Прилепчанецот Стојаноски: “На Заев ќе му ги кажам peкeтаpите во Прилеп! Зошто на објектите од функционерите не им фали ништо??” (ВИДЕО)

Јас сум Киро Стојаноски од Прилеп, сопственик на пабот во градското централно подрачје, на ударно место, рекреативен кафич, угледен и елитен. Даден ми е пред три години на лицето Бисерко Тркља, човекот си работи, навреме си плаќа струја, вода, нормално се. Ова денеска на прес конференциија го истакна Киро Стојаноски, сопственик на објектот каде се наоѓа „The Gallery House Pub“. Тој денеска излезе со големи обвинувања за тоа дека партиско полициски структури сакале да му го земат под кирија објектот.

Според Стојаноски, локалните политички и полициски моќници се намерачиле на неговиот објект, бидејќи уште тој останал во Чаршијата, а кој не бил во нивно владение. Меѓутоа, тој е дециден во одлуката – објектот повеќе да не го издава на физички лица, бидејќи се плаши дека секој нареден кираџија, доколку не е по мерка на власта, ќе бидел изложен на вакви притисоци, финансиски загуби и рекетирања.

Стојаноски вели дека „Пабот“ е камен на сопнување веќе неколку години, а чашата се прелеала мината година кога во истиот беше подметнат пожар и беше предизвикана штета од околу 150.000 евра, и кога во опасност беше доведена и целата Стара чаршија. Пироманот веднаш беше откриен и приведен, но набрзо и ослободен, а случајот, и по година и пол од пожарот, се уште е во судска постапка. По завчерашниот втор обид за заплашување, Стојаноски го контактирал пратеникот Хари Локвенец, кој, пак „љубезно“ го одбил со образложение дека тој како пратеник немал никаква надлежност за да интервенира на било кој начин, а со цел надминување на проблемот.

Видно револтиран од, како што вели, ваквиот маафијашки однос кон него, Стојаноски потсети и на тоа дека речиси сите елитни угостителски објекти во централното градско подрачје ги завладеал токму министерот за транспорт и врски, односно негови блиски луѓе, па, иронично се прашува – дали во таа низа им недостасувал само уште „Пабот“, кој, за волја на вистината, ја има и најелитната локација ?!

Стојаноски упати и јавен повик до премиерот Зоран Заев, за да го примел на разговор, за, како што рече, да му ја кажел целата фактичка состојба, со имиња и презимиња, за тоа кој урбан, мафијашки хаос се случувал во прилепската Чаршија.

Исто така, Стојаноски, со силна доза на иронија и сарказам, порача дека „Пабот“, евентуално можел да му го даде со кирија само на Али Ахмети, за отворање на седиште на ДУИ, бидејќи само него никој не можел ниту да го запали, ниту бесправно да му го одземе инвентарот, рече Стојаноски.

Kаролина Дурло




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.