дома блог страница 3329

Ден посветен на Апостолите Јасон и Сосипатар и девицата Керкира: Светци кои го посеаа семето на евангелската проповед

Според календарот на МПЦ, 11-ти мај е ден посветен на Светите апостоли Јасон и Сосипатар и девицата Керкира.

Овие двајцата беа од седумдесетте апостоли, а Керкира му беше ќерка на некој цар од островот Крф. Јасон и Сосипатар ги спомнува Апостолот Павле (Рим. 16, 21) и ги нарекува свои роднини. Јасон беше родум од Тарс, како и самиот Павле, а Сосипатар од Ахаја. Првиот Апостолите го поставија за епископ Тарсиски, а вториот – за епископ Икониски.
Патувајќи и проповедајќи го Евангелието, овие двајца апостоли стасаа на островот Крф каде што успеаја да подигнат црква посветена на споменот на светиот првомаченик Стефан и да придобијат некои незнабошци за Црквата. Царот на овој остров ги фрли во 3атвор, а внатре беа затворени седуммина разбојници: Сагорниј, Јакисхол, Фаустијан, Јануариј, Марсалиј, Ефрасиј и Мамиј.

Апостолите ги приведоа овие седуммина во Христовата вера и ги направија од волци јагниња. Кога слушна за тоа царот, нареди да ги уб ијат со вpела смола.

Лила Филиповска целосно го промени изгледот

Водителката Лила Филиповска важи за една од најатрактивните жени од јавниот свет во Македонија. Овојпат таа на својот профил на Инстаграм објави фотографија со која ги изненади своите следбеници.

Имено таа ја смени својата препознатлива фризура и за оваа фотографија косата ја исфарба во црна боја.

(Видео) “Во своите почетоци Миле Талески верувал дека Премиерот Шеќеринска ќе отвори многу работни места за младите? А денес??”

Aрхивите на политичките партии на јутјуб каналите ни овозможуваат да се потсетиме што ветувале и во што верувале сегашните актуелни политичари и власти на своите почетоци од политичките кариери.

Еве едно видео на актуелниот претседател на Советот на општина Прилеп и на Општинската организација на СДСМ од предизборието во 2011 година.

Што порачувал тогаш Миле Талески од партиската говорница погледнете во продолжение:

Фото галерија која ќе ве врати во времето: Холивудските актери некогаш и сега

Холивудските актери некогаш и сега. Фотографии кои ќе ве вратат во времето и филмовите од детството. Погледнете ја фотогалеријата во продолжение.

(Фото+Видео) Светлосни години пред остатокот од светот: Јапонија ќе пушти во употреба супербрз воз кој ќе се движи со 400 километри на час

Јапонија тестира супербрз воз, најбрз од овој вид.

Се работи за т.н. модел кој достигнува брзина до 400 километри на час. Со овој воз Јапонија продолжува да го модернизира јавниот превоз.

(Видео) Продаваат куќи во Сицилија за едно евро: Еве кој ги купува и кои се условите

Откако објавија дека продаваат празни куќи за едно евро, во градот Самбука во близина на Палерно, телефоните на локаниот совет не престануваат да ѕвонат.

Оваа мерка, која е популарна во Италија, усвоена е на почетокот на јануари, а заменикот на градоначалникот на Самбука, Џузепе Качопо, вели дека куќите ќе бидат продадени “со цена на кроасан”, ако на аукција не се понуди повеќе.

MOЌHA BOEHA ПAPAДA BO HИШ: Cpпcкaтa apмиja и пoлициja ја покажа својата сила (ФОТО ГАЛЕРИЈА/ВИДЕО)

Војската на Србија и Министерството за внатрешни работи денеска во Ниш на парадата “Одбрана на слободата”, ја покажаа својата сила, подготвеност и способност.

На парадата продефилираа пешадиски, моторизирани и воздухопловни ешалони, а најголемо внимание предизвикаа авионите “МИГ 29”, хеликоптерите Ми-35 и модернизираниот тенк т-52.

На парадата учество зедоа повеќе од 4.000 војници и полицајци, околу 300 борбени и неборбени возила и системи и околу 40 летала.

На видеото во продолжение проследете ја целата парада:

Нејзините прегратки го освоија рускиот претседател: Оваа баба има посебно место во животот на Путин, а еве и зошто

Во Москва вчера беше обележен Денот над победата над фашизмот, а по тој повод беше одржан и свечен прием.
На денешниот прием, Рускиот претседател Владимир Путин ја привлече јавноста со една симпатична баба. Во прашање е неговата некогашна учителка Вера Гуревиќ. Инаку Вера беше негова учителка од петто до осмо одделение во училиштето 193 во Ленинград.

Отсек Германски јазик, Факултет за странски јазици на Ленинградскиот институт А.Н, Херцен ја заврши 1958 година, кога се вработила како наставник по германски јазик во средното училиште број 193 во Регионот на Ленинград.

Неговата учителка изјави дека нејзиниот ученик Владимир Путин уште како од дете зрачел со позитивна енергија.

На прашањето дали имал лоши оценки, учителката сега веќе во пензија, без двоумење одговори дека имал, бидејќи како мал бил многу немирен.

Новата цена на горивата во вторник ќе ја дознаете на бензиска пумпа: Регулаторна повеќе нема да ги одредува цените

Новите цени на горивата од вторник граѓаните ќе ги дознаваат на бензиските пумпи, оти трговците ќе ја формираат цената наместо тоа да го прави Регулаторната комисија за енергетика. Нејзиниот мандат за утврдување на цените на дериватите истекува во понеделник на полноќ кога истекува договорот со ОКТА според кој функционираше старата методологија за утврдување на цената.

Од Регулаторната комисија за енергетика смируваат, оти како што велат, добиле уверување од трговците дека нема да се создаде ценовен шок и ќе се следат цените на светскиот пазар.

Со новите измени на Законот за енергетика се предвидува Комисијата цената на горивата да ја утврдува еднаш седмично наместо на две недели.

Цената на горивата, според новата методологија, ќе се пресметува според движењето на цените на светските берзи и средниот курс на доларот, а во пресметката ќе бидат вклучени и трошоците на трговците за набавка, складирање и транспорт. Дополнително ќе се одреди и маржа за профит на трговците, но според регулаторите заработувачката ќе мора да биде разумна.

CBP ПPИЛEП поднece kpивична пpoтив четворица прилепчани

НККР-Прилеп поднесе kpивична пpиjaва пpoтив Р.А.(19), С.А.(36), С.А.(41) и С.А.(18), сите од Прилеп поради пocтoeњe ocнови на coмнeниe за cтopeно kpивично дeлo “нacилCтвo“.

На 08.05.2019 година околу 17,00 часот, во Прилеп на место викано „Три багреми“, приjaвeнитe под дејство на алkoxoл дошле пред kуќата на Ф.С.(23) и започнале вербална pacпpaвија со него по што со нoж, дpвa и cekиpи ги нaпaднaлe оштетениот, неговиот татко, неговата мајка и двете сестри нанecувajќи им пoвpeди.

Од страна на cудиja на пpeтходнa пocтапка на пpиjaвeнитe им е одpeдeнa мepkа пpитвop во тpaeње од по 30 дена.