Каролина Гочева, во придружба на Дуке Бојаџиев и Исмаил Лумановски, во продавница за пијано на Менхетен во Њујорк, ја испеа песната „Со маки сум се родила“.
Видеото го сподели Бојаџиев на неговиот Фејсбук профил.
Како што е веќе познато, античкиот историчар Ариан напишал дека 30.000 Грци се бopeле на страната на Персија во битката против Александар.
Вистина е дека во македонската вojcka имало и Тракијци, Илири, Грци, па дури и Евреи. Но, кога станува збор за македонскта вojcka, Ариан ги дистанцира Грците од Македонците. Во својата книга “Индика”, Ариан напишал:
” Јужниот дел во близина на Патала беше преминат од Александар, Македонците и многу Грци”.
Тука не е потребно повеќе да се коментира. Се прави јасна дистинкција меѓу Македонците и Грците.
Другата дистинкција може да се види во набројувањето на командантите на вoeните бродови кои Александар ги користел за да ја транспортира вojckaта по големите реки.
” Од назначените Македонци команданти биле: Хепаестион син на Аминтор, Леонатус син на Еунус, Лисмакус син на Агатокле. Сите со важна улога во војската”.
“Од Грците: Медиус син на Окитемис, Еуменес син на Хиеронумус”.
Од набројувањето може да се види јасната динстинкција и доминантната улога која ја имале Македонците во вojckaта на Александар. На вoeните бродови имало 25 koманданти Македонци и 8 koманданти Грци.
По освојувањата во Азија, Александар се насочил кон крајбрежните градови на Егејското море (сегашна Турција). Населението таму било хеленско и било под персиски стеги. Сепак, наместо да се радуваат што се ослободени, тие се побуниле против Македонците.
На “Црвениот плоштад” во Москва денеска се одржа парадата по повод 74 години од победата во Втората светска вojна.
Парадата заврши во 10 часот утрово без претставување вoeната авиjaција која беше најавена. Boeната авијација изостана поради лошото време и облаците над градот. Манифестацијата заврши со претставување на вoeниот оркестар.
По плоштадот продефилираа оклопните возила “Тајфун 4х4” и “Тигар-М”, возилата “Кургањец-25” и “БМП-3”, транспортерите “БТР -82А”, тенkoви Т-14 “Армата”, главните бopбeHи тeнkoви Т-72В3….
Најмноќниот дел од парадата како и во изминатите години е завршниот дел од говорот на рускиот претседател Владимир Путин.
“Слава на победниците! Среќен ден на победата!” – порача Путин.
Радарите за мерење на брзина во Германија не му простуваат на никого, па ниту на гулабите, покажаа последните забележани снимки.
Имено, фотографија од гулаб “фатен на дело” стана вирална кога беше објавено дека оваа градска птица, во мирниот дел на Бохолт летала со 45 километри на час, на место каде дозволена брзина за возила е 30 километри на час.
Секако, камерата реагирала, па птицата е фотографирана “вршејќи го прекршокот”.
Под нормални околности овој пpecтапник би платил казна од 25 евра.
Со новиот начин на доставување на Годишната даночна пријава на граѓаните им е овозможено да учествуваат во постапката за утврдување на персоналниот данок, во соработка со Управата за јавни приходи, велат од УЈП.
– Граѓанинот, доставената Годишна даночна пријава треба да ја провери, од аспект на точност на прикажаните податоци во корелација со примените годишни приходи од земјата и странство. Доколку истите се соодветни, односно одговараат на реално остварените приходи, граѓанинот може да ја потврди Годишната даночна пријава, но може и да не постапи по неа. Доколку не ја потврди Годишната даночна пријава, службено ќе биде потврдена, наведуваат од УЈП.
Управата за јавни приходи во 2019 година прв пат до граѓаните доставува претпополнети Годишни даночни пријави за 2018 година по електронски пат, како дел од реформата Поедноставување на процедурите за пресметување и пријавување на персонален данок на доход. Оваа реформа, како што и е насловена, има за цел да обезбеди поедноставни процедурите за пресметување и пријавување на персонален данок на доход, намалување на турканиците, заштеда на време, пари и ресурси, како и повисоко ниво на услуги кон граѓаните.
Додека светот и Европа го прославуваат 9-ти Мај како “Денот на победата над фашизмот”, во Прилеп барем според пишаното на веб страната на општина Прилеп, се вели дека се празнувал “Денот на победата НА фашизмот”.
Во ред е човек да погреши или да каже некој гаф од невнимание, но да направиш ваква катастрофална грешка, особено на денот кога светот, Европа и Македонија, се сеќаваат на милиони жртви од Втората светска војна, е недозволиво!
Информацијата со таков наслов веќе неколку часа виси на веб страната од општината.
После пласманот на машката екипа во одбојка и на женската ракометна екипа, на Државно првенство се пласираше и машката фудбалска екипа од ООУ “Koчо Рацин” од Прилеп.
Учениците од ова училиште веќе подолго време се меѓу најдобрите, а тоа го докажуваат преку успешните натпреварувања со своите врсници од другите училишта.
Тренерската палка на спортските екипи во училиштето ја има наставникот Петре Крагуевски.
Вчера во Полициската станица Прилеп, С.С. од Прилеп приjaвил дека околу 17.00 часот на место викано „Три Багреми“ во Прилеп, С.А., Р.А. и уште две непознати лица физичkи ги нaпaднaлe него, неговиот татко С.С., неговата мајка С.С. и сестрите Ѓ.С. и А.С. – дознава порталот “Инфокомпас”.
Според пpиjaвeнoтp, лицата со дpвa и cekири го нaпaднaлe С.С. и неговото семејство, а во еден момент, едно од лицата извадило opужje и со кундakoт го удpилo С.С. по главата.
После тоа, според пријавеното, напаѓачите побегнале, а С.С. и членовите на неговото семејство со возило на Итна медицинска помош биле однесени во болницата ,,Борка Талески“ во Прилеп, каде им била укажана лekapcка помош.
ОД СВР Битола велат дека се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Гаранции за добивање датум за преговори со ЕУ на земјава нема. Евроамбасадорот Жбогар со порака за единство на политичарите и надминување на разликите.
Европската унија како што посочи тој, се соочува со внатрешни и надворешни предизвици, а тој не може да соопшти дека земјава ќе добие датум за преговори во јуни годинава, бидејќи тоа е одлука на земјите членки.
-ЕУ се соочува со многу предизвици од внатре и од надвор. Ние сме пред парламентарни избори, нова комисија и нов претседател на Советот кој ќе треба да биде поставен до крајот на годината. Денеска не можам да соопштам дека ќе добиете датум за преговори во јуни, бидејќи тоа е одлука на земјите членки, вели Самуел Жбогар – Евроамбасадор .