дома блог страница 3333

Моќно видео на Мартин Пресилски од Прилеп посветено на македонската икона: Стојанче Стоилов е “НЕСКРШЛИВИОТ” (ВИДЕО)

Мартин Пресилски од Прилеп кој е познат по изработката на прекрасни видеа, овојпат изработи видео сторија за капитенот на Вардар и македонска икона Стојанче Стоилов.

Видео сторијата е наречена “The Unbreakable” (Нескршливиот), а во неа Пресилски има избрано повеќе совршени погодоци кои Столе ги има постигнато на македонската репрезентација и црвено-црниот дрес на Вардар.

Погледнете:

Повеќе видеа погледнете ТУКА

Кирацоски и се обрати на нацијата: “Ракавите се засукани, другари!”

Генералниот секретар на СДСМ преку Фејсбук и се обрати на нацијата:

“Домашниот есап на пазар не излегува” – Стара македонска поговорка!
А зошто? Затоа што се водиме по шпекулации, рекла-казала муабети, погрешни информации, лаги и измислици (за кои се изнаслушав деновиве). Сепак, нè чека многу работа, многу промени (пред сè на нашите парадигми). Ракавите се засукани, другари! – напиша Кирацовски на Фејсбук.

Наследникот на Путин во неговата лимузина (ВИДЕО)

Министерот за одбрана на Русија, Сергеј Шојгу, за кого сите велат дека ќе биде наследник на Владимир Путин се провози со неговата лимузина. На генералната проба по повод Денот на победата над фашизмот, Шојгу парадираше со „Аурус“ со отворен покрив.

Путин и Шојгу се големи пријатели и често можат да се забележат заедно на лов или пак како вежбаат.

AJДЕ ХУМАНА МАКЕДОНИЈО! Лидија има потреба од нашата помош! За еден месец и се потребни 25.000 евра! МОРАМЕ И МОЖЕМЕ!

Лидија Ристевска од Битола, боледува од Мултиплекс склероза, болест која тивко ја уништува, а единствената можност да успее да се избори со болеста е трансплатација со матични клетки во Русија.

На Лидија и е потребна сета наша помош, бидејќи третманот чини 45.000 евра, средства кои таа мора да ги собере за еден месец, бидејќи третманот е закажан за јуни поради тешката состојба.

Недостигаат уште 25.000 евра за Лидија да замине на овој третман. Семејството моли за помош до сите хумани граѓани и фирми да помогнат да се собере потребната сума.

Донирајте на следната жиро сметка или телефонски броеви:

Ж.с-ка 500600016598443
Стопанска банка АД Битола

IBAN MK 07500080003654013
SWIFT CODE STBBMK22
Stopanska banka AD Bitola

Донациски броеви

T mobile 143 – 121
VIP ONE 143 – 474

ВИДЕА: “На кој Киршан Мамудоски да му веруваме?”

На денешната прес конференција од Општинскиот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ, каде посочија дека градоначалникот Илија Јованоски ги заборави Ромите за празникот Ѓурѓовден и дека локалните власти се грижат за своите сограѓани Роми, само тогаш кога им е потребен нивниот глас на избори, со реакција се јави Киршан Мамудоски, претседател на Урбаната заедница “Тризла 2”.

Во продолжение погледнете ја реакцијата на Мамудоски:

Истиот Киршан Мамудоски, во изминатите години беше добар поддржувач на политиките на претходната влада и на градоначалникот Марјан Ристески.

Според тоа, се поставува прашањето, на кој Киршан можеме да му веруваме?

Папата импресиониран од оваа македонска личност- штом заминал од Скопје во авионот веднаш му се заблагодари јавно на овој човек

Во Македонија има верска почит…се зборовите на македонскиот претседател Ѓорге Иванов од кои Папата Франциск бил импресиониран на нивната вчерашна средба во Скопје, јави Католичката новинска агенција, пренесувајќи ја прес-конференцијата на Неговата Светост, одржана на повратниот лет од Скопје кон Рим.

„Во Македонија, силен впечаток ми остави една реченица што ми ја кажа претседателот: „Тука ние немаме религиска толеранција, туку почит“. Тие имаат почит. Во денешниот свет почитта недостасува многу. Почит за човековите права, ни недостасува почит за многу работи, почит за децата, почит за постарите. Впечатливо е што мистиката на една земја е токму почитта“, рече Папата Франциск за време на враќањето кон Рим, прашан која е најголемата импресија што со себе ќе ја понесе од посетата на Македонија.

„Македонија има идентитет и сега треба да го консолидира како народ со мали, големи проблеми, како што е името, и ова ние сите го знаеме. Двете земји (Македонија и Бугарија) имаат христијански, католички и муслимански заедници. Процентот на православните заедници е голем во двете земји, а помал на муслиманската заедница и уште помал е процентот на католичката заедница. Во Македонија уште повеќе за разлика од Бугарија. Нешто што видов во двете земји се добри односи меѓу двете вери“, рекол Папата Франциск.

Во 21 век децата од училиштето “Мите Богоевски” ресенско Јанковец со денови седат без струја и огрев? (ФОТО)

Ова е Оновното подрачно училиште ,,Мите Богоевски” во С.Јанковец – Ресенско. Во 21-от век, веќе неколку дена ова училиште е без дрва за огрев и струја, известени се сите надлежни институции меѓутоа како што велат родителите на децата, никој ништо не превзема.

Како што велат жителите на ова село, дечињата деновиве со временските промени биле премрзнати, па родитрлите сами носеле дрва за да можат да ги затоплат училниците.

Ова е реакцијата која стигна до нашата редакција од страна на родителите:

“Во ОУ “Мите Богоевски”, с.Јанковец, Ресен. Учениците немаат струја веќе трет ден, пријавено е сегде никој не реагира, никој ништо не превзема!!! Родителите носат дрва од дома бидејќи на децата му е ладно. Ова е страмота!
Споделете нека видат сите!”

(Фото) Мистерија на летот Париз-Мумбај: Авион на “Ер Франс” мистepиозно слетал во Иран – никој не знае зошто

Авионот на лет од Париз до Мумбај исчезнал од радарот недалеку од иранскиот регион Исфахан.

Иако се стравуваше дека се случила тpaгедиja, авионот безбедно слетал на аеродромот во близина на Исхафан. За сега не се знае што ја предизвикало промената на рутата.

“Флајтрадар24”, кој го надгледува авио-сообраќајот, соопшти дека е изгубен сигнал со леталото.

“Авионот АФ218 моментално не е во дометот на Флајтрадар24. Иле е надвор од покриеноста или слетал”, се наведува.

Авионот полетал од Франција и потоа летал преку Европа и западна Азија, пред да исчезне над централен Иран.

Пилотот пред да биде изгуби контакт се огласил “7700” што укажува на општа oпacHocт.

Брука: “Миле Талески не му се заблагодари на гласачите? Тоа е преседан или срам за многуте ветувања за работини места??”

Вториот круг на претседателските избори во Прилеп, го донесе можеби најголемиот пад на СДСМ споредено со гласовите кои оваа партија ги освои на локалните избори во 2017 година.

За само година ипол владеење тандемот Илија Јованоски, Миле Талески, падна за над 6.500 гласови во градот под Марковите кули после првиот изборен круг.

Тоа е можеби причината поради која претседателот на Општинската организација на СДСМ и Советот на Општина Прилеп, Миле Талески, не ги удостои новинарите и гласачите на СДСМ, јавно да им се заблагодари за бројот на гласови кој го добија во Прилеп.

Како благодарност до гласачите на СДСМ, Талески објави само краток статус на својот Фејсбук профил, без притоа јавно да застане пред прилепчани, како после првиот круг од изборите.

Еве како Талески ве поздрави после првиот круг од претседателски избори:

Дали се што кажал тогаш не важи денес или се’ е заради метлата??

Или можеби наставникот по одделенска вработен во поранешното СИЗ, а денес (АД за ССДП) ужува некаде во хаосот во Старата прилепска чаршија, за кој од опозициската ВМРО-ДПМНЕ посочија дека е предизвикан од функционерите на СДСМ од Прилеп??

“Војводи” од Тетово го најавија документарниот филм за својата 30-годишнина: Промотивното видео буди морници! (ВИДЕО)

Навивачката група “Војводи” од Тетово, преку промотивно видео го најави документарниот филм “30 години Војводи Тетово”, кој за прв пат ќе биде емитуван во недела, 12 мај, во Домот на културата во Тетово, со почеток од 20:00 часот.

Промотивното видео буди морници: