дома блог страница 3330

Капитенот слави роденден! Среќен роденден Кире!

На 10 мај е роден ракометарот кој ги одбележа последните две децении во македонскиот ракомет. Играчот кој дебитираше многу рано во сениорската селекција и постигна голем број на рекорди меѓу кои уште во сопственост ги има оние на Европските и Светските првенства за вкупно голови на еден шампионат денеска ќе наполни 39 години.

Кирил Лазаров уште е во одлична форма во тимот на Нант, а тој има уште што да покаже и во репрезентацијата на Македонија каде е нeзaменлив на позицијата десен бек.

Херој кој зрачи со инспирација: Има церебрална парализа, а тргна на обиколка околу Македонија со трицикл

Дваесет и шестгодишниот Васил Јанкула од Ресен, лице со церебрална парализа, денеска го почна своето патешествие со трицикл да ја обиколи Република Македонија.

Со тоа, како што рече, сака да помогне во покревање на свеста кај лицата со посебни потреби да не седат дома, туку со упорност и работа можат да ги остварат своите цели.

– Сакам да упатам апел до сите лица со хендикеп да бидат силни и храбри и да не се откажуваат на пола пат. Она што ќе замислат и да го направат, рече Јанкула.

Тој упати апел до учесниците во сообраќајот, да се информираат за трасата што ќе ја поминува и да внимаваат додека вози заедно со неговата експедиција.

Јанкула, кој е роден со церебрална парализа, вози автомобил, но се пожали дека неможе да добие лекарско уверение за да полага возачки испит.

Кога ќе стигне во Скопје, сака да оствари средба со премиерот и останати владини претставници, каде ќе може да ги изнесе проблемите со кои се соочува тој, но и останатите лица со попреченост.

Меѓу другите, храбриот ресенец го испрати и градоначалникот Живко Гошаревски, кој верува дека Јанкула ќе ја претстави општината во најдобро светло.

– Да се прифати ваков подвиг е голем чекор. Васил со себе носи јасна порака дека сите сме исти. Како локална самоуправа сакаме да им дадеме внимание на лицата со попреченост и да им укажеме дека и тие се еднакви како нас, изјави Гошаревски.

Васил Јанкула тргна од центарот на Ресен. Предвидено е да помине околу 900 километри со трицикл, а неговото патешествие ќе се движи преку Битола, Прилеп, Градско, Велес, Скопје, Тетово, Гостивар, Маврово, Дебар, Струга, Охрид и преку Галичица ќе се врати во Ресен.

“Република”: Метлата ќе почека Заев да се повози

Кабинетот на премеирот Зоран Заев утрово информира дека ќе биде отусутен четири дена поради приватни причини. Заев земал одмор меѓу изборите и метлата, и онака метлата две години стои зад врата, па и четири дена може да почека.

Набрзо по „важната вест“ до редакцијата на “Република” пристигнала видеоснимка од Ново Село, а читателот кој ја испратил сведочи дека со полициско обезбедување се пренесуваат моторите на Заев кон Бугарија.

Целата статија погледнете ја ТУКА

Се сеќавате ли на преубавата Миа од “Млади бунтовници”? Денеска има 31 година и изгледа подобро од било кога (ФОТО ГАЛЕРИЈА)

Сите ја знаеме како Миа Колучи од „Млади бунтовници”, хит серијата на сите тинејџери.

Убавата Лусиана Лопилато и денес е прекрасна. Згодна, русокоса, нежна и убава, таа е мајка и сопруга, а изгледа вака.

Ајде хумана МАКЕДОНИЈО! Уште едно ангелче има потреба од нашата помош! Да донираме сите!

Трајче и Ане Гигови од Скопје се родители на 7-годишниот Борјан на кој има неколку дијагнози: аутизам, алалија и комбинирани пречки во развојот.

Договорен е оперативен третман за Борјан во Германија со помош на матични клетки, а за тоа се потребни 23.000 евра, средства кои семејството не може само да ги обезбеди.

Досега се собрани 9.200 евра, а останатите средства се потребни што поскоро.

Телефонските броеви на кои може да донирате се:

За корисниците на Телеком: 143 177

За корисниците на Оне и ВИП: 143 471

Да помогнеме што побрзо да се соберат потребните средства за ова мало ангелче и да овозможиме да има безгрижно детство како и секое дете.

Во продолжение и трансакциска сметка од НЛБ Тутунска банка каде исто така може да донирате:

“Наставник удрил дете на смотрите од основно училише во Прилеп??”

Дедо на малолетниот С.Д од Прилеп пријавил во полициска станица дека неговиот внук бил нападнат од наставникот Х.Б при што ученикот се здобил со повреда на лицето?

Според информациите кои ги добивме настанот се случил во Домот на култура “Марко Цепенков” од Прилеп.

НА ДЕНЕШЕН ДЕН: Првиот Македонец, Димитар Илиевски – Мурато, го освои Монт Еверест и остана на вечна стража на Покривот од светот

Битолчанецот Димитар Илиевски – Мурато е првиот Македонец кој го освои највисокиот врв на светот Монт Еверест, пред 30 години, на 10 мај 1989 година. И, за жал, остана на вечна стража на покривот од светот.

Мурато е роден на 29 септември 1953 година во Битола, а животниот поход го заврши на денешен ден во Непал. Тој е еден од најголемите алпинисти во историјата на македонскиот алпинизам и страствен љубител на планините и природата. Во неговата алпинистичка кариера има освоено многу планински врвови. На Пелистер, каде што многу често се искачувал, во негова чест е подигнато спомен-обележје, а постхумно е одликуван со Медал за заслуги за Македонија.

На 10 мај пред три децении Диме, како член на македонската алпинистичка хималајска експедиција Еверест ’89, го поставува знамето на светскиот покрив. Искачувањето е направено од непалската страна. Патот кон врвот се протега низ ледоломот Кумбу, потоа долината на тишината, падината под врвот Лоце и јужното седло, а вдолж него се поставуваат четири висински логори.

Низ снегот одел и пред шерпасите

Заедно со Диме Мурато на врвот во истиот ден се искачија и словенечкиот алпинист Виктор Грошељ, хрватскиот алпинист Стипе Божиќ и шерпасите Сонам и Аџива. Во четвртиот висински логор се наоѓал македонскиот алпинист Борче Јовчевски кој имал задача да биде логистичка поткрепа за јуришната екипа. Искачувањето до врвот траело околу 15 часа во услови на длабок снег. На врвот Диме и Стипе се задржале околу еден час. На симнување од врвот Диме останал најверојатно на височина од 8.200 метри.

Причината за неговата смрт не е разјаснета до денес бидејќи за целото време на искачувањето и симнувањето бил во одлична кондиција, често пати правејќи патека во снегот и пред шерпасите.

Се претпоставува дека застанувајќи за кратко на висина од 8.200 метри за да го почека Стипе, кој бил зад него и имал проблеми со светилката, Диме заспал.

Долго време Диме бил единствениот Македонец кој се искачил на врв повисок од 8.000 метри. Есента 2005 година во организација на комитетот на експедицијата и Македонската алпинистичка асоцијација, под базниот камп на Еверест е изграден споменик во чест на Димитар Илиевски.

Покрај освојувањето на Монт Еверест во 1989 година, Диме има освоено голем број врвови во Македонија, на Балканот, на Алпите… Во 1986 година во состав на Македонската алпинистичка хималајска експедиција на Манаслу стигна до 7.500 метри каде што остана неколку дена во очекување добро време за јуриш кон врвот.

Обид за симнување на телото на алипинистот

Покрај големиот број тешки алпинистички искачувања на Алпите, тој е автор е на голем број првенствени насоки на Матка, Солунска Глава, Демир Капија, карпите околу Прилеп, на Пелистер, на Проклетие, на Вихрен и уште многу други планински масиви во Македонија.

Во 1998 година се организираше алпинистичка експедиција во организација на Македонската алпинистичка асоцијација и Македонскиот олимписки комитет со цел да се симне телото на Диме од Монт Еверест и, според непалските закони, телото со свечена церемонија да биде запалено под базниот логор, а урната со пепелта да се донесе во Македонија.

Македонската експедиција требаше да делува како составен дел од Интернационалната експедиција за чистење на Монт Еверест која имаше за цел чистење на планината и симнување на телата на загинатите алпинисти.

Но, експедицијата не се реализира заради административни пречки со непалската влада пред самиот нејзин почеток. Сепак, идејата за симнување на телото на Диме не е напуштена, бидејќи се смета дека е позната точната локација на неговото тело.

Димитар Илиевски е еден од најголемите алпинисти во историјата на македонскиот алпинизам. Посмртно е добитник на наградата Медал за заслуги за Македонија. Покрај спомен-обележјата на Копанки и Антена на Пелистер, во 2005 година, под базниот камп на Еверест, е изграден споменик во чест на Димитар Илиевски.

Аукција на УЈП: Се продаваат автомобили по ниски цени, ѕирнете ја листата

Автомобили за 950 евра, компјутери и телевизори за 120 евра, машини за 100 евра. Може да се забележат и Мерцедес за 59 500 и комбе Мерцедес за 80 000 денари како и како Ауди за 56 000 денари.

Ова се дел од предметите кои може на аукција да ги купите од УЈП.

Ако сакате да учествувате на аукција на УЈП ќе треба да се регистрирате со претходно уплатен депозит  во висина од 10% од утврдената вредност на движните/недвижните ствари, а тоа треба да го направите најдоцна до 20.05.2019 година (понеделник).

Ова е деталната листа.

Ракометарите ќе добијат премија доколку се пласираат на Европското првенство: Еве за колкава сума се работи

Претседателот на РФМ, Живко Мукаетов изјави дека машката ракометна репрезентација на Македонија ќе добие премија од 40.000 евра доколку се пласира на првото место во групата, а 30.000 евра доколку избраниците на Данило Брестовац бидат втори.

Македонија е на добар пат да обезбеди пласман на ЕП 2020 година, а на сениорите им требаат две победи за освојување на првото место.

Последен предизвик за репрезентативците ќе бидат средбите против Турција на гостински терен и против Грција во Скопје на 12, односно 16 јуни.

Викенд временска прогноза: Еве што не очекува во деновите пред нас

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне со локален дожд и појава на ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер.

Времето утре ќе биде претежно сончево и топло.

Додека во недела времето ќе биде променливо облачно, попладне со поројни врнежи од дожд, грмежи и засилен ветер.

Во понеделник времето ќе биде облачно, на места со обилни врнежи од дожд, локално и во форма на невреме со грмежи, засилен ветер и со услови за појава на град.