дома блог страница 3321

500.000 евра од “Лото 7” во Кавадарци му паднаа на пензионер: Еве како ќе ги искористи парите

Пензионер од Каварадци, со среќните броевите на сопругата, на семејството му донесе близу 500 000 евра.

“Денес во просториите на Државна лотарија се запознавме со дел од семејството на нашиот прв добитник на примија од играта Лото 7. Почитувајќи ја неговата желба за анонимност, ја споделуваме среќната приказна која го довела до најголемата премија во историјата на Државна лотарија.

Нашиот среќен добитник е пензионер од Кавадарци. Тој е редовен лото играч и негов омилен ден за уплата е понеделник, за добар почеток на неделата. Живее во центарот на Кавадарци и уплаќа во продажнотое место Браво Нутс, во близина на старата автобуска станица. Уплатата со вкупна вредност од 100 денари за пет комбинации, ја извршил на 6ти мај, во понеделник. Во комбинациите со броеви, редовно уплаќа по една комбинација со среќни броеви на неговата сопруга. Од 5те уплатени комбинации, третата комбинација е комбинација со броевите на неговата сопруга и токму таа е добитната комбинација на броеви, извлечени во 5тото коло на играта Лото7. Броевите на сопругата: 9, 11, 13, 21, 23, 25 и 32 му донесоа 7ка вредна 29.293.930,00 денари. Нашиот среќен добитник ни ја соопшти одлуката дека средствата ќе бидат да бидат распеределени на нивните деца.

Ова е до сега најголемата лото премија во историјата на Државна лотарија. Ова е прва 7ка во Кавадарци. На мапата на среќни градови каде се постигнати 7ки до сега ги имавме Битола, Свети Николе, Неготино, Тетово, Струмица, Куманово и Скопје. Ова е прв пат Кавадарци да застане под среќна ѕвезда.

Фондот за 7ка изнесува 7.000.000 денари, колку што изнесува премијата што ја гарантира Државна лотарија. Играта Лото7 веќе докажа дека е навистина поинтересна, позабавна и нуди поголеми добивки”, информираат од Државна Лотарија.

Цели две недели “Саем на книгата” во “Викели”: Љубителите на пишаниот збор има што да изберат, и тоа по саемски цени

Од 13.05 до 25.05.2019, во продажниот салон на “Викели” се одржува Саем на книгата.

Новите изданија, но и постарите, веќе се продаваат исклучително добро. Побрзајте, затоа што некои од количините се ограничени – велат од “Викели”.

Покрај тоа, голем број од делата се продаваат по намалени саемски цени.

За тие што не знаат, продажниот салон на “Викели” се наоѓа на улица “Сотка Ѓорѓиоски” број 17 (Стара катна гаража од предната страна).

Љубителите на пишаниот збор имаат што да изберат. Побрзајте!

Тереза Меј ќе поднеси оставка пред следните преговори?! Поранешните и сегашните министри ќе се борат за премиерското столче

Британската премиерка Тереза Меј изјави денес дека ќе поднесе оставка пред наредната фаза преговори за Брегзит, но иако не објави датум кога ќе ја напушти функцијата, високите членови на Конзервативната партија ја започнаа трката за преземање на премиерското столче.

Меѓу конзервативците кои сакаат да ја заменат британската премиерка се тројца поранешни министри од нејзината Влада- Естер Мекви (51), поранешната министерка за внатрешни работи Амбер Руд (55) и поранешниот министер за надворешни работи Борис Џонсон (54), пренесува Ројтерс.

Исто така, неколку актуелни министри влегуваат во трката – министерот за внатрешни работи Џереми Хант (52), министерот за здравство Мет Хенкок (41)…

Тимоние oд Прилеп: Не можам да зборувам за датум за преговори

Не можам да зборувам за датум за преговори. Ќе го чекаме извештајот на Европската комисија кон крајот на мај за да направиме проценка дали е спроведено сè што требаше во Република Северна Македонија, особено од областа на судството и на правната држава, изјави во Прилеп амбасадорот на Франција Кристијан Тимоние.

Тој пред студентите од Економскиот факултет одржа предавање на тема: „Европската Унија во пресрет на изборите, предизвици и надежи – француско гледиште“. Изборите за Европскиот парламент ќе се одржат од 23 до 26 мај.

Да се предвиди датум, ќе кажам не, не сум астролог, но сепак, ќе кажам, еден од условите да се завршат почнатите работи, односно да се заврши агендата 3-6-9, потоа агендата 18, кои претставуваат извонредни работни инструменти. Ќе го чекаме извештајот на Европската комисија за кон крајот на месец мај да направиме проценка дали се спроведени сите оние работи кои требаше да се спроведат, особено од областа на судството и на правната држава, рече Тимоние.

Според Тимоние, ова е суштински период и се влегува во турболентни моменти во светската историја, зашто изборите ќе влијаат на многу аспекти.

Се разбира дека изборите ќе имаат влијание, и тоа во повеќе аспекти, затоа што, генерално, Европската Унија, вклучително и Франција, се повеќе се интересираат за земјите од Западен Балкан. Впрочем, Франција беше таа која на самитот во Берлин ја објави новата стратегија за земјите од Западен Балкан и нивното приближување кон ЕУ. Се разбира дека сите земји работат на тоа поле, меѓутоа ќе треба поефикасно да ги здружиме напорите за да може сите земји од Западен Балкан, вкучувајќи ја секако и Република Северна Македонија што повеќе да се приближат до ЕУ, објаснува Тимоние.

Лавров и Помпео очи во очи: Еве за што разговараа шефовите на дипломатијата на Русија и Америка

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров денес изјави дека го примил својот американски колега Мајк Помпео во Сочи и наведе дека е време Русија и САД да формираат “поодговорни” односи како би излегле од моменталната ситуација.

“Време е да започнеме да градиме нов модел како Русија и САД се гледаат меѓусебе. Ние сме подготвени за тоа”, рече Лавров на почетокот од разговорот со американскиот државен секретар, пренесува Франс прес.

Помпео наведе дека американскиот претседател Доналд Трамп е решен да ги подобри односите меѓу САД и Русија.

“Денес сум овде бидејќи претседателот Трамп е решен да ги подобри овие односи”, рече Помпео.

Помпео рече дека овие држави сакаат да ги заштитат своите интереси, но и дека постојат области во кои може да се соработува, вклучувајќи ја и борбата против тepoризмот.

14-то издание на Фестивалот на новиот германски филм од 16-ти до 18-ти мај во Прилеп

Од 16 до 18 мај 2019 во кино “Мис Стон” при НУЦК „Марко Цепенков“ – Прилеп ќе се одржи 14–то издание на Фестивалот на новиот германски филм.

Драма, трагикомедија и комедија, семеен, детски и кратки филмови е изборот за годинашниот Фестивал, што ЦК „Марко Цепенков“ го реализира во соработка со Амбасадата на Сојузна Република Германија.

Отворањето на фестивалот ќе биде во четврток 16.05.2019 од 20.00 часот со извонредниот филм комедија „100 работи” во режија на Флориан Давид Фиц.

Наредните два дена , во петок и во сабота ќе се прикажат три детски филмови, три играни и ќе има проекција на кратки филмови.

-Филмовите се грижливо избрани со цел да задоволат многу вкусови, а некои од нив се навистина ексклузивни со постигнат огромен успех на филмските фестивали. Еден од филмовите беше и во конкуренција за наградата „Златна мечка” на престижното Берлинале – велат од Германската амбасада.

Распоред на филмови:

16.05.2019 – 20.00 часот (четврток) – „100 нешта“ /комедија – отворање на Фестивалот

17.05.2019 (петок)
11.00 часот – „Тоби и тајната на нашата планета„ / филм за деца
13.00 часот – „Тим Талер или Продадената смеа“/ семеен/ драма/филм за деца
18.00 часот – „ Во време на намалена светлина“/ драма, комедија
20.00 часот – „Патување во Ерусалим“/драма

18.05.2019 (сабота)
11.00 часот – „ Помош, ги смалив моите родители“/ филм за деца
18.00 часот – „Пакет кратки филмови“
20.00 часот – „ Крајот на вистината“ / тилер/драма

Дедо Богдан е еден од најстарите прилепчани: Пред камерите кажа која е тајната за неговата долговечност и добро здравје (ВИДЕО)

99-годишниот Богдан Илиовски е еден од најстарите прилепчани. Роден е во село Ракле прилепско, татко е на 5 сина и една ќерка, дедо на 13 внуци и прадено на 10 правнуци.

Дедо Богдан пленува со својата виталност и е вистинска жива енциклопедија. Во животот видел се од голема сиромаштија до војни.

За да се има долговечност Богдан вели дека потребно е прво многу љубов, а се друго треба да биде во умерени дози.

Повеќе погледнете во прилогот на новинарката Каролина Дурло:

Ѓорчев и Мицевски во Берлин- средби во Бундестагот, МНР, ЦДУ и Конрад Аденауер

Пратеникот Влатко Ѓорчев и координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски се дел од втората Интерпарламентарна иницијатива за соработка со Западен Балкан (IPCI WB) која се одржува во Берлин.

Конференцијата се одржува со цел да се дискутира, да се анализираат и да дадат препораки за унапредување на улогата на парламентите во процесот на интеграција во ЕУ и Берлинскиот процес како и за регионална соработка.

Вкупно, повеќе од 20 учесници од Западен Балкан и Австрија ќе земат учество во иницијациите.

Покрај тоа, повеќе од 10 членови на парламентарната група на ЦДУ од германскиот парламент, се приклучија на дискусиите.

(Видео) Камерите по пет години влегоа во вилата на Шумахер: Семејството дозволи да се снима во куќата на легендарниот возач

Семејството на славниот возач на Формула 1, Германецот Михаел Шумахер, за прв пат по нecpeќата, која седумкратниот шампион на светот ја доживеа во 2013 година, дозволи новинари да влезат во семејната куќа.

Имено, германскиот режисер Михаел Вех и Ханс Брун Камертенс, со целосна поддршка на семејството на славниот Германец снимија документарен филм.

Во документарецот “Шумахер” ќе се најдат и необјавени архивски снимки од прославениот спортист, како и сведочења на најблиските членови на неговата фамилија – сопругата Корина и таткото Ролф Шумахер. Премиерата на документарецот е закажана за на 5-ти декември.

ВМРО-ДПМНЕ: “Амбасадорот Тимоние дозна за kpиминaлoт, непотизмот и xaocoт во Прилеп” (ФОТО)

Денеска во просториите на Општинскиот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ – Прилеп, во посета беше Амбасадорот на Франција, неговата екселенција, Кристијан Тимоние – информираат од партијата.

“Амбасадорот оствари средба со претседателството на Општинскиот Комитет и претседателот Петар Ристески. Францускиот амбасадор беше директно информиран за катастрофалната состојба во која се наоѓа градот, кој од средина која се движеше по европски пат, стана град во кој младите масовно се исселуваат. Покрај тоа, Господинот Тимоние дозна и за високото ниво на криминал, корупција и непотизам во Прилеп, кои се спроведуваат од страна на актуелната локална и централна власт предводени од СДСМ. Исто така Тимоние дозна дека Прилеп има катастрофално ниво на капитални инвестиции од мизерни 20%, дека градот од лидер во искористување на европските фондови во Македонија, сега нема ниту еден проект со кој би аплицирал”, додаваат од ОК ВМРО-ДПМНЕ Прилеп.