дома блог страница 3332

Картата на „Голема Албанија“ на чело на протестот за Диво Насеље (ФОТО)

На скопскиот плоштад „Скендерберг“ напладне почна протестот за осудените од случајот Диво Насеље. Поддршка на протестот дадоа неколку десетина граѓани.

Демонстрантите бараат правда и слобода за осудениците.

Граѓаните кое се придружија на протестот држат транспаренти за правда за малиот Алмир, но и транспаренти со УЧК и со картата на „Голема Албанија“. На големиот транспарент со таканаречената голема Албанија стои и слика на Арсим Бајрами за кого се бара слобода.

ФОТО/ТВ 21

(Видео) Во длабочините пронајдоа мистериозно суштество

Нуркачот Виктор Весково во склоп на експедицијата “Пет длабочини” за документарецот на “Дискавери”, ги истражуваше тајните на подморската дупка “Сунда”. Но она што членовите на експедицијата го видоа на длабочина од 7.2 километри, ги остави без текст.

“Вакво нешто немавме видено до сега”, прокоментираа нуркачите. На дното пронајдоа, според нивните тврдења, нов вид животно.

“Често се случува да пронајдеме некој вид кој ќе не остави без текст. Во овој момент не можеме да кажеме за кој морски вид се работи, но во догледно време сигурно ќе дознаеме”, наведе во соопштението Алан Џејмсон, шефот на експедицијата.

ПАДНА НАЈГОЛЕМАТА ЛОТО ДОБИВКА: Кавадарчанец доби 500.000 евра!

“Скопје, 9ти мај, 2019. Во 5тото коло Лото7, одржано вчера на 8ми мај 2019та, не израдува првата 7ка од играта Лото 7. Извлечените броевите 9, 11, 13, 21, 23, 25, 32 донесоа 7ка вредна 29.293.930,00 денари, соопшти државната лотарија на Македонија.

Ова е до сега најголемата лото премиja во историјата на Државна лотарија. 7ката во своите досегашни посети, беше по еднаш во Свети Николе, Неготино, Тетово и Струмица, два пати во Куманово, четири пати во Битола и единаесет пати во Скопје. Мапата на среќни добитници на 7ка се збогати со нов град каде од денес е поголема вербата во среќата. Првата 7ка на Лото 7 е прва 7ка во Кавадарци и 22рата 7ка од почетокот на приредување на играта на среќа Лото.

Во очекување да го запознаеме среќниот добитник, со надеж за негова скора посета на нашите простории, ви пренесуваме податоци од системот, според кои среќниот добитник уплатил пет комбинации Лото 7, од кои добитна е третата. Уплатата со вкупна вредност од 100 денари, ја извршил на 6ти мај, во понеделник, во продажното место Браво Нутс, во близина на старата автобуска станица во Кавадарци.

Очекуваме повеќе интересни податоци од средбата со добитникот. До сега дел од нашите среќни добитници на 7ка со задоволство ги споделија своите лото искуства и пренесоа пораки до играчите. Сите ни потврдија дека премиите им го промениле животот на подобро и им помогнале да остварат голем дел од своите планови и желби. Се надеваме дека наскоро ќе ја споделиме среќната приказна на првиот добитник на 7ка од играта Лото 7, кој со 100 денари и верба во среќата дојде до премија вредна 29.293.930,00 денари. За сега по контактите со нашето продажно место во Кавадарци, дознавеме дека во Кавадарци веќе се слави. А има и зошто. Во Кавадрци до сега се освоени бројни премии од инстант лотарија и веќе се возат автомобили добиени на инстант лозови, но ова е прв пат Кавадраци да слави за 7ка на лото со која нивен сограѓанин застана под среќна ѕвезда”

Ајде мајката: Пендаровски за РТШ- Албанците се уште не се рамноправни со Македонците

Стево Пендаровски е задоволен од добиените гласови во вториот круг што го направија претседател. Но, неколку минути по затворањето на гласањето и додека гласовите се пребројуваа, тој најде време за Албанската Радио Телевизија да направи анализа и за првиот круг.

Во неговата анализа за текот на изборниот процес, меѓу другото, Пендаровски посебно внимание посветува за Албанците при што вели дека Северна Македонија е подобро место и за Албанците, во однос со претходните години и за тоа зборуваат бројките.

Но сепак, додава Пендаровски, Албанците се уште не се 100% рамноправни со нивните браќа Македонци.

– Да, Македонија денес е подобро и тоа се гледа по бројките кои можат да се проверат, со албанските министри во владата на пример. Во 2001 и 2002 година по потпишувањето на Охридскиот договор, во целата државна админстрација ние имавме Мaкедонци, а само 2,4 отсто Албанци во сите институции на државата, а денес имаме над 19 проценти застапеност во овие институции, и за една земја со многу ограничени финансиски средства, ова е голем чекор напред. Несомнено, јас не можам да кажам дека Албанците се 100% еднакво застапени со своите македонски браќа во оваа земја, но можам да кажам со полна уста, дека се во многу подобра позиција од пред години или од првата деценија по независноста, рече Пендаровски.

Извор: kurir.mk

АНКЕТА: “Кој е виновен за катастрофата на СДСМ во Прилеп?”

После резултатот од вториот изборен круг за претседателските избори, на кои СДСМ во Прилеп за само година ипол загуби над 5.000 гласови, решивме да ги прашаме нашите читатели кој е виновен за дебаклот на оваа партија во градот под Марковите кули.

Вашите дополнителни одговори од понудените пиштете ги во коментар.

Некогаш владееше со најголемата држава во светот, а сега нема да го препознаете: Еве како изгледа последниот претседател на СССР (Фото)

Поранешниот лидер на Советскиот сојуз, Михаил Горбачов, се појави денес на вoeната парада во Москва, по повод “Денот на победата”.

Горбачов е во поодминати години и очигледно има проблеми со движењето. Поради тоа му помагаа двајцата телохранители.

Првиот македонски пратеник влегува во албанскиот Парламент

Васил Стерјовски, генерален секретар на единствената македонска партија во Албанија, Македонска алијанса за европска интеграција(МАЕИ) ќе биде пратеник во албанскиот Парламент.

-По известувањето од Централната изборна комисија на Албанија, Извршниот комитет на МАЕИ донесе одлука Стерјовски да го прифати пратеничкиот мандат и во парламентот да ја претставува програмата на Македонска алијанса за европска интеграција како дел од парламентарната опозиција, соопштија од партијата.

На последните парламентарни избори одржани во јуни 2017 година МАЕИ беше дел од изборната коалиција предводена од Социјалистичкото движење за интеграција. Тогаш лидер на партијата беше Илир Мета, актуелинот претседател на Албанија. Врз основа на договорот Васил Стерјовски беше петти на кандидатската листа за округот Корча.

Стерјовски,на првата седница на албанскиот законодавен дом, најверојатно следниот четврток, ќе седне во собранската сала и ќе даде заклетва.

Тој ќе биде првиот пратеник во албанскиот Парламент во плурална Албанија, кој доаѓа од македонска партија, но и воопшто како пратеник кој јавно се декларира како Македонец.

Васил Стерјовски е познат активист за правата на Македонија во Албанија. Запишан е на докторските студии на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, Македонија, на Институтот за национална историја на студиската програма на хуманистички науки, подпрограма Историја на Македонија, со потесна област на истражување Македонците во Албанија.

(Видео) Москва на нозе! Моќната руска вojcka е на улиците: Рускиот претседател го честиташе “Денот на победата”

На “Црвениот плоштад” во Москва започна парадата по повод 74 години од победата во Втората светска вojна.

Парадата заврши во 10 часот утрово без претставување вoeната авиjaција која беше најавена. Boeната авијација изостана поради лошото време и облаците над градот. Манифестацијата заврши со претставување на вoeHиот оркестар.

По плоштадот продефилираа оклопните возила “Тајфун 4х4” и “Тигар-М”, возилата “Кургањец-25” и “БМП-3”, транспортерите “БТР -82А”, тенkoви Т-14 “Армата”, главните бopбeHи тeнkoви Т-72В3….

Објавени се резултатите од Лотаријата за зелена карта: Проверете дали сте избрани

Резултатите од Лотаријата за зелена карта се објавени, соопштија од американската амбасада во земјава.

Доколку имате аплицирано, единствениот начин да проверите дали имате добиено карта е да одите на овој линк и со помош на бројот што го добивте при аплицирањето да видите дали треба да ги пакувате куферите или не.

Треба да имате предвид дека Стејт департментот не известува преку електронска пошта и доколку имате добиено некоја порака во која ве известуваат дека сте избрани, тоа е измама.

Циклонот Андреа ја зафаќа Македонија: Повторно пад на температурите, обилни дождови и снег на планините

Последните анализи кој ги направивме укажуваат на тоа дека од викендот па натаму моќниот циклон Андреа кај нас но и во регионот ќе услови доста обилни врнежи од дожд кој барем засега може да условат локални поплавувања во зоната на нестабилноста која се очекува, соопшти метеорологот Славчо Поповски.

На повеќе места се очекува и развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. На некои места нестабилноста ќе биде интензивна и проследена со интензивен пороен дожд, значително количество на воден талог, силен ветер, силни електрични празнења и појава на град кој може да биде и доста интензивен.

Поради повторниот пад на температурите ширум регионот однсоно на високите планини повторно ќе има врнежи од снег со што може да дојде до формирање на нова снежна покривка. На следната метеоролошка карта можете да го погледнете очекуваното количество на воден талог во следниот период:

Во Македонија моќната Андреа ќе донесе количество на воден талог локално и над 40 л/м2.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Во случај на електрични празнења да не се претстојува на отворен простор и под осамени дрвја додека пак овчарите своите стада овци да ги делат во помали групи со цел