дома блог страница 3328

Вардар ќе биде спасен: Црвено-црните одново ќе имаат висок буџет и ќе бидат силна екипа во Европа

Ракометниот клуб Вардар и понатаму ќе стои на здpави нозе, затоа што договорена е соработка на повеќе компании и бизнисмени, кои во иднина ќе бидат дел од македонскиот ракометен бренд кој беше европски првак.

Сергеј Самсоненко најави зaминување од „црвено-црниот“ табор ако не добие финансиска помoш од македонските бизнисмени, а по новиот успеx на Вардар и пpитисокот од нацијата за спаc на клубот, во целата аkција се вклучија домашните мoќници.

Според информациите до кои дојдовме, Сергеј Самсоненко според најавите ќе остане мнозински сопственик на РК Вардар и ќе продолжи да биде како инвеститор во тимот. Прв човек ќе биде Михајло Михајловски, а во финансирањето, Русинот ќе има голема помош од домашни компании, кои веќе го потврдија своето учество во клубот.

Околу креирањето на финансиската конструкција, се чека одговор на уште една голема компанија, чие име засега не се открива, а треба да даде „инјeкција“ од нешто околу еден милион евра.

Веќе е договорен состанок на сите страни, на кој, наводно, на играчите ќе им биде соопштено дека нема да треба да бараат нови клубови и дека и во наредната сезона тимот ќе остане ист и ќе атаkува на истата цел, а тоа е место меѓу најдобрите четири во Лигата на шампионите.

Самсоненко е во РК Вардар од 2014 година, а тимот со него како инвеститор оствари големи успеси за македонскиот ракомет. Вардар има три учества на Ф4-турнирите, меѓу нив и она пред две години, кога се победија Барселона и ПСЖ и се крена европската круна.

19-ГОДИШНА ДЕВOJKA OД ПPИЛEП ПPИJABEHA 3A ИCЧE3HATA

На 10.05.2019 година во ПС-Прилеп, Т.Д (56) пријавил дека на 02.05.2019 година од дома во непознат правец се оддалечила неговата ќерка Х.Д (19). Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето – соопштуваат во полицискиот билтен на МВР.

Два погодоци во две минути: Македонскиот тандем во Палермо растура на теренот

Во рамките од 36-то коло во италијанската Сериа Б, Палермо ја дочека екипата на Цитадела, во натпревар во кој за екипата на Несторовски и Трајковски само три бода значат успех.

Македонските репрезентативци во две минути два пати ја затресија противничката мрежа и му донесоа водство на Палермо од 2:0 пред полувремето.

Најпрво Несторовски во 21-та мунута стрелаше прецизно, а веднаш потоа и Трајковски во 23-та.

Палермо пред натпреварот се наоѓаше на третото место на табелата и се бори за втората позиција која води директно во Сериа А.

“Брзата помош не можеше да реагира заради xaocoт во Старата чаршија денес??” (ФОТО)

Дали како што предупреди ВМРО-ДПМНЕ пред неколку недели, денес прилепчани беа сведоци на мачни сцени, кога амбулантно возило беше принудено да кружи за да стаса во центарот на Старата чаршија и да интервенира?

За жал, дали овој хаос предизвикан од функционерите на СДСМ како што рекоа од ВМРО-ДПМНЕ, станува секојдневие на прилепчани?

Заборавена намирница која прави чуда со вашиот организам: Ги обновува штитната жлезда, жолчката и црниот дроб….

Црната ротква е малку подзаборавена намирница која е исклучително здрава и се користи з алекување на различни видови на болести. Има многу позитивни својства кои добро делуваат на проблемите со штитната жлезда, како и во борбата против лошото варење. За оваа намирница се вели и дека е одличен лаксатив од причина што се нејзините својства многу ефикасни.

Црната ротквица може многу да помогне во подобрување на здравјето, но може и да ви го обнови ткивото на кожата. Освен тоа, ротквицата може да ви помогне да ги исфрлите од организмот сите штетни материи, но и да се изборите со болките во стомакот. Не треба да се збаорави ниту на позитивното дејство на ротквата на црниот дроб затоа што го чисти и помага за подобрување на неговите функции. Ротквата е богата со витамин Ц и со различни антиоксиданси и хранливи материи.

За да ги искористите подобро сите благодети на црната ротква подгответе ја по следниот рецепт:

4 помали роткви

Помало парче рендан ѓумбир

4 лажици мед

Сок од 4 цедени лимони

50 мл вода

Сите состојки ставете ги во блендер и помешајте ги. Кога ќе добиете густа смеса ставете ја во стаклена тегла и убаво затворете ја. Земајте по една лажица 3-4 пати дневно во текот на три недели и пијте две литри вода на ден за да може целосно да ги искористите добрите својства на ротквите.

(ВИДЕО) Како изгледаше искачувањето на Мурато на Еверест: Марш на Пелистер во негова чест

Планинари од државата и странство, организирани од планинарскиот спортски клуб-ПСК „Пелистер“-Битола, утрово учествуваат на традиционалниот планинарскиот марш посветен на првиот Македонец што го освои Монт Еврест, битолчанецот Димитар Илиевски-Мурато.

На јубилејниот, 30-ти по ред, планинарски марш кој од Битола води до „Димев Врв“ на планината Баба што се наоѓа на неколку метри под врвот Пелистер, годинава учествуваат членови на македонските планинарски клубови, гости од странство и претставници на дипломатскиот кор.

-Според востановената традиција, на местото „Димев Врв“ денес околу 13 часот, еден планинар ќе потсети на алпинистичките успеси на Мурато, а учесниците ќе положат цвеќе на спомен бистата на Димитар Илиевски-Мурато што се наоѓа кај планинарскиот дом „Копанки“, најавија организаторите на јубилејниот планинарски марш.

Според програмата, учесниците од првата група ќе се движат од Големо Езеро, преку Мало Езеро, Партизански Врв и Широко Стапало ќе стигнат до врвот Пелистер, а втората група планинари која ќе се движи од Палиснопје и Ловечка Куќа ќе стигне до врвот Пелистер.

Во пресрет на планинарскиот марш, во Битола беше отворена фото изложба од историскиот настан кога пред 30 години Димитар Илиевски-Мурато го освои Еверест, но и други фотографии од подвизи на планинарите, чиј автор е новинарот во пензија и планинар, Петар Ставрев.

Планинарскиот марш е востановен во чест на Димитар Илиевски-Мурато кој на 10 мај 1989 година како прв македонски алпинист се искачи и го освои највисокиот планински врв на Хималаите.За жал, тој загина на враќање.

Како изгледаше тоа на врвот погледнете го видеото:

Автопатот што ќе ги поврзува Црна Гора и Србија е архитектонско чудо (ВИДЕО)

Почетокот на преговорите на Црна Гора се отоворија многу фондови за обновување на патната инфраструктура. Таков пример е автопатот Бар-Бољаре кој ќе ги поврзува Црна Гора со Србија. Станува збор за вистинско архитектонско чудо поради деликатноста во изведбата.

Вредноста на инвестицијата е 27 милиони евра, 5 километри се во тунели, а бетонско-армираните работи изнесуваат 80 проценти.

Се очекува да биде завршен во текот на следната година.

Семејна идила: Семејството Џамбазови се собра на куп (ФОТО)

Семејството Џамбазови повторно се собра. Сестрата на Игор Џамбазов, Тања се врати од САД каде што живее и работи.

Се чини дека семејството се обидува максимално да го искористи времето додека се заедно и уживаат со пријателите.

На социјалните мрежи споделија заедничка фотографија:

Секакви измамници постојат во државава: И’ зеле 35.000 евра за куќа, па ја сместиле во шупа

СВР Штип поднесе kpивичнa приjaва против В.К. (44) и С.К. (43), двајцата од Штип, поради пocтоење ocнови на coмнение за стopeно kpивично дело “измама“.

Во јуни 2018 година пријавените ја довеле во заблуда С.К. од Штип да го продаде нејзиниот стан за да направат заедничка куќа, а откако оштетената им дала 35.000 евра, истите ја сместиле во помошна просторија – шупа од дворот од нивната куќа и не го исполниле ветеното за изградба на заедничка куќа.

Следува нагла промена на времето – метеоролозите со вонредна најава

Времето во земјава ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и северозападен правец.

Утринската температура ќе се движи од пет до 10 степени, а дневната температура од 17 до 27 степени.

Од недела попладне и во нареднате денови нашето подрачје ќе биде под влијание на серија влажни воздушни бранови. Ќе преовладува облачно и нестабилно време, на повеќе места со обилни врнежи од дожд (над 50 л/м2). Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со грмежи, засилен ветер и појава на град.