дома блог страница 3320

(Видео) Симпсонови повторно ја предвидоа иднината!

Симпсонови ја предвиода победата на Доналд Tpaмп на американските избори, грчката економска kpиза, настапот на Лејди Гага на Супербол, а сега на ред дојде и епизодата на познатата серија “Game of Thrones”.

Денес се слави Свети Атанасиј Велики кој поради верата во Господ речиси сиот живот беше гонет

На денешен ден се празнува преносот на неговите мошти и чудата произлезени од нив.

Роден во Александрија во 296 година. Од детството наклонет кон духовниот призив. Беше ѓакон кај архиепископот Александар, и го придружуваше својот архиепископ на Првиот Вселенски Собор во Никеја. На овој Собор многу се прослави со неговата ученост, благочестие и ревност за Православието. Многу придонесе за побивањето на Ариевата ерес и за утврдувањето на Православието. Го напиша Символот на Верата кој на Соборот беше усвоен.

По заминувањето на Александар, свети Атанасиј беше избран за архиепископ Александриски. Во архиепископскиот чин остана над четириесет години, иако не беше цело време на архиепископскиот престол. Речиси сиот живот беше гонет од еретиците. Од царевите најмногу го гонеа: Констанциј, Јулијан и Валент; од епископите Евсевиј Никомидијски со уште мнозина други; а од еретиците Ариј и неговите следбеници. Беше принуден да се крие од гонителите дури и во бунар, во гроб, по приватните куќи, по пустините. На двапати бегаше во Рим. Едвај недолго пред заминувањето едно време проживеа мирно како добар пастир сред своето стадо, коешто вистински го љубеше.

Мал е бројот на светителите што се толку клеветени и толку 3лосторнички гонети како светиот Атанасиј. Но, неговата голема душа најпосле излезе победоносна од сета таа долготрајна и стpашна бopба. За совет, утеха и морална потпора често одеше кај свети Антониј, кого го почитуваше како свој духовен отец. Човекот којшто ја формулираше најголемата вистина мораше и да постpада за таа вистина, додека Господ не го упокои во своето Царство овој Свој верен раб, во 373 година.

Македонски музичари направија песна за покревање на јавната свест за аутизмот: “Растеме заедно” (ВИДЕО)

За да се покрене јавната свест за лицата со аутизам, за прифаќање на нивната различност и вклучување во општеството, невладината организација „Аутизам ААМК“, во соработка со многубројни македонски уметници, ја создаде песната „Растеме заедно“.

Песната и спотот се од хуманитарен карактер и во нивното сoздавање сите учесници учествуваа доброволно.

„Растеме заедно“ е авторско дело на текстописецот и композитор Весна Малинова-Бабамов, аранжманот е на Дарко Тасев, клавијатури – Влатко Георгиев, виолина – Филип Волкан, а е снимена во студиото AleXanDeR на Александар Ристовски-Принц. Учесници се: Кристина Арнаудова, Весна Гиновска-Илкова, Никола Перевски Пере (Нокаут), Лилјана Атанасова Лили, Дани Димитровска, Мијата, Драган Спасов-Дац, Петар Младеновски (Суперхикс), Филипа Гелевска, Горан и Ана Трифуновски (Пеперминт), Бранислав Николов (Фолтин) и Ева Ѓорѓеска.
Сценариото и режијата на спотот се на Koma design studio – Ѓорѓе Јовановиќ, Александар Јосифовски и Небојша Гелевски.

Германија бара работници – овие струки најмногу се бараат, а не ви треба факултет

Во првиот квартал од оваа година во Германија биле непополнети 1,38 милиони работни места, што е скоро 200.000 повеќе од минатата година, соопштила денеска Сојузната агенција за вработување, наведувајќи дека најголема побарувачка и понатаму има за квалификувани работници со средношколско образование.

-Пазарот на трудот и понатаму е нечувствителен на опасностите низ кои поминуа поради назнаките дека државниот раст може да ослабе. Бројот на непополнети работни места од почетокот на годината опадна, но тоа е поврзано со сезонските движења. Во споредба со минатата година забележано е зголемување на побарувачката за работници – рекол Александер Кубис, од Институтот за истражување на пазарот на трудот, кој соработува со Агенцијата за вработување.

Според најновите информации, на 170 невработени доаѓаа 100 непополнети работни места, пренесува Индекс.хр

Најголема побарувачка има во градежништвото и здравството.

Најголема побарувачка има за работници со средно образование, но и понатаму владее голема побарувачка за инженери во секторот за хемија, машинство и градежништво.

Истовремено се зголемила побарувачката за работници без квалификации.

Најстрастните парови според Хороскопот: Кога овие парови ќе се сретнат – искри летаат насекаде

Астрологијата потврдува дека спротивностите се привлекуваат, а тие врски обично се проследени со силна хемија, но и многу конфликти.

Откријте како спротивни знаци често произведуваат страствени врски

Овен и Вага

Уште при првата средба тие чувствуваат силна привлечност. Односот ќе биде вистински предизвик на кој тешко ќе можат да му оддолеат, но ќе се јават проблеми, затоа што „пристојното однесување“ и „живот по правила“ ќе му одат на Овенот на нерви, а Вагата ќе се сака да го „цивилизира“. За да успее врската, потребни се заеднички проекти и активности.

Бик и Шкорпија

Оваа е жешка комбинација уште од самиот почеток. Кога сензуалните и опуштени Бикови ќе се опуштат пред Шкорпиите и ја увидат нивната страст за животот, доаѓа до силни копнежи. Ако се спојат во љубовна врска, конфликтите се неизбежни. Работите можат да се поправат ако својата страст ја изнесат од дома и ја насочат кон заедничко дружење со пријателите.

Близнаци и Стрелец

Нивната привлечност не е само физичка, туку се привлекуваат и на умствено ниво. Љубопитните Близнци и филозофски настроените Стрелци лесно се фасцинираат и во состојба се со часови да разговараат за сѐ и сешто. Сепак, проблемите настануваат кога Близнаците почнуваат да се нервираат поради ставот на Стрелците дека „знаат сѐ“, а на Стрелеците им пречи што Близнаците се површни и сакаат да разговараат. Но, нив повторно ќе ги спојат заедничките интереси: патување, излет во природа…

Рак и Јарец

Откако чувствителните Ракови кои се наклонети кон сигурност ги запознаат силните и доминантни Јарци, се создава класична привлечна врска. Но, тој привлечен однос лесно може да ја изгуби својата магија, затоа што Раковите чувствуваат дека Јареците ги игнорираат, додека на Јарците ќе им смета зависноста и чувствителноста на Раковите. За да опстане оваа врска, треба да се посетат дека не се само партнери, туку и љубовници. Оживувањето на страствениот елан ќе ги врати работите во нормала.

Лав и Водолија

Во моментот кога кралот на својот универзумот – Лавот, ќе ја сретне уникатната Водолија, која не се поклонува пред ничиј авторитет – искри летаат на сите страни. Таа бунтовност е она што го фасцинира Лавот, додека Водолијата се восхитува на неговата харизма. Но, потребата на Лавот за внимание ќе и оди на нерви на Водолијата, додека пак Лавот не може да го поднесе фактот што Водолијата им пркоси на општествените норми. Врската ќе опстане ако и двете страни се заинтересирани за повремено заедничко повлекување од општеството.

Девица и Риби

Фатална е енергијата кога практичните Девици кои сакаат ред и распоред во животот ќе се спојат со Рибите кои пливаат низ животот за да избегаат од рутината. Нивниот љубовен однос и двете страни го доживуваат како можност да си го променат љубовтот. Девиците ќе им помогнат на Рибите во организација, а Рибите ќе им покажат на Девиците како да се опуштат.

Со текот на времето, Девиците ќе почнат да им замеруваат на Рибите за нивната несериозност, а Рибите не можат да го поднесат фактот што Девиците сакаат да контролираат и критикуваат сѐ. Односот ќе опстои само со прилагодливост од двете страни и чести разговори.

(Фото) Ова е вистинската Албанија, а не онаа која се наоѓа на Балканот !

Архива

Кога ќе се спомне Алабанија, сите помислуваат на државата која се наоѓа на Балканот, западно од Македонија и која се граничи со Црна Гора и Грција. Оваа Албанија прогласила независност во 1912 година, но многу векови пред неа постоела Кавкаска Албанија, за која многу луѓе не знаат.

Кавкаска Албанија била првата и вистинска Албанија, која настанала во втор век пред нашата ера и се наоѓала на регионот на источен Кавказ. Ја зафаќала територијата на денешен Азербеџан.

Околу првиот век п.н.е. земјите јужно од Голем Кавказ и северно од Мал Кавказ биле поделени меѓу Колхида на запад, Кралството Иберија во средиштето и Кавкаска Албанија на исток.

Албанија на Кавказ се наоѓала на источните падини на оваа планина, меѓу Касписко море и врвот Кавказ. На нејзината јужна страна се наоѓал Апшеронскиот полуостров, на кој сега се наоѓа градот Баку.

Јужниот дел на таа античка Албанија сега му припаѓа на Азербеџан , а северниот на Русија. Постоел еден град со име Албан на брегот на Каспиското море. По името на овој град името го добила и земјата.

Во предисламско време, Кавкаска Албанија опфаќала поширок регион од оној по појавувањето на исламот.

Главниот град на Кавкаска Албанија бил Кабалак, а во петти век главниот град е преместен во Партав.

Со ова целосно се оспорува теоријата дека денешните Албанци се потомци на Илирите, како што тие сакаат да се нарекуваат.

Македонската партија „Виножито“ за пpв пат ќе учествува на Европските избори

Партијата на Македонците во Грција “Виножито” како членка на Европската слободна алијанса (ЕФА – алијанса на партиите на малцинствата во Европа), на 26 мај ќе учествува на евроизборите во Грција. Виножито го помина филтерот на Вpxовниот cyд на Грција и таа ќе биде една од 40-те партии кои ги исполнија условите за европските избори. Виножито е 31 партија на списокот.

За овие избори партијата на Македонците во Грција “Виножито” подготви и видео спот. Пораката на овој спот е следна: „Ако не кренеш глава не гледаш, Виножито не гледаш. На евроизборите на 26 мај гласаме за ЕСА Виножито. За една поинаква Грција, во една поинаква Европа. Мили Македонци, зборувајте го нашиот македонски јазик на вашите деца. Кажете им дека се Македонци, не плашете се. Поддржувајте го македонското движење во Грција. Поддржувајте го Виножито“.

Опасен мост цели две години демнее на Плетвар: Метлата мора да игра (ФОТО)

Опасен мост цели две години демнее на планинскиот превој Плетвар и никој не води грижа. Оградата е целосно уништена, а длабочината на бездната е повеќе од 30 метри.

Возачите нека бидат целосно претпазливи, особено овие денови кога поради врнежливото време коловозот е полизгав.

Уште една компанија ја одмина Македонија: Киа и Хјундаи ќе инвестираат 80 милиони евра во Хрватска

Компанијата „Хјундаи мотор груп“ и „Киа моторс компани“ заеднички инвестираа 80 милиони евра во „Римац“ – хрватската компанија за електрични возила. Компаниите најавија стратешко партнерство за да соработуваат во развојот на електрични возила со високи перформанси.

Со новата соработка, „Хјундаи“ има за цел да го забрза транзитот кон чиста мобилност и да се позиционира себеси како глобален лидер во водењето на оваа промена во индустријата.

Целиот текст прочитајте го ТУКА.

Извор: republika.mk

500.000 евра од “Лото 7” во Кавадарци му паднаа на пензионер: Еве како ќе ги искористи парите

Пензионер од Каварадци, со среќните броевите на сопругата, на семејството му донесе близу 500 000 евра.

“Денес во просториите на Државна лотарија се запознавме со дел од семејството на нашиот прв добитник на примија од играта Лото 7. Почитувајќи ја неговата желба за анонимност, ја споделуваме среќната приказна која го довела до најголемата премија во историјата на Државна лотарија.

Нашиот среќен добитник е пензионер од Кавадарци. Тој е редовен лото играч и негов омилен ден за уплата е понеделник, за добар почеток на неделата. Живее во центарот на Кавадарци и уплаќа во продажнотое место Браво Нутс, во близина на старата автобуска станица. Уплатата со вкупна вредност од 100 денари за пет комбинации, ја извршил на 6ти мај, во понеделник. Во комбинациите со броеви, редовно уплаќа по една комбинација со среќни броеви на неговата сопруга. Од 5те уплатени комбинации, третата комбинација е комбинација со броевите на неговата сопруга и токму таа е добитната комбинација на броеви, извлечени во 5тото коло на играта Лото7. Броевите на сопругата: 9, 11, 13, 21, 23, 25 и 32 му донесоа 7ка вредна 29.293.930,00 денари. Нашиот среќен добитник ни ја соопшти одлуката дека средствата ќе бидат да бидат распеределени на нивните деца.

Ова е до сега најголемата лото премија во историјата на Државна лотарија. Ова е прва 7ка во Кавадарци. На мапата на среќни градови каде се постигнати 7ки до сега ги имавме Битола, Свети Николе, Неготино, Тетово, Струмица, Куманово и Скопје. Ова е прв пат Кавадарци да застане под среќна ѕвезда.

Фондот за 7ка изнесува 7.000.000 денари, колку што изнесува премијата што ја гарантира Државна лотарија. Играта Лото7 веќе докажа дека е навистина поинтересна, позабавна и нуди поголеми добивки”, информираат од Државна Лотарија.