дома блог страница 3325

Убавина каква што има само во Македонија: Близок допир со природата кој остава без здив – прилепчани и битолчани знаат зошто (ФОТО/ВИДЕО)

Зовиќ е село во Општина Новаци на 680 метри надморска височина, оддалечено 52 км од Битола. До селото води асфалтен пат.

Се стигнува по неколку одминати мариовски села. Тоа е второ од 11 мариовски села во битолскио. Закотвен е близу грчката граница во подножјето на планината Ниџе.

Селото е типично планинско со мариовски атрибути, со камени куќи во мариовска архитектура и прекрасни дрвја. Зовичките моми биле надалеку прочуени по убавината. Често завршувале како невести кај чанишките ергени кои на магаре ги носеле од Зовиќ преку трупа до Чаниште во прилепско Мариово. Селото атракција и раритет. Дише со чист воздух, а кладенчињата ја гасат жедта и му даваат шарм на амбиентот.

Бројните фрески на карпи се видливи сведоци дека верата чисто дише кога е под ведро небо и природен амбиент. Нема граница за љубовта кон Бога, ниту за разните начини на нејзино искажување. Карпа со насликан светец бдее во близина на уникатниот зовички камен мост преку кој се преминува од прилепско кон битолско Мариово. Личи на потковица, односно има форма на свод и е без ограда.

Мостот е широк околу четири метри. Граден бил од Турците, а поправен во поново време поради честите раскопувања на камените плочки од трагачите на злато. Под мостот со кроток тек тече Градешка Река. Името го носи по наредното село Градешница, а извира во близина на врвот Кајмакчалан. Минува низ природни брзаци.

Во бистрата вода со камено дно се капат сончевите зраци. Таа се собира во поголеми вирови со преливни нијанси на зеленикава боја на водата богата со ситни рипчиња. Во неа се разладуваат зовичани кои со гордост реката ја нарекуваат ,,Наша,,. Тече низ природна средина иако амбиентот е див.

Мазните карпи ја смируваат разбрануваната вода. Подолу врви низ длабока клисура завиткана со гранитни карпи во кои се слуша ехото на природата и говорот на водата. Авантуристите со претпазливост потскокнуваат од карпа на карпа, Многуте растенија и грмушки му даваат топлина на каменото корито.

Под мостот, на закосена карпа, се натокмила калемена автентична воденица, која надојдената вода неколкупати ја уривала и ја носела, но пак била обновувана. Мостот е атрактивен за режисери на филмови. Има и остатоци од тврдина и од градска населба. Зовиќ е рај за авантуристи, за алпинисти… Огромната клисура на другата страна од селото честопати е надлетувана од разни грабливци.

Величината мами и плаши. Малку подалеку на едно ритче мир дава мала бела црквичка околу која се распослале бели уникатни ,,школки,, како полжавчиња. Не се дозволува да се оценува дали се варовнички или остатоци од коскени форми налик на слонови коски. Останаа во сеќавање како необичен бел тепих кој крцка под нозете.

Планинското село одекне ако има вест за фатен сом на Црна Река. Ретките стада овци поздравуваат со блеење и милиот звук на ѕвонците на овните. Поминатото време е милина за очите, за слободно трчање и тркалање на цветните ливади.

Опива мирисот на цветовите. Навечер, на природен душек од трева постои можност за восхит на ѕвездите на небесниот јорган кој трепкаво поздравува. Сетилата се активираат и на искрите на логорскиот оган и мирисот на печени колбаси на стапче. Небаре волшепство на природата. Плени старински декор во камената селска куќа чие приземје било за добитокот, а катот за мирно сонување на железни кревети со пружини покриени со селски дивтици, јамболлии, ирами…

Жедта се гасне со животворна вода од кладенци каде може да се шлапка и по некоја жаба. Водата слатко пивка. Сепак, во Зовиќ на квечеpина е свежо. Ветре од врвот пее во дует со славеите. Денски низ некоја од ретките живи куќи може да се потслушне некоја баба како низ грлото ги вади акордите на ,,Заплакало е Мариово”,, и ,,Кој пат води за Мариово,,. Тоа се легендарни песни за секое срце.

Успокојува и скротува селскиот амбиент. Сплотува природниот здив на зелениките. Карпестиот допир на мариовски Зовиќ повикува на нова средба, зашто досегашната никогаш не е доволна да ја нахрани душата.

ФОТО: Борко Ристовски ги покажа двете жени на неговиот живот и упати емотивна порака

Борко Ристовски и го честиташе на својата сопруга Нина и на мајка си Денот на мајката и сподели фотографии од двете жени на неговиот живот.

– „Среќен ден на мајките на мојата на мојата најдобра сопруга и мајка. Те сакаме“ напиша голманот.

Денес е спомен на Светиот апостол Јаков: На неговиот гpoб и’ денес се случуваат чудесни исцеленија!

Македонската православна црква денес го обележува споменот на Светиот апостол Јаков.

Македонската православна црква денес го обележува споменот на Светиот апостол Јаков.

Син на Заведеј, брат на Јован, еден од дванаесетте Апостоли. Кога Господ Исус ги повика него и брат му Јован, тие веднаш ги оставија рибарските мрежи и својот татко и тргнаа по Него. Спаѓа меѓу оние тројца Апостоли на коишто Господ им ги откриваше најголемите тајни, пред кои се преобрази на Тавор и пред коишто тагуваше во Гетсиманската градина пред да постpада. Откако Го прими Светиот Дух, свети Јаков по разни краишта го проповедаше Евангелието и отиде дури до Шпанија. Кога се врати оттаму со него Евреите почнаа да се препираат за Светото Писмо. Бидејќи никако не можеа да го надвладеат во препирката, тие најмија еден маѓесник Хермоген да му наштети.

Но, Хермоген и неговиот ученик Филип, обајцата беа победени од cилата на Вистината што ја проповедаше Апостолот и откако беа поразени се крстија. Тогаш Евреите го обвинија кај Ирод и наговорија еден човек по име Јосија да го клевети Апостолот. Овој Јосија, кога го виде мажественото држење на светиот Апостол, и штом ја слушна јасната проповед за Вистината, се покаја и поверува во Христа. Кога го осудија на смрт Јаков, го оcудија и Јосија. Тој го молеше Апостолот да му го прости гревот на клевета. А Јаков го прегрна, го целива и му рече: „Мир на тебе и пpошка!“ И обајцата ги наведнаа главите под мечот и беа уб иени за Господа Кого Го возљубија и Кому Му служеа. Свети Јаков поcтpада во 45. година во Ерусалим. Неговото тело беше однесено во Шпанија, а на неговиот гpоб и денес се случуваат чудесни иcцеленија.

Hecpeќа во прилепско: Едно лице им подлегна на повpeдите

На ден 11.05.2019 година, околу 18,30 час во близина на манастирот “Свети Атанасие“, во атарот на село Локвени, додека Н.З. (31) од село Локвени управувал трактор марка “Фиат“ со кој се движел по ридот во близина на патот од с. Локвени кон манастирот “Свети Атанасие“, во еден момент од засега непознати причини тракторот се превртел, при што Н.З. бил потиснат под возилото.

Во близина на местото се нашле лицата Б.Е. и Н.З коишто го извадиле повpeдениот и се упатиле кон Градската болница во Прилеп, но во близина на село Врбјани, повредениот им подлегнал на повpeдите. Cmpтта е констатирана од доктор од ИМП-Прилеп. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од ПСОН Прилеп, и се работи на целосно расчистување на случајот.

Вонредна прогноза од УХМР: Силно невpeме се приближува кон нас

Времето во Македонија денеска ќе биде облачно со обилни врнежи од дожд. Врнежитe на некои места во земјава ќе достигнат и до 50 литри на метар квадратен.

Утринските температури на воздухот ќе се движат од 6 до 14 степени, додека дневните температури на воздухот ќе се движат во интервал од 10 до 22 степени.

И во текот на наредните денови се очекува невpeме.

Овие четири хороскопски знаци воопшто немаат среќа во љубовта

Хороскопските препораки и совети не треба да се сфаќаат особено сериозно, а за сите индикации и нуспојави обратете се на стручњак…

Некои се самите виновни за својата љубовна несреќа, а на некои тоа им е запишано во ѕвездите.
Ако постојано скокате од една лоша врска во друга или пак никако не успевате да најдете партнер можно е да сте родени во еден од овие четири хороскопски знаци кои едноставно немаат среќа во љубовта:

Рак
Иако се на глас како највнимателни знаци во зодијакот, Раковите немаат среќа во љубовта и тоа главно со своја вина. Кога ќе се вљубат подготвени се на тоа лице да му пружат се, па поради својата брзоплетост неретко остануваат повредени и со скршено срце.

Девица
Еднаш кога ќе се изгорат, Девиците стануваа многу внимателни и не брзаат во нови врски се додека не се потполно сигурни дека некој нема да им го скрши срцето. Но, поради тоа свое внимание од страв да не се повредени, Девиците се во состојба да пуштат да им „избега“ љубовта на нивниот живот.

Јарец
За разлика од споменатите хороскопски знаци кои самите себе се кочат во пронаоѓањето на љубов, Јарците обично немаат проблем со лошиот тајминг и често вистинското лице го запознаваат во погрешно време и обратно.

Риби
Наивните Риби имаат премногу доверба во луѓето поради што често завршуваат во врска со погрешни луѓе кои воопшто не им одговараат. Тоа обично резултира со нивно скршено срце, а обично од тие пропаднати врски и не ја научуваат лекцијата и продолжуваат да ги прават истите грешки.

Миле Талески: “Некој свесно се откажува од МАКЕДОНСКАТА историја?” (Видео)

Благодарение на архивите од политичките партии на јутјуб каналите можеме да се потсетиме што ветувале и што кажувале пред јавноста актуелните политичари.

Миле Талески е претседател на Општинската организација на СДСМ Прилеп и на Советото на Општина Прилеп. Тој има прилично долг стаж во сега владеачката партија партија на локално и државно ниво, а еве што кажувал за историјата и спомен обележјата во 2010 година:

Сепак, ако се погледнат настаните во изминатиот период ќе заклучиме дека не тогашниот градоначалник Марјан Ристески или тогашната власт од ВМРО-ДПМНЕ, туку токму СДСМ не водат грижа за спомениците и историјата на државата.

Прилеп доби споменик на Ѓорче Петров во центарот на градот, беше реновиран Участакот, беа изградени и други споменици и спомен обележја посветени на револуционери, борци во народноослободителната борба, како и бранителите од 2001 година.

Од друга страна пак, откако СДСМ дојде на власт беше склучен така наречениот Договор за добрососедство со Бугарија, врз основа на кој денеска комисии од двете држави расправаат и ја ревидираат историјата.

Она што досега го дознава јавноста преку пишувањето на медиумите е дека од овој договор најмногу губи нашата држава, не поради заедничкото чествување на одредени личности или настани, туку поради можноста дел од тие настани и личности да ги празнуваме и изучуваме како туѓи.

Како ќе се одрази тогашната “грижа” на Талески, останува да видиме во периодот кој следи пред нас.

Jaне Ченто се огласи за Ѓорге Иванов: “Историјата ќе суди за сите политичари, па така и за Иванов””

„Јас само ќе му се заблагодарам на г-дин Иванов што постxyмно му го додели највисокиот орден на државата на Методија Андонов Ченто на 22 октомври 2010 година и го одликува Ченто со „Орден на Република Македонија“ и ние како фамилија го примивме тој орден и горди сме на нашиот татко, дедо, прадедо Ченто и сме благодарни што како институција Претседател ни беше укажана таа чест и што редовно бевме поканети на сите државни манифестации кои ги организираше Претседателот“.

“Не му замерувајте на г-динот Иванов што не го искористи неговото право за да го запре лудилото во кое се наоѓаме долго време и ние и нашата држава Република Македонија. Не ги знаеме околностите што се одвиваат зад затворени врати, дали биле притисоци, уцени и слично, не може секој да се спротистави тоа е до карактерот. Но што е тука е. Борбата продолжува.

Ќе ја добиеме битката на судски пат, ќе се мачиме но не се предаваме ние бидејќи сме невини и правдата ќе стигне.

За да бидете вистински Претседател на државата треба да се грижите за сите од таа функција која ја имате, тоа го прават вистинските државници.

Историјата ќе суди за сите политичари па така и за г-динот Иванов дали бил добар или лош Претседател на Република Македонија.

Ми беше чест и задоволство што учевствував во кампањата и 2009 и 2014 година и застанав зад него за да биде Претседател на Република Македонија, дали било исправно или погрешно ќе суди историјата како и секогаш.

Јас само ќе му се заблагодарам на г-дин Иванов што постхумно му го додели највисокиот орден на државата на Методија Андонов Ченто на 22 октомври 2010 година и го одликува Ченто со „Орден на Република Македонија“ и ние како фамилија го примивме тој орден и горди сме на нашиот татко, дедо, прадедо Ченто и сме благодарни што како институција Претседател ни беше укажана таа чест и што редовно бевме поканети на сите државни манифестации кои ги организираше Претседателот.

Г-дине Иванов Ви посакувам се најдобро Вас и на Вашата фамилија”.

ВНИМАНИЕ НА ПЛЕТВАР: Стадо крави често го поминува коловозот (ВИДЕО)

Апел возачите да бидат внимателни додека возат на планинскиот превој Плетвар. Стадо крави често се случува да пасат покрај патот и да го поминуваат коловозот.

Возете со прилагодена брзина!

Историски важна посета за цела Југоисточна Европа: Орбан утре во Белата ќука на средба со Трамп

Унгарскиот премиер Виктор Орбан утре ќе има прием во Белата куќа и средба со американскиот претседател Доналд Трамп. Ова е историски важна посета за цела Југоисточна Европа.

Оваа година, Орбан е единствениот премиер од Југоисточна Европа што ќе има прием во Белата куќа.

-Претседателот Доналд Трамп ќе го пречека унгарскиот премиер Виктор Орбан во Белата куќа на 13 мај 2019 година. Препознавајќи ги долготрајните врски меѓу САД и Унгарија, претседателот и премиерот ќе разговараат за начините за продлабочување на соработката на голем број прашања, вклучувајќи трговија, енергија и сајбер-безбедност. Како лидери на сојузниците на НАТО, тие исто така ќе ги истражат можностите за исполнување на многуте национални безбедносни одговорности на двете земји и ќе ја прослават 20-годишнината на Унгарија како членка на НАТО, информираат од Белата куќа.