дома блог страница 3319

Јадете слободно, лето нема да има: Балканот под снег !

Во Златар и околните планини наврнаа повеќе од 10 центиметри снег во текот на вчерашниот ден, пренесуваат српските медиуми.

“Еве како Миле Талески ќе го спасуваше РК Прилеп кој за прв пат е пред втората лига? Спортот е уништен во Прилеп”

Прилепската локална самоуправа и градоначалникот Илија Јованоски финансиски ќе го поддржи ракометниот клуб „Прилеп“, што значи дека клубот ќе го продолжи натпреварувањето во ракометната Супер лига. Ова е заклучокот од одржаната средба во март минатата година помеѓу градоначалникот Илија Јованоски, претседателот на Советот на Општина Прилеп, Миле Талевски и претседателот на РК „Прилеп“, Александар Мариноски.

Година дена подоцна, клубот поминува низ најтешкиот период во неговото постоење. На три кола до крајот на Суперлигашката сезона, РК Прилеп се наоѓа на претпоследното место на плеј аут табелата и му претстои бараж натпревар за опстанок во најелитното ракометно друштво во државата.

Клубот се натпреварува со млади момчиња, кои за среќа немаат доживеано посериозни повреди против далеку постарите од нив колеги во другите клубови. За лошата ситуација во клубот на Фејсбук се јави и ракометната легенда на поранешен “Тут-Ком”, Боро Шокоски.

“Соберете сили, исплатете плати, Прилеп е болен за ракомет”, порача меѓудругото Шокоски, кој важеше за еден од најдобрите поединци на поранешната вицешампионска генерација на “Тутунски Комбинат”.

Дали Општина Прилеп, предводена од градоначалникот Илија Јованоски и претседателот на Советот, Миле Талески, ќе се одважи и конечно ќе ги исполни ветувањата за развој на спортот во Прилеп, или пак ќе ја направат истата грешка како со фудбалскиот клуб Победа, останува да видиме во кусиот период кој следи.

Дац: Очекувам оставка од Павле Богоевки и прес конференција на Миле Бошњаковски

Актерот Драган Спасов- Дац на својот Фејсбук профил сподели статус во врска со скандалот во кој е поврзан пратеникот Павле Богоевски од СДСМ.

Очекувам оставка од Павле Богоевки и прес конференција на Миле Бошњаковски!
Како што е ред, нели?, ова преку својот Фејсбук статус го објавува актерот Драган Спасов Дац.

Oпacнo животно забележано во Јадранско море (Фото)

Во близина на Бетина на островот Муртера забележана е Компас медуза или “Chrysaora hysoscella”, за која експертите предупредуваат дека треба да се избегнува, бидејќи при допир предизвикува големи пocледици, пишува Морски.хр.

Компас медузата е вид кој живее во водите на Атлански океан и Средоземно море. Се појавува и во близина на Обединетото Кралство, Ирска и Турција. Карактеристична е по жолто кафеавата боја, која потсетува на компас, а може да порасне и до 30 центриметри.

Животниот век на медузите е една година. Се претпоставува дека ymиpaaт по ослободување на гамет.

Maкедонецот кој им ги затна устите на негаторите во Албанија утре ќе стане пратеник: Еве што кажа тогаш Стерјовски (ВИДЕО)

Албанската Централна изборна комисија на денешната седница ги верификува мандатите на тројца нови пратеници, меѓу нив и Васил Стерјовски, од едниствената македонска партија во Албанија, Македонска алијанса за европска интеграција(МАЕИ).

Според најавите зakлетва тој треба да даде на утрешната пленарна седница на албанскиот законодавен дом на која се очекува и негово обраќање.

Со тоа тој ќе биде првиот пратеник во албанскиот Парламент во плурална Албанија кој доаѓа од македонска партија, но и воопшто како пратеник кој јавно се декларира како Македонец.

Според партски извори во парламентот, Стерјовски како дел од парламентарната опозиција ќе ја претставува програмата на Македонска алијанса за европска интеграција.

На последните парламентарни избори одржани во јуни 2017 година МАЕИ беше дел од изборната коалиција предводена од Социјалистичкото движење за интеграција. Тогаш лидер на партијата беше актуелниот претседател на Албанија, Илир Мета. Врз основа на договорот Васил Стерјовски беше петти на кандидатската листа за округот Корча.

Васил Стерјовски е познат активист за правата на Македонија во Албанија. Запишан е на докторските студии на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, Македонија, на Институтот за национална историја на студиската програма на хуманистички науки, подпрограма Историја на Македонија, со потесна област на истражување Македонците во Албанија.

Тој е генерален секретар на МАЕИ а на последните локалани избори беше избран и за советник во Советот на опшина Пустец.

Еве како Стерјовски на едно гостување на албанската телевизија “Топ ченел” им ги затвори устите на негаторите на македонскиот народ и држава:

Прилеп и Македонија треба да се гордеат! Борјан Јованоски шести на светската ранг листа, а Македонија ја искачи на високото осмо место (ФОТО)

Изминатиот викенд, во периодот од 9-12 мај, во Валона, Албанија, се одржа Европски Куп во параглајдерство. На натпреварите учество зедоа 70-тина пилоти од над 20 држави.

После 7 рунди, македонскиот најдобар параглајдерист од Прилеп, Борјан Јованоски, повторно го развиори македонското знаме и го освои одличното второ место, со освоени само 7 негативни поени.

Ова е одличен успех за Борјан, кој после овој резултат и успехот во Турција, сега се наоѓа на шестото место на Светската ранг листа.

Неговите остварувања се заслужни што сега и Македонија е рангирана на осмото место во светот.

Следниот Европски Куп е во Маврово, а ќе се одржи овој викенд, додека пак финалето на Европскиот Куп ќе се одржи на есен во Прилеп.

Ова е доказ колку високо котира прилепскиот параглајдинг на европско и светско ниво. Од тимот на Јованоски информираат и дека оваа есен ќе настапат и на Светското првенство кое ќе се одржи во Вршац, Србија.

На велосипед ќе возат цели 800 километри: Филип и Христијан од Прилеп тргнуваат во неверојатна авантура (ФОТО)

Прилепчаните Филип Илиоски и Христијан Мојсоски, тргнуваат во неверојатна авантура со велосипеди. Нивната крајна дестинација е турската метропола Истанбул.

Својот подвиг двајцата другари од Здружението “Maркови точакџии”, ќе го започнат најдоцна во понеделник, во зависност од временските услови.

Филип и Христијан тргнуваат од Прилеп, па преку Серес и Кавала, до Ипсала и Текирдаг. Крајната дестинација е Босфорот во Истанбул.

Вкупната должина на оваа тура изнесува околу 800 километри, а попатно нашите ентузијасти ќе кампуваат во шатори.

Минатата година, Филип беше дел од групата на четворица велосипедисти, кои од Прилеп возеа до Солун, Калитеа, Воден. Тогаш тие извозија 645 километри за вкупно 42 часа.

Повеќе за таа тура погледнете ТУКА

“Павле Богоевски се обрати на нацијата по повод вчерашната ситуација?”

Пратеникот, Павле Богоевски, потврди дека е негов гласот на снимката, која беше вчера објавена на социјалните мрежи како нова „бомба“. Богоевски објави статус на својот фејсбук профил каде, спротивно на тврдењето на снимката, вели дека не нарачувал кокаин, туку масло од канабис за негова блиска личност.

Го пренесуваме статусот во целост:

„Почитувани, Вчера на руска социјална мрежа беше објавено аудио кое авторот го нарече БОМБА и каде тврди дека нарачувам кокаин. На нашите мрежи, прво беше споделено од пропагандната твитер машинерија на ВМРО ДПМНЕ и од порталите блиски до нив, а потоа веќе го споделуваа и сите останати. Би сакал да расчистам неколку работи: Дали тоа е мојот глас на снимката?

Да. Дали разговарам за супстанца чиј промет е забранет? Да. Но, во овој разговор не нарачувам кокаин. Договарам набавка на масло од канабис. За медицинска употреба, за моја многу блиска личност на која маслото од канабис и’ помогна таму каде другите лекови не можеа да и’ помогнат.

Тоа го правам веќе неколку месеци и ќе го правам се’ додека е потребно. Немам никаква намера да се правам светец, ниту да глумам дека сум изненаден зошто мојот политички противник одбра токму вака да ме нападне. Ама немам намера ниту да се правдам за мојот приватен живот.

Во оваа „БОМБА“ нема договарање на милионски криминали. Нема заговарање за уништување животи. Нема местење избори. Нема ендеци и запалени кафани. Има наводи за мојот приватен живот, кои (во овој случај) се извадени од контекст. Исто така, очекувам службите многу сериозно да го истражат овој случај. Ова не е снимка од телефонски разговор кој некако „протекол“.

Поради тоа, не подложи на заштита согласно Законот за заштита на приватноста од 2015г., кој се однесува на снимките по кои постапува СЈО. Но, ова е Неовластено прислушкување и тонско снимање, предвидено со чл. 151 од Кривичниот законик и очекувам дека сторителот ќе биде изведен пред правдата. п.с.

Крајно време е да ја олабавиме законската рамка за медицинска употреба на канабисот и да ја декриминализираме личната употреба. Поддршка за луѓето што се влечат по судови поради тоа што произведуваат масло за болните!, порача Богоевски.

(ВИДЕО) Македонците во Мелбурн рачно изработиле 12-метарско знаме со сонцето од Вергина

Македонците од дијаспората во Мелбурн рачно изработиле 12-метарско знаме со сонцето од Вергина.

Не е ниту сода бикарбона, не е ниту оцет – домашно средство со кое ќе го дезинфицирате цел дом

Хидроген или водороден пероксид може да биде одлично, мултинаменско средство за употреба во домаќинството.

Може да се користи во медицински цели или пак како ефикасно, безбедно, нетоксично средство за чистење во домот.

Неговата формула е многу слична на водата, се разликува по тоа што има уште еден атом на кислород: H2O2.

ВНИМАНИЕ: Во текстот подолу зборуваме за 3% хидроген, а не посилни концентрации кои можат да бидат опасни, а воошто не се потребни за овие намени. Хидрогенот можете да го купите од секоја аптека.

Еве примери за што можете да го употребите:

1. Отстранување на флеки од чипкани завеси или покривки. Ставете 2 чаши водороден пероксид во садот во кој планирате да ги перете, дополнете со вода и потопете ги чипканите завеси. Хидрогенот ќе помогне да исчезнат жолтите флеки.

2. Направете паста од хидроген и сода бикарбона за отстранување на бигорот во бањата.

3. Против мувла: Измешате 2 дела хидроген и 1 дел вода, па ставете го во шише со прскалка. Доколку го користите на обоени површини разредете го со повеќе вода, за да не дојде до избледување на бојата.

4. Хидрогенот го отстранува од тепихот мирисиот и дамките од урина од домашните миленици. Така тие нема да бидат повторно искушувани да уринираат на истото место.

5. Можете да го користите како побезбедна варијанта наместо варикина за белење на белите алишта. Варикината за разлика од хидрогенот има тенденција побрзо да ги излитува алиштата.

6. Хидрогенот ги остранува дамките од крв. Натопете ја дамката со хидроген, оставете да отстои една минута, протријте и веднаш исплавете.

7. Ги отстранува флеките од црвено вино од тепихот или од ткаенини.

8. Користете го со микрофибер крпа за бришење на прозори и огледала, така ќе ги исчистите без да останат траги.

9. Хидрогенот ја убива бактеријата Салмонела, па е одличен за чистење на даските за сечење и работните површини во кујната.

10. Направете раствор од еден дел хидроген и еден дел вода, ставете го во шише со прскалка и можете да го користите како средство за чистење на бањата и тоалетот.

11. Ако го наполните садоперот со вода во која сте додале половина чаша хидроген и во неа го потопите овошјето и зеленчукот, микроорганизмите ќе бидат убиени, а тие ќе останат подолго време свежи. Лиснатото овошје нека стои во водата со хидроген околу 20 минути, а она со подебели лушпи околу 30 минути, потоа исцедете го и ставете го во фрижидер.

12. Се користи за чистење на рани, исеченици, за габични инфекции на нозете итн. За габични инфекции на нозете направете раствор од еден дел вода и еден дел хидроген и прскајте го растворот на заболеното место секоја вечер.

13. Можете да го користите како средство миење на устата: во чаша вода ставете една лажица хидроген и исплакнете ја устата, потоа плукнете ја течноста и исплакнете ја устата со вода. Исто така хидрогенот можете да го користите како средство за дезинфекција на четката за заби.

Ова се само идеи, а вие можете да најдете уште повеќе намени.