дома блог страница 3317

Премиера на претставата “Арапска ноќ” во народниот театар “Војдан Чернодрински”

Во петок 17.05.2019 во 20.00 часот на сцената од театарот „Војдан Чернодрински“ премиерно ќе биде изведена претставата „Арапска ноќ“ во режија на Зоја Бузалковска.

Податоци:

АРАПСКА НОЌ

Роланд Шимелфениг, Режија: Зоја Бузалковска, Сценографија и костими: Јулијана Војкова-Најман, Музика: Фолтин, Драматург: Лидија Митоска-Ѓорѓиевска

Играат:

ХАНС ЛОМАЈЕР – ИГОР ТРПЧЕСКИ, ФАТИМА МАНСУР – ДАНИЕЛА ИВАНОСКА, ФРАНЦИСКА ДЕХКЕ – АНГЕЛА НАУМОСКА, КАЛИЛ – АЛЕКСАНДАР СТЕПАНУЛЕСКИ, ПЕТЕР КАРПАТИ – ДИМИТАР ЃОРЃИЕВСКИ

Зоја Бузалковска, режисер

Драмскиот текст на Роланд Шимелфениг „Арапска ноќ“ е напишан во 2001 година. Поставен е речиси во сите поголеми и поважни театри, одигран е на многу јазици. Па тогаш, зошто токму оваа драма и зошто по толку многу години?

Овој текст-партитураза пет ликови еигра на жанрови и стилови. Се работи за навистина прекрасна приказна, неверојатно урбана и сензуална, која се движи во необични и сосема неочекувани правци.Таа во себе го спојува Истокот и Западот, грубата реалност и надреалното во сонот, тесниот стан и арапската пустина, можноста да се биде заробен во шише со коњак. Таа варира со стереотипите, отворено зборувајќи за нештата кои обично не ги изрекуваме гласно, а громогласно ги мислиме.

Дејството се случува во еден европски град, на седмиот кат од една станбена зграда, во една летна ноќ, кога веќе востановената практика на функционирање на животите секоја вечер, ненадејно се прекинува. Со текот на времето, зградата се претвора во „волшебна кула“ и станува „извор на магичен реализам“. Елементите на трилер (низа стапици, недоразбирања, бркотници, ненадејни пресврти, убиство, љубовен триаголник – кој можеби и не е тоа) ја градат неизвесноста, а приказната која почнува така што се чини дека секој од ликовите дејствува сам за себе, полека ги пополнува испрекинатите линии и добива на тензичност и густина.

И покрај големата динамичност, оваа драма води во претстава за осаменоста и за потребата да се преспие сопствениот живот, да се сонува и да се замени реалноста со фикцијата, за да се преживее ноќта. Така, оваа зграда и овие пет луѓе стануваат пресек на целиот свет. Раскажувањето во трето лице (нешто помеѓу дидаскалија, внатрешен монолог и гласно кажување на сите свои мисли во врска со дејствувањето или однесувањето на другиот), при што нарациите се испреплетуваат, делува какодрамско-музичка партитура.

Затоа, во нашата „Арапска ноќ“ создадовме нова структура, во која приказната вкрстено ја раскажуваат еден актерски „полифонен“ квинтет и еден музички квартет, градејќи заедно нонет. И кога би требалопопрецизно да ја дефинирам оваапретстава, тоа би звучело вака:„Арапска ноќ“ – нонет.

За авторот на текстот

Роланд Шимелфениг е еден од најистакнатите современи драмски писатели. Роден е во Гетинген, Германија, во 1967 година. Неговите текстови се преведени и поставувани на над 20 јазици. Пред да заврши театарска режија во Минхен,работел како новинар и автор во Истанбул, а потоа – како асистент на режија, драматург и драмски автор во Берлин, Минхен и Хамбург. Добитник е на бројни награди за неговите дела, меѓу кои е и најпрестижната награда за драмски писатели во Германија – Елзе Ласкер-Шулер. Пишува на неконвенционален стил, кој често се карактеризира совешто комбинирање на дијалозите со внатрешни монолози и сценски упатства.Негови најпознати драмски дела се „Арапска ноќ“, „Златниот змеј“, „Краткоденица“, „Жена од минатото“, „Еве сум“, „Идоменеј“, „Пеги Пикит го гледа лицето на Господ“, „Животинското царство“, „Push up 1-3“ и други.

Прилепско Канатларци целосно под вода: Силно невреме го погоди Пелагонискиот регион (ФОТО)

Силно невреме проследено со пороен дожд и грмежи го зафати Пелагонискиот регион попладнево.

Наши читатели не информираат дека прилепско Канатларци е целосно под вода. Дождот предизвикал поплави во дворовите, а тоа може да се види и од фотографиите кои ги добивме.

Mомчето со церебрална парализа, по седум дена возење со трицикл низ Македонија и изминати 600 км, пристигнува во Охрид

Ресенчанецот Васил Јанкула, момчето со церебрална парализа, по седум дена возење трицикл низ Македонија, попладнево пристигнува во Охрид.

Малкумина веруваа дека може! Васил Јанкула и неговиот тренер Тони Ангеловски беа сигурни дека ќе успеат, и се осмелија да тргнат на пат од околу 600 километри. Од Ресен, преку Битола, Прилеп, Велес, Скопје, Тетово, Гостивар, Маврово, Дебар, и Струга, денеска ќе пристигнат во Охрид. Се очекува на Охридското пристаниште да пристигнат нешто по 16 часот.

Утре Васил јанкула преку Галичица ќе го затвори кругот околу земјата и ќе пристигне во Ресен.

Следниот четврток неработен ден – Потоа следи продолжен викенд

По повод Националниот ден на Власите, 23 Мај е неработен ден за граѓаните припадници на влашката заедница во Република Северна Македонија.

Министерството за труд и социјална политика на граѓаните припадници на влашката заедница им го честита Националниот ден на Власите.

Инаку, и 24. Мај е неработен ден.

– „Св. Кирил и Методиј“, Ден на сесловенските просветители, 24-ти мај, е неработен ден за сите граѓани на Република Македонија.

Се жалите дека по локалите кафето е скапо, погледнете колку чини најскапата шолја кафе

Кафетериите „Клач кофи Ростерс“ во своите локали во Јужна Калифорнија и Сан Франциско во понудата имаат ексклузивно „Елида Натурал Гејша 803 кафе“, кое е, според нивното кажување, најскапото кафе на светот.

Бројката 803 во името на кафето ја означува рекордната цена која е платена за фунта од органското зрно кафе на аукција во Панама.

Заради ограничената понуда избила вистинска „војна“ меѓу конкуренцијата за ретката „Арабика“ од Панама која има цветен вкус на чај налик на јасмин.

Во продажба биле само 100 фунти или 45 килограми кафе, од кое најмногу завршило во Јапонија, Кина и Тајван.

Според пишувањето на сајтот „Клач кофи Ростерс“, кафетеријата купила 4,5 килограми, што според нивните објаснувања е доволно за 80 шолји кафе.

Бев изненаден дека воопшто постои кафе од 75 долари за шолја, но е изненадувачки добро“, рекла Лорен Свенсон, една од муштериките кои го пробале т.н најскапо кафе на светот.

Соживот: Кумановската група до судијата- “Зборувај албански, тука е Албанија, вие “избеглици” сте дојдени тука”

Со една минута молчење за паднатите другари во населбата Диво Насеље, започна судската расправа во Апелациониот суд во Скопје во случајот “Диво Насеље“.

Судењето започна во напната атмосфера и со револт изразени од страна на членовите на Кумановската група, известува новинарот од Лајм од седницата во Апелација. Тие не и дозволија на судијката да зборува на македонски.

– Кумановската Група му се обрати на македонската судијка: Зборувајте албански, тука е Албанија, вие “избеглици”, сте дојдени овде, рече Вал Зекај од Кумановската група, не дозволувајќи и на судијката да зборува. Него го поддржаа и другите членови на Групата. Тие добија овластување на адвокатите и ја напуштија седницата.

Извор: kurir.mk

“СДСМ удира по џебот на пензионерите”

СДСМ манипулира и си поигрува со пензионерите во Република Македонија. Власта со својата лицемepна политика гази врз над 310.000 пензионери и им го крати правото на повисоки пензии, стои во соопштението на ВМРО.

Од таму велат дека секогаш кога СДСМ е на власт удира по џебот на пензионерите.

“СДСМ додека беше опозиција ветуваше повисоки пензии, а сега од позиција на власт кога имаше можност да овозможи реално покачување на пензиите одби да го стори тоа. Пратениците на СДСМ на Комисијата за труд и социјална политика наместо да работат во корист на граѓаните, тие одлучија да застанат позади партиските интереси и го одбија предлог законот со кој се предвидуваше враќање на старата методологија за усогласување на пензии со која пензиите навистина ќе растеа”.

СДСМ со овој несериозен и лицемерен потег создава сериозен удар врз животниот стандард на пензионерите и наместо да им донесе живот како што ветуваше им носи беда, додаваат од ВМРО.

“За разлика од СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ секогаш работело и ќе продолжи да работи во интерес на пензионерите. Додека беше ВМРО-ДПМНЕ на власт се донесоа голем број на мерки и проекти за подобрување на животот на пензионерите.Владата на ВМРО-ДПМНЕ континуирано ги зголемуваше пензиите па така најниската пензија порасна за 106% односно од 4.330 денари во 2006 година, се покачи на 8.895 денари, додека пак просечната се покачи за 80% и од 7.684 денари стигна до стигна до 13.754 денари.Токму затоа пензионерите знаат дека ВМРО-ДПМНЕ секогаш работи за нив, а СДСМ работи спротивно на нивните интереси”.

Од ВМРО велат дека две години додека се на власт, СДСМ докажаа дека не се грижат за животот на пензионерите. Негрижата и поигрувањето на СДСМ со пензионерите мора што побрзо да запре. СДСМ мора да си оди, за да се врати достоинството на македонските пензионери, додаваат од ВМРО.

Сугарески молчи: Изборниот пазар се исплатеше – Дивaтa платформа на Матка доби ограда!

Постизборно се доградува дивата платформа на Матка во првиот залив по браната, додека од Општина Сарај сè уште се чека одговор на барањето за нејзина легализациja. Поставена е дрвена ограда на платформата, а покрај малиот објект се поставени маси и клупи. Целиот простор, за кој луѓето кои екипата на „А1он“ ги затекна таму велат дека веќе се користи како место за одмор, е украсен со цвеќиња и зеленило, пренесува А1 ОН.

Туристите тука си седнуваат, одмораат по пловидбата. Без ограда не беше бeзбeднo, но еве веќе втора недела без страв можат да ја користат платформата“, велат првите соседи на дивата платформа кои издаваат чамци и сметаат дека и покрај тоа што е изградена без одобрение, платформата треба да се легализиpa.

Градоначалникот на општина Сарај, Блерим Беџети, не одговара на прашањата дали барањата за легализациja на платформите на Матка стигнале на ред за разгледување и дали инспекциjaта постизборно излегла на терен за да направи увид во уредувањето на платформата. Минатиот месец градоначалникот Беџети рече дека не постапиле по барањата за легализациja на платформите на Матка оти не стигнале на ред за разгледување.

Извор: infomax.mk

И Зидан спрема “метла”: Реал бара купци за дури 15 свои играчи

Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан, размислува за драситчни промени во составот во летниот трансфер период и планира да направи голем број на дојдовни и излезни трансфери.

Според „Марка“, раководството на шпанскиот гигант ќе се обиде да најде нов тим од 15 од нивните сегашни играчи. 19 ќе останат на „Сантијаго Бернабеу“.

Во плановите на Зидан за следната сезона не влегуваат следниве играчи: Кејлор Навас, Серхио Регилон, Хесус Ваљехо, Тео Ернандез, Дани Себаљос, Хамес Родригез, Мартин Јодегард, Иско, Браим Дијаз, Маркос Љоренте, Матео Ковачиќ, Герет Бејл, Оскар Родригез, Борха Мајорал и Раул де Томас.

Некои од овие играчи ја поминаа сезонава на позајмица во други клубови.

Францускиот тренер се врати во Реал во март оваа година, но не успеја да направи чудо со тимот. Зидан е трет тренер на Реал во тековната сезона, а пред него беа Хулен Лопетеги и Сантијаго Солари.

СЛОВЕНИЈА ГИ ОТВАРА ВРАТИТЕ ЗА СТPAНЦИ: Бараат угостители,градежници, лекари!

Ситуацијата со недocтаток на квалификувана работна сила во Словенија се влoшyва и изгледа постpaшно отколку кpизaта во 2008 година. Како што пренесува агенцијата СТА во изминатите шест месеци скоро 50 отсто од работодавачите се соочиле со недocтаток на кадpи, при што големите компании во тоа имаат удел од 70 проценти, пишува СТА.

Според податоците на Заводот за вработување, недocтатокот е најизразен во угостителството со 69 отсто, градежништвото 62 отсто, социjaлна и здравствена зaштитa 62 отсто и во преработувачката индустрија 56 отсто, се наведува во текстот.