост, како и спремност све да продаде дури и светото за пари и интерес, не е крив Димитров Никола што луксузно си живее со години секако со неизбежното вечерно увлекување на девојките на шанк, додека ние му плаќаме за стипендиите на ќерка му, функциите, патувањата, луксуз и слава, еве сиве години од време на Вмро Дпмне па и сега за време на Сдс, не е крив министер кој чиниш професор од Правен факултет, а пазар го направи правото во Државава, не е крива Радмила за Прада и луксуз марки цел живот од џебот на граѓаните, не е крив Васиљ кој од твитерџија стана владин службеник за чорба за 50-девче, не е крив Миле што го ставиле портпарол на Влада, не е крив Стево за кого народот е стока, а пак стана претседател, не се криви ни терористите кои сега ни се во влада и ни глумат висока етика и морал, нити терористите кои го гушкаа Стево пред избори, оние од ужасните убиства кои ни се случуваа низ годиниве во Македонија. Криви сме НИЕ што сето тоа им го дозволивме!

И немојте ве молам да почнете вината на друг да ја фрлате, па да се расфрлате со обвинувања како Вмро Дпмне не’ повикало, како не’ одбранило. А што и кое право го има Партијата за моето право на постоење и живеење? Таа треба да биде таа која мене ќе ме слуша како граѓанин, јас ја гласам или не ја гласам. Таа, да, има вина што не излезе на улица со народот и меѓу народот, но тоа не значи дека мојата вашата борба требаше да застане.

Видете ги французите. Од тука да ве прашам, каде бевте вие, да, ти македонецу, вечерта кога во Собранието се менуваше Уставот на најсрамен начин во историјата на Европа?

Колку беа излезени пред Собрание?

Зарем партија треба да го брани нашето право на постоење и идентификување?

Зарем партија да го брани моето достоинство?!

НИЕ сме криви!

Репер ни станаа предавници како Крсто од Вевчани, Сашо и Љубен од Охрид, Нола од Струга, Елизабета од Камчевци, Александрова, Авирович, Зекири.

Нивните деца безгрижно шетаат низ светот и патуваат на монденски места, уживаат во благодетите на убавиот живот без грижа и мака за пари. И баш им е гајле!

Еден ден овие ќе бидат воспеани во песните и запишани во историјата предавничка, но џабе. И денес многу поколенија на предавниците од историјата на Македонија се на врвни позиции и уживаат во бенефитите од предавствата на своите предци. НИЕ сме криви!

Ние сме тие кои не го заслужуваме славното минато, бидејќи со својот пример не покажуваме дека сме македонци.

Време е да се разбуди македонецот во нас, сега, бидејќи утре ќе биде доцна. Доста е поделби. Доста е заведување на народот на поединци за лични профити. Еден за сите, сите за еден!

Гоце рекол: „Јас не сакам востание со луѓе што ќе ме напуштат при првиот неуспех; јас сакам револуција со граѓани кадарни да ги понесат сите искушенија
на една долготрајна борба, каква, поради жестоките политички услови, ќе биде и нашата – или ќе водиме говеда на касапница.“

Професорката Сиљановска ни порача: „Мислам дека веќе е јасно дека доаѓа крајот на политичките глумци на Балканот, особено на Западен Балкан, на импровизаторите, на оние кои глумат демократија и демократски реформи. Тоа е веќе прочитано и јасно. Очигледно е дека оние кои ја креирале длабоката криза на демократијата, сигурно дека не можат да бидат реформатори. Тука се наоѓаме дека е потребен радикален пресврт, зошто нема каде понатаму да се оди.

Што значи тој радикален пресврт?

Тоа значи поинаков ков на политички лидери, поинаква политика, луѓе кои се спремни да го вложат своето знаење, луѓе кои се спремни на жртви, луѓе кои се докажани во своите струки во рамките на државите на Европската Унија, што значи луѓе без фрустрации, почитувани… посветеноста на владеењето на правото и на моралните вредности.“

Европа значи владеење на правото, демократијата и човековите права, ова е запишано во сите европски документи. Европа не е она што ве лажат минливи домашни и странски политичари.

“Во жртвата нема степен, таа завршува со чест и со име” велеше великанот на македонското револуционерно движење Гоце Делчев. Неговото дело, е аманет и наш завет. А Македонија е жива се додека неговата идеја е наша кауза. Тој се бореше за слобода на Македонија, денес нашата борба е за правда во Македонија. Неговата пркост и нашата почит кон таа визија и саможртва е жива и денес.

Да го оствариме сонот за Македонија!- ни порача Христијан Мицковски.

Од вас зависи, од нас зависи, дали ќе преживееме или за навек ќе се разнебитиме. Дали за навек ќе се иселиме по бел свет? Од нас, од вас, зависи каква иднина ќе оставите на своите деца, внуци и правнуци, достоинствена иднина или предавничка иднина?!

„Македонија е се што имаме!“

Дали спиете со градник – дамите мора да го знаат ова, дали е добро или лошо по здравјето

За некои жени спиењето со градник е начин да ја зачуваат младешката цврстина на градите, додека за други тоа е голема мака и нелагодност.

Долго време владееше митот дека спиењето со градник е опасно бидејќи може да предизвика рак на дојката, но тоа е потполно неточно, тврдат најновите истражувања.

Во истражувањето објавено во магазинот „Cancer Epidemiology Biomarkers & Prevention“, објавено е истражување кое покажало дека ништо кај носењето градник, вклучувајќи ја големината на кошницата, постоењето на жици или не, бројот на часови на носење или периодот кога жената почнала да носи градник, не го зголемува ризикот за рак на дојката.

Исто така нема докази ниту дека спиењето со градник ја попречува нормалната циркулација.

Кога би било така, би морале да постојат и некои други симтоми, како едеми или собирање течност во дојката, што не било забележано кај ниту една испитаничка.

Сепак, спиењето со градник може, во мала мерка, да придонесе за одржување на цврстината на градите, кои поради годините, бременоста, доењето и гравитацијата со време стануваат какви што жените никако не сакаат.

Академик Ќулавковa: “Македонскиот идентитет ни го забетонираа онака како што некогаш во мостовите заѕидувале жива жена – доилка”

(Фејсбук статус на Академик Катица Ќулавкова)

“Македонскиот идентитет ни го забетонираа онака како што некогаш во мостовите зазидувале жива жена – доилка, со ритуалот на свирепото жртвување, со измама. Македонскиот народ – жртва на туѓи интереси и перфидни стратегии.
Ох, тој „прекрасен нов свет“!”

Денеска е Марковден: Еве кои народни верувања и обичаи се поврзани со овој празник

Свет апостол и евангелист Марко е христијански апостол и светец, сопатник и помошник на Апостол Петар, којшто во своето Прво послание го нарекува син свој, не син по тело туку по дух. Така го напиша Светото Евангелие, коешто го виде и го посведочи за вистинито и самиот апостол Петар.

Тој го постави Марко за епископ и го испрати на проповед во Мисир. Така тој беше првиот проповедник на Евангелието и првиот епископ во Мисир. Мисир беше сиот притиснат од густиот мрак на незнабоштвото, гатањето и злобата. Со Божја помош Свети Марко успеа да го посее семето на Христовата наука низ Ливија, Амоникија и Пентапол.

Славење и обичаи

Неговиот спомен се празнува на 8 мај/ 25 април и не се смета за тежок празник. Во Гевгелиско мажите работеле, а жените го држеле за празник. Се празнувал за заштита од град. Се верувало дека ако работат град ќе го отепа полето. Поради тоа никако не влегувале во бавчата или во лозјето. Во селото Гореме, Светиврачко, овој ден бил празник на селото. Над селото имало мала височинка што се викала Кукувица и тоа место се сметало за свето место што е под заштита на светиот евангелист Марко. Не се знае од кога, но најверојатно од заселувањето на селото на овој ден, на тоа место се давало курбан за тој светител. Курбаните се колеле денот пред празникот, односно на 7 мај.

Пред да се заколеле курбаните свештеникот читал соодветни молитви. Кога ќе ги заколеле курбаните биела камбаната и престанувал секаква работа: орање, сеење, копање и др. Сите курбани се готвеле во големи селски котли под ридот Кукувица. За тоа време жените готват храна како: оризарник, баница, погача и др. Околу четири часот попладнето ја товареле храната на коњи и целиот народ одел на ридот Кукувица.

Таму свештеникот светел вода и сите ги попрскувал со неа. Потоа ги кадел трпезите по што ја ставале храната. Мажите седнувале на софрите, а жените раздавале од храната. Откако ќе јаделе започнувале со ора и песни. На стемнување се враќале во селото каде што продолжувала веселбата до доцна во ноќта. Утрото на 8 мај, на денот на св. евангелист Марко, се служела божествена литургија, а потоа се правела веселба со ора и песни што траела цел ден. Во селото постои и легенда за Св. Марко.

Легендата раскажува дека во турско време на селаните им било забрането на Марковден да одат во месноста Кукувица, и им било наложено вода да светат во селото. На местото Кукувица Турците направиле касарни и тука престојувала војската. Секоја ноќ на начелникот му се јавувал белобрад старец со бела капа на главата и на неа крст, во рацете држел патерица и многу го мачел неговиот син. Начелникот загрижен за страдањата на својот син пошол кај еден старец во селото и му ја раскажал својата мака.

Овој веднаш се сетил дека тоа е светецот кој му се озмаздува затоа што забранил на неговиот ден да одат на местото Кукувица и да светат вода. Потоа повикале и свештеник кој му го кажал истото. Тогаш Турчинот го замолил свештеникот да свети вода на Кукувица и да ги попрска касарните и војниците со светена вода. „Се поклонувам пред тој ваш свет обред“, рекол Турчинот.

Оттогаш веќе син му ништо не го мачело. Потоа на селаните им дозволил на ридот Кукувица да го изведуваат обредот и да светат вода како и порано. А кога се приближил празникот Турчинот подарил три овни да ги заколат за курбан на празникот Св. Марко.

Друго народно верување

Според народното верување ако на Ѓурѓовден некој го дочекал утрото во постела или тој ден некој му предал сон – значело дека во текот на целата година ќе биде дремлив, а можеби и болен – тој треба да отспие и на Марковден, зошто така ќе се „излечи“ од поспаност и болест.

Ако не сте дремнале на Св. Ѓорѓи, немојте ни на Марковден зошто цела година ќе бидете троми и поспани.

Значи, ако не сте го преспале Ѓурѓовден, вечерва легнете во некое нормално време, за да се разбудите наутро наспани и весели, а ако сте го преспале Ѓурѓовден вечерва легнете кога сакате и слободно преспијте го и Марковден.