Миле Талески: “Некој свесно се откажува од МАКЕДОНСКАТА историја?” (Видео)

Благодарение на архивите од политичките партии на јутјуб каналите можеме да се потсетиме што ветувале и што кажувале пред јавноста актуелните политичари.

Миле Талески е претседател на Општинската организација на СДСМ Прилеп и на Советото на Општина Прилеп. Тој има прилично долг стаж во сега владеачката партија партија на локално и државно ниво, а еве што кажувал за историјата и спомен обележјата во 2010 година:

Сепак, ако се погледнат настаните во изминатиот период ќе заклучиме дека не тогашниот градоначалник Марјан Ристески или тогашната власт од ВМРО-ДПМНЕ, туку токму СДСМ не водат грижа за спомениците и историјата на државата.

Прилеп доби споменик на Ѓорче Петров во центарот на градот, беше реновиран Участакот, беа изградени и други споменици и спомен обележја посветени на револуционери, борци во народноослободителната борба, како и бранителите од 2001 година.

Од друга страна пак, откако СДСМ дојде на власт беше склучен така наречениот Договор за добрососедство со Бугарија, врз основа на кој денеска комисии од двете држави расправаат и ја ревидираат историјата.

Она што досега го дознава јавноста преку пишувањето на медиумите е дека од овој договор најмногу губи нашата држава, не поради заедничкото чествување на одредени личности или настани, туку поради можноста дел од тие настани и личности да ги празнуваме и изучуваме како туѓи.

Како ќе се одрази тогашната “грижа” на Талески, останува да видиме во периодот кој следи пред нас.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.