дома блог страница 3318

СЛОВЕНИЈА ГИ ОТВАРА ВРАТИТЕ ЗА СТPAНЦИ: Бараат угостители,градежници, лекари!

Ситуацијата со недocтаток на квалификувана работна сила во Словенија се влoшyва и изгледа постpaшно отколку кpизaта во 2008 година. Како што пренесува агенцијата СТА во изминатите шест месеци скоро 50 отсто од работодавачите се соочиле со недocтаток на кадpи, при што големите компании во тоа имаат удел од 70 проценти, пишува СТА.

Според податоците на Заводот за вработување, недocтатокот е најизразен во угостителството со 69 отсто, градежништвото 62 отсто, социjaлна и здравствена зaштитa 62 отсто и во преработувачката индустрија 56 отсто, се наведува во текстот.

Овие состојки забрзано го чистат никотинот од вашиот организам, а помагаат и кај долгогодишни пушачи

Кога ќе испушите цигара, никотинот циркулира во крвта во просек од 6- 8 часа. Најголемиот дел од никотинот се елиминира со урина, но потребни се 48- 72 часа за да се исфрли преостанатиот никотин од вашето тело.

Во тој процес можат да помогнат водата, одредени видови на овошје и зеленчук, особено оние кои содржат витамин Ц. Тоа е најпознатиот витамин за исфрлање на никотинот од крвотокот, бидејќи го подобрува метаболизамот и ги создава белите крвни зрнца, но пушачите треба да внесуваат значително поголема доза од овој витамин отколку непушачите, до 2000 милиграми.

Што е најдобро за исфрлање на никотинот од организамот:

Вода – никотинот го дехидрира телото, па затоа поголемиот внес на вода е неопходен бидејќи помага телото да го исфрли никотинот.

Коприва – оваа билка е богата со железо и многу корисна за дезинфекција и одлична во борбата против инфекциите.

Зеленчук – конзумирањето на поголема количина целер, тиквици, грав и краставица може да придонесе во намалување на никотинската зависност. Не јадете многу сладок зеленчук, бидејќи прекумерната количина глукоза го активира делот од мозокот одговорен за уживање и задоволство.

Портокал – содржи високо ниво на витамин Ц, па придонесува никотинот брзо да се исфрли од телото на пушачите.

Сок од морков – сокот од морков содржи витамини А, Б, Ц и К кои помагаат никотинот да се елиминира од телото. Никотинот исто така и штети на кожата, а сокот од морков има многу витамини кои се добри за кожата.

Брокули – содржат високо ниво на витамини Б5 и Ц. Тие содржат и супстанца која ги штити белите дробови од оштетувањата предизвикани од никотинот.

Героски бара оставка од Богоевски: Не со тие kypшуми, другар Павле

Новинарот Бранко Героски му порача на Павле Богоевски дека треба итно, без одлагање да си поднесе оставка, по ckaндалозното обелоденување дека набавувал дpoга.

Родители токму вашето дете може да биде Зоки Поки или Лидија во новата ТВ серија: Повик за кастинг!

Култната детска книга „Зоки Поки“ на писателката Оливера Николова наскоро ќе добие своја екранизација.

ТВ-серијата според безвременското книжевно дело, која ќе ја режира Александар Поповски во продукција на Кино Око, ќе се снима во текот на летото.

Предвидено е снимање на десет епизоди според внимателно одбрани теми и приказни од книгата со која имаат израснато многу генерации.

Тимот на ТВ-серијата работи на последните подготовки за снимањето и најавува кастинг на кој ќе се бираат актери-деца кои ќе ги толкуваат улогите на Зоки Поки, Лидија, Боки, Гоки и сите останати ликови.

Кастингот, кој е отворен за сите деца на возраст од 6 до 9 години, ќе се одржи на 18 и 19 мај, од 10:00 до 17:00 часот во основното училиште „Јан Амос Коменски“ – Скопје.

„Кастингот, кога се работи за актери-деца, е долг процес, така што во моментов можам да кажам дека сите деца на возраст од 6 до 9 години се потенцијални Зоки Поки, Лидија, Боки, Гоки…“ вели продуцентот на серијата Роберт Насков.

„Зоки Поки“ е книга за деца првично објавена во 1963 година од страна на „Детска радост“, по што следувале голем број изданија. Повеќе од половина век книгата била задолжителна лектира за учениците во македонските основни училишта. Преведена е на српски, романски, украински, чешки, италијански, словенечки, турски, албански и германски јазик.

Режисерот Александар Поповски и продуцентот Роберт Насков се одлучиле за екранизација токму на „Зоки Поки“ не само затоа што сметаат дека ова култно литературно дело е релевантно за многу различни генерации, туку и поради недостаток на домашна ТВ програма за деца.

Со желба за враќање на вредностите кои полека исчезнуваат, Поповски и Насков сакаат да создадат ТВ проект кој ќе им го задржи вниманието на децата кои растат во денешното „брзо“ време.

„Зоки Поки“ е прв заеднички проект на Поповски и Насков по филмот „Балканот не е мртов“ во 2013 година. Последен ТВ проект на Насков и „Кино Око“ е ТВ-серијата „На терапија“, која е првата македонска ТВ серија снимена според странска лиценца.

Јаболковиот оцет прави чуда со вашиот изглед: Еве зошто секој ден треба да чистите лицето со оваа состојка

Голем број жени знаат дека јаболковиот оцет има позитивен ефект врз косата, неговата примена е проверено оружје во борбата против артритисот и болките во зглобовите, а помалку е познато дека е одличен сојузник во негата на лицето!

Ако имате проблеми со кожата, како што се осипи, воспаленија, акни и проширени пори, јаболковиот оцет е идеално решение.

Имено, во овој оцет има алфа-хидроксилни киселини, што ги отстрануваат мртвите ќелии и ја обновуваат кожата. Исто така, го нормализира лачењето на маснотии, поседува антибактериски и антигабични својства, одлично ја осветлува и ја хидрира кожата.

Скапите козметички препарати на познатите брендови за нега на лицето ја содрржат оваа компнента, но во јаболковиот оцет нивната концентрација е многу поголема.

Пред примената, јаболковиот оцет треба да се разблажи со провриена и оладена вода во однос 1:3. Во подготвениот раствор натопете памук и пребришете го лицето пред вообичаеното миење. Ова треба да го правите наутро и навечер.

Со помош на јаболков оцет може да се осветлат пигментираните флеки – едноставно ставете натопен памук на местото на кожата каде имате прекумерна пигментација и оставете да отстои 20 до 30 минути.

Исто така можете да користите оцет од продавница, но за негата а лицето најдобро е да користите домашен јаболков оцет.

“Зошто Прилеп не доби возило за Итна помош, а прилепчани ги плаќаа долговите за другите заборчени Општини??”

Министерството за здравство во отворена и транспарентна постапка со огромна заштеда набави 12 возила за Итната медицинска помош (ИМП) од кои шест ќе му припаднат на Здравствениот дом Скопје, а по едно ќе добијат службите во Струга, Дебар, Кичево, Крушево, Крива Паланка и во Берово. Ќе се распишат конкурси за прием на медицински сестри и огласите за прием на млади лекари во ИМП.

Ова вчера го истакна министерот за здравство Венко Филипче, кој заедно со заменик-министерот за здравство Асим Муса и директорот на Здравствен дом Скопје, Злате Мехмедовиќ присуствуваа на промоцијата на возилата. Филипче рече дека службата за ИМП во изминатиот период се соочувала со многу проблеми и дека пристапиле кон нивно систематско решавање, а еден проблемите бил бројот на возила.

– Со овие шест возила сега практично капацитетот се зголемува за сто проценти. Значи се додаваат шест на веќе постојните само шест кои функционираа за територијата на Скопје. Има и сериозен недостиг на лекари и медицински сестри, а во периодот што следи ќе се распишат конкурси за прием на медицински сестри, а следните недели ќе се распишат огласите за прием на млади лекари кои се лиценцирани и кои во овој момент се невработени согласно новата измена на Законот за здравствена заштита со која секој лекар кој има лиценца ќе добие загарантирано платено работно место во период од шест месеци. На тој начин значајно ќе се надополни и бројот на доктори кои работат во оваа служба, потенцира Филипче.

Оваа служба, нагласи, одлично се покажа за време на несреќата кај Ласкарци, каде во рекордно време се појавија на терен дадоа соодветна тријажа, третман на повредените и транспорт до соодветните институции. Министерот рече дека верува оти со ова зајакнување на капацитетите во однос на возилата и кадарот кој ќе биде примен оваа служба ќе даде уште подобри перформанци во својата работа.

– Стопроцентното зголемување на капацитетот засега ќе биде доволно, но сме отворени да набавиме и дополнителен број возила со оглед на тоа што остана неискористена сума средства. Првично предвидената сума од 500.000 евра на електронска аукција падна на 300.000 евра. Значи имаме значителна сума која може да се искористи само за таа намена. Ќе направиме анализа за краток период и за потребите во останатите градови, па ќе направиме уште една постапка за набавка, додаде Филипче.

На прашање до каде е пренамената на возилата од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство за потребите на ИМП, рече дека на денешната седница на Владата треба да помине одлуката со која тие возила ќе ги преземат од страна на Министерството за земјоделство.

– Прво треба возилата да се префрлат од владение на Министерството за земјоделство на Министерството за здравство. Станува збор за возила кои се во солидена состојба и нема да бидат теренски, туку само за транспорт на пациенти и тоа е таа мала пренамена што може да се направи. Ќе направиме постапка за да ги пренамениме сите возила за потребите на ИМП, додаде Филипче.

На новинарско прашање дали е изготвена физибилити студијата за јавно-приватно партнерство во ИМП, рече дека дали тоа е добро решение ќе покаже студијата.

– Не е готова физибилити студијата. Економскиот оператор што го доби тендерот побара продолжување на рокот за уште два месеца, што завршува во јуни и врз основа на таа физибилити студија, што јавно ќе ја објавиме, ќе направиме јавна дебата како што планираме за сите распишани физибилити студии, но и за тие кои планираме да ги распишеме ќе видиме дали тоа е добра опција и ќе имаме поефикасен систем барем во некој од сегментите, истакна Филипче.

Доктор Мехмедовиќ рече дека секое возило плус значи шанса плус да се излезе во пресрет на граѓаните и на нивните потреби за да добијат квалитетна здравствена заштита кога е загрозено нивното здравје и нивниот живот.

– Седумдесет и пет екипи е нашиот таргет кој треба да го поставиме за да имаме квалитетна здравствена заштита на ниво на служба на ИМП. Во наредниот период не очекува многу работа. Веќе се прават измени во Законот за здравствена заштита што ќе доведат до можност младите лекари шест месеци да работат платено во службата за ИМП за да можат понатаму да продолжат на специјализација и со тоа ќе се решат дел од проблемите кои се однесуваат во однос на кадровската екипираност. Останатиот дел од проблемите ќе го решаваме со конкурси кои ќе ги распишеме во наредниот период за да можеме да ја доекипираме службата, додаде д-р Мехмедовиќ.

“Нешто ќе те питам бабо” руши рекорди од гледаност, а сега излезе и документарниот филм: Еве како “Некст Тајм” дошле до идеја и зошто токму оваа песна (ВИДЕО)

Додека преработката на песната “Нешто ќе те питам бабо” ги руши сите рекорди на гледаност на Јутјуб и социјалните мрежи, “Некст Тајм” објавија и документарен филм за тоа како одело снимањето на песната и како дошле до идеја за да направат преработка токму на оваа песна.

Песната на Јутјуб досега има над 1,4 милиони прегледи, а од нејзината промоција на 25.03.2019 е неизоставен дел од секој собир и прослава.

Погледнете документарниот филм во траење од 16 минути:

Антиќ избран за нов претседател на Кошаркарската федерација

Поранешниот македонски репрезентативец Перо Антиќ е избран за нов претседател на Кошаркарската федерација на земјава.

Антиќ на денешното Изборно собрание во Скопје едногласно беше избран како единствен кандидат.

Во својата богата играчка кариера, 36-годишниот Антиќ беше дел од Работнички, АЕК, Црвена ѕвезда, Лукоил, Санкт Петербург, Олимпијакос, Фенербахче. Од 2013-2015 настапуваше за Атланта и беше првиот Македонец во НБА-лигата.

Покрај многуте трофеи од националните првенства, Антиќ има и три титули европски шампион. Беше член на македонската репрезентација која на ЕП 2011 во Литванија го освои 4. место.

Перо Антиќ е деветтиот претседател на МКФ. Пред него по осамостојувањето на нашата држава први луѓе на кошарката беа: Благоја Самаковски (1992-93), Зоре Темелковски (1993-97), Јордан Камчев (1997-1999), Горан Рафајловски (1999-2001), Леонид Гајдаџиев (2001-04), Драгољуб Арсовски (2004-05), Даниел Димевски (2005-15), Петар Наумоски (2015-19).

По денешниот избор за претседател на Кошаркарската федерација, Перо Антиќ во куса изјава за медиумите ги кажа приоритетите на новото раководство.

–Со одличен тим, добра стратегија и добра програма се надевам дека постепено ќе ја вратиме кошарката каде што заслужува. Во управниот одбор ќе вклучиме луѓе од бизнис секторот, професионалци, од спортскиот дел и сите заедно да работиме за доброто на кошарката. Наш приоритет ќе бидат младите, враќање на навивачите во салите, заживување на кошарката, враќање на оптимизмот, издигнување на А-селекцијата на повисоко ниво, каде што сме биле по можност и чекор понапред, изјави новиот прв човек на македонската кошарка.

Не ви треба ништо друго: Овој напиток го забрзува метаболизмот, зајакнува имунитетот и ја прави кожата сјајна

Пролетен зелен чај кој го зајакнува имунитетот, а можете да го конзумрате во било кој период од денот, ќе ви даде сила, сјајна кожа и подобрување на метаболизмот.

Подготовка:

– 3 листа кељ; 1 јаболка; 1 лимон; 1/2 краставица

Измешајте ги сите состојкии испијте додека е свеж.Сокот може да го разредите со вода, по желба.

НЕПОКОР: Нова спомен плоча поставена кај Карпалак

Нова спомен плоча е поставена денеска кај месноста Карпалак со имињата на десетмината припадници на АРМ кои беа yб иeни на тоа место во 2001 година, информираат од Одборот на бpaнители.

Претставници на Одборот, кој е заеднички opган на девет здруженија на бpaнители, денеска ја поставиле плочата по вчерашното целосно yHиштyвaњe и отстpaнување.

– Ние како Одбор апелиpaме на цивилизациско однесување и бараме да не се kpши одново спомен плочата. Таа само cвeдочи за cyдбината на десет луѓе кои си ја вршеле нивната работна задача, изјави Марин Најдов, член на здружението на бpaнители „Достоинство” и на Одборот на бpaнители.

Случајот е приjaвен во полициjaта, а Најдов побара и од надлежните да си ја вpшaт работата.

– Досега шест пати е yништyвaнa плочата и секој пат е приjaвувано во полициja, но никој не одговоpaл за стopеното, рече Најдов.

На 8 август 2001 година зaгинaa осум вojници и два офицepи од резервниот состав на АРМ : Нане Наумоски, Сашо Китаноски, Бранко Секулоски, Горан Миноски, Веби Рушитоски, Ердован Шабаноски, сите од Прилеп, Марко Деспотоски од Новоселани, Љубе Грујоски од прилепско Пашино Рувци, Дарко Велјаноски од прилепско Ропотово , од Прилеп и Пеце Секулоски од прилепско Бело Поле.