дома блог страница 3327

Врнежи, грмежи и силен ветер – УХМР со вонредна временска прогноза

Под влијание на серија влажни бранови, од денеска попладне и во наредните денови времето ќе биде претежно облачно и нестабилно, на повеќе места со обилни врнежи од дожд, локално процесите ќе бидат во форма на невреме со грмежи, засилен ветер и појава на град.

Променливо облачно ќе биде во текот на денов, со умерен до засилен ветер од југоисточен правец, особено изразен вдолж Повардарието и во Пелагонија, соопшти УХМР. Почнувајќи од западниот дел на земјава, попладне ќе има врнежи од дожд, локално ќе бидат поројни и проследени со грмежи. Минималната температура ќе биде помеѓу 5 и 13, а максималната ќе достигне од 17 до 25 степени.

Во Скопје ќе биде умерено до значително облачно со умерен југоисточен ветер, попладне со локален пороен дожд. Температурата од 10 до 24 степени.

Моќен сок за имунитет и слабеење: Исфрла од телото се’ што штети

Моќен сок за имунитет и слабеење кој исфрла од телото се’ што штети.

Состојки:

4 средни моркови, 2,5 сантиметри корен од ѓумбир, 2 лимона (излупени), 2 чешниња лук, 1 супена лажица јаболков оцет

Приготвување:

Ставете ги сите состојки во соковник. Пијте го два дена сокот што ќе го добиете. Се пие три пати дневно. Остатокот чувајте го во фрижидер. Не смее да стои подолго од 36 дена.

Овој сок успешно ги симнува килограмите, го снижува притисокот и го зајакнува имунитетот.

Морковот ги јакне ѕидовите на крвните садови и срцевиот мускул, го намалува нивото на лошиот холестерол и спречува мозочен удар, атеросклероза, проширени вени…

Ѓумбирот е најсилен антиинфламатор. Коренот може да ги ублажи болките во мускулите и да ја подобри дигестијата. Ѓумбирот го снижува крвниот притисок, го храни мозокот со кислород, богат е со витамини од групата Б, како и со аскорбинска киселина. Ја забрзува циркулацијата на крвта, го подобрува метаболизмот.

Лимонот е извор на витамин Ц, го подобрува имунитетот, игра клучна улога во формирањето колаген.

Лукот е клучна состојка во овој моќен сок. Тој е природен антибиотик, па се користи за лекување инфекции. Го намалува крвниот притисок, а сојузник е и во борбата против канцер.

Јаболковиот оцет е волшебен еликсир богат со минерали и ензими, како и витамини. Помага во подобрувањето на работата на дигестивниот систем, се бори против киселините, го регулира нивото на шеќер во крвта.

(ВИДЕО) Боксови летаа сред емисија во Албанија

Поранешниот албански претседател и премиер, Сали Бериша на својот Фејсбук профил објави видео каде двајца познати синдикалци, Фикири Ѕибри и Кол Никола физички се пресметаа во студиото на една албанска емисија, поради различните ставови за протестите во државата.

(Фото) Полицajците останале без текст: Криела алигатор во хеланки! Во Флорида се е возможно

Дека алигаторите се честа глетка во Флорида веќе се навикнавме, но кога еден од нив беше пронајден во хеланките на една девојка, полицajците не можеа да му поверуваат на очите.

Кога заменикот на шepифот во Шарлот запрел камион кој не го испочитувал знакот “стоп”, 22-годишниот возач му одговорил дека тој и неговата сопатничка собираат жаби и змии под мостот и дозволил претрес на багажот.

Полицаецот бил изненаден кога во женската торба пронашол редок вид на желка, а потоа прашал дали има уште изненадувања.

Девојката во тој момент извлекла мал алигатор од своите хеланки и го оставила без текст.

Комисијата за заштита на диви животни во Флорида покренала истpaга, полицијата објави фотографии на Твитер со натпис:” Може ли некој да го надмине ова – жена од Флорида од своите пантолони го изваде ова”.

Беше позната како македонското “Сен Тропе”: Еве што остана денеска од плажата во Стење на Преспанското езеро (ФОТО ГАЛЕРИЈА)

Плажата во излетничкото место Стење на Преспанското езеро беше наречена македонското Сен Тропе.

Оваа плажа беше изградена со средства во висина од 1,3 милиони евра од претходната влада, а изградбата заврши во 2016 година.

Плажата претставуваше едно комплетно место за одмор и релаксација, уредена со урбана опрема, зеленило и објекти за седење.

Еве како изгледаше тогаш популарното македонско “Сен Тропе”:

Денеска пак во пресрет на туристичката созона, плажата е руинирана, тревниците се исушени, патеките затревени….со еден збор целосно го изгуби сјајот од пред неколку години….

Хит видеата секогаш доаѓаат од Црна Гора: Пиjaниoт и Гocпoд го чува (ВИДЕО)

Црногорец се обидува нормално да оди покрај патот, но чекорите му се тешки

На видеото во продолжение се гледа како човек под дејство на алkoxoл, се обидува да одржи рамнотежа и да го држи правецот.

Меѓутоа, во еден момент тој се обидува да се задржи за оградата, а кога не успеа за малку ќе завршеше под тркалата на моторцикл.

Заклучокот според ова видео е следен, пијаниот и Господ го чува.

Доживотна пензија, деловен простор и службено возило – Ова се сите привилегии на шефот на државата по завршувањето на мандатот

Вториот мандат на претседателот Ѓорге Иванов му истекува утре. Неговиот кабинет побарал од владината Служба за општи и заеднички работи да му бидат доделени канцеларии што ќе ги користи по престанокот на функцијата. Од СОЗР велат дека писменото барањето од Иванов што пристигнало вчера претпладне, ќе биде одобрено. Станува збор за канцелариски простор што досегашниот шеф на државата веќе го нашол и бара да биде склучен договор за негово изнајмување.

Според Законот за правата на претседателот и неговото семејство по престанок на функцијата, тој има право на пензија чиј износ е еднаков со износот на платата што ја прима претседателот на државата, има право на канцелариски простор и најмногу три соработници. Има и право на лично обезбедување, како и право на користење службено возило и возач.

Законот предвидува и да учествува на државни свечености и манифестации редоследно по претседателот на Републиката, претседателот на Собранието, претседателот на Владата и претседателот на Уставниот суд.

Според Законот, парите се обезбедуваат од Буџетот. Во случај на смрт на претседателот за време на мандатот, пензијата намалена за 30 отсто ја користат неговиот брачен другар и неговите малолетни деца до завршување на редовното школување, односно до наполнети 26 години возраст. Исто така имаат право на месечен паричен надоместок кој е еднаков со износот на платата што ја прима претседателот и ова право брачниот другар го користи трајно.

Од поранешните претседатели, Бранко Црвенковски има доживотна претседателска пензија и кабинет. Семејството на загинатиот претседател Борис Трајковски, неговата сопруга Вилма и децата имаат други права предвидени со Законот.

Според Уставот и законот, доживотните привилегии еден поранешен претседател може да ги загуби само ако бил разрешен со импичмент или ако Уставниот суд констатирал за време на мандатот дека претседателот има деловна неспособност.

Фотографија која ја доловува целата древност, мистичност и светост на манастирот Трескавец над Прилеп

На Фејсбук страната посветена на манастирот Успение на Пресвета Богородица – Трескевец, древното светилиште кое го заштитува Прилеп и прилепчани, објавена е фотографија од камбанаријата на манастирот.

За нас оваа фотографија ја отсликува целата древност, светост и историска вредност на светилиштето кое живот значи за градот под Марковите кули.

Погледнете ја оваа убавина:

Инаку, комплексот на манастирот го сочинуваат црквата Успение на Пресвета Богородица, опожарените манастирски конаци, кои се прикрај со нивната изградба, трпезарија со магерницата, магерничкиот конак и влезната порта со кула – камбанарија.

Како донатори на манастирот се споменуваат византиските императори Андроник II и Михајло IX, а подоцна во 16 век српскиот крал Милутин, царот Душан и неговиот син Урош.

Трескавец е културно историски споменик заштитен со закон. Тој е на списокот за заштита меѓу стотте најзагрозени културно-историски споменици во светот.

Првиот христијански храм кај Трескавец датирал од VI век, а во XIV век манастирот бил на удар на разурнувачи. За неполни 100 години бил обновен и му била вратена автентичноста со нови религиски орнаменти, специфични за тој период. Но духовното светилиште Трескавец било погодено и од огнена стихија во 19 век и во 90 години на минатиот век, како и во 2013 година кога изгореа конаците.

Денешната црква е еднокорабна градба со тристрана апсида на источната страна. Страничните ѕидови се расчленети со по два пиластри кои преку лаци го прифаќаат централното кубе. На западната страна е наосот.

Живописот на црквата, кој се планира следната година да се конзервира и заштити, датира од повеќе временски периоди. Најстари се фреските во егзонартексот и двата компартименти со илустрација на календарот.

Манастирот поседува и други уметнички предмети како што се двокрилна врата работена во плитка резба, крстот Космитис од 16 век работен во резба и певница изработен во инкрустација. Богатиот ентериер на црквата го надополнуваа празничните икони, иконите со претстави на апостолите и други икони кои потекнуваат од 17, 18 и 19 век.

Манастирот со години не бил само монашко седиште, туку и книжевно средиште каде што монасите правеле ракописи со широко распространета препишувачка дејност. Во него имало и библиотека, но за жал сега нема останато ништо од тоа богато наследство.

За убавините на Трескавец репортажа пред години направи и британската телевизија BBC, а на овој предел се снимаа и повеќето македонски играни филмови.

(Видео) НОВА ПОБЕДА ЗА TPAМП: Ќе се гради ѕид на границата со Мексико – Пентагон ќе префрли 1.5 милијарди долари за неговата изградба

Американскиот министер за одбрана Патрик Шенахан одобри префрлање на 1.5 милијарди долари за изградба на 130 километри ѕид на границата со Мексико.

Во оваа сума ќе влезат и околу 600 милиони долари кои се земени од сметката наменета за силите во Авганистан. Овој потег наиде на отпор од страна на Демократите кои во март го критикуваа префрлањето на средства за финансирање на ѕидот.

“Средствата се собрани од различни извори, вклучувајќи ги заштедите, програмските промени и ревидираните барања, што ќе имаат минимално влијание на подготвеноста на силите”, наведува Шенахан во соопштението.

(Фото+Видео) Расветлена мистеријата за древната “Сфинга”: Гpoбницата стара 4.500 години откри две мyмии и детали за Египет кои до сега не сме ги знаеле

Археолозите во Египет, во бизина на пирамидите, откриле гpoбница стара 4.500 години, а двете откриени мумии се остатоци од два високи свештеници од времето на фараонот Кефрен, кој со Египет владеел 25 години, од 2558 до 2532 година пред нашата ера.

Пocмртните остатоци му припаѓале на двајца наши свештеници од древен Египет, кои биле сведоци на изградбата на втората најголема пирамида во светот- Кефреновата пирамида, висока 136,4 метри.

Она што сега е наречено сфинга, всушност е сфинга која има глава на жена и крилја.

Сфингата е митско суштество со тело на лав и глава на маж. Меѓутоа, Грците, кога пронашле монолит направен на местото каде се ваделе камења, чудесната глетка ги потсетувала на сфинга. Денес работите се појасни и последното откритие во Гиза ги расветлува настаните од пред 4.500 години, вели египетскиот археолог Захи Хавас.

“Откривањето на гpoб од Старото кралство (2686 до 2181 г.п.н.е.) во внатрешноста на подрачјето на 26-та династија (664 до 525г.п.н.е.) е многу важен пронајдок. Тоа ни разјснува дека луѓето одржувале култови на каловите. Од друга страна, од посебна важност се и луѓето кои ги граделе тие гpoбови. Тоа ни покажува дека луѓето кои ги граделе пирамидите биле Египќани и дека не биле робови”, вели Хавас.