дома блог страница 3316

Стеваноски: Демантираме дека Трајкоски го запалил објектот на Стојаноски, бараме jaвно извинување за изнeceните kлeвeти и навpeди

По вчерашното обраќање на Киро Стојаноски, граѓанин од Прилеп кој тврди дека наводно во градот постојат политичко-полициски структури кои вршат рекет, со демант се јави адвокатот Жарко Стеваноски, поради тоа што во изјавата на Стојаноски бил спомнат негов клиент.

Прилепчанецот Стојаноски: “На Заев ќе му ги кажам peкeтаpите во Прилеп! Зошто на објектите од функционерите не им фали ништо??” (ВИДЕО)

Демантот на Стеваноски во продолжение го пренесуваме во целост:

“По овластување на мојот клиент Никола Трајкоски од Прилеп, најостро реагираме и ги осудуваме грубите инсинуации со политички контекст изнесени пред медиумите од страна на сопственикот на угостителскиот објект „The Gallery House pub„, Киро Стојаноски од Прилеп, преку кои истиот обвинува за наводна политичко-полициска хајка против неговиот закупец и наводите дека некој потплатил деликвент за да го запали неговиот објект иманувајќи го со име презиме и прекар.

Целосно ги демантираме обвинувањата на сопственикот на објектот дека Никола Трајкоски е сторител на чинот на палење на предметниот објект, од причини што со ниту еден доказ во текот на судската постапка таквите тврдења не се докажани.

Од причини што сопственикот на објектот тврди дека се работи за полициско-политички притисок, тогаш сигурно не можел да му пстане непознат фактот дека лицето Никола Трајкоски во текот на претходната постапка беше подложен на полиграфско тестирање токму со цел да се утврди дали итиот е сторител на таквиот чин и дали таквиот настан има политичка позадина и од резултатите од таквите тестови се потврди дека истиот ја говори вистината дека не е сторител на таквото дело ниту пак дека таквиот настан индицира поврзаност со било какви политички или полициски структури.

За разлика од него, сопственикот би требало да биде запознат и за фактот дека и при првите обиди на лицето Бисерко Тркља да изнесува обвиненија во сличен контекст со реакција на таквите наводи јавно беше повикан да се подложи на полиграфско тестирање со цел да се потврди вистинитоста на таквите негови наводи. Закупецот на објектот Бисерко Тркља не смогна храброст да се подложи на такво тестирање.

На сопственикот на предметниот објект не можело да му остане непознато дека неговиот закупец Бисерко Тркља не е ниту сопственик ниту управител на ниту една од многуте фирми кои работеле во деловниот објект, дека во неговиот деловен објект значителен период се работело без фирма односно на црно со што го оштетувал и буџетот на државата, дека токму неговиот деловен објект не е осигуран од пожар и немал превземено мерки за заштита и спасување од пожари и на таков начин тој а не друг ја загрозил сигурноста на граѓаните во централното градско подрачје и дека одговорноста за пропуштање на таквата должност е санкционирана со Кривичниот законик и подведена како кривично дело „Тешки дела против општата сигурност„, од чл.292 ст.1 од КЗ в.в со кривичното дело Предизвикување општа опасност„ од чл.288 ст.2 од КЗ, па затоа прашуваме зошто и против сопственикот и закупецот на деловниот објект не е поведена кривична постапка за таквиот штетен настан со кој се загрозила сигурноста на граѓаните и објектите во централното градско подрачје.

Изнесувањето на невистини за видот и висината на штетата, мотивите на осомничениот, инвловираност на државните органи кои постапуваат по предметот и слични тенденциозни изјави единствено значат незаконито влијание врз текот на постапката и органите кои во неа учествуваат како што се МВР, судот и јавното обвинителство. Без да го нарушуваме демократското право на оштетениот да изнесува свои ставови, предупредуваме дека на ваков начин оштетениот го злоупотребува неговото право како странка во постапката, преку медиумите незаконито да влијае и врз сведоците, вештите лица и другите учесници во постапката.

Како бранител на лицето Никола Трајкоски во постапката пред судот, ќе барам санкционирање на ваквата и слични злоупотреби и јавно изнесување на ставови и заклучоци за конкретниот настан, со цел да се спречи незаконитото влијание врз текот на постапката и да се обезбеди објективно информирање на јавноста а со тоа и правичен судски епилог.

Воедно согласно чл.13 од Законот за граѓанска одговорност за клевета и навреда бараме од лицето Киро Стојаноски, најдоцна во рок од 48 часа јавно да се извини за вака изнесените клевети и навреди упатени кон мојот клиент Никола Трајкоски, во спротивно против него ќе биде поднесена тужба за утврдување на одговорност за изречена клевета и навреда“, се вели во демантот и реакцијата на адвокатот Стеваноски.

НИКOJ НЕ МОЖЕ ДА ИМ OДOЛЕЕ: Жените во овој хороскопски знак имаат невepојатна мoќ!

Ако сте родени во хороскопскиот знак Вага тогаш за вас имаме една тajна – знаеме од искуството дека секој кој ќе запознае Вага нe може да остане paмнодушен!

На вашиот шapм и заpaзна насмевка никoj нe може да им одолee. Тие се нeoдолива мамкa, а нecигурните поединци можеби ќе можат да се најдат себеси фaтeни во вашата мрежа некое време, без да знаат што им се случило.

Дали знаете дека како Вага е родена Гвинет Палтроу, но исто така и Моника Белучи? Нежна и тивка, како што ги замислуваме добрите самовили, а од друга страна стpaствена како oгaн и мpaз. Сепак, и покрај сите разлики, на прв поглед може да се види дека тие се подеднакво блaгодатни и нeoдоливи. Да, драги мажи – такви се вашите Ваги жени!

Ајде да се вратиме на вашиот шapм: бидете искрени и признajте дека понекогаш го користите за полесно да постигнете одредена цел, нели? Ние ќе ви кажеме дека ова не е убаво, но кој може да ви се нaлyти? Кога знаете како да му го ocвоите cpцето на соговорникoт.

Ниkoгаш не сте агpeсивни и нe одговарате со уште пocилен нaпaд, вие сте подготвени да го cмиpите соговорникот и да го вратите разговорот во помиpни води. Но исто така имате и праг на толеpaнција над кој нe им дoзволyвате на другите да преминат, и затоа ги избeгнyвате пpимитивнитe и глacните луѓе, тие едноставно не се ваше друштво.

Неговата приказна воодушеви многумина: Тинејџер изгуби повеќе од 45 килограми благодарение на пешачење

Мајкл Ватсон (18) пред две години западнал во рутина и за брзо време достигнал тежина од 152 килограми.

Како што изјавил за Си-Ен-Ен, неговата самодоверба била многу ниска, па затоа тој одлучил да смени нешто.

Ватсон одлучил секој ден да пешачи до училиштето и назад. За тоа му биле потребни околу 20 минути, а одлучил да направи и некои промени во исхраната.
Бидејќи неговата матурска вечер била кон крајот на месецот, тинејџерот одлучил да ослабне уште седум килограми. Како што вели, бил упорен во својата цел и пешачел по дожд и по снег. Пресвртниот момент за промена бил кога негов соученик го исмевал поради изразениот подбрадок, а ова исмејување Ватсон тешко го поднел.

Дури и кога му било доста од сè, тој не се откажувал. За време на врнежливите денови, луѓето му нуделе превоз но тој одбивал. Освен пешачењето, Мајкл се подложил на диета во која ја избегнувал брзата храна.

Тинејџерот вели дека не му било лесно, но резултатите го поттикнувале да стигне до целта.

Теренс Џоунс, дипломиран тренер од неговото училиште, вели дека приказната на Ватсон импресионала многумина.

„Тоа е пример за храбар развој на личноста која е реткост за еден средношколец. Одлуката на Мајк да живее поздрав начин на живот засекогаш ќе ми остане во сеќавање”, изјавила таа.

Џоунс додала и дека приказната на Мајкл инспирирала многу ученици кои имаат проблем со телесната тежина.

Ви треба само парче леб, неколку јајца и малку мелено месо- направете ги највкусните шкотски јајца

Без разлика дали ќе ги подготвите како предјадење или лесна вечера, овие јајца на вашата трпеза ќе и дадат и една свечена нота.

Потребни состојки:

– 500 гр мелено месo; кромид, сол, бибер; 1 мала лажичка алева пиперка; 1 jајце; 2 парчиња леб
0.5 дл млеко; 2 чешниња лук; За полнење: 4-5 јајца; За панирање: 2 јајца, половина шолја брашно, половина шолја презла, лажица сецкан магдонос

Подготовка:

Тврдо сварете ги јајцата. Исечените парчиња леб натопете ги во млеко. На масло пропржете го ситно сецканиот лук. Додадете го натопениот леб, сировото јајце, згмечениот бел лук и сецканиот магдонос. Добро измешајте ја смесата.

Варените јајца изладете ги и исчистете ги од лушпата. Подгответе ја смесата за панирање. Поделете ја смесата со месото на четири дела. Од првиот напревете плескавица, на неа ставете варено јајце, поклопете со месо, и обликувајте со рацете топка. Топчињата валкајте ги во брашно, јајца и презла.

Загрејте поголемо количество на масло, па пржете по две топчиња неколку минути на повисока температура, додека не се создаде коричка, а потоа на потивок оган уште 20-на минути. Вадете ги на кујнска хартија за да се впијат вишокот од маснотии, а потоа послужете со сос од павлака.

Совет: Во текот на пржењето, вртете ги топчињата со лажица, со цел тие да не го изгубат обликот, или пак пржете во фритеза. Ако сакате помали залачиња, врените јајца иситнете ги со вилушка, а месото поделете го на повеќе делови, па правете помали топчиња подготвени за пржење.

(Видео) Вака се прави тоа: Експресна akција на руските агенти

Руската служба за безбедност (ФСБ) го приведе Георгиј Гуев поради сомневање дека финансиски ја помагал Исламcka држава.

“Ocoмничениот собирал финансиски средства и ја помагал ИД. Поради неговите активности во период од 2015 до 2019 година во ИД се уплатени најмалку 50 милиони рубљи (687.850 евра).

На гостите кои нарачале вино им послужил од најскапото – по грешка! (ФОТО)

Келнер од Манчестер по грешка на еден гостин му сервирал шише со вино кое чини 4.500 фунти (5.144 евра) , објавија од ресторанот „Хауксмур Манчестер“ на „Твитер“, без да прецизираат по која цена ова вино им било наплатено на гостите.

-Од таму додаваат оти се надеваат дека гостите уживале во вечерата за време на која по грешка биле послужени со ексклузивното вино „Шато ле Пин померол“ старо 18 години, пренесува Би-би-си.

Од ресторанот на својот келнер му порачале дека разбираат оти грешки се случуваат и дека без разлика на сè и понатаму го сакаат.

Објавата на „Твитер“ предизвика бурни реакции кај корисниците – едни го фалеа раководството на ресторанот бидејќи не биле строги кон келнерот кој направил грешка, додека други се пошегувале дека мора да го посетат Манчестер.

Според интернет-водичот за вино „Култни вина“, во светот се произведени само 500 кутии од ова вино, кое се опишува како пијалак во кој е вложено многу внимание и напор со цел да се добие длабоко црвена-сино-пурпурна боја, проследена со извонреден мирис на ликер од цреши, сливи, карамели и сладок коре

Прилепчанецот Стојаноски: “На Заев ќе му ги кажам peкeтаpите во Прилеп! Зошто на објектите од функционерите не им фали ништо??” (ВИДЕО)

Јас сум Киро Стојаноски од Прилеп, сопственик на пабот во градското централно подрачје, на ударно место, рекреативен кафич, угледен и елитен. Даден ми е пред три години на лицето Бисерко Тркља, човекот си работи, навреме си плаќа струја, вода, нормално се. Ова денеска на прес конференциија го истакна Киро Стојаноски, сопственик на објектот каде се наоѓа „The Gallery House Pub“. Тој денеска излезе со големи обвинувања за тоа дека партиско полициски структури сакале да му го земат под кирија објектот.

Според Стојаноски, локалните политички и полициски моќници се намерачиле на неговиот објект, бидејќи уште тој останал во Чаршијата, а кој не бил во нивно владение. Меѓутоа, тој е дециден во одлуката – објектот повеќе да не го издава на физички лица, бидејќи се плаши дека секој нареден кираџија, доколку не е по мерка на власта, ќе бидел изложен на вакви притисоци, финансиски загуби и рекетирања.

Стојаноски вели дека „Пабот“ е камен на сопнување веќе неколку години, а чашата се прелеала мината година кога во истиот беше подметнат пожар и беше предизвикана штета од околу 150.000 евра, и кога во опасност беше доведена и целата Стара чаршија. Пироманот веднаш беше откриен и приведен, но набрзо и ослободен, а случајот, и по година и пол од пожарот, се уште е во судска постапка. По завчерашниот втор обид за заплашување, Стојаноски го контактирал пратеникот Хари Локвенец, кој, пак „љубезно“ го одбил со образложение дека тој како пратеник немал никаква надлежност за да интервенира на било кој начин, а со цел надминување на проблемот.

Видно револтиран од, како што вели, ваквиот маафијашки однос кон него, Стојаноски потсети и на тоа дека речиси сите елитни угостителски објекти во централното градско подрачје ги завладеал токму министерот за транспорт и врски, односно негови блиски луѓе, па, иронично се прашува – дали во таа низа им недостасувал само уште „Пабот“, кој, за волја на вистината, ја има и најелитната локација ?!

Стојаноски упати и јавен повик до премиерот Зоран Заев, за да го примел на разговор, за, како што рече, да му ја кажел целата фактичка состојба, со имиња и презимиња, за тоа кој урбан, мафијашки хаос се случувал во прилепската Чаршија.

Исто така, Стојаноски, со силна доза на иронија и сарказам, порача дека „Пабот“, евентуално можел да му го даде со кирија само на Али Ахмети, за отворање на седиште на ДУИ, бидејќи само него никој не можел ниту да го запали, ниту бесправно да му го одземе инвентарот, рече Стојаноски.

Kаролина Дурло

Драстично поскапени цените во Грција – еве колку чини кафе, пиво, лежалка

Летово одморот во соседна Грција ќе не чини поскапо отколку минатата година. Грците драстично качија некои од цените, па така, кафето и пијалаците во просек чинат 1 евро повеќе отколку во 2017 година. Како што објави српски „Телеграф“, во Олимпискиот регион половина литар домашно грчко пиво чини во просек околу 3,5 евра, а увозните до 4,75 евра.

Слични се цените и на Халкидики. Во Сарти можете да уживате на лежалките на плажа бесплатно, но само доколку платите најмалку еден пијалак, главно кафе кое чини 4 евра или пак пиво чија цена се движи од 3 до 5 евра.

Во Неа Мармарас цените се малку повисоки. Таму за грчко фрапе треба да одвоите 3 евра, а за мало пиво дури 5 евра.

Никити е можеби и најевтино место на краците. Таму кафето не надминува 2,5 евра а со тоа добивате и бесплатно лежалка. Пивото пак достигнува максимална цена од 4 евра. Сендвичите и суфлакито чинат од 2,5 до 4 евра.

Шишенце вода од половина литар чини 50 центи, а она од еден литар од 1,5 до 1,7 евра.

Цените во рестораните, исто така, се поскапи за 1,5 евро и споредба со податоците од 2017 година, па така за оброк во просечен ресторан ќе платите најмалку 8 евра. Што се однесува до цените на уличната храна, тие не се разликуваат многу во цела Грција – 2,5 евра гиро, сувлаки 2,90 евра, тиропита 2,5 евра итн.

Во места каде што се плаќаат лежалки цената е обично 5 евра за лежалка (северна Грција и островите Додеканези), додека на Кикладите изнајмувањето лежалки за плажа е многу скапо, и се движи до 120 евра во Миконос.

Малиот Михаил од Струмица е најелегантниот манекен во Македонија: Освојува со својот ангелски лик, насмевка и талент (ФОТО/ВИДЕО)

Maлиот Михаил Михаилов од Струмица има две ипол години и е заштитно лице на на новите “Бекутан” влажни марамчиња.

Покрај тоа Михаил е вистински перфекционист во позирањето и на тоа може да му позавиди секој професионален модел.

Уште сега ја знае и на глас ја кажува целата азбука, а од својата седуммесечна возраст придонесува и заработува во семејството.

Михаил е веќе бренд кој со сигурност ќе биде запомнет, па ако досега бевме навикнати да гледаме деца модели само од светот, сега тоа го имаме и кај нас.

Ова детенце поседува огромни квалитети, па нам ни останува да му посакаме пред се’ среќно и безгрижно детство, успех во водите на манекенството или во било која друга свера од неговото живеење. Убаво е да се види кога вакви ангелчиња од мали нозе ја претставуваат Македонија, па не ни останува друго, освен да се гордееме на нив и да посакаме да ги има уште повеќе.

Сите фотографии на малиот Михаил, погледнете ги на неговиот Фејсбук страна “Михаил Михаилов – Фото Модел”, или на неговиот профил на Фејсбук Mихаил Михаилов