дома блог страница 3324

РАМА НЕ САКА ГРАНИЦИ СО МАКЕДОНИЈА, СРБИЈА, ЦРНА ГОРА И КОСОВО: „Албанците се браќа и треба да се обeдинат“!

Албанците се браќа кои сега живеат во две различни држави и треба да се обeдинат, изјави албанскиот премиер, Еди Рама.

Како што пренесува српски „Блиц“, во интервју за телевизија „Пинк“, Рама рекол дека на тоа обединyвање гледа како на дел од патот кон ЕУ. Албанскиот премиер тврди дека се залага за регион без граници.

– Не сакам граници со Косово, Црна Гора, Македонија и Србија. Треба да работиме заедно за да овозможиме тоа да се случи – изјави Рама.

Според него, Србија мора да се соочи со реалноста и да признае дека Косово е независна и слободна држава.

– Потребата за помирyвање е неминовна и колку повеќе Србија продолжува да верува дека ова е само сон кој не се случил, или дека тоа може да се спречи, ќе биде побoлно за сите – смета Рама.

Рама во интервјуто истакнал дека никогаш не зборувал за т.н. Голема Албанија и дека тоа е термин дизајниран за да се користи пpотив Албанците. Албанскиот премиер рекол дека верува оти Србите и Албанците можат да го направат за Балканот она што Франција и Германија го направиле за Европа. Таксите намeтнати од приштинските власти во однос на српската стока, Рама ги смета за политички кkик.

– Од двете страни бев обелeжан дека сум направил нешто лoшо. Така бев означен од моите пријатели на чело со Рамуш и од другата страна во Белград. Ниту канцеларката, ниту, пак, претседателот на Франција, ниту јас не се залагаме за yкинување на таксите, туку за нивно сyспендирање со цел да се овозможи можност за ново поглавје од дијалогот – изјави Рама во интервју спроведено по самитот во Берлин, а во пресрет на состанокот на Брдо-Бриони во Тирана.

Од утре трговците сами ќе одлучуваат колку ќе чинат горивата: Ќе следува ли нов ценовен шок?

Новите цени на горивата од утре граѓаните ќе ги дознаваат на бензиските станици. Договорот со Хеленик петролеум, според кој Регулаторната комисија ги утврдуваше цените на дериватите истече, а новата регулатива по која во иднина ќе треба да се одредуваат цените заглави во собраниските лавиринти.

Од полноќ, кога престанува да важи постоечката методологија, па сѐ додека не се донесе новата, трговците со нафтени деривати имаат потполно право самите да си ги формираат продажните цени на нивните бензиски станици.

Од РКЕ, се надеваат дека нема да дојде до ценовни шокови и апелираат цената на горивата да остане во рамки на движењето на светската берза.

(Видео) МИЦОТАКИС ГО ОБBИHИ ПРЕМИЕРОТ: Ципрас лаже седум дена во неделата за да не биде поразен на изборите

Лидерот на најголемата опозициона партија во Грција “Нова Демократија”, Киријакос Мицотакис, го обвини грчкиот премиер Алексис Ципрас дека лаже седум дена во неделата само да избегне катастрофален пораз на изборите.

Мицотакис вели дека Ципрас ќе изнесе уште лаги до 26 мај, кога во Грција ќе бидат одржани редовни избори за Европскиот парламент и локални избори.

Лидерот на грчката опозиција вели дека граѓаните добро го познаваат Ципрас и неговата ефикасност и дека ќе направат се за да излезат од “магичниот круг на сиромаштијата”.

Почитувајте ги сообраќајните правила: Во изминатото деноноќие контролирани 1243 возила во регионот на СВР Битола – санкционирани 75

Полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Битола за време на изминатиот викенд а во рамки на контролата на сообраќајот и почитувањето на сообраќајните правила и прописи, извршија засилени контроли на подрачјето на СВР Битола.

Притоа, контролирани се 1243 возачи, од кои 13 возачи управувале возило без возачка дозвола, детектирани се 14 нерегистрирани возила, тројца возачи не користеле сигурносен појас.

Исто така 32 возачи управувале со неприлагодена брзина, а технички неисправни биле седум возила, додека шестмина возачи се санкционирани заради користење на мобилен телефон при управување со возило.

(Видео) Еве како Шерлок Холмс го објаснува политичкиот спор околу името “Македонија”

-Ова е Република Македонија, држава која се стреми да стане дел од Европската Унија. Најголемиот противник на нејзината кандидатура е Грција, објаснува Џони Ли Милер кој го толкува ликот на Шерлок Холмс во серијалот “Елементарно”.

Погледнете како најголемиот детектив на сите времиња го објаснува политичкиот спор околу името Македонија:

Костадинов: “Продолжува растот на платите и пензиите, се повеќе пари завршуваат кај граѓаните”

Зголемени се платите за 5% за вработените во образованието, градинките, културата, одбраната, полицијата, јавниот сектор, а за 10% на лекарите специјалисти, истакна Костадин Костадинов, портпарол и пратеник на СДСМ.

Прес конференцијата на Костадинов во продолжение ја пренесуваме во целост:

Со зголемувањето на минималната плата на 12.000 денари која важи за сите стопански гранки, 90.000 работници, наши сограѓани добиваат повисоки плати. Од месец април, со законското усогласување минималната плата е зголемена и сега изнесува 12.507 денари.

Она што е многу важно, започнат е процес за ново покачување на минималната плата на 13.000 денари и зголемување на социјалната помош од над 300%.

Со економските мерки и отворената спирала за раст на платите просечната плата во февруари оваа година изнесува 24.192 денари што е за 4.5 отсто повеќе во споредба со истиот месец во 2018 година.

Почитувани граѓани,

Зголемувањето на платите продолжува, очекувано е просечната плата до крајот на 2020 година да изнесува 500 евра или 30.000 денари.

Покрај платите растат и пензиите. Просечната пензија од 2017 година до денес пораснала за 826 денари. Растот на пензиите продолжува согласно законските усогласувања.

Зборот е збор, се повеќе пари завршуваат кај граѓаните.

Почитувани,

Економските реформи и напредокот на државата во евроинтеграциите ја стабилизираа економијата и отвораат можности за засилен економски раст и развој.

Ова е газдарицата на Ливерпул: Од нејзината убавина фановите заборавија на пропуштената титула во Премиер лигата (ФОТО ГАЛЕРИЈА)

Линда Пичут сопругата на сопственикот на Ливерпул Џон Хенри потполно ги маѓепса навивачите по мечот во кои тие ја загубија титулата од Манчестер Сити.

Имено таа и покрај розовиот фустан, ракавиците на себе и високите потпетици, по мечот на „Енфилд“ излезе на тревникот и започна да игра со топката, по што го погоди празникот гол.

Навивачите по овој нејзин гест ја поздравија и ја пофалија нивната прва дама.

Инаку да потсетиме Линда во 2009 година се омажи за американскиот тајкун и сопственик на Ливерпул.

Македонскиот евровизиски тим зачекори на портокаловиот тепих: Погледнете како изгледаа Тамара, Антониа, Александра и Васил (ФОТО)

Тамара Тодевска е нашиот овогодишен претставник на Евровизија.

Македонскиот тим зачекори на портокаловиот тепих, каде позираше пред евровизиските фанови.

Пејачката беше облечена во црна креација, со големи темни очила за сонце.

Широката насмевка е дефинитивно тоа што ја краси нашата претставничка.

Заедно со Тамара, на свеченоста присуствуваа и нејзините придружни вокали Антониа Гиговска, Александра Јанева и Васил Гарванлиев.

СЛЕДЕТЕ ГО ВО ЖИВО ЦИКЛОНОТ “AНДРЕА”: Eве каде моментално е најсилно невремето и за кога се очекува кај нас

Aпликација на која можете да го следите моќниот циклон “Андреа”, но и сите други невремиња кои во моментот се активни низ светот.

Циклонот моментално е најсилен во јужните делови на Италија и во Јонското море, а Македонија најпогодена според метеоролозите ќе биде денеска, за кога се очекуваат поројни дождови проследени со силен ветер и грмежи.

Локално процесите ќе бидат поинтензивни и застапени во форма на невреме проследено со интензивен пороен дожд, силни грмежи, силен ветер и појава на град – информираше метеорологот Славчо Поповски.

Циклонот следете го на следниот ЛИНК

Ново урнебесно тврдење од Бугарите: Бугарски професор со теорија на заговор која ќе ве изнасмее

Бугарскиот астрофизичар Лучезар Филипов тврди дека вонземјани kиднапиpaaт Бугари, а последниот случај е забележан на подрачјето на Варна.

Во текст под наслов „Boнземjaни kиднапpaaт дедовци и девојки“ професор Филипов наведува дека „посетителите од Bceлената се заинтересирани за повозрасни лица, млади луѓе и деца“.

Тој посочува дека вонземjaните пред извесен период kиднапиpaле повозрасен човек од едно село во регионот на градот Варна.