дома блог страница 3323

Ослободете се од сите брадавици на телото со помош на само една состојка

Брадавиците се израстоци на кожата кои понекогаш делуваат како мали балони кои висат. Покрај тоа што не изгледаат убаво, тие често се наоѓаат на места на кои навистина ни пречат.

Иако не се опасни и обично не болат, брадавиците се нешто од кое секој би сакал да се ослободи. Обично растат на некои непријатни места како што се рацете, стапалата или вратот, а јасно се гледаат, поради што се чувствуваме непријатно.

Но, нема причина за грижи, бидејќи можете многу едноставно да ги отстраните. За да го постигнете тоа се што ви е потребно е јаболков оцет. Оцетот ќе ви помогне безболно да ја отстраните брадавицата, без страв дека ќе ви остане некаква лузна.

Само нанесете неколку капки јаболков оцет на фластер, па залепете го фластерот на претходно исчистената брадавица. Фластерот менувајте го секојдневно, така што секој пат ќе ја исчистите брадавицата, и ќе нанесете нов фластер на кој повторно сте ставиле јаболков оцет. Ако редовно и секојдневно го правите ова, брадавицата треба да исчезне за 5 дена, доколку е потребно продолжете го третманот.

“Инфомакс” дознава: Целиот тираж од книгата на Груевски pacпpoдaдeн, издавачот ќе печати нова количина

Трендот на светските државници почнаа да го следат и македонските политичари. Активни и поранешни политичари почнаа да објавуваат книги во кои ја кажуваат својата приказна за теми од политиката, но и да ги објавуваат своите научни трудови.

Па така, на годинешниот саем може да се забележат дела од неколкумина политичари од македонската сцена. Тоа се поранешните премиери Никола Груевски и Љубчо Георгиевски но и првиот претседател на Собранието Стојан Андов.Груевски e aктуелен со книгата „Искуства за иднината“ која е негов докторски труд на тема: ,,Економските ефекти на различните видови на меѓународни текови на капитал со посебен осврт на Република Македонија“.

Издавачот „Ѓурга“ вели дека за книгата на Груевски, како и за на Љубчо Георгиевски постои голем интерес кај читателите и добро се продаваат. Посетителите на Саемот на штандот на издавачот ја разгледуваат неговата книга, ја прелистуваат и фотографираат.

Како што дознава порталот “Инфомакс”, целиот тираж од првото издание на книгата со меки корици е веќе распродадена, а наскоро излегува второто издание со тврда корица. Сепак, издавачот ќе мора да печати дополнителен тираж поради големата заинтересираност кај читателите.

Се гледа крајот на лошото време: Подгответе се за вистинско лето со повеќе од 30 степени

Неделава која е пред нас се чини е последното што ќе го видиме од дождот пред стартот на новото лето.

Невообичаено ниските температури проследени со интензивни врнежи од дожд ќе се задржат некаде до крајот на оваа недела и можеби во првиот ден од наредната.

Во пресрет на продолжениот викенд за празникот на словенските просветители Св. Кирил и Методиј, метеоролозите конечно носат добри вести.

Токму за тој викенд се најавуваат највисоките температури од стартот на оваа година. За викендот според најавите се очекуваат и над 30 степени во појужните места и околу 28 степени во главниот град.

Тоа се очекува да биде и официјалниот старт на летната сезона со температури кои ќе бараат разладување.

ЕПСКАТА БИTKA НА АЛЕКСАНДАР: Каде завршиле Грците кои се бopeле пpoтив него

Битkaта за која се напишани стотици книги, направени филмови, напишани песни. Битката кај Гавгамела. Александар од едната страна, Дариј Трети од другата. Тоа бил последниот и најтежок пopaз на Дариј.

Што се однесува на формацијата на македонската вojcka, познатиот историчар Ариан напишал:

“Со левото крило на фалангата раководел Кратерус. До него била koњаницата на Еригиј, син на Ларикс”.

Јасно е дека Македонците биле различно третирани од Грците, иако се бopeле од иста страна.

Откако заклучивме дека и во тоа време Македонците и Гриците биле сосема различни поими, збор два за судбината на Грците кои се бopeле пpoтив вojckaта на Александар.

Додека поминувале низ средна Азија, Македонците одлучиле да ги ослободат Грците кои и служеле на Персија. Најпрво сите биле зapoбени, но потоа, Грците кои работеле во Персија и кои биле жители на Персија, биле ослободени. Останатите останале зapoбени, затоа што работеле против Македонија во време кога Македонците и Грците направиле сојуз против Персија.

Додека се движеле низ Персија, Александар одлучил да го назначи неговиот генерал Антипатар да управува со грчките територии. Но, Антипатар започнал да се однесува како единствен владетел над Македонците и Грците, па Олимпија, мајката на Александар, му испратила писмо во кое му укажува за однесувањето на неговиот генерал. Ариан пишува:

” Олимпија му напиша на Александар дека неговиот генерал се стреми да стане единствен владетел на империјата и дека повеќе не се сеќава на оној кој го назначил. Во писмото таа му напишала дека Антипатар се однесува исто и кон Грците и кон Македонците”.

Тука јасно се гледа дистинкцијата помеѓу Македонците и Грците.

Видео: “Tpaмп го пофали Opбан”

“Виктор Орбан придонесе многу за Европа. Можеби е контроверзен како и јас, но ја обезбеди сигурноста за својата држава. На нашата средба ќе разговараме за НАТО, бидејќи Унгарија е дел од НАТО алијансата. Ќе разговараме и на економски теми”, изјави американскиот претседател Доналд Трамп.

Орбан се заблагодари на поканата во Белата куќа и наведе дека Унгарија стои заедно со Соединетите Американски Држави во бopбaTa против нелегалната миграција, тepoризмот и зачувувањето на христијанското население насекаде во светот.

“Миле Талески дали и во Втора лига ќе ја бодри Победа??” (ФОТО)

Гордоста на прилепчани, фудбалскиот клуб Победа, на две кола пред крајот од прволигашката сезона испадна во понизок ранг на натпреварување, па во наредната сезона прилепчани одново ќе гледаат второлигашки фудбал.

На почетокот од фудбалската сезона 2018/2019, од црвено-белите се очекуваше многу, а се ветуваше уште повеќе. Актуелните градски власти пред доаѓањето на функција ветуваа европски фудбал во Прилеп и целосна реконструкција на стадионот “Гоце Делчев”.

Само 19 месеци подоцна, Победа е второлигаш, клубот цела сезона талкаше од град во град каде ги играше домашните дуели, а стадионот “Гоце Делчев” досега доби само конструкција за покрив на помалата трибина.

Пред извесно време и спонзорите ги предадоа акциите од клубот на општина Прилеп, па сега Победа е само во општински раце.

Актуелниот претседател на Советот на општина Прилеп, Миле Талески, минатата година кога Победа играше плеј аут меч за опстанок во најелитното фудбалско друштво, ги бодреше црвено-белите на трибините на стадионот во Струмица.

Една година подоцна фудбалот во Прилеп доживеа целосен крах, Победа остана без најистакнатите поединци, без плати, а го доживеа и највисокиот пораз од 9:1 против Ренова.

Се поставува прашањето, дали сегашните актуелни власти, ќе навиваат за Победа и наесен кога Победа ќе игра во Втора лига?

(Видео) Зелени океани и ново “ледено доба”: Стpaшна стратегија на Британците за спасување на планетата

Тим на научници на Универзитетот Кембриџ разгледуваат методи за поништување на штетните последици од климатските промени, вклучувајќи и повторно замрзнување на Арктикот, собирање на вишокот јаглерод диоксид од атмосферата и “озеленување” на океаните.

Центарот за обнова на климата е дел од Иницијативата за иднина без емисија на штетни гасови, а го води Др. Емили Шакберг. Координаторот на проектот, професорот Дејвид Кинг, поранешен научен советник и специјален претставник за климатски промени во британската влада, изјави дека климата повеќе “не е на наша страна”.

“Она што упорно го работиме, новитетите кои ги воведуваме и она што имаме намера да го направиме во наредните 10 до 12 години, ќе ја одреди иднината на човештвото во наредните 10.000 години”, вели тој.

Шок за македонските репрезентативци Несторовски и Трајковски: Палермо исфрлен во Сериа Ц

Екипата на Палермо е исфрлена во Сериа Ц поради финансиски нерегуларности, беше потврдено денеска со одлука на Федералниот суд во Италија.

Според одлуката на судот, Палермо ќе биде рангиран последен на табелата во Сериа Б, а нивното место на врвот од табелата ќе го заземе Перуџа која ќе игра плеј оф за Сериа А.

Тоа ќе значи опстанок за екипата на Венеција во второто по ранг натпреварување во Италија, додека пак Салернитана и Фоџа ќе се борат во плеј аутот.

Според одлуката на судот, поранешниот сопственик на клубот, Маурицио Ѕампарини, извршил перење на пари преку продажбата на брендот Палермо за значителна сума пари на друга компанија која самиот тој ја основал, пред одново да го изнајми брендот назад на клубот за минимална сума.

Палермо ќе ја обжали одлуката на судот.

(Видео) Кина го изгради најголемиот аеродром во светот: “Морскaта ѕвезда” лежи на површина од 100 фудбалски терени

Денес започнуваат првите пробни летови на новиот меѓународен аеродром во Пекинг.

Аеродромот “морска ѕвезда” кој се наоѓа на 46 километри јужно од центарот на Пекинг, ќе биде најголемиот аеродром во светот. Се наоѓа на граница меѓу округот Дакинг и Лангфанг, град во провинцијата Хебеи и се простира на 700.000 квадратни метри.

Тркља: “10 пати му ѕвонев на градоначалникот, но не ми крена” – Ова е нечовечки однос рече оштетениот дуќанџија од Прилеп

Комуналните инспектори од Општина Прилеп утрово го зеле целиот инвентар од угостителскиот објект „The Gallery House Pub“, без никакво предупредување или налог. Со вакви обвинувања денеска излезе сопственикот Бисерко Тркља, кој призна дека имал долг кон општината од 89.000 денари, но по претходен договор со инспекторите утринава уплатил 40.000 денари.

„Бевме договорени утрово да ги уплатам парите во банка и тоа и го направив, пред да дојдат тие. Чекав во Општина за да ме прими некој, им заѕвонив буквално на сите, имам дури и порака од градоначалникот и инспекторите. Во меѓувреме ми се јавија вработениве од пабов да дојдам, бидејќи се дојдени 3 полицајци, 10 комуналци и 2 трактори за да ги кренат работиве. Кога дојдов, им ја покажав уплатницава, но ми рекоа дури не им кажи некој од горе да запрат, тоа нема да се случи. Јас повторно појдов во Општина за да се слушнам со градоначалникот, со било кој надлежен, буквално никој, ниту градоначалникот, никој не сакаше да ме прими. Кажано им е што се случува во моментов, дека е уплатено, дека нема потреба од такви работи, дека треба и тие да имаат малку разбирање бидејќи имав пожар и штета од преку 100.000 евра, дека не можев сите обврски да ги измирам навреме и буквално дојдоа и се собраа овде. Јас немам ниту било каков извештај што ми е собрано, ниту ми покажаа некој документ, налог, дека тоа може да го прават. Јас мислев дека пред тоа на вработениве им имаат покажано, бидејќи јас не бев тука, бев во Општина да им ја покажам уплатницава. После ми кажаа дека сите работи ги собрале без опомена, налог или било што, дека нештото можат да го прават“, истакна Тркља.